Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР – информираат од ЦУК. До овој момент нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и нискодеградирана шума во општина Илинден, велат од ЦУК. Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи ...
„Меѓу хаосот и пламените јазици, заедно со пожарникарите на Град Скопје успеавме да спасиме мало теле кое останало заробено на теренот зафатен од пожарот. Мало, исплашено, но живо – мала победа во еден тежок ден“, напиша на својот профил на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Приказната за малото теле на прв поглед изгледа емотивно и впечатливо. Сепак, кратко пребарување на интернет открива дека станува збор ...
Статистиката вели дека жените умираат почесто од мажите од болести поврзани со топлина. Според научниците тоа се должи на подолгиот животен век, условите за работа и нееднаквиот пристап до одмор. Според податоците за смртност од 35 земји за време на жешкото лето во Европа во 2022 година, една студија открила 56 проценти повеќе смртни случаи поврзани со жештините кај жените отколку кај мажите. Ова лето сè уште не е завршено, а според ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с. Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово само за да испраќа пари СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с. ...
Главниот град на Македонија денеска се соочува со значително влошување на квалитетот на воздухот, објави 4news.mk Според последните податоци од глобалната платформа за следење на загаденоста „IQAir“, воздухот во Скопје е класифициран во категоријата „Нездрав“ (Unhealthy), со Индекс на квалитет на воздух (AQI) од 155. Главниот загадувач се ситните честички PM2.5, чија концентрација на мерните станици (како онаа во близина на меѓународното ...
Пред четири дена, среде ноќ, млада девојка била полово нападната на улица од 30-годишен маж кој избегал со мотоцикл. Подоцна полицијата го уапсила. – На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што ...
Млеко увезено од Косово е запленето и уништено поради зголемено присуство на афлатоксин. Млекото е запленето на граничниот премин Блаце. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со ...
Новинарот Фуркан Салиу, коментирајќи го случајот против Артан Груби, оцени дека поранешниот вицепремиер денес е „проблем на правдата“, но истовремено изрази сомнеж дека и овој процес може да биде претворен во политички и медиумски спектакл. Според Салиу, недовербата произлегува од состојбата во самиот правосуден систем, кој, како што вели, е еден од најголемите проблеми во државата и една од најголемите болки на граѓаните. „Денес, ако ...
ПЕТ скенот од кој зависи животот и здравјето на најболните пациенти од рак работел само еден ден, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој ја повика власта веднаш да биде поправен бидејќи веќе два ипол месеци им го загрозува лекувањето на болните од рак. -Само еден ден работеше ПЕТ скенот и сега повторно е надвор од функија. Се сработија само десет пациенти и повторно е од надвор од употреба/ Два ипол месеци не работи досега. Итно да ...
Владата ја испраќа Маја Кадиевска-Војновиќ како свој кадар за помошник во Канцеларијата на извршниот директор и претставник на конституенцата во Светска банка во Вашингтон, пренесе Фактор. Во суштина македонскиот кадар што оди како советник во Канцеларијата на извршниот директор на Светска банка во Вашингтон се номинира од македонската страна, односно преку државните институции, пред сè Министерството за финансии и Владата, согласно ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од 25 август од 00:01 часот се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто. Според новата одлука, „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по максимална цена од 93 денари за литар, додека „Еуросупер БС-98“ ќе чини најмногу 95 денари за литар. Дизелот поскапува за 3,5 денари и неговата максимална цена ќе изнесува 101,50 денари за литар. Екстра ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад ...
Поради зголемена опасност од шумски пожари, од вчера, 23 август, во одредени шумски подрачја на полуостровот Халкидики е забрането движењето на пешаци и возила. Мерката важи од 8:00 до 20:00 часот. Одлуката ја донел заменик-гувернерот на Халкидики, Јоанис Куфидис, согласно со дневната проценка на опасноста од пожари и препораките на надлежните служби. Забраната се однесува на одредени подрачја во општините Касандра, Ситонија и Аристотел. Во ...
Однесувањето на Османи, според Влен, остава впечаток дека се дистанцира од некогашниот близок политички соработник и од заедничката политичка историја во ДУИ „Во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако ‘пеењето‘ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат“, велат од партијата Од владејачката Влен велат дека ...
