Владеачката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека го блокира Законот за правична застапеност и со тоа, според нив, дејствува спротивно на принципите на Охридскиот рамковен договор. Во соопштението, од партијата оценуваат дека раководството на ДУИ, незадоволно од преминувањето во опозиција, презема чекори кои, како што велат, се на штета на интересите на Албанците. Од нашата мрежа Реал Мадрид објави рекордни ...

Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, реагираат од ВЛЕН. Според партијата вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската десница и да ја обезвреднуваат ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека власта се обидува по брза постапка да го донесе Законот за фер и соодветна застапеност. Гаши изјави дека не станува збор за „шверцување“ на законско решение, туку за процес на кој се работи подолг период и со внимателна анализа. „Идејата не е да се шверцува нешто што го започнавме пред две години. Работиме на многу детален начин“, изјави Гаши, пренесува ТВ21. ...