Левица тврди дека Советот на Општина Центар покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно настапуваат како едно. Велат дека и покрај нивните аргументи и предупредувања, советниците на двете партии заеднички го изгласаа Нацрт-ДУП-от за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје. -Наместо да ја преземе политичката одговорност за ваквото гласање, ...

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека е ноторна лага дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Општина Центар не гласале за нацрт деталниот урбанистички план Барутана, со кој се предвидува изградба на огромни објекти на јужниот дел на Водно, советникот во Град Скопје од коалицијата „Зелен Хуман Град“ Маријан Калевски вели дека е жално што во денешно време може да се манипулира со такви тврдења. -Што се однесува до изјавата на ...

По 24 години од основањето на Демократската унија за интеграција, државното знаме на Македонија за првпат е поставено во канцеларијата на лидерот на партијата, Али Ахмети, во Мала Речица. Знамето е видено за време на средбата со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Во изјава за порталот „Тетова Сот“, Ахмети ги објаснил причините за оваа одлука, нагласувајќи дека отсекогаш бил за унитарна држава и дека поставувањето на државното знаме никогаш ...

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...

Откорнатите лимови и покриви кои во невремето што завчера попладне го зафатија Скопје буквално летаа на сите страни, според еко-активистот Марјан Калевски и советник во Град Скопје од коалицијата „Зелен Хуман Град“, се резултат на неквалитетно и непланско градење. Тој за „Локално“ изјави дека сепак најголем проблем се паднатите дрвја и дека тоа при секое поголемо невреме ја покажува тоталната негрижа за градското зеленило. -Еден од ...

Ветер со ураганска јачина ја зафати земјава – во Скопје и во струмичко Ново Село достигнал брзина од 130 километри на час, во Штип 134. Овие оркански удари се ретка појава на нашето поднебје, но кога се случуваат предизвикуваат силни разорувања и штети и се опасност по безбедноста на граѓаните. За 20-тина минути, ураганскиот ветер во главниот град откорна речиси 200 дрвја, однесе 35 покриви на згради и болници, оштети стотина автомобили, а ...

Блокирани улици и тротоари, оштетени возила и стотици откорнати дрвја – ова е сликата што зад себе ја остави силното невремето што го погоди Скопје. Додека надлежните ги проценуваат штетите, екипите на терен ги расчистуваат последиците. Катаклизмичните сцени го разоткрија најголемиот проблем на скопската новоградба – фушерајското градење без стандарди, без правила и без вистинска контрола. Покриви паѓаа на улица и врз паркирани автомобили, ...

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето на вестите на „Тв Канал 5“. Тој посочи дека ...

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи реагираше на изјавата на министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги повика лекарите што не се епидемиолози и инфектолози да не даваат совети за состојбата со водата во Гостивар. Пановски јавно побара министерот да ги извести медиумите повеќе да не го бараат за изјави и коментари, оценувајќи дека јавноста отсега треба да ја информираат исклучиво епидемиолози и инфектолози. Од ...

Според информациите од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје покажале дека водата во моментов не ги исполнува условите за безбедна употреба како вода за пиење. Од претпријатието апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат препораката и до добивањето на нови резултати да не ја консумираат водата од градскиот водовод. Таа засега може да се користи само за технички потреби. Од нашата ...

Актерската легенда Вилијам Шатнер и неговата ќерка Мелани Шатнер Греч открија дека двајцата се соочувале со тешка дијагноза на рак во последните неколку години. И двајцата се лекувале од четвртиот стадиум на болеста, а во интервју за магазинот „Пипл“, тие раскажале како си помагале еден на друг во најтешките моменти и како целото искуство им го променило погледот кон животот. Од нашата мрежа Американските акции без поголеми промени, фокусот ...

За советничката од „Независни за Карпош“, Татјана Стојановска, многу лесно го сфаќаме моментот дека како земја бевме ставени во една од земјите кои што потешко ќе бидат погодени со климатските промени. Во разговор за невремето во Скопје и состојбата по општините, вели дека немаме преземено никакви превентивни акции за да видиме како можеме да се заштитиме од климатските промени кои што се појаки и поизразити. -Ако сакаме во иднина да имаме ...

Силното невреме што вчера го зафати Скопје каде според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија е измерен ветер со брзина од 130 километри на час, а од поројните дождови се измерени 8 литри на метар квадратен на Зајчев Рид и 11 литри на метар квадратен, предизвика проблеми и на авиосообраќајот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи поради протекување на кровот на Меѓународниот аеродром Скопје околу час и половина ...

Премиерот Христијан Мицкоски повика опозициските парти во парламентот да се однесуваат зрело, да седнат и да се договорат за изборниот законик. Тој рече дека власта ќе прифати се што ќе побара опозицијата и дека ќе донесат Изборен законик како што им одговара токму на опозициските пртии. -Освен Изборниот законик, другите закони се донесени. Нека седнат во опозицијата и нека се договорат и ние бланко ќе го поддржиме. Апелирам на претседателите ...

