По реакциите од невладините организации дека со предлог законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, кој денес треба да се донесе по Скратена постапка, дека со него практично се отвара врата за корупција бидејќи се иззема од Законот за јавни набавки, од опозицијата велат дека со ова законско решение не само што се заобиколува транспарентноста во трошење на народните пари, туку во него никаде не ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници и да го одбие неговото разгледување по скратена постапка. Предлагачите да го повлечат предлогот и да го достават на јавна консултација преку ЕНЕР, со спроведена процена на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предупреди на можни корупциски ризици поврзани со Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, посочувајќи дека трошењето на јавните средства мора да биде проследено со целосна транспарентност, законитост и отчетност. Реакцијата на ДКСК доаѓа по јавните реакции околу законското решение и прашањата за начинот на управување со средствата ...

Царинската управа започнува со реализација на проект за воведување „паметни граници“, со кој граничните терминали во земјава треба да бидат целосно автоматизирани. За проектот се обезбедени два милиони евра грант средства од Европската Унија, а веќе е потпишан договор со избраниот изведувач за набавка на потребната опрема. Според Царинската управа, проектот треба да биде завршен до средината на следната година и ќе овозможи побрз проток на ...

Многу компании сè уште сметаат дека промената на снабдувач со електрична енергија е сложена постапка која може да предизвика прекин во работењето. Во реалноста, процесот е едноставен, брз и целосно административен, а придобивките можат значително да ги намалат трошоците за електрична енергија. При промената на снабдувачот нема прекин во снабдувањето со струја, нема технички интервенции, нема промена на броилото и нема никакви измени на ...

Општина Карпош ги информира граѓаните кои претрпеа материјална штета од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година дека е започната постапката за пријавување и проценка на штетите. Од општината посочуваат дека процесот на утврдување и надомест на штетата ќе се реализира во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Градот Скопје. Од нашата мрежа 📸 Топурија на одмор со херојот од финалето на ...

Иран ја разгледувал можноста за напад врз украинско поморско пристаниште како одговор на украинскиот напад врз ирански товарен брод во Каспиското Море, изјавија ирански и западни официјални лица, објави весникот „Њујорк тајмс“. Според наводите на извори запознаени со разразувачките податоци, Иран разгледувал различни опции за одговор, вклучувајќи ја и можноста за лансирање балистичка ракета со помала боева глава на украинска територија, чија ...

Германскиот канцелар ги отфрла сугестиите дека пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија треба да се поврзе со пристапувањето на други земји. „Црна Гора би требало да стане членка на ЕУ до крајот на деценијата“, изјави Мерц, пренесува Дојче веле. „Црна Гора е подготвена за придружување. Во главно ги исполни сите барања“, рече Мерц во вторникот за време на посетата на Даблин, пренесува ДВ. Од нашата мрежа Еден од најперспективните млади ...

Израел потрошил десетици милиони долари на дигитална кампања насочена кон обликување на одговорите на вештачката интелигенција за војната во Газа, открива извештајот што го објави американскиот „Drop Site News“. Во извештајот стои дека компанијата Клок Тауер X (Clock Tower X), во сопственост на поранешниот водител на кампањата на Доналд Трамп, Бред Парскал, склучила договор со израелската влада вреден 46,5 милиони долари. Во рамките на ...

Летната сезона е во полн ек, а Грција и годинава е една од најпривлечните и најчести дестинации за туристите од Македонија. Со оглед на близината, најголем дел од македонските граѓани избираат да патуваат во Грција со автомобил до грчките плажи. Тоа е практично бидејќи може да понесете повеќе багаж и да истражувате различни локации за време на летниот одмор. Но, патувањето со сопствен автомобил бара добра подготовка и со себе носи низа ...

Единицата за финансиски криминал при МВР поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за коруптивни кривични дела поврзани со полагање стручен испит за здравствени работници од областа на стоматологијата. Пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против 27-годишна студентка од Битола, 56-годишен професор од Гостивар и 63-годишно лице од Скопје. Од нашата мрежа Шефот на Ред ...

