Сека Алексиќ е главна тема во јавноста во последните недели откако на своите настапи се појави видливо послаба. Иако промената не се случи преку ноќ, многумина дури сега ја забележаа трансформацијата на пејачката, а таа оттогаш откри дека имала сериозни здравствени проблеми и морала да ги намали своите животни навики. Сека сега ги спакува куферите и отпатува со блиски пријатели до една од најубавите европски дестинации – езерото Комо во ...

Општина Аеродром продолжува со инвестиции за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, ...

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...

Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Но, денес се ...

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби, општинските служби интервенираат на повеќе локации. Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена е ...

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Јапонската влада соопшти дека Пјонгјанг лансирал нешто што би можело да биде балистичка ракета. Лансирањето следи по серијата ракетни тестови во текот на оваа година, вклучувајќи ги и балистичките ракети со краток дострел, ракетната артилерија и друго оружје насочено кон зајакнување на воените ...

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона. Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во изминатиот период беа реализирани ...

На 05.08.2026 во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настнала пожар во стан на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на Г.С.(36). -Екипа на Територијалната противпожарна единциа Гостивар го изгаснале пожарот, а поради вдишување на чад на преглед во Ургентен центар Гостивар се јавиле Х.Џ. од Гостивар и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар кои помагале при интервенцијата, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир ...

Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...

Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. -Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...

Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови. Црвеното ниво на предупредување го издава владата во Рим кога има екстремна топлина во комбинација со висока влажност. Ова значи дека постојат акутни здравствени ризици не само ...

Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар и други. На платформата „Дизни плус“, компанијата за првпат ќе ...

Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез, здруженијата ...

Парис Хилтон вели дека раната слава ја доживеала како траума. Правнука на основачот на хотелскиот синџир Конрад Хилтон, таа се здобила со слава како личност од високото општество кон крајот на 1990-тите, пред да се занимава со манекенство и да стане ѕвезда на ријалити шоуа. Животот под постојан надзор на јавноста си го земал данокот, и таа признава дека сè уште ѝ е тешко да им верува на луѓето. Зборувајќи во подкастот „Hayu Presents…“, Хилтон ...

Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки – Таа во моментов е во студио – рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си. Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ќе објават заеднички албум. ...

Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дали раководството на СДС и Филипче ...

За време на концертот во Опатија, Јаков Јозиновиќ ја замоли публиката да престане да ги фрла мобилните телефони на сцената бидејќи тоа го одвлекува вниманието од неговиот настап. „Не ги фрлајте вашите телефони. Тоа е некој нов тренд. Пеам и ве гледам, а вашите телефони постојано ми паѓаат пред нозете“, рече пејачот на публиката. Во еден момент, тој го зеде телефонот од подот и му се обрати на сопственикот: „Знаеш, во моментов лесно би можел ...

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...

Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, ...

Невидена трагедија се случи на фудбалски натпревар во Тајланд. 24-годишен крилен играч на ФК Јала, клуб кој се натпреварува во третата дивизија на Тајланд, почина откако беше погоден од гром за време на натпревар од регионалниот куп во вторникот. Трагичниот инцидент се случи на стадионот Сантифап во округот Су-нгаи Колок, покраината Наративат. Ненадеен гром го погоди теренот за време на натпревар од ФА Купот Голок. Неколку играчи паднаа на ...

Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...

Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман. Според организациите, нафтата истекува од танкер за кој се претпоставува дека е дел од т.н. руска флота во сенка. Според информации на компанијата за поморска безбедност „Вангард“, бродот на 6 јуни бил оштетен при три експлозии со непознато потекло. Сателитски ...

Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 6 август 2026 година, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на убедливиот пораз од Мајорка синоќа на гостински терен. Парижаните загубија со 3:0 во пријателски натпревар. – Тешко е да се даде објективна оценка за овој натпревар. Мислам дека одигравме прилично интересно прво полувреме, но направивме грешка што доведе до вториот гол, а потоа стана тешко. Сепак, задоволен сум од она што го видов. Неколку фудбалери од нашата младинска школа играа многу добро. ...

Едно лице загина, а три се повредени во напад врз трговски брод со украинска пченица под знаме на Гвинеја-Бисао во водите на Црното Море, соопшти денеска гувернерот на Одеса, Олех Кипер, наведувајќи дека пловилото е оштетено, а екипажот е евакуиран на брегот. „Непријателот постојано продолжува да напаѓа цивилни бродови во водите на Црното Море. За жал, едно лице загина, додека уште три се повредени“, наведе Кипер во објава на Телеграм. Според ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на убедливиот пораз од Мајорка синоќа на гостински терен. Парижаните загубија со 3:0 во пријателски натпревар. – Тешко е да се даде објективна оценка за овој натпревар. Мислам дека одигравме прилично интересно прво полувреме, но направивме грешка што доведе до вториот гол, а потоа стана тешко. Сепак, задоволен сум од она што го видов. Неколку фудбалери од нашата младинска школа играа многу добро. ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија. Националната конвенција за ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Загреб, во која едно лице го загуби живото, а две се повредени и пренесени во болница. Според хрватските медиуми, несреќата се случила околу 22 часот, а според првичните извештаи, автомобилот, од сè уште непознати причини, излетал од патот и силно удрил во столб, при што возилото било речиси целосно уништено и пресечено на половина. FOTO / Teška prometna nesreća u Zagrebu: Jedna osoba poginula, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
84%
1024
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.17
96%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
97%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
74%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1024
weather icon

Букурешт

2ᴼ / -1ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
82%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1030
Currency

61.549

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.993

Currency

39.151

Currency

67.223

Currency

8.248

Currency

0.67176

Currency

0.34734

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1666.05

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

321507.47