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека на вработените во ЈП„Паркови и зеленило“ во Скопје им доцнела платата и покрај тоа што синоќа биле ангажирани во расчистување на паднатите дрвја од невремето. Тој во одговор на новинарско прашање рече дека нема информација за овие вработени, но дека имало вработени во јавните институции кои примаат плата и не одат на работа и дека за таквите ќе има казни. -Немам информација дека вработените ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски во одговор на новинарско прашање како ќе се справат со новата здравствена криза во Гостивар бидејќи по завршување на оваа се очекува и појава на сезонски стомачни вируси, тој рече дека граѓаните треба да ги следат службените упaтства и официјалните канали за комуникација за заштита на нивното здравје. -Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата, бидејќи има доктори кои не се епидемиолози и ...

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави денеска дека Европската Унија го засилува притисокот врз руската „флота во сенка“. „Нафтениот танкер MV South Star, за кој се сомнева дека пловел под лажно знаме, кршејќи го меѓународното поморско право, на 20 јули беше прегледан од силите на операцијата EUNAVFOR MED IRINI со цел проверка на знамето под кое плови“, напиша Калас на ...

Европската демократска партија (EDP) објави делови од истражувањето на БИРН (BIRN) за попречувањето на сателитскиот навигациски систем над Србија за време на протестите и го праша претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дали „се плаши од снимките од воздух“ поради големиот број луѓе на улиците. EDP се повика на текстот под наслов „Кој го омета GPS-от над Србија: Лажни сигнали соборуваа дронови, на авионите им даваа погрешни локации“, кој ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 15.07.2026 пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. Од нашата мрежа Мадрид тргнува во трка за Франкфурт: Шпанија го предложи Пабло… 15 минути biznisinfo.mk Легендарниот Роналдо нема дилеми кој треба да ја освои Златната… 15 минути kontra.mk Кина ...

Од вчерашното невреме во Скопје, кога дуваше ветер со јачина од 130 километри на час и врнеше пороен дожд, оштетени се кровните конструкции на Клиничката болница во Штип и во Градската општа болница „8 Септември“. Според министерот за здравство, Сашо Клековски на скопските клиники имало паднати дрвја, но немало повредени граѓани, како и во психијатриската болница Бардовци, која повеќе часа ноќеска останала без струја, но дека и таму нема ...

Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата Левица, Дарко Грујоски денеска објави дека има бактерија во организмот од водата со фекалии која речиси цел месец циркулира низ гостиварскиот водоснабдителен систем. Според микробиолошкиот наод кој го објави Грујоски, кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа што се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, ...

ИРАН упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, пишува „Euronews“. Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада за привремен смештај на до осум американски авиони-цистерни за дополнување гориво во воздушната база Безмер на југоистокот од земјата. Од ...

Тимови од ЈП„Водовод“ од Гостивар и ЈП„Водовод и канализација“ од Скопје на денешната седница на Комитетот за управување со кризни состојби треба да излезат со предлог како да се направи прочистувањето на гостиварскиот водовод кој e загаден со колиформни бактерии, изјави за „Локално“, министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека основната задача на која сега посветуваат внимание е водоводот во Гостивар што поскоро да се стави во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес за „Локално“ изјави дека ноторна лага е дека советниците од Општина Центар гласале за планот „Барутана“ со кој е предвидено на јужната страна на Водно да се градат хациенди. На прашањето дали по вчерашното невреме и штетите предивикани во Скопје ќе побара од советниците на Општина Центар од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за планот, кој веќе во нацрт-фаза беше усвоен од Советот на Центар и ...

Природата или надлежните – кој е виновен за штетата од вчерашното невреме кое го зафати Скопје и голем број други места низ Македонија. Поплавени домови, однесени покриви, скршени прозорци, оштетени возила, откорнати дрвја и семафори. Интензивнотo невреме направи хаос во метрополата. Граѓаните се жалат дека долг период има дозвола за сечење на нестабилно дрво, а градските власти не реагираат. За дел од советниците во општината Карпош, која е ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека на Автоматската метеоролошка станица во Штип, вчера во 17:00 часот, бил регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, пак, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, вчера во 16:10 часот бил регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW). Од нашата мрежа Јасикевичиус имал ...

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека поранешни високи германски и руски функционери во средината на јули одржале таен состав во Баку за да разговараат за можните начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, јавува Блумберг. „Нашата територија беше искористена за таков состав без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите, бидејќи не бевме присутни на состанокот. Сепак, податоците за летот ми дозволуваат да ...

Русија повеќе не намерава да ги врати окупираните делови на Украина во склоп на евентуален мировен договор, туку планира да ги задржи како тампон-зони. Информацијата доаѓа од извори блиски до Кремљ, кои наведуваат и дека рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од намерата воено да ја освои целата регија Доњецк. Три извори, кои поради чувствителноста на темата побараа анонимност, потврдуваат дека Русија како тампон-зони ќе ги задржи ...

Агент на OpenAI излезе од контрола и хакираше познат стартап, компанијата предупредува дека инцидентите ќе бидат сè почести OpenAI откри дека автономен AI агент, погонуван од неговата технологија, за време на еден тест излегол од контрола, пристапил до отворениот интернет и самостојно хакирал познат стартап во „инцидент без преседан“, пишува Гардијан. Од нашата мрежа Европските залихи на гас сè повеќе заостануваат зад минатогодишното ниво 25 ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42