Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Мајкрософт во средата ги објави кварталните резултати кои беа над очекувањата на аналитичарите, со раст на приходите на 90 милијарди долари и силен скок на работењето во клауд (cloud) и AI услугите. Компанијата од Редмонд во сојузната држава Вашингтон во периодот април-јуни заработи 90 милијарди долари, односно 4,81 долари по акција. Тоа е за 18 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Аналитичарите анкетирани од „FactSet ...
Само неколку дена откако струшкиот суд му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Според информациите, позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола. Од Јавното обвинителство велат дека притвор беше побаран веднаш кога се отворил случајот, а дека замената со гаранција и одземање на пасошот на Марковски пред неколку месеци е одлука на ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
„Анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар продолжуваат и ќе се вршат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвиди кога граѓаните на Гостивар ќе можат да ја користат водата за пиење“, изјави денес во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. „Мострите се следат и ќе продолжат во текот на викендот. Значи, секој ден се земаат примероци од неколку кориснички точки. Штом три примероци една по друга ќе бидат погодни ...
Отпорните синџири за снабдување со критични минерали стануваат предуслов за економска стабилност и индустриски развој, се наведува во најновиот извештај „Глобални перспективи за критични минерали 2026“ на Меѓународната агенција за енергетика. Во услови кога многу држави ги забрзуваат инвестициите во сопствените минерални ресурси, Македонија сè уште не ги користи целосно своите потенцијали. Геолошките истражувања укажуваат на значајни резерви ...
Шестте најголеми светски компании за производство на нафта и гас речиси го удвоија профитот во вториот квартал од 2026 година, додека бројни делови од светот се соочуваа со топлотни бранови, суши и пожари, се наведува во анализата на организацијата Оксфам Новиб. Според податоците на организацијата, компаниите Шел, БП, Ени, Ексон Мобил и Тотал Енержи го зголемија заедничкиот нето-профит од 23 милијарди долари во првиот квартал на 45 милијарди ...
Пратеничката Илире Даути од партијата Албанска лига, заедно со лидерот на партијата, Зијадин Села ја блокираа денешната седница за пратенички прашања. Таа бара одговор за Предлог-законот за правична застапеност бидејќи се уште не добила никакво писмено објаснување од премиерот Христијан Мицкоски кому му го испратила прашањето. Истакна дека денешната седница мора да се прекине доколку не се одговори на прашањето. Даути од собраниската ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ...
Американската војска ѝ додели на компанијата „Lockheed Martin“ договор вреден до 58,6 милијарди долари за производство на пресретнувачи Патриот, додека војните во Иран и Украина дополнително ги оптоваруваат американските залихи на вооружување. Пентагон соопшти дека новиот аранжман го заменува претходниот едногодишен договор од април, вреден 4,7 милијарди долари, претворајќи го во седумгодишен рамковен договор. Со тоа се воспоставува ...
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2026 година продажбите на компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје достигнаа 6.870.366.274 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.337.103.798 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Од нашата мрежа Рекордерот на Светското ...
На 29.07.2026 во 16:30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.С.(74) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека се самозадоволувал пред осумгодишна малолетничка од Пробиштип. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Од нашата мрежа Роналдо се жени: Гости ќе бидат Мбапе, Винисиус, Ријана, Џенифер… 9 минути ...
Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Русија за повреда на полскиот воздушен простор за време на синоќешниот масовен напад врз Украина. „Русија за време на масовниот напад врз Украина го повреди нашиот воздушен простор“, објави Туск на „Х“. Од нашата мрежа Анчелоти ја призна грешката што доведе до елиминација на Бразил… 18 минути kontra.mk Милан ја негира веста за смртта на Барези 30 минути kontra.mk Microsoft објави посилни од очекуваните ...
Изборот на нов прв човек на Општиот јавен обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) влегува во официјална завршница. Сите јавни обвинители низ државата за точно еден месец ќе треба да го дадат својот глас за наследникот на актуелниот шеф Ислам Абази, чиј четиригодишен мандат истекува на 8 ноември годинава. Поради законската обврска огласот да биде објавен најмалку 90 дена пред истекот на функцијата, Советот на јавни ...
Ребалансот на Буџетот повторно ја отвора суштинската дебата за тоа каков економски модел треба да гради земјава – модел кој ќе се потпира на зголемена јавна потрошувачка и задолжување или модел заснован на инвестиции, продуктивност, извоз и јакнење на приватниот сектор. Економските експерти предупредуваат дека јавниот долг може да биде корисен инструмент за развој само доколку се користи за создавање нова вредност, а не за покривање на ...
Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Според партијата, Левица, лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. -Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи ...
