Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на Tribeca Festival во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики. Cineuropa: Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот со кој работи. Овој филм покажува дека пред неа сè уште има простор за раст и авторско истражување, но истовремено ја издвојува како талент што вреди да се следи. Уште поважно, нејзината работа придонесува ...
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, извести Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле ...
Во бањалучката населба Лауш утрово одекна силна експлозија кога била активирана експлозивна направа при празнење на контејнер, потврдено е за РТРС. За среќа, повредени лица нема, а експлозијата се случила околу 06:00 часот на улицата Владимир Роловиќ. Случајот во полиција го пријавил работник на претпријатието „Чистоќа а.д.“ Бања Лука. До детонацијата дошло во моментот кога сметот се товарал во камионот. Местото на експлозијата веднаш било ...
Вкупно 22 држави, вклучително САД, Австралија и повеќето европски нации, како и Македонија, упатија остра порака до Техеран, барајќи итно прекинување на нападите врз поединци на нивна територија. Во заедничката изјава, потписничките ги осудија иранските разузнавачки служби за ангажирање на меѓународни криминални групи за спроведување атентати, киднапирања и застрашувања низ Европа, Северна Америка и Австралија. „Односот помеѓу иранските ...
Канадската влада претстави нов закон за дигитална безбедност со кој би се забраниле социјалните мрежи за деца помлади од 16 години, со исклучоци за платформите кои исполнуваат одредени безбедносни стандарди, неколку месеци откако Австралија ја донесе првата таква забрана во светот. Предлог-законот, исто така, има за цел да ги направи ВИ чет-ботовите, програмите за симулација на човечки разговор, побезбедни преку воспоставување на дигитален ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за „Фокс њуз“ дека директно разговарал со ирански претставници по последниот бран воздушни напади и дека тие лично побарале од него да го запре бомбардирањето на Иран. „Ударите наскоро ќе престанат“, изјавил Трамп, но истовремено упатил предупредување до Техеран дека нападите би можеле да продолжат доколку не биде постигнат конечен договор. Американскиот претседател додал дека ...
Телохранител од Лион, чиј идентитет не е откриен, се соочува со судење под обвинение за дрогирање и силување на својата партнерка. Како што пренесува „Гардијан“, случајот е вознемирувачки поради откритието дека обвинетиот бил во контакт преку интернет со Доминик Пелико – човекот кој ја дрогираше и организираше силувањето на сопствената сопруга Жизел. Доминик Пелико, кој отслужува 20-годишна затворска казна за еден од најголемите сексуални ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари. Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. ...
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...
– Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир ...
Демагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект. Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДС, велат од владејачката партија преку соопштение. „Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДС, Филипче се впушта во романса со ...
Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски, велат од СДСМ. „Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Сега на сите ...
Неверојатен четврти натпревар од финалето на НБА плејофот во „Медисон Сквер Гарден“, одиграа Њујорк и Сан Антонио. На крајот, Никс победија со 107:106 за водство од 3:1 во серијата. Спарс имаа сè во свои раце, водеа со 29 поени разлика, а имаа огромна предност дури и во четвртата четвртина. Девет и пол минути пред крајот беше 95:75. Очекувано беше изедначување на 2:2 во серијата. Но тогаш се појавија Бренсон и Ануноби, ги шокираа Мамузите, ...
Вечервашниот натпревар (21.00 часот по средноевропско време) помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка го отвора 23-то Светско првенство во фудбал. Во следните пет недели (39 дена), нè очекуваат рекордени 104-ти натпревари. Финалето ќе се одигра на 19 јули во Њу Џерси кога ќе добиеме нов светски шампион. Дали Лионел Меси и неговите „гаучоси“ ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар? Или Кристијано Роналдо конечно ќе се ...
Пожарот што вчера попладне избувна на ридовите кај викенд-населбата Плуждино, над градските гробишта во Штип, е целосно локализиран, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оттаму посочуваат дека во гаснењето не биле ангажирани авиони, бидејќи за тоа немало потреба. Пожарот во текот на ноќта почна да се шири кон населбите Кадидере и Ридарска Чешма во штипско Ново Село, како и кон црквата „Свети Спас“, поради што надлежните ...
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид. Потресот се случил во 5 часот и 36 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга. Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга. Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид. ...
Делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 7:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Покриена чаршија“ и дел од улицата „Ковачка“ во Старата чаршија, општина Чаир. Од 8:00 до 14:00 часот прекин ќе има во селата Рашче, Бојане, Копаница, дел од Кондово, како и кај Хлорната станица Рашче, во општина Сарај. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави видео од изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, оценувајќи дека станува збор за еден од најголемите инфраструктурни зафати во државата. „На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри ...
Холивудската актерка Џесика Алба (45) живее „нов живот“ по разводот од Кеш Ворен, со кого има три деца. Иако отсекогаш била во центарот на вниманието и позната по својата специфична убавина, нејзините „пет минути“ се чини дека пристигнаа токму сега. Набргу по разводот, Џесика почна да објавува попровокативни фотографии и одеднаш се појави насекаде. Потоа следеше врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, а обожавателите на Алба ...
На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. Соговорничките изразија различни ставови за можните решенија за ...
Кое е најпопуларното име за девојче, а кое е најпопуларното име за момче? Најпопуларните имиња за бебиња во Германија се уште се Софија и Ноа, според анализата на Друштвото за германски јазик за 2025 година и податоците од матичните служби. Софија и Ноа беа на првото место и во 2023 и во 2024 година. Зад Софија во првите пет се Миа, Лина, Ела и Хана. За момчиња, Матео, Тео, Лео и Емил следат зад Ноа. Во споредба со претходната година, Тео и ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „дефинитивно погрешил во некои работи“ во својот пристап кон односите со Вашингтон, особено во однос на Иран. Коментарите на Венс доаѓаат во време кога војната со Иран го стави на тест односот меѓу претседателот Доналд Трамп и Нетанјаху, објавува CBS News. „Премиерот Нетанјаху води земја која ...
Актерката Сиена Милер (44) неодамна се породи по трет пат, а сега пристигнуваат вести дека нејзиниот партнер Оли Грин (29) ѝ предложил брак. Ова е второ заедничко дете на среќната двојка, но тие сè уште не го откриле полот или името на бебето. Според E! News, ова е четврти пат Сиена да се сврши, но сè уште не се венчала. Сиена предизвика гласини за свршувачка за време на викендот кога се појави со нов блескав дијамантски прстен на домалиот ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната низ Алијансата е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната сигурност. Зборувајќи на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија во седиштето на НАТО во Брисел, Руте ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема во светлината на ...
САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на 23-то Светско првенство од 11 јуни до 19 јули. Турнирот ќе се одржи во 16 градови, во овие три земји, 78 натпревари ќе се играат во САД, додека 13 ќе бидат во Канада и Мексико. Фудбалските фанови го следат секој детаљ од Светското првенство, а рекордите се нешто за кое многу се зборува, ви ги презентираме најважните. Најубедливите победи Во историјата на светските првенства имало три натпревари со ...
Температурите на Антарктикот се искачија над 15°C овој месец, соборувајќи го претходниот зимски рекорд за топлина за замрзнатиот регион, предизвикувајќи загриженост за брзината на колапсот на климата. Нов зимски рекорд од 15,4°C беше забележан на 6 јуни во аргентинската база Есперанца на полуостровот Тринити, среде продолжен топлотен бран кој имаше дневни максимуми над нулата три недели по ред, објавува The Guardian. Научниците велат дека ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека планира наскоро да поднесе оставка и дека размислува да се кандидира за премиер. Вучиќ, чиј втор мандат истекува во мај следната година, е под силен притисок да поднесе оставка поради месеците антивладини протести. Во исто време, неговата владејачка Српска напредна партија му предлага да ја продолжи својата политичка кариера како премиер, со оглед на тоа што уставот му забранува да се ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за неработење, арогантен однос кон Собранието, неисполнети ветувања кон земјоделците, доцнење на субвенциите, укинување на мерки за поддршка и целосно отсуство на политики за справување со растечките трошоци во земјоделското производство. Осврнувајќи се на работата на министерството, Спасовски потсети на блокираните европски средства и серијата ...
„На денешната собраниска седница, се изнаслушав од опозициските пратеници низа на низа небулози, дезинформации, шпекулации кои се повторуваа кај секој еден од нив, но економските и проектите кои што ги презентирав се доволен доказ дека водиме успешна политика“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Доколку ме прашате дали сум задоволен од постигнатите резултати, мојата одговор е да, но секогаш ...
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во катастрофална состојба, а земјоделците се оставени сами, со скапо производство, евтин откуп и задоцнета поддршка од државата. „Земјоделството не е само економска гранка, бидејќи тоа е храна на нашите трпези, тоа е живот во македонското село, тоа е егзистенција на десетици илјади ...