Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Сопствениците на недвижен имот во Скопје во наредниот период може да очекуваат повисоки решенија за данок на имот, откако Советот на Град Скопје го усвои новиот Правилник за унифицирање на цените на земјиштето. Со него треба да се изврши усогласување на даночните основи со реалните пазарни вредности на недвижностите. Од Град Скопје посочуваат дека во изминатиот период постоел голем јаз меѓу реалните продажни цени и вредностите според кои се ...
Според директорката на ЈНУ „Хидробиолошки завод – Охрид“, Орхидеја Тасевска, одлуката на УНЕСКО да ѝ даде на државата дополнителен период за спроведување на препораките не смее да се толкува како победа или како доказ дека проблемите се надминати. Како научник, смета дека ова треба да биде пресвртница. Од нашата мрежа Мерцедес размислува кога да добие казни за воведување новини за… 1 час kontra.mk 📷🎥 Ништо од трансфер: Гвардиол потпиша нов ...
Ева Величковска (20) е новата претставничка на Македонија на престижниот избор за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам. Од нашата мрежа Мерцедес размислува кога да добие казни за воведување новини за… 59 минути kontra.mk 📷🎥 Ништо од трансфер: Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер… 1 час kontra.mk Нагетс прават потег што може да доведе до размена на… 1 час kontra.mk Зошто Малдини не ги сакаше Манчини и Конте? 1 час ...
Microsoft во понеделникот претстави нов модел на вештачка интелигенција наменет за откривање ранливости во областа на сајбер безбедноста. Станува збор за првиот голем потег на компанијата насочен кон обновување и зајакнување на работењето во областа на безбедноста откако на чело на тој сегмент се врати Хајете Галот, поранешна директорка во Google. Новиот модел MAI-Cyber-1-Flash, развиен во комбинација со општиот модел GPT-5.4 на OpenAI, ...
Целта на прописите на ЕУ за дозволите за пилотите на противпожарните летала е безбедноста на екипажот и граѓаните на земјата, истакна Агенцијата за безбедност на воздушниот сообраќај (EASA) во одговорот на критиките од шефот на португалски Авинцис дека „бирократските пречки“ го отежнуваат пополнувањето на кадровските „дупки“ во работите за гаснење пожари. ЕУ со прописите за дозволи за пилотите на противпожарните авиони и хеликоптери ...
Парламентот во Албанија го усвои воениот договор со Соединетите Американски Држави според кој оваа држава ќе добие кредит од 302 милиони долари за да купи американска воена опрема. Сепак, пред расправата дојде до бизарна ситуација. Имено, пред самата седница опозицискиот политичар Агрон Шехај украде документ од една просторија, кој во тој момент им беше достапен само на челниците на владата. Од нашата мрежа Македонец нов тренер на Олимпија ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
На 28.07.2026 во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана. Н.Н. бил пренесен во Комплекс ...
Бруто домашниот производ (БДП) на Русија според паритетот на куповната моќ и понатаму се наоѓа на четвртото место во светот и на првото место во Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со пратениците од Државната дума. „Русија и понатаму според паритетот на куповната моќ го зазема четвртото место во светот, по Кина, Соединетите Американски Држави и Индија. Четврто. И прво во Европа“, прецизираше Путин. Од нашата мрежа ...
Демократската унија за интеграција бара Владата веднаш да објасни зошто прославата на „Деновите на Свети Сава“, на која главен гостин беше лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, се одржала бесплатно во државна културна институција, додека за одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите биле наплатени 4.500 евра. Според ДУИ, уште поскандалозно е молчењето на ВЛЕН, коалицискиот партнер во Владата, кој, како што велат, секојдневно се ...
Пратеникот на ДУИ, Илир Хасани на денешната прес-конференција, објаснил зошто неговата партија не го поддржала ребалансот на Буџетот. Според Хасани, средствата за рамномерен регионален развој се намалени. „Нема средства за Универзитетската клиника во Тетово. Нема зголемување на инвестициите за општините со албанско мнозинство. Нема доволна транспарентност за распределба на капиталните инвестиции. Во меѓувреме, секој предлог од албанската ...
Европа не е подготвена за подолги и поекстремни пожарни сезони, предупредува Џон Боаг, извршен директор на португалскиот Авинцис, најголемата европска компанија за воздухопловни услуги во кризни ситуации, истакнувајќи го хроничниот недостаток од противпожарни летала. Европскиот недостаток од противпожарни авиони и искусни пилоти дополнително го влошуваат подолгите пожарни сезони и бирократските пречки, тврди шефот на Авинцис во интервју за ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, амане мора да се замара, линијата за пријава кај нас е веќе отворена – шест месеци стои на веб-адресата „Micko.mk“, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. Штерјова посочи дека оваа кампања на Мицкоски е копија на кампањата што во Србија ја води тамошиот претседател Александар Вучиќ. „Ова е директна копија на кампањата што токму сега ...
Три месеци исполнети со страв, неизвесност и постојано чекање. Така 44-годишна пациентка од Скопје го опишува периодот од појавата на првите симптоми до операцијата во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со која ѝ беше отстранета цистична туморска формација на десниот јајчник, со тежина од речиси 10 килограми. Наместо да го живее своето секојдневје, нејзините денови биле исполнети со лекарски прегледи, медицински документи, телефонски ...
Осуммина заболени од западнонилска треска се лекуваат на Клиниката заинфективни болести, од кои кај еден пациент состојбата е потешка, додека другите се со полесна клиничка слика. Д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести за „Локално“ изјави дека петмина од заболените кои се лекуваат кај нив им е потврдено дека имаат западнонилска треска, додека за тројца се чекаат резултатите. -Само еден пациент е со зафаќање на мозокот и ...
Рускиот енергетски гигант Газпром објави дека во првата половина од 2026 година остварил нето добивка од 78,4 милијарди рубли, односно околу милијарда долари. Тоа е голем пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата работеше со загуба. Газпром лани во првите шест месеци имаше загуба од 10,76 милијарди рубли, односно 137 милиони долари. Оваа година приходите му пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, бруто добивката за ...
Министерството за здравство не кажува како се лекуваат луѓето од Гостивар кои се разболеа откако пиеја загадена вода со фекалии од градскиот водовод, за што и Основното јавно обвинителство од Гостивар отвори случај против ројца вработени во гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ меѓу кои и директорката Артана Асани. Министерот Сашо Клековски на прашањето на „Локално“ откако излегоа резултатите од Институтот за јавно здравје со што била ...
Полскиот премиер Доналд Туск во вторникот повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска. Неговата реакција доаѓа по низата злосторства од омраза што последниве недели беа забележани во јавноста, а се случуваат во време на зголемени тензии меѓу Варшава и Киев, пишува „Ројтерс“. Туск се огласи откако на социјалните мрежи се прошири снимка од напад врз еден Украинец и неговата девојка во Вроцлав. Во неделата, според ...
Германија повлече два морнарички брода од Џибути во источниот Медитеран откако проценките во Берлин покажаа дека конфликтот со Иран нема наскоро да се смири и дека мисијата во Ормускиот теснец останува неизвесна. Бродовите „Фулда“ и „Мозел“ беа со недели во приправност за можна меѓународна операција за обезбедување на пловидбата низ Ормускиот теснец, стратешки важен премин над кој Иран полага право на контрола. Од нашата мрежа Гервонта ...
Производителот на луксузни спортски автомобили Порше под притисок на кризата планира да укине уште 5.000 работни места во погоните кај Штутгарт. Погодени се матичната фабрика во Цуфенхаузен и развојниот центар кај Вајсах. Управата на компанијата во понеделникот, на 27 јули, соопшти дека со работничкиот совет договорила загарантирано вработување до 2035 година. Укинувањето на работните места ќе се спроведе по природен пат, преку заминување на ...
Микробиологот Никола Пановски реагираше на социјалните мрежи поради бирократски пропуст поврзан со водоснабдувањето во Гостивар. Според неговиот Фејсбук-статус, проект вреден седум милиони евра, финансиран со швајцарски грант, бил закочен поради неплатена фактура од 16.500 денари. „Секој ден си велам ова е дното, не може полошо, ама оптмистот ми вели може. И во право е. Ова нема врска со власта, ама има со сите власти, ниту има врска со ...
Позитивен импулс, но засега без решение за деблокада на македонските преговори со Европската унија. Разговорите со Софија и Брисел продолжуваат, но нема отстапки поврзани со националниот интерес, историјата и идентитетот, вели шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Заштита на човековите права и системското непочитување на правата на Македонците во Бугарија остануваат во фокусот на дипломатските активности на македонското МНР. Сепак, ...
Градоначалникот на Москва во вторникот објави дека руската престолнина била мета на напад со повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите се оштетени и станбени објекти. „Повеќе од 390 дронови тргнаа кон Московскиот регион“, но „мнозинството беа неутрализирани значително пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дрон е уништен на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го извести Конгресот дека не планира да ја заврши исплатата на 400 милиони долари воена помош за Украина пред фискалната 2029 година. Писмо со таков план за трошење, како што наведува Ројтерс, Министерството за одбрана им испратило на конгресмените уште во мај, а демократите и дел од републиканците на Трамп го критикуваат Пентагон поради одложување на помошта – која двете партии ја ...
Шкода во првите шест месеци од оваа година ширум светот продаде повеќе од 555.000 нови автомобили. Чешкиот производител истовремено бележи и рекордна продажба на електрични возила и ја задржува втората позиција во Европа, веднаш зад Фолксваген. Од почетокот на јануари до крајот на јуни, Шкода им испорача на купувачите 555.700 возила, што претставува раст од 9,1 отсто во однос на истиот период од 2025 година. Од нашата мрежа Запленети 5.000 ...
Во време кога Европската Унија забрзано бара нови извори на критични минерали за поддршка на зелената транзиција, дел од домашната стручна јавност смета дека Македонија не треба да ја пропушти можноста да ги искористи сопствените минерални ресурси. Според експертите, современото рударство денес користи технологии кои значително се разликуваат од оние што се применувале во минатото, овозможувајќи повисоко ниво на заштита на животната средина. ...
Финската армија денеска затвори дел од воздушниот простор долж јужниот брег на земјата, близу границата со Русија, поради опасност од залутани дронови. Ограничувањето е воведено и за поморскиот сообраќај, објавија финските одбранбени сили, пишува „Ројтерс“. Според зборовите на портпаролот на финската армија, мерката е воведена од безбедносни причини. Финска не објави дека дронови влегле во нејзиниот воздушен простор, туку дека постои ризик од ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме ...
Изјавата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски дека Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ, според аналитичарот и извршен директор на Преспа институтот, Андреја Стојковски е одлична, бидејќи, како што вели, со тоа се урива можноста за натамошно ширење на параноја дека ни е загрозен идентитетот. Тој за „Локално“ изјави дека ...
„Одлуката на УНЕСКО да ѝ даде на државата дополнителен период за спроведување на препораките не смее да се толкува како победа или како доказ дека проблемите се надминати. Напротив, ова е јасна порака дека меѓународната заедница сè уште верува дека можеме да ги исправиме грешките, но истовремено очекува конкретни резултати, а не нови ветувања“, вели во изјава за „Локално“, д-р Орхидеја Тасевска, научен советник и директорка на ЈНУ ...