Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. „Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од ...

Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...

Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнале во Грција е намален за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период лани, објави грчкиот министер за поморство Василис Кикиљас на социјалната мрежа Икс, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на годинава се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година биле регистрирани 23.243. Статистиката покажува значителни разлики во зависност од ...

Мохамед Салах кариерата ја продолжува во Трабзон. Поранешната ѕвезда на Ливерпул, не можеше да ја одбие финансиската понуда од турскиот прволигаш, фиксна годишна плата од 17 милиони евра, плус пет милиони доколу ги оставри бонусите и 20 отсто од продажбата на дресовите со неговото име. Салах во Трабзно ја доби најголемата плата во историјата на турскиот фудбал. Во глобалните рамки на модерниот фудбал, платата на Салах е втора класа. ...

„Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август“, кажа Маја Борозан од СДСМ. „Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да ...

Харизматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од ...

Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 60-годишниот Т.С. од село Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од село Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со ...

Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека започнува реализацијата на третата секција од железничкиот Коридор 8, откако денеска беа потпишани Договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Договорите се однесуваат на реализацијата на ...

На 8 септември, прекрасното Маврово повторно ќе стане центар на велосипедизмот и активниот животен стил. Халкбанк по седми пат ја организира хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ќе ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и сите љубители на природата во еден ден исполнет со спорт, дружење и позитивна енергија. Халк Вело Грин одамна прерасна во повеќе од спортски настан. Таа е ...

СДСМ денеска побара од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи итно да ги идентификуваат и приведат лицата кои, според партијата, ги нападнале младите активисти во Ново Село. На прес-конференција, Кети Штерјова тврдеше дека младите биле нападнати затоа што носеле транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Од СДСМ обвинија дека зад нападот стои ВМРО-ДПМНЕ и го посочија премиерот Христијан Мицкоски како нарачател. ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, ...

Парите од трансферот на Јан Диоманде (20) сè уште не легнале на сметката на РБ Лајпциг, но никој во клубот од Саксонија не се сомнева дека работата е завршена и дека конечната реализација ќе следи во текот на следната недела. Затоа, не е изненадување што луѓето од Лајпциг веќе почнаа да ја трошат заработената сума. Репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани, кој моментално игра за Хофенхајм, ќе се пресели во Лајпциг во пакет вреден околу 30 ...

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“ од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија. Националната ...

Торнике Шенгелија ја напушти Барселона и како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Дубаи. Кошаркаската секција на Барселона, летово влече нелогични потези. Голем број кошаркари си заминаа, стигнаа досега само тројца и новиот тренер, инаку селекторт на Словенија, Секулиќ. Ако по утрото денот се познава, Барселона нема да има конкурентен тим сезонава не само во Евролигата туку и во Шпанија. Поради тоа Шенгелија реши да замине. За ...

MG HS го освои првото место во најновото истражување Driver Power 2026, спроведено од автомобилскиот портал Carwow, во кое повеќе од 100.000 возачи ги оценуваа своите автомобили според односот помеѓу цената, квалитетот, доверливоста и трошоците. Според резултатите од истражувањето, токму MG HS нуди најголема вредност за вложените средства, освојувајќи го првото место во рангирањето. Сопствениците како негови најголеми предности ги издвоија ...

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави ...

Фудбалска треска ја тресе Турција откако египетската суперѕвезда Мохамед Салах пристигна во Трабзон, потврдувајќи еден од најзначајните трансфери во историјата на турскиот фудбал. Неговото пристигнување предизвика еуфорија кај навивачите и одекна во меѓународните спортски медиуми. Светската ѕвезда полета од Грција, а неговата прва дестинација беше Истанбул. Клубот објави дека Салах ќе слета на терминалот на аеродромот Ататурк. Илјадници ...

Лионел Меси го предводеше Интер Мајами со два гола во победата од 4:2 против мексиканскиот Атлетико Сан Луис во Лига Купот, натпреварување во кое клубови од САД, Канада и Мексико се борат за трофејот. Аргентинскиот фудбалер на тој начин стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Тимот од Флорида стигна до победата на стадионот Чејс по пресврт. Гостите поведоа во четвртата минута со голот на Давид Родригез, но Меси израмни ...

Винисиус Жуниор ги избриша сите содржини од својот Инстаграм профил само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понудил нов, подобрен договор. Тековниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година, а преговорите за продолжување на соработката траат со месеци, па неговата иднина во клубот е сè уште отворена. Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека ќе ја искористи можноста за трансфер, пишува „Goal.com“. ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Oд партијата велат дека трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. „ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара ...

Џаред Лето нема да игра во политичкиот трилер „Атентат“, откако продукцијата се откажала од соработката поради серијата обвинувања за сексуално злоставување, објавува „Пејџ сикс“, повикувајќи се на извори блиски до проектот. Според истите извори, Лето бил во завршна фаза од преговорите за улогата, но продукцијата одлучила да не го ангажира поради зголемениот број обвинувања против него. Обвинувањата повторно се најдоа во фокусот по ...

Во белградската населба Звездара, ноќеска околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во ...

Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) соопшти дека при тестирање, моделите „Митос“ на компанијата „Антропик“ и „Сол“ на „ОпенАИ“ се обиделе да измамат луѓе за да ги исполнат зададените задачи. Според Институтот, најсериозниот инцидент се однесувал на моделот „Митос“, кој во рамките на тест од областа на сајбер-безбедноста се обидел да внесе злонамерен код во платформата „ГитХаб“. За да ги зголеми шансите за ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека граѓаните на Општина Гостивар со години пиеле небезбедна вода додека СДСМ била на власт и дека тогашните институции не ги информирале граѓаните за резултатите од анализите. Од партијата тврдат дека, иако во повеќе наврати анализите на водата од гостиварскиот водовод покажале небезбедна вода за пиење и зголемено присуство на колиформни бактерии, тогашната власт, како и Венко Филипче и локалните коалициски партнери, не ...

Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската ...

Џани Инфантино се извини за грешките поврзани со контроверзниот план дел од натпреварувањата под капата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да им се продаде на приватни инвеститори, но ќе остане претседател на светската фудбалска организација, откако доби поддршка од највисокото раководство на состанокот во Рабат, Мароко. По сè погласните критики за неговата идеја – од која, според медиумите, во меѓувреме се откажал – Инфантино ...

СДСМ обвини дека Владата неодговорно постапува со состојбата со водата за пиење во Гостивар, по објавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека официјалните резултати од анализата на водата ќе бидат познати до 20 август. „Како тогаш можеше да се тврди дека водата е технички исправна, ако анализите сè уште не се готови?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека Владата се обидува политички да ја претстави состојбата. Од партијата ...

Меките крпи со текот на времето често стануваат груби поради водата, наслагите од детергентот и нечистотиите. Но, според експерти за чистење, нивната мекост може лесно да се врати со обична сода бикарбона. Инфлуенсерката Леан, која споделува совети за одржување на домот, препорачува во барабанот на машината за перење, заедно со крпите, да се додаде околу половина шолја сода бикарбона. Таа помага да се отстранат наслагите од детергент, ги ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42