По години застој, одложувања и нерешени административни пречки, мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, влегува во финална фаза пред негово целосно ставање во функција, соопштија од Град Скопје. „По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме. Завршени се експропријациите, кои беа ...

„Не мислам дека ова значи дека Русија би тргнала во директен напад врз земја членка на НАТО, не верувам дека Русија може да води војна на два фронта. Тоа би било огромен ризик за неа“, вели Пецо Трајкоски од НВО – Центар за стратегиски истражувања и анализи по најавите дека САД ќе повлечат околу пет илјади војници од Германија во следните шест до дванаесет месеци. Трајкоски смета дека Русија сигурно внимателно ќе го следи ова и ќе го толкува ...

„Доколку одлучат да ја распуштат Комисијата, тоа пак би бил повеќе од негативен потег, зад кој би биле обврзани да прочитаме не само недостаток на потреба од напори да се зборува за нашето заедничко минато со терапевтски ефект, туку и отфрлање на една од главните алатки својствени не само за работата на Европската Унија, туку и за европскиот менталитет воопшто“, вели бугарскиот професор Димитар Атанасов, кој воедно е и историчар во Институтот ...

Државниот советник за економски политики Драган Тилев на дебатата во Стопанската комора на Македонија на темата „Финансиски можности од Европската унија за развој и траст на приватниот сектор“ го праша вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали дали Владата размислува за оние делови од реформската агенда за кои знае дека не може да ги исполни, да побара од Европската Унија да ги замени со други чекори за да може да се искористат ...

„Апсолутно е потребна државна стратегија и политички консензус меѓу власта и опозицијата по ова прашање“, вели проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје по повод 5-ти мај – Денот на македонскиот јазик. Децидна е дека јазикот не треба и не смее да биде предмет на дневнополитички поделби. -Ако не постои согласност околу вакво прашање, тогаш тешко може да се зборува за зрел однос кон државните ...

Илон Маск вршел притисок врз раководството на „OpenAI“ за да постигнат договор во пресрет на нивната важна судска битка. Тој го предупредил соосновачот Грег Брокман дека тој и Сем Алтман ќе станат „најомразените луѓе во Америка“. Маск, кој во тужбата вредна повеќе милијарди американски долари тврди дека „OpenAI“ ја изневерила својата мисија како непрофитна организација, му испратил порака на Брокман два дена пред почетокот на судењето за да ...

Како што економските последици од војната на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран стануваат сè повидливи, на носителите на одлуки ширум светот им привршува трпението. Неодамнешните пролетни состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон јасно го покажаа тоа, при што британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, ја оцени оваа војна како „лудост“ која „не е наша“. Сепак, голем дел од трошоците ќе ги ...

Македонија веднаш зад Црна Гора во исполнување на европската агаенда, изјави Беким Сали, вицепремиерот и министер за европски прашања во обраќањето на темата „Финансиски можности од Европската унија за развој и раст на приватниот сектор“ што се оддржа во Стопанската комора на Македонија. Тој рече дека Македонија забрзано работи на исполнување на реформската агенда и дека од шесте земји од Западен Белкан е втора веднаш зад Црна Гора. -Нашата ...

Бурен ден во Кривичниот суд. Првостепени пресуди во два случаи, едната за тројцата полицајци, обвинети за пропусти и прекршување на законите при контролите во кочанската дискотека на смртта и едната во случајот со злоупотребата на пари од ИПАРД програмата, откако една од обвинетите на првото рочиште призна вина. Судот денеска ги прогласи за виновни тројцата полициски службеници – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков во врска со ...

Секое трето дете во земјата е изложено на ризик од сиромаштија, секое второ еднородителско, повеќедетно или ромско семејство живее во сиромаштија покажа анализата на Министерството за социјална политика, млади и демографија и УНИЦЕФ. -Додатоците за децата кои живеат во сиромаштија изгубиле од реалната вредност во однос на покачување на платите, ние тоа во Министерството го знаеме и сакаме да го смениме, изјави на брифингот со новинарите ...

Денеска се одбележува 5-ти мај Денот на македонскиот јазик. Одбележувањето официјално почнува од 2019-та година, во чест за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 година, македонскиот е прогласен за официјален јазик. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945. Пораките од државниот врв, институциите и меѓународната ...

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар” воведуваат нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност за жителите, поефикасно управување и унапредување на услугите. Со измените во подзаконските акти, жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат да користат паркинг простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива бесплатно паркирање ...

Големото судење против „Мета“ во сојузната држава Њу Мексико влегува во својата втора фаза, која би можела глобално да влијае врз начинот на функционирање на социјалните мрежи. Постапката продолжува откако поротата веќе ја утврди одговорноста на компанијата и ѝ изрече казна од 375 милиони долари. Во центарот на случајот се барањата на обвинителството судот да наложи промени во клучните делови на платформите, вклучувајќи ги и алгоритмите кои ...

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар” воведуваат нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност за жителите, поефикасно управување и унапредување на услугите. Со измените во подзаконските акти, жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат да користат паркинг простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива бесплатно паркирање ...

Коалицијата ВЛЕН излезе со свој став откако потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Прашуваат „со кој легитимитет може да ги застапува Албанците, кога пред само неколку месеци изгуби дома, во Чаир, од своите“. Во својата реакција, го споменуваат и името на пратеникот на ДУИ, ...

