– Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар денеска најави реформирање на Системот за пријавување на имотот, со што ќе се овозможи проверка на имот на политичките лидери 20 години наназад. Тој сегашниот систем го оцени како „целосно неприфатлив“ и не нуди одговори на прашањето како политичарите, министрите и државните секретари успеале да акумулираат значително лично богатство само од нивните официјални плати. Со реформата предвидено е и ...

Тепачката на дел од фудбалерите на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина за некои играчи може да има и сериозни последици. Дел од аргентинските репрезентативци се однесуваа срамотно и физички се судрија со фудбалери на Шпанија. Поради своето однесување играчот на Атлетико Мадрид, Тиаго Алмада се соочува со отказ во својот клуб. Фудбалерот веднаш е ставен на трансфер листата (по една година во клубот) и од Атлетико се ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска во Белград ја повтори поддршката за членството на Србија во Европската Унија, но и за нејзино приклучување кон Шенген-зоната, оценувајќи дека Србија и другите земји кои не се дел од Шенген поефикасно ја штитат надворешната граница на Унијата од илегалната миграција отколку некои земји членки. Бабиш, кој ја предводи чешката државна делегација во дводневна посета на Белград, на заедничката прес-конференција ...

Грчката верзија на „Железната купола“, односно противвоздушен, противбалистички и антидронски одбранбен штит што го носи името „Штитот на Ахилеа“, како и уште десет други програми за модернизација и вооружување на армијата беа одобрени на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. По состанокот, министерот за одбрна на Грција Никос Дендиас ...

Со инвестиција вредна околу еден милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Реконструкцијата опфати целосна обнова на базенскиот комплекс, вклучувајќи нов систем за филтрација и ...

По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. За две години оваа власт успеа да ја ...

Општата состојба во однос на бројот на лица со стомачни тегови во Гостивар во моментов е стагнирачка и нема нови хоспитализации. Сите резултатите и анализи за водата ќе бидат објавени. Да не дојде до опуштање во спроведувањето на мерките, бидејќи секогаш кога поминува главниот ризик има опуштање. За мене, надвор од инкубацискиот период, бидејќи знаеме кои вируси и бактерии се присутни, многу поважно е дали граѓаните ќе ја задржат ...

Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење. – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително ...

Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја, при што разговараа за унапредување на билатералната соработка, реформите во правосудството и процесот на евроинтеграција. Како што соопшти Министерството за правда, на средбата била потврдена заедничката определба за продлабочување на партнерството меѓу двете земји, особено во областа на правдата и размената на искуства поврзани со ...

На 26 јули, денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана, ве во музејот на Град Скопје ќе отворо изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот и на промоцијата на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival ...

Сериозен безбедносен инцидент е регистриран ноќеска во Скопје, откако засега непознати сторители украле ГПС уред за следење на железничкиот сообраќај во близина на Железничката станица Маџари, со што била загрозена безбедноста на возниот сообраќај. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 00:30 часот. Кражбата била извршена со употреба на погоден алат, при што бил отстранет уредот ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност. Според судските наоди, трагичниот настан се случил попладнето на 1 ноември 2025 година во близина на угостителски објект во Сретеново. Режак и Никола ...

Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење. „Квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата. Туку е ...

Граѓаните кои претрпеа материјална штета од силното невреме што го зафати Скопје ќе добијат обештетување, најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, објави. Мицкоски посочи дека општините и институциите на локално ниво треба да ги формираат комисиите кои ќе извршат проценка на пријавените штети. По завршувањето на проценките, податоците ќе бидат доставени до Комитетот за проценка на штети, а потоа до Владата. ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварско, при што биле контролирани кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производители и пакувачи на овошје и зеленчук, како и други оператори со храна. Фокусот на контролите бил ставен на почитувањето на забраната за користење вода од гостиварскиот водоснабдителен систем. Од АХВ информираат ...