Левица во партиско соопштение реагира на економските пораки на Владата и премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека најавите за повисок економски раст не соодветствуваат со секојдневието на граѓаните. Од партијата велат дека паралелно со владините пофалби за економските резултати, државата продолжува да се задолжува, а домаќинствата се соочуваат со повисоки цени и намален животен стандард. Во реакцијата, Левица посочува дека најавите за ...

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода под сомнение дека организирале борби со кучиња, информира Министерството за внатрешни работи. Од ОВР Гостивар соопштија дека на 29 јули во раните утрински часови биле приведени 44-годишниот Г.Ј. од селото Топлица и 46-годишниот А.А. од селото Чегране поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Од нашата мрежа Еден од најперспективните млади играчи во Македонија ќе игра во… ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека државата почнува да гледа светлина на крајот од тунелот во својата борба против големите пожари кои и понатаму горат ширум земјата, иако предупреди дека претстојните часови ќе останат предизвикувачки. Говорејќи на традиционалната конференција за новинари пред летната пауза, Санчез исто така остро го критикуваше негирањето на климатските промени, нарекувајќи го најлошото можно гориво за справување со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи секој момент од својот краток престој во САД за да договори нови партнерства. Откако во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, каде што одржаа „многу практична“ средба на која разговараа за „обновените дипломатски напори“, „лиценците за производство на пресретнувачи Патриот и неколку други идеи што би можеле да помогнат“ во војната со Русија, Зеленски се упати ...

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Општина Центар ќе добие нова фасада и современо LED осветлување во рамки на проектот за енергетска обнова на училишниот објект. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во текот на градежните активности, кои треба да придонесат за поголема енергетска ефикасност и подобри услови за работа. Реконструкцијата се реализира со средства обезбедени преку заем од Светска банка, а предвидува поставување ...

ДУИ бара од Владата да одговори колку работни места се загрозени по најавата за заминување на уште еден странски инвеститор. Од партијата велат дека ова не е изолиран случај, туку продолжение на тренд во кој компании од САД и Германија го прекинуваат или го преселуваат производството од Македонија. Според Демократската унија за интеграција, во последните две години три странски инвеститори донеле одлука да ги прекинат своите активности или да ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во партиско соопштение реагира дека цените на горивата бележат раст втора недела по ред, додека Владата најавува дека на седница во понеделник ќе одлучува за евентуални мерки. Од најголемата опозициска партија оценуваат дека граѓаните повторно се соочуваат со неизвесност поради новите поскапувања, обвинувајќи ја Владата дека не презема навремени чекори за ублажување на растот на цените. Од нашата ...

Притисокот врз германскиот канцелар Фридрих Мерц расте по реконструкцијата на кабинетот која предизвика големо незадоволство внатре во неговата партија. Тој потег дополнително ја доведе во прашање способноста на владата да се справи со зајакнувањето на десницата во пресрет на клучните покраински избори во септември, пишува „Ројтерс“. Конзервативните пратеници во среда ќе гласаат за предлогот на Мерц, Торстен Фрај да стане нов претседател на ...

Шпанија оваа година е членката на Европската Унија која е најмногу погодена од шумските пожари, со најголем удел на изгорена површина во однос на големината на земјата. Податоците од Коперникус, европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека огнот уништил повеќе од 200.000 хектари, што е околу 0,4 отсто од шпанската територија. Евакуирани се повеќе од 90.000 луѓе, пишува „Еуроњуз“. Со пожарите се бори и соседен Португал, кој ...

Најголемата опозициска партија со соопштение реагираше по информациите дека надлежните институции предупредуваат на ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања по случајот со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека институциите не реагирале навреме и не ја информирале јавноста. Од партијата посочуваат дека за ваквиот ризик предупредил и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, уште минатата недела, додавајќи дека институциите ...

