Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин ја прими министерката за надворешни работи на Северна Кореја и му се заблагодари на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, за поддршката во војната против Украина. Руските државни медиуми ја опишуваат средбата како продолжение на интензивната дипломатија меѓу двете држави. Посетата на министерката Чое Сон Хуи не е поврзана со некој меѓународен собир или годишнина, што поттикна шпекулации дека таа би ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Европската Унија дека погрешно го проценува начинот на кој би требало да ги води преговорите со Русија, порачувајќи дека обидите за разговори „од позиција на сила“ претставуваат најголема грешка на европските влади. Песков тврди и дека Москва останува отворена за дијалог, но без ултиматуми и, како што вели тој, „морализирање“. Од нашата мрежа Патувате за Хрватска? Доколку се чека повеќе од 45 ...
Партиските препукувања по недонесувањата на Изборниот законик, се засилија со обвинувањата за состојбите во правосудството по извештајот од Брисел за владеење на правото. „Проблемот на триото СДСМ, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади“, велат во владејачката ВМРО – ДПМНЕ. Од нашата мрежа Патувате за Хрватска? ...
Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. Од нашата мрежа Патувате за Хрватска? Доколку се чека повеќе од 45 минути,… 7 минути ...
Украина ги нападна Москва и околината во текот на изминатата ноќ и утрото со повеќе од 400 дронови, кои во поголемиот дел се пресретнати, но повредени се десет лица, вклучувајќи и едно дете, соопштија руските власти. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на изминатата ноќ соборила 381 украински дрон над територијата на земјата и во Црното и Азовското Море. Од нашата мрежа Состанок за цените на ...
Цените на нафтата пораснаа за околу три проценти во неделата, откако Соединетите Американски Држави и Иран повеќе од една недела разменуваа меѓусебни напади. Цената на северноморската нафта „Брент“, меѓународниот референтен стандард, порасна за три проценти на околу 90,78 долари по барел, додека американската сурова нафта поскапе за речиси три проценти, на 84,85 долари по барел, пишува Си-Ен-Ен. Од нашата мрежа Состанок за цените на ...
Продажбатана електрични возила во Соединетите Американски Држави слабее, што наизглед ја потврдува тезата дека Американците тешко се откажуваат од своите пикап-камионети и теренци на бензин. Ниту неодамнешниот раст на цените на горивата не поттикна значајна промена, а укинувањето на некои даночни олеснувања минатата година дополнително ја намали побарувачката. Податоците на компанијата „Кокс Аутомотив“ покажуваат кога продажбата на нови ...
На 19.07.2026 година околу 05:00 часот во СВР Скопје, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале превоз до Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, со договор да му платат по пристигнувањето. Според пријавата, откако стигнале на посочената локација, лицата физички го нападнале возачот и му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи. Од нашата мрежа Нов скок ...
Унграскиот премиер Петер Маѓар објави вчера дека планира да го номинира поранешното шаховско чудо од дете Јудит Полгар за претседателка на земјата, откако тоа место остана празно со смената на Тамаш Шујок. Маѓар на Фејсбук изјави дека денеска планира да се сретне со 49-годишната шахистка и дека се надева оти ќе му направи „голема чест“ и ќе ја прифати номинацијата за претседателка. Од нашата мрежа Аргентина во друштво на Германија со 4 ...
Градот Скопје постави нов билборд на источниот влез во градот наместо претходниот кој содржеше повеќе грешки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера попладнето на својот профил на Фејсбук објави дека печатена грешка е коригирана. Додаде дека корекцијата Градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ,,Улици и патишта”. Дел од опозицијата не престанува со реакции за првичниот билборд. Истакнуваат ...
Во Гостивар прогласена епидемија на заразна болест. Седумдневното зголемување на бројот на болни со дијареја, повраќање и температура го вклучи алармот. Фреквенцијата на болни во гостиварската болница не се намалува. Првиот човек на итната медицинска помош вели дежурните лекари во здравствениот дом од 13 јули наваму имаат неколкукратно поголем број на пациенти. Од нашата мрежа Големите компании во ЕУ повеќе не смеат да уништуваат ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: – 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани; Од нашата мрежа Големите ...
По реакциите во јавноста, Град Скопје ги коригираше сликите на влезните билборди, со што покажа дека може веднаш да интервенира. Сепак, како што соопштија од ДУИ, и по корекцијата, албанскиот јазик и натаму недостасува. Според партијата, ова покажува дека станува збор за свесна одлука да се игнорираат албанскиот јазик и мултиетничкиот карактер на Скопје. Од нашата мрежа За време на примирјето со САД, Иран извезе нафта во… 15 минути ...
„Не е одличен, но од сите досегашни извештаи на Европската комисија за состојбите во правосудството е најдобар“ – вака вели констатира премиерот Христијан Мицкоски за извештајот на Европската комисија за состојбите во правосудството. Покрај нотираните позитивни оценки, има и критики за констатиран притисок од политичари врз судии и обвинители, но и потребите за повеќе пари за обвинителството и судството. Мицкоски вели – нема да добијат и ги ...
На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Од нашата мрежа Шпанија ја симна Аргентина од тронот и на светската ранг-листа… 26 минути kontra.mk ...
Пред почетокот на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, се одржа раскошна церемонија на затворањето, која собра десетици илјади навивачи на стадионот во Њујорк и Њу Џерси. Организаторите подготвија богата музичко-забавна програма со која се спушти завесата на уште едно издание на најголемото фудбалско натпреварување. Од нашата мрежа Во Германија објавија: Следниот петок Клоп ќе потпише договор до… 3 часа kontra.mk „Договорот ...
