Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Американската пливачка Клер Курзан го собори светскиот рекорд во трката на 100 метри грбно на кратка патека. На квалификацискиот натпревар за Светското првенство во кратки патеки во Вестмонт, САД, таа ја заврши трката за 53,92 секунди. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Американката Реган Смит, која имаше време од 54,02 секунди. На истиот натпревар, Џек Алекси го собори рекордот на Австралиецот Кајл Чалмерс и Русинот Егор Корнев во трката на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври. Kорисниците на парични права кои имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. И корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги ...
Промовирана е првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“. Што значи да се биде новинар кога историјата се случува пред твоите очи? Во книгата „На местото на настанот“, Александар Видиновски ги носи читателите зад телевизиските прилози и зад директните вклучувања, таму каде што камерата бележи само дел од приказната, а новинарот се соочува со вистинските размери на настаните. Од престрелките во Диво Насеље и ...
„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со овие три концертни настани, „Охридско лето“ ја ...
Ако електричарот, водоинсталатерот или продавачката не ве разберат што сакате да кажете со филмот, имате проблем – порача денеска српскиот актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ на мастер-класот што го одржа во рамките на годинашниот Скопски филмски фестивал (СФФ 26). Како што истакна Бјелогрлиќ, секој што прави филм треба да си постави три клучни прашања: за што е филмот, кому му е наменет и на кој начин се прави. – Кога правите филм, ...
Проблемот е во тишината и во стравот. Нема ништо понасилно од тишината. Младите треба да почувствуваат дека не смее да се молчи за насилството и дека насилството не смее да се игнорира, а уште помалку да се нормализира, да станат свесни за она што се случува околу нив, порача денеска екипата на филмот „17“, што синоќа беше премиерно прикажан на 26. Скопски филмски фестивал во Македонскиот народен театар. Како што рече режисерката Косара ...
Македонскиот паметен систем ding.mk е меѓу регионалните победници на 15. јубилејно издание на натпреварот „Зелени бизнис идеи од Балканот 2026“ (Balkan Green Ideas), што од 3 до 5 ноември се одржа во Призрен, Косово. Системот ding.mk им помага на компаниите да ја намалат потрошувачката на енергија, да спречат дефекти на машините и да ги дигитализираат производствените процеси. Тој користи сензори и вештачка интелигенција за постојан ...
Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните. Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ...
Министерството за односи меѓу заедниците го продолжува процесот на консултации за изработка на Стратегијата за мултикултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година. Од ресорното Министерство информираат дека денеска се одржал вториот ден од консултативната средба, на која учествувале универзитетски професори, експерти од соодветните области, претставници на граѓанските организации и претставници на надлежните институции. – ...
Камен-темелник за изградба на новиот систем за наводнување „Страиште“ беше поставен денеска во општина Валандово како дел од програмата за наводнување, што Владата ја спроведува преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка на германската влада и германската развојна банка КФВ. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, Борче Серафимовски, министер за земјоделство, шумарство и ...
Скопското средно училиште „Димитар Влахов“ од денеска има модерен фризерско-козметички кабинет, наменет за практична настава на учениците од струката – лични услуги. Постојните простории се целосно обновени и опремени со инвестиција од околу 3,5 милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука, Градот Скопје и училиштето. На пуштањето во употреба на кабинетот за практична настава присуствуваше и државниот секретар во МОН, ...
Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на денешниот настан со кој се означи почеток на реализација на инвестицијата во населеното место Пирава, општина Валандово. – Оваа инфраструктура ќе овозможува примена на наводнување капка ...
Со промоција на девет нови доктори на науки од Штип денеска во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа 25. јубилејно издание на традиционалната манифестација Митровденски средби на доктори на науки. Манифестацијата е во рамки на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Штип. Шестмина доктори на науки се од областа на медицинските, фармацевтските и стоматолошките науки, а двајца се од областа на правото. Овој јубилеј ...
Со свечени богослужби и академија, утре и в недела ќе бидат одбележани празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј и 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје. Одбележувањето ќе се одржи со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Програмата започнува утре, 7 ноември, во 17 часот, со празнична Вечерна богослужба и Акатист, со кои ќе чиноначалствува ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница. – Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...
Во Неготино 54 родители со новороденчиња добија вредносни ваучери од по седум илјади денари, информираше попладнево неготинската градоначалничка Марија Нацева. – На пригодна свеченост што се одржа во салата за состаноци на Општината, како градоначалник на Општина Неготино на 54 родители кои имаат принови во своите семејства им врачив вредносни ваучери од 7.000 денари, за што од буџетот на општината се издвоија 378.000 денари – соопшти Нацева. ...
Во Скопје почна голема акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се предвидува вкупно да бидат засадени 6.000 дрвја низ градот, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење – напиша Ѓорѓиевски. Тој информира дека со акцијата ќе бидат ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. Со оваа мерка, младите брачни двојки до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје – односно 60 отсто од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план ...
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје, како признание за неговиот историски подвиг во подводната пештера Врело на Матка, каде што достигна длабочина од 338 метри и постави светски рекорд во истражувањето на подводни пештери. Одлуката за доделување на признанието беше донесена денеска на седницата на Советот на Град Скопје, во знак на благодарност за неговиот придонес во промоцијата на Скопје и природното ...
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општината, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, што се уредени со ...
Во Општина Ѓорче Петров конституиран е Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, со учество на претставници од сите релевантни институции. Со неговото формирање се зајакнува институционалната соработка за навремено препознавање на ризиците, превентивно дејствување и обезбедување поддршка за децата и нивните семејства. Како што соопшти Општина Ѓорче Петров, за претседател на Советот е избран Игор Јуруков, а за негов заменик ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со ребалансот на буџетот на градот обезбедени се средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. – Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...
Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти. – Со оваа музичка вечер, Општина ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговарало за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот и отчетноста на локално ниво. – Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар! Како градоначалник на Скопје, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, предложи измена на постојната одлука на Советот на Општина Аеродром, со која старосната граница за ослободување од плаќање на општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом ќе се зголеми од 35 на 40 години. Предлогот доаѓа една година по донесувањето на првичната одлука, со која Општина Аеродром воведе ослободување од општинскиот дел од комуналиите за младите до 35 години. Во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. – Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во ...
На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. ...
„Британецот Роберт Даниел Крету (40) од Ливерпул е осуден поради лажирање смрт на 30 кучиња, при што преку наплата на осигурителни полиси од различни осигурителни компании незаконски се стекнал со околу 36.300 евра“, соопшти лондонската полиција. Тој поднел 30 лажни барања до различни осигурителни компании, тврдејќи дека осигурените кучиња угинале во различни несреќи. „Во еден случај кучето за време на прошетка избегало, истрчало на патот и ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација во Скопје ги одработува мини подготовките за стартот на втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2027 во која националниот тим ќе биде засилен со натурализираниот Американец Мозес Рајт. Новиот центар на италијанскиот прволигаш Олимпија Милано веднаш по пристигнувањето во Скопје му се стави на располагање на струшниот штаб, истакнувајќи оти е позитивно изненаден од начинот на кој бил ...
Мароканскиот репрезентативец Ајуб Буади ги напушти редовите на француски Лил и потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити, објави денеска англискиот клуб. Според „Скај Спортс“, трансферот изнесува 81,3 милиони фунти, плус дополнителни 4,3 милиони фунти во бонуси. „За мене, Манчестер Сити е најдобриот клуб во светот. Сон е да бидам тука и да имам можност да се наречам играч на Сити“, рече Буади. Буади импресионираше на неодамнешното Светско ...