Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината 53-годишната И.Т. од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината 53-годишната ...

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...

Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните ...

Ноќеска, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче ...

„Мачкин Камен беше празен на Илинден. Местото каде што некогаш народот се собираше за големиот празник Илинден, беше место каде што со сила, се собираа неколку стотини луѓе да глумат статисти. ВМРО-ОКГ повеќе не можат ни луѓето да ги натераат да дојдат“, велат од СДСМ. „Секојдневните лаги на Мицкоски ја соголија вистината. На сите им е јасно – од патриотизмот останаа само криминални тендери и разурната економија. Мицкоски клечеше и молеше да ...

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагира Министерството за ...

Платформата за родова еднаквост бара независна и темелна стручна истрага за случајот со 19-годишната родилка Станка Михајлова од Струмица, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. „Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. ...

Мохамед Салах (34) беше претставен како нов играч на Трабзонспор. Трансферот на легендарниот египетски крилен играч во Трабзонспор е неочекувана зделка со оглед на тоа што во последните месеци тој најмногу беше поврзуван со клубовите од Саудиска Арабија и Бешикташ. Приказната за Трабзон се појави неодамна и работата експресно беше завршена. Поранешниот играч на Ливерпул, со кого спогодбено се раздели, ја даде првата изјава за веб-страницата ...

Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени на различни локации низ општината. Како што информираат од Општината, новото игралиште ќе биде опремено со современи и ...

Андреј Жерновски од СДСМ тврди дека Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. „Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални ...

Ремо играше против Сантос во 1/8 финалето од Купот на Бразил на домашен терен, а гостите славеа минимална победа од 1:0 во овој натпревар. Нејмар (34) по победата на Сантос имаше жестока вербална конфронтација со членовите на раководството на противничкиот клуб. Снимките од новинарот Брен Рајол ја покажуваат ѕвездата на Сантос како влегува во вербален конфликт со делегацијата на Ремо веднаш по натпреварот. Не е јасно што ја иницирало ...

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис Северна Македонија“. Жирито кое ќе одлучува за наградите во секоја категорија е ...

Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“, велат од Владата, по обвинувањата од СДСМ дека е спроведена јавна набавка на вода без тендер. Од Владата појаснуваат дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го ...

Бредли Купер и Џиџи Хадид започнаа вистинска бура на социјалните мрежи откога беа фотографирани од странски медиумски фотографи во Париз. Еден детаљ наведе многу корисници на мрежата да помислат дека се венчале. Бредли Купер и Џиџи Хадид долго време уживаат во слатката љубов. Иако ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, некои детали од нивниот приватен живот се познати на јавноста, и тоа како. На пример, во декември минатата ...

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост ...

Актерката Салма Хајек и нејзината 18-годишна ќерка Валентина Палома Пино се појавија заедно во нова епизода од серијата „Carversations“, која беше објавена вчера, а чија цел е да ги поттикне односите меѓу родителите и децата. Ова е ретка можност за мајката и ќерката да позираат заедно и да бидат во иста рамка, а Салма истакнува во епизодата дека Валентина е нејзината најголема инспирација. „Сакам да откривам нови работи преку тебе. Беше ...

Најмногу нè нервира кога чистата крпа сè уште изгледа валкана дури и по неколку перења, па затоа обично завршува во корпата за отпадоци, бидејќи мислиме дека нема начин да ја зачуваме. Сепак, не е така, бидејќи можете да и го вратите стариот сјај. Најголемиот проблем не е температурата, проблемот е маснотијата заробена меѓу влакната. Ако ја ставите крпата веднаш во барабанот, прашокот тешко продира низ стари траги од масло, сос или ајвар. ...

Холандскиот репрезентативец Тижани Рејндерс, по само една сезона, би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето. Рејндерс пристигна од Милан минатата сезона за 55 милиони евра, а „Дејли мејл“ пишува дека би можел да заврши во Нотингем Форест ова лето. „Шумарите“, минатата сезона ја завршија на 16-то место во Премиер лигата. Нотингем Форест, сака дел од парите што ги доби од Сити за Елиот Андерсон да ги инвестира во Холанѓанецот. За ...

Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, носител на алтовскиот и мецосопранскиот фах. ...

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, соопшти Министерството. „Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД ...

Црвен картон каков што ретко се гледа на фудбалските терени, му беше доделен синоќа на Матан Балтакса, фудбалер на Хапоел Бер Шева, клубот што ја победи Црвена Звезда со 1:0 во првиот натпревар од третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Израелците победија иако играа со играч помалку од 58-та минута, а начинот на кој Балтакса е бизарен. Во истиот напад, Балтакса направи два прекршоци за само две секунди, поради што Хесус Хил ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе две значајни промени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони и прикажувањето на времето на семафорите на стадионите. Нов праг за суспензии Првата промена се однесува на акумулираните жолти картони. Според новото правило, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар, откако ќе акумулира четири жолти картони. Ова им овозможува ...

Принцезата Јуџин го роди своето трето дете, девојче, во болница во Лисабон. Бебето е родено во понеделник во 18:20 часот по британско време, со тежина од 2.970 грама. Ова е трето дете за принцезата и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк. Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс, кралицата Камила и другите членови на кралското семејство се „воодушевени од среќната вест“. Принцезата Јуџин, 36, исто така го потврди раѓањето на нејзината ќерка ...

Малку реченици звучат толку безопасно, но носат толку тензија како „добро е“ изговорено по расправија. Ако некогаш сте се нашле на другата страна од таков лажен мир или некоја друга пасивно-агресивна фраза, знаете колку може да биде фрустрирачки. Проблемот е што пасивната агресија во врската навистина може да функционира, барем на краток рок. „Пасивната агресија може да биде исто толку ефикасна како противпожарен аларм“, вели Ени Рајт, ...

Поранешната свршеница на кошаркарот Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, го повлече своето барање за утврдување алиментација за нивните две деца. Ова дојде откако кошаркарот претходно побара постапката да биде прекината бидејќи верува дека судот во Калифорнија нема надлежност над случајот, објавува TMZ. Во понеделник, Голтес поднесе барање за повлекување на тужбата во суд во Лос Анџелес, наведувајќи дека сака да го реши спорот по договор. View ...

Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера. Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата ...

Во третиот голем руски напад врз Киев и околината оваа недела, најмалку 15 лица се убиени, а 51 се повредени. Ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски погони низ целиот главен град и регионот во текот на ноќта, објавува „Киев Пост“. Државната служба за вонредни состојби (ССВ) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои 14 лица загинале, а 27 се повредени во регионот на Киев. ...

Дел од ракета од американската вселенска компанија SpaceX, која е во вселената од минатата година, денес ќе се сруши во Месечината со голема брзина, објави „Ројтерс“. Објектот со големина на автобус е втората фаза од ракетата Falcon 9 на SpaceX, која лансираше лендер од Firefly Aerospace до Месечината во јануари 2025 година. Телото на ракетата тежи четири тони и ќе ја удри Месечината со брзина од 8.690 километри на час, создавајќи облак од ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42