Сонцето влегува во Лав, Меркур се движи директно, а крајот на неделата носи важна лекција за трпението и стабилноста. Неделниот хороскоп за периодот од 20 до 26 јули 2026 година ја носи очекуваната промена – ретроградниот Меркур завршува на 23 јули, па многумина конечно ќе почувствуваат како маглата се крева и работите повторно доаѓаат на свое место. Од нашата мрежа Во Германија објавија: Следниот петок Клоп ќе потпише договор до… 3 часа ...
Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-би-си. Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на ...
Европската комисија сака да го намали регулаторниот товар за банките со цел тие да станат поконкурентни во однос на американските ривали, но критичарите предупредуваат дека олабавувањето на правилата би можело да ја ослаби стабилноста на банкарскиот систем. Комисијата во петокот објави соопштение за конкурентноста на банкарскиот сектор во ЕУ, во кое најавува мерки за зајакнување на единствениот пазар за банките, поедноставување на правилата и ...
Центарот за јавно здравје – Тетово прогласи епидемија на гастроинтестинално заболување на територијата на Општина Гостивар поради зголемениот број пријавени случаи во изминатиот период. Одлуката, како што информираат од Центарот, е донесена преку Одделението за епидемиологија со цел навремена реакција и спречување на понатамошно ширење на инфекцијата. Од ЦЈЗ – Тетово посочуваат дека прогласувањето епидемија ќе овозможи поефикасно дејствување ...
Владата информира дека од првиот момент е во постојана координација со надлежните институции и активно го следи развојот на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Паралелно со преземањето институционални мерки, контролите и анализите што ги спроведуваат надлежните служби, донесена е одлука за итна поддршка на граѓаните. Како привремена мерка, Владата ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно во наредните неколку дена, ...
Белгиската сојузна влада, пред летната пауза, одобри низа нови мерки, вклучувајќи ја и забраната за увоз на стока од нелегално окупираните палестински територии. Оваа мерка првично беше предложена кон крајот на минатото лето како одговор на интензивната воена кампања на Израел во Газа, но долго време беше блокирана поради политички застој. Сепак, од петокот до саботата наутро, кабинетот одобри околу 88 досиеја, вклучувајќи ја и реформата со ...
Метежот на границата на Хрватска со доаѓањето на летото стана огромен, а Системот за влез/излез (ЕЕС) дополнително ја забавува контролата на влезот на патниците во Европската Унија. Сепак, тој систем може да биде привремено суспендиран, што Хрватите и го користат по потреба. Хрватската радиотелевизија објави ТВ-прилог за метежот на граничните премини и аеродромите во Хрватска со оглед на целосната примена на ЕЕС (EES), која започна пред ...
Околу 6.000 припадници на италијанските вооружени сили и безбедносните служби протестираа во саботата во Рим, барајќи повисоки плати, подобри пензии и посилна заштита при работа. Протестот собра припадници на војската, морнарицата, воздухопловните сили, карабинерите и финансиската полиција. Станува збор за прв заеднички протест што го организираа главните синдикати на италијанскиот одбранбен и безбедносен сектор. Од нашата мрежа Антонели се ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на критиките за печатената грешка на новопоставениот знак „Добредојде во Скопје“, оценувајќи дека станува збор за пропуст кој веќе е коригиран и дека неговата исправка нема да предизвика дополнителни трошоци за градскиот буџет. „Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Од нашата мрежа Антонели се врати на победничките патеки во Формула 1 12 ...
Политичката партија Левица оцени дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото претставува потврда на нејзините долгогодишни предупредувања за состојбите во здравството, јавните набавки и борбата против корупцијата. Според партијата, извештајот покажува дека „граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем“, а како особено проблематични се посочуваат здравството, јавните набавки и распределбата на ...
Украинските напади со дронови насочени кон руската нафтена индустрија предизвикаа неколку големи пожари на југот на земјата, известија во неделата руските власти. Локалните медиуми пренесоа дека во Ставрополскиот Крај се запалиле три складишта за нафта. Гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров, потврди дека во индустриските објекти избувнале повеќе пожари и експлозии. Тој изјави дека нема податоци за повредени лица. Од нашата мрежа ...
На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела благо падна бидејќи инфлацијата во САД малку попушти, па американската централна банка најверојатно нема да ги зголеми каматните стапки уште во јули. Долaрскиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабе за 0,2 отсто, на 100,75 поени. Од нашата мрежа Мароко и Шпанија во спор за ...
Билбордот со порака „Добредојдовте во Скопје“, кој во петокот вечерта беше поставен од страна на градската управа, денеска е отстранет по бројните критики што се појавија на социјалните мрежи. Граѓани реагираа дека визуелното решение содржи низа неточности и нереални прикази на препознатливи симболи на главниот град, обвинувајќи дека при изработката била користена вештачка интелигенција без соодветна проверка на финалниот изглед. Од нашата ...
Косовската влада ја повика Европската Унија посилно да ја осуди и да реагира на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, за „етничко чистење“ на Косово, оценувајќи дека првиот одговор на Брисел бил „ограничен и задоцнет“, јави Радио Слободна Европа од Приштина. Министерката Пауновиќ од Социјалистичката партија на Србија (СПС), коалициски партнер на владејачките напредничари (СНС), пред една ...