Буџетот на Фондот за здравство во 2025 година изнесуваше 840 милиони евра (51,5 милијарди денари) и сега со него ќе раководи човек кој по професија е тренер – поранешниот министер за локална самоуправа, Златко Перински. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека со Фондот за здравствено осигурување, како една од најважните институции во здравствениот систем се поставени лица без соодветна стручна подготовка. ...

Премиерот вели дека летаргијата што ја зафати општината по случајот со водата претставува предизвик за сите, но дека Владата ќе направи сè што е во нејзина можност системот што поскоро да профункционира и да се стави во употреба, иако тоа не е во нејзина надлежност Според вчерашните резултати од анализите на мострите што ги направи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), водата од водоводната мрежа во Гостивар сè уште е неисправна за пиење и за ...

СДСМ објави видео на кое се гледа како премиерот Христијан Мицкоски е пречекан со транспарент пред градскиот базен во Кавадарци. „Мицкоски на базен, а народот во Гостивар пие вода со фекалии! Како го пречека Мицкоски во Кавадарци, погледнете на видеото“, објави опозициската партија. Премиерот денес е на настан во Кавадарци по повод започнување со работа на реконструираниот градски базен СДСМ објави видео на кое се гледа како премиерот ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...

По неодамнешните случувања и проблемите со водата во Гостивар, од политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатија јавен апел и предупредување дека слично катастрофално сценарио му се заканува и на главниот град. Од партијата бараат итно и превентивно решавање на опасноста која доаѓа од депонијата на поранешниот гигант „Југохром“ во Јегуновце, посочувајќи дека присуството на шестовалентен хром во близина на изворот Рашче е ...

Големата количина на хлор која била ставена во водоводната мрежа за питка вода, а беше потврдена и од резултатите од испитувањата на Инстутот за јавно здравје, била една од причините да се наруши здравјето на граѓаните. „Водата од чешмите кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но имала зголемено ниво на хлор над дозволените граници.Анализата откри дека водата е силно загадена оти има околу 48 пати повеќе колиформни ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, соопштија денеска од Обвинителството. Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, ...

Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија. За случајот се известени ...

Организацијата „О2 Иницијатива“ вели дека на плажите на Охридското Езеро под концесија не се почитуваат ниту препораките на УНЕСКО, ниту договорите за закуп, па воедно прашуваат дали има некој од надлежните што ќе постапи по ваквите случаи. „Педесет отсто од просторот треба да е оставен слободен, без лежалки и друга опрема. Канео и Потпеш се лежалка до лежалка, со бетонирани ѕитчиња и слично. Ни инспекција постапува, ни градоначалникот ...

Теренска прес конференција на СДСМ, Тања Илијоска – членка на Извршниот одбор Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени. За многу семејства ова не е само временска непогода – ...

Европската комисија денеска треба да го казни Гугл (Google), што е резултат на двегодишна истрага за фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето. Истрагата, исто така, ја опфати практиката на компанијата да ги спречува развивачите на апликации да ги насочуваат корисниците кон понуди надвор од продавницата и системот за плаќање на Гугл, пишува Евроњуз (Euronews). Информациите денеска ги објави германскиот весник ...

Индискиот премиер, Нарендра Моди, денеска изјави дека ќе бидат формирани „забрзани“ судови за процесирање на одговорните за измами на испити, како одговор на повеќедневните протести на младите кои бараат оставка од министерот за образование. Изјавата Моди ја даде неколку часа откако синоќа дојде до судир на демонстрантите со полицијата на улиците на Њу Делхи, при што полицијата употребила солзавец и палки за да ги растера насобраните. „Ништо ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ...

„Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, туку не дава никаква политичка одговорност. Двата гигантски резервоари што ги вети во 2022 година за решавање на проблемот со водата за пиење, донација од Швајцарија, исто така, не беа направени. Прашањето е: каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија“, се вели во соопштението. Другото прашање, се додава во нивното ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25