Лорен Санчез се најде во центарот на вниманието откако се појави на Мет гала 2026, каде што нејзиниот краток момент со танцување на тепихот предизвика лавина од коментари на интернет. Сопругата на Џеф Безос се појави на настанот во темносин фустан од модната куќа „Скјапарели“. Станува збор за тесна тоалета со сребрени прерамки и длабоко деколте. Додека Санчез одеше по тепихот, ја пречека настапот на Џошуа Хенри, кој со придружба на хор од 12 ...

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, како што пишува „Ројтерс“, се закануваат со целосен колапс на синџирите на снабдување и со недостиг на гориво ширум светот. Глобалните залихи на нафта се на пат да го достигнат најниското ниво во последните осум години, а брзината со која се намалуваат станува сериозна причина за загриженост додека снабдувањето преку клучниот Ормутски теснец и понатаму е драстично ...

„Има политичари од соседството кои сакаат политиката да ја направат естрада. Јас немам таква намера, јас сакам да зборувам за работи што ќе се случат. Инаку да, се водат преговори и врз основа на тие преговори ценам дека на основа на билатерално ниво ќе бидат надминати овие пречки, но не само за летниот период, зборувам генерално, ние бараме генерално решение“, рече премиерот Христијан Мицкоски за надминување на пречките што ги носи новиот ...

Семејството што го контролира јужнокорејскиот технолошки гигант го заврши повеќегодишниот процес на подмирување на данокот на наследство, во вкупна вредност од околу 12 билиони вони, односно приближно 8 милијарди долари. Со тоа е поставен и преседан – станува збор за најголемиот поединечен износ од ваков вид во историјата на Јужна Кореја. Обврската настана по смртта на Ли Кун-хи во 2020 година, чиј имот беше проценет на околу 23 милијарди ...

На 5 мај 2026 година се одржа редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница, Извршниот одбор донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на ...

„Ако се чувствувате како Македонец, како може Бугарија да ви го загрози идентитетот? Дали вие поради нечии размислувања, се почувствувате поинаку?“, рече денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по неговата вчерашна изјава дека не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет. Претседателот на СДСМ прашува „како се чувствуваме загрозени, ако ги ставиме Бугарите во Уставот“. -Никогаш не го ...

Мет Гала е еден од најгламурозните настани во годината кога станува збор за модата, меѓутоа, дури и славните ѕвезди можат негативно да изненадат со своите избори за црвениот тепих. Овогодинешната тема „Модата е уметност“ беше фатална, а можеби дури и малку непријатна за многу ѕвезди на Мет гала. Скалите на Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк беа исполнети со кич костими што потсетуваа на маскенбал. Манекенката Хајди Клум, која се ...

Секој месец има реакции за исплатата на надоместоците за породилни отсуства, но тие се обработуваат рачно, изјави за „Локално“ Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и им се извини на сите родилки за нлагодноста поради доцнење на исплатите. -Скоро секој месец имаше реакции, сите породилни се обработуваат рачно и независно едно од друго. Немаме систем како во пензискиот на први сите пензионери да примат пензија. Оти ...

Лимитот од 10.000 евра се однесува на плаќања за стоки и услуги кога барем едната страна во трансакцијата е правно лице, односно фирма или компанија. Поедноставно кажано, како што пренесува „Данас“, граѓаните во ЕУ нема да можат да платат, на пример, автомобил од 50.000 евра во готовина доколку го купуваат во салон, пренесува „Bif.rs“. Сепак, оваа одредба не се однесува на трансакциите меѓу физички лица. Тоа значи дека купувањето, на пример, ...

Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит. Лидл Северна Македонија нуди јасен ...

Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Во врска со овој случај, на ...

Бројот на пријавени случаи на силување и сексуално насилство во Европската Унија расте во моментот кога Унијата настојува да воведе дефиниција за силување заснована на согласност, пишува „Евроњуз“. Полицијата во 2024 година забележала повеќе од 256.000 кривични дела на сексуално насилство во ЕУ, од кои 38 проценти се однесуваат на силување, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во споредба со 2023 година, бројот на кривични дела на ...

СДСМ бара оставка од првиот човек во македонската полиција, Панче Тошковски откако човек од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски заврши во притвор откако брутално ја претепал сопствената сопруга.Според партијата, ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една, како што велат, „криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо“. „Уште еден доказ дека системот е целосно распаднат, а ...

Во подножјето на Националниот парк Галичица, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“. „Деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше механизацијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ е претворен во ...

Фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи од локалните жители наводно прикажуваат пожар во постројката „JSC VNIIR-Progress“ во Чебоксари, во Република Чувашија. Станува збор за државен институт кој произведува компоненти за високопрецизно оружје што Русија го користи во нападите врз Украина. По прогласувањето воздушна опасност поради закана од проектили, во тоа подрачје се слушнале експлозии во близина на објектот. Руските канали ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.75
50%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.19
39%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.55
64%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.91
49%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.45
43%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.36
48%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.73
58%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.68
39%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.92
91%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 20ᴼ
2.68
38%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.72
48%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Злато

131337.93

Сребро

2072.63