Во Агенцијата за вработување во Штип денеска беше презентиран текот на аплицирањето за мерката за самовработување, преку која невработените лица можат да добијат грант за отворање сопствен бизнис. Конкурсот трае до 3 јули, а според надлежните досега се поднесени повеќе од 60 апликации, при што се очекува бројката дополнително да се зголеми. Лицата до 29 години можат да добијат грант од 10.000 евра, над 29 години 7.000 евра, додека при ...
Државата ќе доделува грантови до 20.000 евра за отворање сопствен бизнис, финансиска поддршка за повратниците од странство и месечен додаток од 3.000 денари за младите вработени во производството. Ова се дел од мерките содржани во Оперативниот план за вработување за 2026 година, за чија реализација се обезбедени речиси 40 милиони евра. Целта е отворање нови работни места, намалување на невработеноста и создавање услови младите да ја градат ...
Денеска во Велес, Оперативниот план го презентираа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, заедно со заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова и со директорката на Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска. Заклучно со денес на огласот за добивање на грант во Центарот за вработување во Велес се пријавиле околу 140 невработени, а во сите центри во државата до ...

