
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30% или 10 пати повеќе отколку импутот, изјави денес премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. „Во рамките на земјоделството се случува еден параметар кој што е многу значаен за економијата, за граѓаните, но и за земјоделците бидејќи трошоците при импутот, односно оние трошоци кои што им се потребни на земјоделците за да произведат се ...
Отворањето на 16. „МакеДокс“ ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на ...
64-тото издание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува утре, 21 август. Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе почне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка (10 ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени, информира УХМР. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. В петок и в ...
Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле операции за профит. „Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, Министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика. Дополнително, министерот Азир Алиу веќе најави дека комплетната дигитализација ...
Познатиот фински возач Валтери Ботас ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона. Тимот на Кадилак официјално се приклучува на караванот на Формула 1 во 2026 година, а нивниот прв возач ќе биде Валтери Ботас. Како што објавија „Formula.hu“ и „Racingnews365“, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела. Ботас е поврзан со Кадилак веќе ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија. На средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката во областа на обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, поддршка на ранливите категории и развој на иницијативи за климатски промени и животна средина. Една од клучните теми беше ...
Зелената партија ДОМ категорично го отфрла новиот нацрт-закон за Рударство предложен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Наместо да поставува линии за стратешки развој, според ДОМ, овој закон е директна закана за животната средина, здравјето на граѓаните и демократските принципи на одлучување. ДОМ цени дека ова законско решение силно ја централизира моќта во Владата, дозволувајќи ѝ да прогласува минерали за ...
Ливерпул подготвува нова „мега понуда“ за Александар Исак, откако првите две во износ од 120 и 140 милиони евра, беа одбиени од Њукасл, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“. Според овој извор Ливерпул се подготвени да ги испрата финансиските барања на Њукалс, односно да понудат сума од 150 милиони евра за шведскиот напаѓач. Наводно, понудата ќе биде доставена наредниот понеделник, по натпреварот што ќе го одиграат овие два тима на ...
Започна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази. „Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто ...
Државниот пазарен инспекторат е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. „Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на големо или на мало, а ...
Новиот француски фудбалски прволигаш Париз го ангажираше искусниот германски голман, 35-годишниот Кевин Трап, поранешен член на Ајнтрахт Франкфурт, со кого потпиша тригодишен договор. Париз за Траш плати 1.000.000 евра. Познато е дека мнозинските сопственици на Париз, семејството Арно, имаат речиси неограничени финансиски можности и ќе инвестираат уште повеќе во иднина, но овој пат употребија мал трик во преговорите за Кевин Трап. Имено, Трап е ...
Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во станица за технички преглед во Чаир. Според информациите на МВР, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за ...
Полскиот премиер Доналд Туск остро ја критикуваше идејата Будимпешта да стане место за мировни преговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Политико“. Туск се потсети на лошите искуства од минатото поврзани со унгарската престолнина. „Будимпешта? Можеби не сите се сеќаваат, но во 1994 година, Украина веќе доби гаранции за територијален интегритет од САД, Русија и Обединетото Кралство. Во ...
Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што следи, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што подразбира одлуката за Казандол. Премиерот Мицкоски посочи дека треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега истите тие се добиваат. „Вистинското ...
Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди е пренесено во болница. Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ), д-р Драган Ѓоргиевски и со претставници од Здружението, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, со фокус на унапредување на електронското здравство и можностите за укинување на хартиениот картон. „Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење за превенција, рано откривање на болестите и континуирано ...
Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да го сторат тоа. Државната комисија за спречување корупција се пожали дека иако институциите располагаат со 6.500 возила, во дадениот рок се пријавени помалку од една третина од возилата, односно само 1.916 службени возила со кои располагаат. „Јас ја видов оваа вест од Државната комисија за спречување корупција и еве како ...
НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ ...
Од осум активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. „По вчерашната информација дека Македонија го доби случајот познат како Казандол и заштеди 115 милиони евра, пари на граѓаните, цениме дека јавноста има потреба да ги знае работите кои согласно класификацијата на доверливост можат да се споделат во јавноста. Оваа победа не е само правен успех, туку јасна ...
Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата. Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана. Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари. ...
Репрезентативецот на Јамајка, Лион Бејли ќе ја помине следната сезона во Рома како позајмен играч од Астон Вила. Клубот од Рим соопшти дека има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната. Бејли играше за Генк и Баер Леверкузен пред да и се приклучи на Астон Вила во 2021 година. Минатата сезона, 28-годишникот одигра 38 натпревари и постигна два гола за Вила. Бејли, кој одигра 39 натпревари за јамајканската репрезентација и ...
Репертоарот на класична музика на годинешното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер беше заокружен со концерт на извонредните уметници на хармоника од „Моушн трио“ од Полска. Нивниот настап во црквата „Света Софија“ се одржа во рамките на традиционалната Полска вечер што секоја година се одржува на фестивалот. Вечерта ја отвори полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора. -Чест ни е што нашите полски уметници ќе бидат завршница ...
Англискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон го откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. Dogwoof е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на Dogwoof е силен индикатор дека „Сиљан“ веќе се гледа како сигурен кандидат за престижната ...
Полицијата поднесе кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека за време на владеењето на СДСМ биле доделени сомнителни грантови преку програмата Еразмус+. Според него, фризерско студио со две столчиња во период од три години добивало повеќе грантови за проекти поврзани со медиумска писменост во вкупна вредност од над 270 илјади евра. Манасиевски тврдеше дека сопственикот на фризерницата е близок ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска обвини дека тендерот за организирање возачки испити во МВР е тежок скандал и „смрди на корупција“. Според Кузеска, новооснована фирма зад која стои советник на ВМРО-ДПМНЕ добила милионски договор и петгодишен монопол за полагање возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен, иако, како што рече, не ги исполнувала основните услови за работа. Таа потсети дека МВР прво ја лиценцирало фирмата, а сега ...
Галатасарај сериозно работи во преодниот рок. Откако клубот успеа да го откупи договорт на Виктор Осимен, се насочи кон зајкнување на останатите линии. Турскиот првак им „фрли око“ на двајца играчи на Манчестер сити. Галатасарај до крајот на преодниот рок сака да ги ангажира голманот Едерсон и дефанзивецот Мануел Аканџи. Голманот Едерсон постигнал договор со Галтасарај, чека клубовите да се договорат околу обесштетувањето за да може да го ...
Можеби изгледаат како најосновни, па дури и малку досадни бои кога се носат одделно, но кога црно-белото ќе се спои – се случува вистинска модна магија. Оваа вечна модна комбинација стана неопходен „дрес-код“ за сите љубители на тивкиот луксуз, кој владее на пистите, фидовите на Инстаграм и првите редови на модните ревии низ целиот свет. Она што ја прави црно-белата боја неодолива не е само контрастот, туку и чувството на ненаметлива елеганција ...
Неидентификуван предмет паднал и експлодирал во полскиот град Осине, а сега се појавија првите снимки од безбедносните камери. Во инцидентот нема повредени, неколку куќи се оштетени, а полицијата на лице место пронашла јагленисани остатоци од метал и пластика. 🇵🇱 Na území Lublinského vojvodství došlo k pádu neznámého objektu, který explodoval v okrese Łuków na východě Polska. Podle předběžných informací při incidentu nikdo neutrpěl zranění. 📹 ...