Собранието реагира на објавите во повеќе медиуми кои ја скандализираа јавноста, а според кои на пратениците и вработените во оваа институција им се плаќа приватно здравствено осигурување. -Ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската ...
Скандалите во македонското судство не престануваат. Додека јавноста се занимава со предмети со кои во последниот период секојдневно се спасуваат „големите риби“, во помалите места пак се случуваат низа незаконски дејствија пред очите на сите. Не можејќи повеќе да ги трпат неправдите, граѓани и дел од адвокатите решија да се обратат до редакцијата на „Фокус“ и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат во Основниот суд во Делчево. Фокус ...
Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека доказниот материјал е обемен и содржи 231 ...
Либерално-демократска партија ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот додека се фали дека обезбедува нови летови за Македонија, а реално ја сопира конкуренцијата. -Под превезот на фалењето на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за „новите 28 авиодестинации“ се крие исклучително опасна состојба во македонскиот авиосообраќај. Наместо слободен пазар, еднакви можности и подобри услови за патување, македонското небо е доведено до класичен ...
Украина верува дека Русија планира да регрутира дополнителни 300.000 војници за војната по парламентарните избори што ќе се одржат кон средината на септември, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Воените сили на Москва продолжуваат со напорите за освојување на остатокот од индустријализираниот регион Донбас во источна Украина, каде што Киев тврди дека неговите сили напредувале со големи загуби. Зборувајќи со новинарите, ...
По повеќемесечната истрага, случајот „Државна лотарија“ денеска влегува во судска фаза. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска Груби и уште седум обвинети седнаа на обвинителна клупа. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Груби е обвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Обвинителството тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со ...
Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“ обвинителот Даниел Коцев најави изведување на 231 материјален и седум вербални докази, односно сведоци, против осум обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За делото за кое се товарат обвинетите е предвидена казна затвор од една до пет години. Меѓу обвинетите се поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија ...
Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски. Додека за граѓаните обврските се тековни и ...
Граѓани со СУП-даски во Охридското Езеро кај Лагадин, вчера направија блокада и пренасочуваа бродови, глисери и скутери, барајќи да се почитуваат правилата за пловидба и безбедноста на крајбрежјето, објави 24инфо. Акцијата ја организираше здружението „Стар Лагадин“, со поддршка од „Зелена народна стража“, а организаторите велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што тврдат, недоволната реакција на надлежните институции. На протестот ...
Македонија цели 35 години страда во ерата на лагите, заблудите и катастрофалните порази што прераснаа во победи, кои помпезно се слават како голем јубилеј под геслото силно светнал ден во темнината Ерол Ризаов Една старогрчка поговорка гласи: продон псудос, преведено „таткото на големата лага“. Толкувањето означува кога ќе кажете јавно голема лага морате за тоа постојано да лажете. Тоа раѓа илјадници нови лаги кои дури и кога ќе се ...
Познатата македонска естрадна новинарка Билјана Крнческа од Прилеп објавува преписка со Роберт Саздов директор на фестивалот Макфест во Штип во врска со објава на пејачот Зоран Ванев кој остро го критикуваше Саздов за начинот на водење на музичкиоѕ настан. Крнческа тврди дека Саздов и се заканувал само затоа што ја објавила реакцијата од Ванев. ,,Роберт Саздов еднаш засекогаш потврди дека е далеку од професионален уметнички директор на ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 206 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 47 мерни места на територијата на градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите ...
Демократската унија за интеграција преку соопштение бара одговори за случајот во МЕПСО, откако, како што велат од партијата, поминале речиси четири месеци од нивните први јавни обвинувања и барањето за одговорност од директорот Бурим Латифи. Од ДУИ посочуваат дека јавноста сè уште не добила целосни информации за одлуките поврзани со спорот што, според нив, може да има повеќемилионски финансиски последици за државното претпријатие. Според ...
Македонските превозници најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од „Макам-транс“ информираат дека на состанокот одржан на 21 август е потврдена организацијата на двочасовен протест на 31 август. Протестот во Скопје ќе се одржи пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија, во периодот од 12 до 14 часот, со учество на најмалку 20 ...
По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани ...
Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален ...