Најмалку 700 згради се уништени, а повеќе од 60.000 жители се принудени да се евакуираат во близина на Спокејн, државата Вашингтон, во третиот ден од пожарот, соопштија вчера локалните власти. Откако избувнаа во саботата, пожарите околу Спокејн изгореа повеќе од 30 квадратни километри во предградијата на северниот крај на градот со околу 230.000 жители. Наредбата за итна евакуација во понеделник опфати околу 64.000 луѓе, изјави Бенџамин ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака. Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја ...

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот. Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта. Според МВР, при преземањето на службените дејствија ...

Италија има намера на ниво на Европската Унија да предложи воспоставување центри за мигранти во трети земји, по примерот на договорот што го има со Албанија. Планот предвидува странските државјани кои нелегално влегле во ЕУ да бидат испраќани во тие центри, каде ќе се обработуваат нивните барања за азил и имиграциските документи. Предлогот го објавија водечките италијански медиуми, а го потврдија и владини претставници, пренесува „Еуроњуз“. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек, и покрај информациите дека тие се прекинати. Според него, разговорите се водат на барање на Иран и имаат поддршка од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји. Трамп истакна дека Иран овојпат не го негира постоењето на преговорите, но не сака јавно да ги потврди. „Од некоја причина, додека разговараат, не сакаат јавно да кажат дека го ...

Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот. „Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е ...

Полицијата приведе 52-годишен жител на Струга поради инцидент што се случил за време на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во селото Ташмаруништа. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Г. (52) бил лишен од слобода вчера во 14:15 часот, по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, по што упатувал вербални навреди кон јавни личности присутни на ...

Полициски службеник од Ресен е приведен откако бил пријавен дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, и нејзиниот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било лишено од слобода денеска во 4 часот во Стар Дојран од полициски службеници на СВР Струмица – ОВР Гевгелија. Според пријавата, нападите се случиле на 1 и 2 август во Стар Дојран. За случајот е известен јавен ...

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе случаи на семејно насилство и закани регистрирани во изминатите 24 часа, како и за две поднесени кривични пријави. Во Гостивар, 80-годишен маж од селото Лакавица пријавил дека по кратка расправија бил физички нападнат од неговиот син. Случајот се документира. Во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 21-годишниот М.П., откако било пријавено дека бил агресивен кон член на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека се надева оти до вечер пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко барем делумно ќе биде ставен под контрола, но предупреди дека гаснењето може да продолжи и во текот на ноќта. Тој информираше дека бил изврен разговор со осомниченото лице кое го подметнало пожарот од криминални мотиви, и се прибираат докази.  „Пожарот е предизвикан така што лицето, додека се ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. УХМР јавува дека во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, осомничени за предизвикување општа опасност. Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со што ги довеле во опасност животите на поголем ...

Британец е осуден на две години и четири месеци затвор бидејќи речиси три години го чувал телото на својата мајка во замрзнувач за да продолжи да ја прима нејзината пензија, пренесуваат британските медиуми. Според „Гардијан“, 60-годишниот Кристофер Филипс го чувал телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом во Велс, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 фунти пензија и други средства. Случајот бил ...

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете. По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во ...

Од 3 до 9 август 2026 година во Скопје се одржува седмото издание на Флипбук филм фестивал, кое годинава првпат се проширува на седум фестивалски дена и три локации – КОТУР, Кинотеката и просторот „Sе“. Во шесте фестивалски селекции ќе бидат прикажани вкупно 185 анимирани филмови: 27 филмови во главната конкуренција, 31 во студентската, 13 анимирани документарни филмови, 25 анимирани музички видеа, 53 филмови во Европската панорама и 36 ...

Пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко попладнево повторно се реактивираше со голема силина и се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Поради сериозноста на состојбата, веднаш биле ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а во гаснењето ќе се вклучат и полициски и армиски хеликоптер. „Тешко ќе биде ...

