Во ноќниот руски напад врз Киев загина едно лице, а осум се повредени по неколкучасовните удари со балистички ракети врз главниот град на Украина. Нападот, според локалните власти, почнал околу 1:30 часот по локално време и траел неколку часа, додека ширум украинската престолнина се слушале експлозии. Ударите предизвикаа пожари во пет градски реони и оштетија станбени објекти, канцелариски и индустриски локации, студентски дом и возила. ...

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека започнале градежните активности за регулирање на коритото на Сува Река (Луми и Тхат) во Општина Сарај, проект кој, според нив, претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции за овој регион. Вредноста на проектот е проценета на над 6 милиони евра, а целта е да се надмине долгогодишниот проблем со излевањето на реката и опасноста од поплави. Од ВЛЕН наведуваат дека реализацијата на проектот е ...

Политичката партија Левица во соопштение реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека електричната енергија не поскапела, оценувајќи дека таквите тврдења се спротивни на официјалните податоци од Регулаторната комисија за енергетика. Од партијата посочуваат дека имало зголемувања на цената на струјата во јули 2024, јануари 2025 и јануари 2026 година. „Мицкоски или сам се лаже кога мисли дека нема кој да го слушне, или повторно со ...

Отворена тиранија пристигна во Унгарија поради постапките на премиерот Петер Маѓар и партијата „Тиса“, соопшти опозициската партија „Фидес“, коментирајќи го фактот дека претседателот Тамаш Шујок го потпишал амандманот на уставот со кој се прекинува неговиот мандат. „Маѓар и партијата ‘Тиса’ извршија насилен напад врз претседателот на начин невиден во Европската Унија, го ставија во недостојна положба, вршеа притисок и на крајот самоволно го ...

На 18 јули, полициски службеници спроведоа одделни претреси на повеќе локации во Скопје, при што беа пронајдени дрога, оружје и муниција, а три лица беа лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во акција на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.Б. (21) и Е.А. (33), двајцата од Скопје. При претресите во нивните домови, извршени од Единицата за ...

СДСМ во партиско соопштение обвинуваат дека најавата на премиерот Христијан Мицкоски за намалување на акцизите на горивата доаѓа со задоцнување, во услови кога веќе денеска се очекува ново зголемување на цените на горивата. Од партијата оценуваат дека ваквиот пристап е доказ за, како што велат, реактивна и неефикасна економска политика на Владата. „Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, ...

Семејството на Тоше Проески јавно се огласи откако на платформата „Ивентим Хрватска“ беше објавена информација за концерт во негова чест кој е закажан во октомври во Сплит, под наслов „Тоше засекогаш – музика која живее“ (Toše Forever – Glazba Koja Živi). Тие ги предупредија обожавателите да не бидат доведени во заблуда. Во соопштението, кое на социјалните мрежи го објави сестрата на Тоше, Дора Проеска, а го сподели и нејзиниот син Кристијан ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека европската иднина на државата треба да се гради преку развој, силни институции и заштита на националните вредности. Ова го истакна на панел-дискусијата во Охрид во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, каде со граѓаните се разговараше за реформите, владеењето на правото и подобрувањето на животниот стандард. Димитриевски ...

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт го подигна нивото на безбедносна закана во земјата, предупредувајќи дека плановите за напади насочени против Германија се „јасно препознатливи“, објави германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. Добринт во интервјуто изјави дека зголемениот обем на извештаи и разузнавачки податоци го навеле претходно дефинираното апстрактно ниво на закана да го подигне на високо ниво на закана. Од нашата ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не очекува отворање на Кластерот 3 во преговорите на Србија со ЕУ, но порача дека тоа, како што вели, не е причина за очајување, туку сигнал за продолжување со работата и за економски развој. Зборувајќи за преговорите на Србија со Европската Унија и за отворањето на Кластерот 3, Вучиќ рече дека не очекува тој кластер да биде отворен и дека, како што тврди, и претходно предупредувал дека ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) го објави официјалниот одговор од Народниот правобранител, тврдејќи дека документот покажува како институциите првично се прогласиле за ненадлежни во случајот со отпадот во реката Вардар, но подоцна, по јавниот притисок, сепак презеле конкретни активности. Од ЛДП потсетуваат дека случајот беше актуелизиран по објавата на претседателката на партијата, Моника Зајкова, во октомври 2025 година, кога преку ...

ВМРО-ДПМНЕ денес во партиско соопштение обвини дека опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ ја одбиле понудата на Владата за заедничко усогласување на измените на Изборниот законик, оценувајќи дека наместо дијалог, избрале политичка конфронтација. Од владејачката партија тврдат дека на опозицијата ѝ била понудена можност самата да ги внесе своите предлози во законското решение, со цел да се постигне поширок политички консензус. Според ...

Позицијата на НАТО-алијансата поминува низ најголемото преиспитување на својата цел уште од крајот на Студената војна. Непредвидливиот однос на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европа создава ризик од поделби, а се засилува и загриженоста дека сè поагресивната Русија набрзо би можела да ги тестира источните граници на Алијансата. Покрај тоа, брзиот воен развој на војната во Украина ја доведува во прашање технолошката предност што ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека зад масовните ноќни напади со дронови на територијата на Руската Федерација стојат украинските сили, нагласувајќи дека метите биле директно вклучени во руската воена програма. Како што наведе Зеленски во објавата на социјалната мрежа Х, нападите се изведени како директен одговор на руските удари врз украинската цивилна инфраструктура, градовите и локалните заедници. Од нашата мрежа И ...

Мнозинството Американци сметаат дека изгледите за економијата се влошуваат, а претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го сметаат за одговорен за ваквиот развој на настаните, покажа најновото истражување „CNBC All-America Economic Survey“. Според анкетата спроведена во период на раст на цените на горивата и обновени конфликти на Блискиот Исток, 61 отсто од испитаниците имаат песимистички поглед на состојбата на ...

Левица реагираше на промотивниот билборд поврзан со титулата „Европска престолнина на културата 2028“ што ја доби Скопје, обвинувајќи дека визуелното решение не го отсликува идентитетот на главниот град и содржи низа историски и архитектонски неточности. Од партијата велат дека наместо професионална презентација на Скопје, граѓаните добиле „визуелен фалсификат“ во кој, според нив, се појавуваат елементи кои немаат врска со градот. Левица го ...

Возач од тетовското село Требош бил лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола, предизвикал сообраќајна несреќа во која четири лица се повредени, од кои две потешко. Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила на 17 јули 2026 година околу 22 часот на регионалниот пат кон село Требош. Во неа учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од село Требош, и патничко ...

Министерот за здравство Сашо Клековски по вчерашните информации за труење на илјадници граѓани денеска ја посети Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде разговараше со пациентите на детскиот и инфективниот оддел, како и со раководството и здравствените работници, во услови на зголемен број лица со стомачни проблеми. По посетата, Клековски информираше дека во изминатите 24 часа во болницата биле примени 260 пациенти, од кои 100 ...

Граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ остро реагираше на средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот израелски колега Гидеон Саар, оценувајќи дека ваквите контакти се спротивни на, како што велат, ставовите и барањата на македонската јавност поврзани со геноцидот во Газа. Од иницијативата посочуваат дека Муцунски по средбата информирал за потврдена „одлична билатерална соработка“ меѓу Македонија и Израел, како ...

Меѓународна организирана криминална група, за која се сомнева дека управувала со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е целосно разбиена во голема прекугранична операција поддржана од Европол. Во рамките на опсежната истрага што ја водеа германското јавно обвинителство во Крефелд и полицијата на Менхенгладбах, припадници на полицијата изведоа координирани рации во раните утрински часови на 15 јули. Од нашата мрежа И ...

Полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и околните места, при што биле пронајдени дрога и ножеви, а четири лица биле приведени. Контролата била извршена во периодот од 23:30 часот на 17 јули до 02:00 часот на 18 јули 2026 година. При проверка во угостителски објект во Тетово, во задниот дел од објектот биле пронајдени две кесиња со бела прашкаста материја, за која постои ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ вчера го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија во Вашингтон, со кој беше испратен сигнал за заедничката цел за зајакнување на партнерството меѓу двете држави, соопшти американската администрација во заедничко соопштение. Американскиот Стејт департмент наведе дека со започнувањето на стратешкиот дијалог се зајакнува партнерството меѓу ...

СДСМ во партиско соопштение оценува дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува нивните претходни предупредувања за состојбата во правосудниот систем, обвинувајќи ја власта предводена од Христијан Мицкоски за вршење политички притисок врз судството и обвинителството. „Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и ...

Левица во партиско соопштение реагира на последниот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото, оценувајќи дека документот покажува оти борбата против корупцијата и понатаму останува еден од најголемите проблеми во државата. Од партијата велат дека наместо суштински промени, граѓаните гледаат продолжување на систем во кој моќните често избегнуваат одговорност. „Дури 92% од граѓаните сметаат дека корупцијата е широко ...

Украински беспилотни летала (дронови) рано утринава погодија повеќе цели во Русија и на окупираниот Крим, вклучувајќи нафтен склад во Московската Област и логистички објекти на интернет-трговецот „Вајлдберис“. Во нападот врз логистичкиот центар на „Вајлдберис“ во Котовск, во Тамбовската Област, загинаа седум работници, објавија локалните власти. Од нашата мрежа „Помалку е повеќе“ на модерниот пазар: Како фокусот и брзата… 58 минути ...

Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, остварил средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата било констатирано дека двете земји имаат блиски и усогласени ставови за низа политички, економски и безбедносни прашања од заеднички интерес. Како што информира Муцунски, разговорите поминале во пријателска и конструктивна ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера попладне ја лишиле од слобода 45-годишната М.П. од Богданци, под сомнение дека извршила кражба во ЈЗУ „Општа болница“ во Гевгелија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила околу 10 часот, кога од просторија во болницата бил одземен мобилен телефон во сопственост на вработена. По преземените полициски мерки, осомничената била ...

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини во врска со измените на Изборниот законик и оцени дека со своите предлози не придонесува за постигнување политички консензус. Од партијата тврдат дека документот што опозицијата го претставува како „празен лист“ веќе содржи конкретни решенија, кои, според нив, отвораат простор за контрола и манипулација со гласовите од дијаспората. Во соопштението, СДСМ наведува дека ги поддржува препораките на ...

Саша Миловановиќ, познат како Сале Веруда, фронтменот на легендарниот пулски панк бенд „КУД Идијоти“, и неговата сопруга Мартина биле нападнати ноќта помеѓу четврток и петок во центарот на Пула откако предупредиле група момчиња за непримерно однесување и расфрлање ѓубре по улицата. Полицијата спроведува кривична истрага и трага сторителите, пишува „Вечерњи лист“. Од нашата мрежа Проблемот не е нафтата, туку бензинот: Експертите ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58