По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. ...

Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид ја поттикнаа љубопитноста на јавноста откако пред неколку дена беа забележани заедно во Париз со прстени на левата рака. Тие биле фотографирани додека шетале низ градот, со прстени со сличен дизајн. Двојката била видена и како се држи за раце по излегувањето од теретана, каде што прстенот на Хадид бил особено забележлив. Јавноста на големо зборуваше за нивната венчавка, но ѕвездите по ова ...

Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, ...

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...

ОВЕН Денеска е одлично време да се зафатите со вашите лични финансии или со некое парично прашање што влијае на членовите на семејството. Некои од вас може да добијат пари што ќе имаат позитивно влијание врз семејниот буџет. Добро планирајте ги вашите трошоци и водете се од вашите планови за блиска иднина. БИК Денеска играјте на сигурно и не експериментирајте непотребно. Ќе се стремите кон повеќе мир и удобност, а овој ваш став ќе ги води и ...

Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ? се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Тропар Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде ...

Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште ...

Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...

САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...

Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во германскиот град Лајпциг. Ѓорческа во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Тетовката во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...

Организаторите бараат 60.000 волонтери за спортскиот спектакл, а пријавувањето е отворено за сите полнолетни граѓани со познавање англиски јазик. Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 ги отвори апликациите за волонтери, а Македонскиот олимписки комитет упати покана до сите заинтересирани граѓани од Македонија да станат дел од олимпиското движење. Пријавувањето се врши преку официјалниот портал на ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер има нов играч, станува збор за Камрон Мекдауел (23). Овој американски бек-шутер, висок 196 сантиметри доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Во пет сезони во колеџ-лигата Мекдауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра. ...

УЕФА, која прва реагираше на овие најави, продолжува да врши притисок и најавува дека бојкотот на натпреварувањето на ФИФА е можен и покрај фактот што Инфантино се откажа од својата идеја. На Џани Инфантино не му помогна да се откаже од идејата да ги запознае инвеститорите со сопственичките структури на светилиштето на фудбалот. Не му помогна ниту тоа што го направи тоа во раните утрински часови. А дури ни вчерашниот состанок во Мароко. УЕФА ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ претходно успешно го водеше Ал-Аин, а сега треба да ја преземе најодговорната функција во тамошниот репрезентативен фудбал. Далиќ ќе заработува околу пет милиони евра годишно, без пресметани бонуси, со што ќе стане најплатениот хрватски фудбалски тренер досега. Со ангажманот на Далиќ, Федерацијата очекува репрезентацијата да ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги одбројува последните десет дена до настапот на ЕП во атлетика, кое од 15 до 17 август ќе се одржи во Бирмингем, Обединетото Кралство. Ивановски ќе настапи на 16 август во 08:10 часот во својата најсилна дисциплина, маратонот, како единствен македонски атлетичар кој обезбеди норма за континенталниот шампионат во 2026 година. Ова ќе биде неговиот 55. настап во дресот на македонската репрезентација, ...

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, ...

Парискиот гигант официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Магнес Аклиуш од Монако за сума од 50 милиони евра. Офанзивниот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ и ќе биде дел на клубот за новата сезона. Аклиуш (24) е фудбалер кој целата досегашна професионална кариера ја помина во Монако, каде што израсна преку клупската академија и постепено се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот од Кнежевството. ...

Хиберниан – Шкендија 2:1 е резултат од првиот меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Марко Ѓорѓиевски беше стрелец за Шкендија за 1:1, а головите за домашните беа дело на Елидинг и О`Хора. Па така патникот во плеј-офот ќе се решава на реваншот во Скопје следниот четврток. Хибернијан беше подобар противник во првиот дел, односно Шкендија немаше ниту една посериозн прилика. Две полушанси за шкотскиот тим, а најсериозната ја ...

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, ...

Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Во своите осум сезони со белиот дрес, Бразилецот одигра 375 натпревари, постигнувајќи 128 голови. Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на ...

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри новата вакцина против сезонски грип на компанијата „Модерна“, базирана на мРНК технологија, наменета за лица постари од 50 години. Вакцината, наречена „емФлусива“ (mFlusiva), е првата против грип што ја користи истата мРНК технологија која одигра клучна улога во развојот на вакцините против Ковид-19. Компанијата соопшти дека очекува вакцината наскоро да биде достапна кај избрани ...

Австралија ќе инвестира речиси 736 милиони австралиски долари (околу 475 милиони американски долари) за набавка на ракетите воздух-воздух од новата генерација АИМ-260 (AIM-260 JATM), со што ќе стане првата земја надвор од САД што ќе располага со ова оружје. Австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлес, ја објави набавката за време на меѓународната воздухопловна воена вежба „Пич блек“ во Дарвин. – Ова е уште еден важен чекор во развојот на ...

Амбасадата на САД во Приштина ги повика политичките лидери на Косово да постапуваат во согласност со Уставот и одлуките на Уставниот суд и што поскоро да ги формираат новите институции врз основа на резултатите од парламентарните избори од 7 јуни. Во одговор за порталот „Газета експрес“, Амбасадата оцени дека долготрајниот политички застој му нанесува штета на Косово и доведува до пропуштени можности. – Дојде време лидерите да му дадат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
84%
1024
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.17
96%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
97%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
74%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1024
weather icon

Букурешт

2ᴼ / -1ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
82%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1030
Currency

61.549

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.993

Currency

39.151

Currency

67.223

Currency

8.248

Currency

0.67176

Currency

0.34734

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87