Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, е новото засилување на Лидс, кој ќе плати до 45 милиони фунти, вклучувајќи бонуси, како обештетување на „Граѓаните“. 23-годишникот е третото засилување на Лидс ова лето, по Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло и Хари Вилсон кој го напушти Фулам по истекот на договорот. Сити задржа и 20 проценти од следниот трансфер на голманот на англиската репрезентација. Ова е третиот најскап трансфер на голман, по Кепа ...
Желба за сладок десерт, но не сакате да ја вклучите рерната? Еве еден брз рецепт за вкусни брауни топчиња. Изборот на поздрави слатки расте во последниве години, а ако копнеете по нешто благо, но не сакате да ја вклучите рерната на 40 степени, сте на вистинското место. За брауни топчиња без печење, ќе ви требаат само неколку состојки и неколку минути. @fitfoodieselma Healthier Dessert Idea: No Bake Brownie Bites😍 These are quick and easy ...
Најмалку седум лица се убиени, а неколку други се повредени во пукање во училиште во Тајланд, објавија локалните медиуми во петокот. Според весникот „Каосод“, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, се верува дека меѓу загинатите се тројца наставници, тројца ученици и еден малолетник напаѓач. Мотивот за нападот сè уште не е познат. Student shooter dies by suicide after Nonthaburi school attack; 2 dead, up to 20 ...
Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа ...
„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна. Над 50 населени места се со загадена вода. Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош“, велат од СДСМ. „Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна. Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од ...
Вчера во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот И.А.Л. од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на улицата „Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Д.П. од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање ...
Судот во државата Ново Мексико вчера ѝ наложи на Мета да плати 567 милиони долари и да го промени начинот на кој ги управува своите платформи за млади корисници во државата, откако ја прогласи компанијата за виновна за оштетување на менталното здравје на децата. Судијата Брајан Бидшајд во Санта Фе пресуди дека компанијата создала јавна непријатност во Ново Мексико, застанувајќи на страната на државниот обвинител Раул Торез, демократ. Торез ...
Вчера во 17:35 часот во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода 77-годишниот К.И. од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во село Стрезовце, извршен со ...
На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита. Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на пол, род и бременост, откако само два дена по сознанието дека вработената е бремена, ...
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес треба да потпишат клучен договор за одбрана во западниот саудиски град Џеда. Средбата меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ќе го формализира договорот, кој има за цел да ја зајакне регионалната безбедност по ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран, објави „Еуроњуз“. Извори блиски до саудиската војска и ...
„Талогот на СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, печали политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, ништо не направија да ги решат проблемите. Проблемите со квалитетот на питката вода ги имаше и кога Венко Филипче бил министер за здравство, и за целиот период на власт на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Документите од извршените испитувања, кои беа презентирани во ...
„Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата“, велат од СДСМ. „Секој пат кога Мицкоски најавуваше „мерки за стабилизација“ и „најниски цени“, горивото поскапе. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе. Сега ја повторува ...
Високите летни температури им ги отежнуваат секојдневните домашни работи, особено пеглањето облека, на многумина. Освен што одзема многу време, вклучувањето на пеглата дополнително ја загрева просторијата, поради што многумина бараат поедноставни начини за освежување и организирање на својот гардеробер. Едноставен трик што бара 2 состојки може да ви помогне вашата облека повторно да изгледа уредно, особено во деновите кога едноставно немате ...
Фестивалот Grand Kadooment започна на Барбадос и претставува големо финале на фестивалот „Crop Over“, традиција стара повеќе од два века и го слави крајот на жетвата на шеќерна трска. Денес, тоа е најважниот културен фестивал на островот, привлекувајќи бројни туристи од целиот свет, како и локалното население кое го слават својот колективен идентитет. Rihanna displays her curves and goes braless in daring bejewelled outfit ...
Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија своите брачни завети пред една година, а сега ја слават годишнината од тој животен момент. Бруклин објави фотографија со сопругата на својот Инстаграм, а објавата беше придружена со емотивна порака. Истата фотографија ја објави и Никола, а на неа се гледаат вљубените како пијат вино и уживаат во моментот. View this post on Instagram A post shared by @brooklynpeltzbeckham Судејќи според фотографиите, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија. „Се соочуваме со истите проблеми на тој пат, па верувам дека ќе ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и призна дека американската војска има ограничени залихи од некои видови оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Неговата изјава доаѓа по пет месеци војна во текот на кои американската војска потроши голем дел од своите ...
Моделот Каја Гербер (24), ќерка на еден од најпознатите модели од 90-тите и 2000-тите, легендарната Синди Крофорд и претприемачот Рене Гербер, во последните месеци е под „удар“ на јавни коментари поради нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка, иако таа не се гледа себеси така. View this post on Instagram A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) Додека многумина тврдат дека таа е копија на нејзината мајка, Каја, сега ...
Најмалку еден наставник е убиен, а четворица други се повредени откако ученик отвори оган во училиште во Тајланд, северно од Бангкок, пред да се самоубие, соопштија властите. Student shooter dies by suicide after Nonthaburi school attack; 2 dead, up to 20 injured A student believed to be the shooter in the attack at Debsirin Nonthaburi School in Bang Kruai district died by suicide after opening fire inside the school on Friday, according to ...
Актерот Расел Кроу привлече големо внимание со фотографиите од теретана на кои покажа дека е повторно во завидна форма, исто како кога глумеше во филмот „Гладијатор“. На фотографиите, тој и шкотскиот професионален борач Дру Мекинтајр позираат, двајцата расположени и очигледно задоволни од бицепсите што гордо ги покажаа. View this post on Instagram A post shared by Drew McIntyre (@dmcintyrewwe) Сликите не се направени случајно, туку ...
Ѕвездите подготвуваат хаос во август поради еден специфичен ден што носи огромна промена. Август носи неколку интересни астролошки настани, но астролозите особено го истакнуваат 9 август, кога Полната Месечина во Водолија ќе го достигне својот врв. Се верува дека токму овој ден би можел да донесе важни сознанија, завршувања на животно поглавје или одлуки што ќе имаат долгорочно влијание врз многумина. Иако енергијата на Полната Месечина ќе ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 19-годишниот Н.Н. од Скопје затоа што на 05.08.2026 во 21:20 часот на крстосница од улицата „Борис Сарафов“ и улицата „Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ „8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, но потесен обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, обновувајќи го своето оспорување на Уставот на САД откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид. Новите наредби во голема мера ги заоструваат постојните правила и ги намалуваат исклучоците. Ограничувањето на правото на државјанство по раѓање е врвен приоритет во репресијата на републиканскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на шестото место по довербата на земјата во водечките личности, според анкета на Институтот Созис објавена по протестите предизвикани од разрешувањето на министерот за одбрана Михајло Федоров. Само 18 проценти од испитаниците рекле дека целосно му веруваат на Зеленски, додека други 24,5 проценти рекле дека му веруваат донекаде. 17 проценти изразиле мала доверба, а 37 проценти рекле дека ...
Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...
Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија ...
На стотици илјади луѓе во југозападна Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а повеќе од 500 летови беа откажани денес поради приближувањето на тајфунот Делфин, кој носи силни ветрови, обилни дождови и високи бранови. Властите наредија евакуација на речиси 260.000 жители во областите Кагошима и Окинава, додека Тојота ги прекина операциите во девет фабрики. Властите очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата сила додека се приближува ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06.00 до 10.00 корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери, општина Гази Баба; – Во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, општини Бутел и Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат: – Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 2 цола на улицата Ванчо Мицков бр. 13, во периодот од 09.00 часот до одстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош; – Поради уличен дефект ф-80мм на Рајко Жинзифов 32, прекинато водоснабдување од 08,00ч ќе имаат корисниците на дел од Рајко Жинзифов, дел од ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...