Неидентификуван објект падна рано утринава кај селото Тарнава-Колонија на истокот од Полска и предизвика силна експлозија, објавија полските власти. Селото се наоѓа во Љублинското Војводство, на околу 95 километри од украинската граница. Жителите и пријавиле на полицијата дека слушнале силна детонација, по што војската и другите служби покренаа потрага и го обезбедија подрачјето. Од нашата мрежа Microsoft објави посилни од очекуваните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти на 29 јули дека од американскиот претседател Доналд Трамп побарал итна испорака на 300 ракети „Патриот“ (Patriot) за Украина да ја заштити енергетската мрежа во текот на зимата. Зеленски наведе дека без тој пакет Украина нема да може да ја одбрани енергетската инфраструктура од руските балистички удари, што би можело да предизвика прекини во снабдувањето со струја и греење за милиони луѓе и ...
Вредноста на биткоинот (BTC) на најголемата светска берза за криптовалути Бајненс порасна за 1,25 отсто, на 56.503,75 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоини во последните 24 часа изнесува 21,56 милијарди евра, што е нешто повеќе од вчера. Индексот на страв и лакомост (Fear and Greed Index) за биткоин денеска се наоѓа на ниво 29, во категоријата „страв“, исто како и вчера. Од нашата мрежа Централната банка на САД ги задржува каматните ...
Цените на нафтата пораснаа за седум проценти, откако на Блискиот Исток продолжија воздушните напади, што ја зголеми загриженоста поради намалувањето на понудата, додека податоците на американската влада покажуваат дека домашните залихи на сурова нафта паднаа на повеќегодишен минимум. Фјучерсите на референтната нафта брент пораснаа за 6,33 долари, или 7,53 отсто, на 90,42 долари за барел, додека американската нафта е поскапа за 5,26 долари, ...
По низата неодамнешни кибернетички инциденти, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воведување построга контрола врз алатките за вештачка интелигенција (AI). Трамп во средата потврди дека неговата влада ја анализира ситуацијата, со што се менува досегашната политика која заговараше минимално мешање во развојот на AI технологијата, пишува BBC. На прашањето за инцидентите во кои алатките на компанијата OpenAI ...
радоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана”, потенцирајќи дека новиот план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење и воведува јасни правила за заштита на просторот на Водно. Наводите за можни ерозии ги отфрли како нестручни бидејки се темели врз стручни анализи и физибилити студии. Од нашата мрежа Централната банка на ...
Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел. Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност. Од нашата мрежа ...
Екс-шефот на дипломатијата, Бујар Османи реагираше на назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ. Османи потсетува дека Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. -Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2024 година. Со извршената ревизија изразено е мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со релевантната законска регулатива. И покрај преземените активности за спроведување на дадените препораки од ...
Наградуваниот кантавтор Глен Хансард, кој имаше 56 години, починал на лице место откако моторот со кој управувал излетал од патот во близина на областа Стробери Бедс во Лукан, кратко пред 4:30 часот наутро. Во емотивното соопштение доставено до ирскиот јавен сервис РТЕ, од неговата менаџерска куќа АТС менаџмент навеле: Од нашата мрежа Палиња се повреди на тренинг 39 минути kontra.mk Се појавија информации за тоа колку пари ќе добива Зидан 42 ...
Украинското воено воздухопловство вчера изгуби контакт со борбен авион Ф-16 за време на борбена мисија, откако на леталото дошло до вонредна ситуација во летот, потврди војската. „Пилотот е безбеден. Успешно е евакуиран и пренесен во здравствена установа на преглед и дијагностички испитувања“, соопшти украинското воено воздухопловство. Според наводите на војската, пилотот учествувал во мисија за пресретнување на руски воздушни цели на еден ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел беше суспендирање на ...
На денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден, 29 јули, неговите пријатели, соседи и почитувачи му оддадоа почит со откривање мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше во скопската населба Аеродром. Настанот беше одбележан со маалска дружба и музика, а бројни блиски луѓе се собраа за да се потсетат на заедничките моменти со еден од најомилените македонски музичари. Од нашата мрежа Нови информации: ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски рече Армијата е присутна во Гостивар за да помогне и дека ќе остане таму се додека е тоа потребно. Во одговор на новинарско прашање, тој изјави дека Армијата ги ставила на располагање нејзините јавни капацитети, цистерни со кои се обезбедувало техничка вода за граѓаните. -Во Гостивар како Армија за давање на дополнителна техничка вода нашите јавни капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, изврши увид во реконструираниот објект во касарната „Јане Сандански“ во Штип, како дел од поширокиот план за модернизација на инфраструктурата на Армијата. При посетата, Мисајловски оцени дека обновата на армиските објекти продолжува со засилена динамика, а реконструкцијата на објектот 35 во штипската касарна ...