Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица, браќа на возраст од 43 и 44 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид. Според обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево, каде што осомничените со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, при што во опасност биле доведени и уште две лица. Настанот, како што се наведува, ...

Рано наутро во понеделник, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи почина на 60-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи ...

Легендата на народната музика, Лепа Лукиќ, доживеа непријатна несреќа во саботата навечер кога падна додека пазаруваше во продавница. Сведоците на инцидентот веднаш реагираа и повикаа брза помош, која брзо пристигна на местото на настанот. Медицинскиот тим веднаш ја транспортирал пејачката во Ургентниот центар за да се утврди степенот на повредите. По детален преглед и дијагноза, дежурните лекари утврдиле дека Лепа се здобила со повреди на ...

Во изминатите три дена, Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализираше „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде ...

Страстите околу новиот филм на Џеј Ло не се смируваат, но во центарот на вниманието е, секако, нејзиниот изглед, кој го воодушевува со секој изминат ден. На секоја премиера, во секој град, Џенифер Лопез (56) воодушевува со своите модни изданија и совршениот изглед што го негува со децении. Сепак, она што недостасува се нејзините провокативни објави на социјалните мрежи кои секогаш наоѓаат публика и создаваат „хаос“. За лондонската премиера на ...

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил ...

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во силниот земјотрес што денеска ги погоди Филипините,соопштија локалните власти. Поголемиот дел од жртвите биле извлечени од урнати згради. Претходно беше соопштено дека во земјотресот со магнитуда од 7,8 степени, кој се случи во близина на јужниот филипински остров Минданао, загинале осум лица и била предизвикана значителна материјална штета. Потресот се случил на длабочина од 33 ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека започнала нова воена операција против Израел, насочена кон стратешки воздухопловни бази, во услови на најнова ескалација на конфликтот меѓу двете земји. Во официјалното соопштение се наведува дека воздухопловните сили на ИРГЦ ја започнале операцијата „Наср“, насочена кон објекти во стратешките воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“. „Со помош на Семоќниот Бог, храбрите борци на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во ...

Една од најпопуларните плажи во Италија, Ла Пелоса, која се наоѓа на островот Сардинија, воведе нови правила за посетителите. Мерките се насочени кон зачувување на единствената природна средина што привлекува туристи од целиот свет. На посетителите неодамна им беше забрането да се сончаат директно на крпи; дозволени се само специјални простирки направени од слама или бамбус. Новите ограничувања имаат за цел борба против постепеното губење на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, објавуваат украинските портали. Според наводите, Зеленски претходно најчесто за меѓународни патувања го користел полскиот аеродром Жешов–Јасионка, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. Меѓутоа, вчера тој за Лондон отпатувал преку Кишињев. Официјално објаснување за ...

Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во ...

Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 08.06.2026 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска. ( општина Бутел ) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од ул. Михаил ...

Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива ...

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот, велат од ...

Очигледно, на некои места, угостителите сè уште знаат како сериозно да изненадат, како што еден турист доживеал од прва рака. Иако многу патници во последниве години предупредуваат дека Тенерифе повеќе не е толку прифатлива дестинација како што беше некогаш, тој покажа на социјалните мрежи дека таму сè уште можете да најдете многу евтин оброк денес. Во видео кое брзо стана вирално, тој покажа појадок што го добил за само 4,60 евра во ...

Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон беа во центарот на вниманието за време на напнатиот судир во женското финале на Ролан Гарос. Двојката разменија нежни бакнежи и изгледаа многу заљубени. Актерот и дизајнерката на накит беа меѓу гледачите на теренот „Филип Шатрие“ на 14-тиот ден од турнирот во комплексот „Ролан Гарос“ во Париз. Појавувањето на Бред на турнирот следеше по неговото известување за „Isle of Man TT“ претходно оваа недела, ...

ОВЕН Денеска ќе ви треба добра организација за да се справите со претстојните обврски. Не преземајте премногу задачи одеднаш и не го занемарувајте вашето здравје. Направете план за денот и следете го точно за да избегнете тензии или расправии. БИК Прагматичниот пристап ќе биде најкорисен денеска. Обидете се реално да процените што се случува околу вас и не верувајте во ветувања што звучат премногу добро за да бидат вистинити. Вашите минати ...

Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија „Скај Њуз“. Ова е прва потврда дека рускиот милијардер патувал во украинската престолнина и дека до одреден ...

Едно лице загина, а најмалку четири се повредени во силниот земјотрес што го погоди филипинскиот остров Минданао. Од полицијата појаснија дека неколку згради и куќи се урнале на различни места во архипелагот. Предупредувања за цунами беа издадени откако силен земјотрес го потресе јужниот дел на Филипините. Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) првично ја процени силата на земјотресот на 8,2 степени според Рихтеровата скала, за ...

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и на Тркалезната маса на тема ...

Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет. Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Анета ...

ОВЕН Денеска ќе ви треба добра организација за да се справите со претстојните обврски. Не преземајте премногу задачи одеднаш и не го занемарувајте вашето здравје. Направете план за денот и следете го точно за да избегнете тензии или расправии. БИК Прагматичниот пристап ќе биде најкорисен денеска. Обидете се реално да процените што се случува околу вас и не верувајте во ветувања што звучат премногу добро за да бидат вистинити. Вашите минати ...

На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“ единствен музички проект посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот претставува ретка можност публиката да го доживее спојот на филмската и музичката ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ. Како што соопшти МНРиНТ, за време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес. На ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе ги ...

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...

Петровденски пости Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. Светиот апостол Карп Еден од Седумдесеттемина. Следбеник и придружник на Светиот апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Но го проповедаше Евангелието и на Крит, каде ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималната температура од 22 до 33 Целзиусови степени. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
47%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
1.1
69%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.81
72%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.14
67%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.8
59%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.98
78%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.11
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.76
43%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.33
41%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
0.89
67%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
3.44
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.521

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Бакар

12.22

Сребро

1862.96

Иридиум

233896.68

Злато

129060.56

Алуминиум

3.11

Калај

50.54

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Паладиум

38355.84

Рутениум

49029.89

Платина

50476.67