Рускиот функционер Дмитриј Медведев ги отфрли тврдењата за подготовка на нова мобилизација во земјата и ги нарече провокација. Тој порача дека таквите приказни се дел од непријателската пропаганда во пресрет на изборите, со цел дестабилизација на ситуацијата и создавање негативно расположение. „Уште еднаш посебно нагласувам: нема потреба од мобилизација“, изјави Медведев. Медведев таквите дезинформации ги поврза со недостигот на луѓе во ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) покрена обвинение против основачот на Телеграм, Павел Дуров, и по него распиша меѓународна потерница. Го товарат за овозможување терористички активности, а веста во средата ја пренесе агенцијата Интерфакс, пишува Ројтерс. Според наводите на руските државни медиуми во март, ФСБ тврди дека од почетокот на војната во Украина преку Телеграм се извршени повеќе од 153.000 кривични дела. Меѓу нив, како ...

Политичката партија Левица во партиско соопштение побара итна независна техничка и финансиска ревизија на проектот за модернизација на водоснабдителниот систем во Гостивар, оценувајќи дека Владата не дала одговори за состојбата со системот по информациите за фекално загадување на водата во градот. Од партијата посочуваат дека само неколку дена по случајот со загадената вода, ВМРО-ДПМНЕ објавило соопштение во кое се пофалило со, како што ...

Владеачката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека го блокира Законот за правична застапеност и со тоа, според нив, дејствува спротивно на принципите на Охридскиот рамковен договор. Во соопштението, од партијата оценуваат дека раководството на ДУИ, незадоволно од преминувањето во опозиција, презема чекори кои, како што велат, се на штета на интересите на Албанците. Од нашата мрежа Реал Мадрид објави рекордни ...

Епидемиологот Драган Даниловски преку објава на социјалните мрежи укажува дека осумте досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија не треба да се толкуваат како показател дека сите заразени развиваат тешка форма на болеста. Тој посочува дека сите досега евидентирани пациенти имале невроинвазивна форма на заболувањето, но нагласува дека ова се случаите кои најлесно се откриваат и влегуваат во официјалната статистика, додека ...

Ојани Ноа, првиот сопруг на Џенифер Лопез, во новото интервју за британски „Сан он сандеј“ тврди дека своевремено директно се соочил со Шон Диди Комбс поради врската на раперот со Џеј Ло пејачката додека таа сè уште била во брак со него. Во интервју за „Сан“, Ноа раскажал дека имал жестока расправија со Комбс на една забава во Лос Анџелес, каде што му се спротивставил и му порачал да се тргне. Од нашата мрежа Савињо побара трансфер, Тотенхем ...

Европската унија се наоѓа пред важен регулаторен тест: дали идните правила за тутунски и никотински производи ќе се засноваат на научни докази, реална проценка на ризик и пазарни ефекти или ќе се движат кон пристап што ги третира сите производи како да се исти. Ревизијата на Директивата за тутунски производи и Директивата за рекламирање на тутун повеќе не е само техничка постапка во Брисел. Таа стана прашање за тоа како Европа ги разбира ...

Дел од советниците во Советот на општината велат дека Охрид повторно се спаси од црната листа на УНЕСКО со пролонгирање на рокот за исполнување на препораките. Според советничката од Левица, Виолета Аврамоска, оваа одлука на Комитетот за светско наследство воопшто не е за радување, а уште помалку за фалење и издигнување на ниво на некаков дипломатски успех. -ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков веќе пет години раководат со Охрид, од кои ...

Истражувањата покажуваат дека три црвени сокови можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и со тоа да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцев и мозочен удар. Високиот крвен притисок, односно хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми кај возрасните. Тоа е состојба во која срцето мора посилно да пумпа крв низ телото, што со текот на времето дополнително ги оптоварува крвните садови и ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07