Според астролозите, август би можел да донесе неочекувани финансиски приливи за Раковите, Близнаците и Девиците, најчесто преку стари долгови, поврат на средства или нови деловни можности. За Раковите се најавува враќање на пари што веќе не очекувале да ги добијат, како наследство, заостаната исплата или стар долг. Близнаците би можеле да добијат нова деловна понуда или дополнителна заработка преку контакти од минатото, па се советуваат да ...

Жената која претходно беше пријавувана дека незаконски наплаќала влез на локалитетот Куклица кај Кратово е приведена, откако физички нападнала посетители. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кратово ја привеле С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле во посета на локалитетот. ...

Две лица, меѓу кои и 9-годишно дете, се здобиле со тешки телесни повреди при превртување на четирицикл во атарот на ресенското село Јанковец. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 18:30 часот од доктор од Здравствениот дом во Ресен. Четирициклот „Линхаи“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Т. (46) од село Јанковец, изгубил контрола и се превртел на местото викано „Планинче“. При ...

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека е недостапна откако влегла во државата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во државата преку граничниот премин Табановце, по што не била достапна на телефонските повици. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на ...

Пожарот во атарот на селото Раец во Кавадаречко, кој избувна синоќа на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и силниот ветер, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој нагласи дека сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен и успеале да ги локализираат ...

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој апелира граѓаните да продолжат да се воздржуваат од користење на водата за пиење и подготовка на храна, додавајќи дека се очекува состојбата целосно да биде ставена под контрола во текот на наредната недела. „Водата во Гостивар сè уште не е за пиење. Состојбата се ...

Попладнево на ждрепката во Нион, Шкендија го дозна името на противникот во плеј-офот за пласман во главната фаза, во Конференциската лига. Шкендија, доколку во третото коло го елиминира претставникот на Шкотска, Хибернијан, во плеј-офот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг (Шведска) и Гент (Белгија). Дуелите во плеј-офот се закажани за 20 и 27 август. Доколку се пласира во оваа рунда, Шкендија ќе биде домаќин во првиот ...

Речиси секој четврти Јапонец верува дека напредната вештачка интелигенција во иднина би можела да ги замени пријателите и членовите на семејството, покажува истражување на агенцијата „Џиџи“. Според анкетата, 24,9 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е можно, додека 65,1 отсто не се согласуваат. Најизразено е ваквото мислење кај помладите, особено кај лицата на возраст од 18 до 29 години. Истражувањето покажува и дека 30,8 отсто од ...

Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле. Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година. Украинската ...

Барселона се обидува, но како што стојат работите нема да го добие Хулијан Алварез. Сагата околу аргентинскиот напаѓач тргна во неочекувана насока, пишува „Марка“. Барселона понуди 100 милиони евра за Алварез, а од „Метрополитано“ добија едно големо „Не“. Атлетико порача дека Аргентинецот може да замине само доколку Барселона ја плати клаузулата за откуп од 500 милиони евра. Каталонците се надеваат дека Алварез, кога ќе се врати во Мадрид ...

Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени, меѓу кои и деца, по пад на остатоци од дрон во туристичкото место Архипо-Осиповка на руското црноморско крајбрежје, соопштија руските власти. Регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев изјави дека украински дронови нападнале цивилна инфраструктура, додека руските тврдења не можат независно да бидат потврдени. Руските власти засега не потврдуваат дека дронот паднал директно меѓу капачите, туку ...

Тотенхем сериозно се засилува за новата сезона, која во Англија ќе започне за нешто повеќе од две недели. Тотенхем, кој веќе потроши 267 милиони евра за доаѓањето на Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Жан-Пол ван Хеке, а во клубот без обесштетување пристигнаа Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон. Клубот се уште не го комплетирал ростерот, менаџерот Де Зерби бара и крилен напаѓач. Еден од кандидатите е Коди Гакпо. Холандскиот репрезентативец и ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42