Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Потпишувањето е во Владата, а присуствуваат премиерот Христијан ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со „огромни ...
Двајца израелски војници се убиени во Јужен Либан, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ), додека во израелски напади загина најмалку едно лице, според либанското Министерство за здравство. Израелската армија вчера почна напади во Јужен Либан како одговор на она што го дефинираше како „прекршување на примирјето“ од страна на Хезболах. Израелските локални медиуми јавија дека двајцата војници биле убиени, а уште четворица биле ...
Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...
Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција пто започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел ...
Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е да го напуштиме застарениот, конзервативен модел во кој ...
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг, им наложи денеска на државните институции и локалните власти да преземат сеопфатни мерки за заштита на граѓаните од екстремните жештини, бидејќи се очекува температурата во Сеул да достигне 39 степени Целзиусови. Топлотниот бран, во кој загинаа повеќе од 20 лица, би можел да го приближи Сеул до рекордот од 39,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во август 2018 година. – Екстремните жештини ...
Пејачката Емина Јаховиќ беше мета на измамник од Црна Гора кој ѝ украл гардероба, чанти и чевли во вредност од над 50.000 евра во Истанбул. Имено, Емина Јаховиќ имала благородна намера да продаде огромна количина луксузни предмети и да ги донира заработените пари на оние на кои им се најпотребни, но на крајот останала без работи и без пари. Според извор близок до пејачката, Емина безгрижно потрошила огромна сума со текот на годините на ...
Антонио Бандерас научил да го цени секој мал момент во животот и речиси умрел за да го стекне тоа знаење. Срцев удар во 2017 година го оставил Бандерас, 66, мотивиран да направи големи жртви и промени, од откажување од пушење до враќање во неговиот роден град Малага, Шпанија. Пред речиси една деценија, актерот бил дома во Сари, Англија, кога почнал да чувствува болки во градите. Неговата долгогодишна девојка, Никол Кимпел, брзо му дала ...
Најмалку три лица загинаа во руски напади врз станбени куќи во источниот украински град Балаклија лица, соопштија властите на Телеграм. Спасувачките екипи во моментов ги гасат пожарите и ги расчистуваат урнатините. Балаклија се наоѓа во Изјумскиот Реон, Харковска област. Во Сумската област властите известуваат за најмалку двајца ранети при руски бомбардирања со наведувани бомби врз цивилна инфраструктура. Според нив, има оштетени станбени ...
Градот Јарослављ во западна Русија ноќеска бил цел на масовен напад со беспилотни летала, а според руските и украинските медиуми, можна цел била нафтената рафинерија „Славнефт-ЈАНОС“. Руските власти соопштија дека во нападот нема загинати или повредени. Гувернерот на Јарославската област, Михаил Евраев, изјави дека со дронови бил нападнат градот и околниот регион, поради што привремено бил прекинат сообраќајот на излезот од Јарослављ кон ...
Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт.. Состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 80 мл масло 180 мл јогурт 150 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво 80 грама мелени бадеми 200 грама вишни 10 грама ливчиња бадеми 20 грама кафеав шеќер Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека реформите во енергетскиот сектор во изминатите две години поставиле темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем. Од партијата наведуваат дека е донесен нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, кој, според нив, го дефинира правецот за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и ...
Во Рабат, Мароко синоќа се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членовите на Управниот совет. Генералниот секретар на ФИФА и присутните членови на Управниот совет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Исто така, беше објавено дека предлогот за создавање на „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој би се ...
Дефект во електропреносниот систем го остави поголемиот дел од поранешната советска република Грузија во мрак. Проблемот може да бил предизвикан од планирани тестирања во голема хидроелектрана, јавуваат руските медиуми. Според руските новински агенции, околу 20:00 часот синоќа, големите градови, меѓу кои и главниот град Тбилиси од 3,7 милиони жители, останаа без струја. Претставникот на локалната Комисија за регулација на енергетиката и ...
Танкер пријави дека одекнале две експлозии во негова близина додека минувал низ Ормуската Теснина крај брегот на Оман, соопшти Службата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО). Според информациите, инцидентот се случил на околу 9 наутички милји југоисточно од градот Кумзар во Оман. УКМТО прецизира дека бродот и неговиот екипаж се безбедни, а нема податоци за причинета еколошка штета. Танкер пријави дека одекнале две ...
Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два ...
Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода. И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на ...
Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено“, изјави за ...
Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем ...
ОВЕН Денешниот е позитивен ден за вас, особено доколку го исполните со повеќе состаноци и разговори. Во случај да ви требаат некои информации, сега можете да ги добиете и да се потпрете на нив. Дури и доколку се покаже дека сте презеле повеќе обврски од вообичаеното, вашата прилагодливост и инвентивен ум ќе ви помогнат да се справите. БИK Денеска зачувајте си ги оценките што сте ги подготвиле за да ги импресионирате вашите нови познаници, ...
Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Неколку руски воздушни напади врз електричните објекти на главниот украински снабдувач со енергија (ДТЕК) оставија 126.000 домаќинства во Дњепропетровската Област без струја, соопшти синоќа ДТЕК на социјалните мрежи. Тие домаќинства првенствено се наоѓаат во јужните градови Никопол, Марганец и Покров. Според ДТЕК, иако поправките се веќе почнати, тие ќе потраат бидејќи причинета е голема штета. Според наводите на началникот на воената ...
Како општествено одговорна компанија, на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ, реагираат од Кожвчанка. -Во име на вистината, тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци ...
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да обезбеди дополнителни 242 милиони долари за поддршка на борбата против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, чие одобрување зависи од консултациите со Конгресот, ќе бидат наменети за брза реакција на епидемијата, зајакнување на регионалната подготвеност и хуманитарна помош поврзана со ширењето на болеста. Инаку, откако стапи на ...
Шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Марко Рубио и Ед Милибанд синоќа разговараа за важноста од поголема улога на Европа во нејзината безбедност за време на нивната средба во Вашингтон, соопшти Стејт департментот. Рубио им изјави на новинарите дека Украина исто така била на дневниот ред. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили апелите до сојузниците за повеќе ракети за противвоздушна одбрана, додека Русија ги ...
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато ...
Скопје денеска одбележува десет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе ...