Палестинското движење Хамас синоќа го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток, изразувајќи надеж дека тој ќе придонесе и за запирање на насилството во Појасот Газа. Во соопштението, исламистичкото движење, кое управува со оваа палестинска територија, му честиташе на својот ирански сојузник за „цврстината“ покажана пред „притисоците и предизвиците“. Истовремено, Хамас изрази надеж дека договорот ќе ...

На 16 јуни (вторник) 2026, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на изложбата „Архивски документи“ од реномираната македонска уметница Жанета Вангели. Првото самостојно преставување на уметноста на Жанета Вангели во Софија се реализира во соработка меѓу Македонскиот КИЦ во Софија и Националната галерија на Македонија. Изложбата се состои од објекти, дигитален ...

Церемонија за потпишување Декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска ќе се одржи во Скопје. Настанот ќе започне со обраќања на високи претставници, по што ќе следува формалното потпишување на Декларацијата и панел-дискусија на тема: „Превенција на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јуни. Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото обраќање во христијанство предизвика голема возбуда меѓу незнабожците во Никомидија и беше изведен на суд, но бидејќи не сакаше да се одрече од својата нова вера, луто беше биен ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. -Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Британецот Луис Хамилтон ја забележа својата прва победа како возач на Ферари, триумфирајќи на патеката „Каталуња“ во Барселона. За Хамилтон ова беше вкупно 106-та победа во кариерата, но прва откако се приклучи на легендарниот италијански тим, што на успехот му дава дополнителна тежина. „Пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на сите овде. На мојот тим во Ферари, на сите во фабриката во Маранело, како и на Фред Васер што веруваше во мене и ме ...

Деветгодишно дете е повредено за време на 29. издание на релито „Епир“ во северозападна Грција, откако натпреварувачки автомобил излетал од патеката и удрил во гледачи. Според првичните информации, возилото ја напуштило патеката од засега непознати причини и завршило во просторот каде што се наоѓале посетителите на настанот. По инцидентот, организаторите донеле одлука привремено да го прекинат релито додека не се изврши безбедносна проверка и ...

Ергин Атаман во Панатинаикос заврши по три сезони, откако грчкиот гигант официјално потврди дека турскиот стратег повеќе не е тренер на тимот. Атаман и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, постигнале договор за спогодбен прекин на соработката. Турскиот стратег пристигна во Атина во 2023 година и за кратко време го врати Панатинаикос на европскиот врв, освојувајќи ја Евролигата во 2024 година, како и титулата во грчкото првенство и ...

Српскиот кошаркарски тренер, Саша Обрадовиќ, официјално го презема тимот на Хапоел од Ерусалим. 57-годишниот стратег доаѓа во Израел откако му заврши вториот мандат во Црвена Звезда, со која сезонава успеа да избори пласман во евролигашкиот плеј-ин. Обрадовиќ по пристигнувањето во Ерусалим изјави дека сака да создаде силен и конкурентен тим, кој ќе биде успешен на домашната сцена, но и во меѓународни рамки. Тренерската кариера ја започна во ...

Јошко Гвардиол ќе продолжи да игра и настапува за Манчестер Сити. Би-Би-Си објави дека страните се согласиле за нов договор. Договорот на дефанзивецот ќе важи до 2031 година. Неговиот сегашен договор важи до 2028 година. Гвардиол игра во Премиер лигата од сезоната 2023/24. Во последната сезона одигра 18 натпревари и постигна два гола. Деновиве имаше бројни шпекулации околу неговата иднина, а дел најавуваа и можна преселба во Реал (М). Јошко ...

Шпанскиот фудбал пред мечот на националниот тим против Зелено’ртските Острови беше потресен од одлуката на судот во Валенсија, кој изрече 8,5 годишна затворска казна за напаѓачот Рафа Мир. Мир, кој сезонава играше за Елче како позајмен од Севилја, обвинет е за силување на 21-годишна девојка кое се случило во 2024 година, во неговиот дом. Пресудата, која сè уште не стапила во сила, предвидува и исплата на 64.000 евра отштета на оштетената ...

Фудбалерите на Иран ремизираа 2-2 со Нов Зеланд во Лос Анџелес, во натпревар од првото коло во групата Г на Светското првенство. Она што требаше да биде најмалку атрактивниот меч од петтиот ден на Мундијалот се претвори во вистинска фудбалска убавица со дури четири гола, во дуел на две селекции од кои малкумина очекуваа вакво издание. По сите проблеми со кои се соочи иранската репрезентација надвор од теренот, избраниците на Амир Галеноји ...

Аталанта официјално го потврди назначувањето на искусниот 67-годишен стратег, Маурицио Сари, за нов шеф на стручниот штаб. Сари пристигнува во Бергамо како директна замена за Рафаеле Паладино, кој заработи брутален отказ минатата недела заедно со дури седум членови на неговиот технички персонал. Овој потег е јасен показател дека Аталанта минува низ исклучително турбулентен период. По цели девет години незапаметена менаџерска стабилност под ...

Фудбалските репрезентации на Саудиска Арабија и Уругвај ремизираа 1:1 во натпреварот од првото коло во групата Х на Светското првенство 2026. По сензационалното реми без голови меѓу Шпанија и Зеленортските Острови, групата Х доби уште едно изненадување. Саудијците беа на чекор до голема победа, но Уругвај успеа да се спаси во завршницата и да освои бод. Избраниците на Марсело Бјелса одиграа бледо прво полувреме и долго време не можеа да го ...

„Златната генерација“ на Белгија претрпе вистински шок на отворањето на Мундијалот во Сиетл. Египет, предводен од фантастичниот Мохамед Салах, одигра меч од соништата и беше на прагот да направи една од најголемите сензации на првенството, но „ладниот туш“ пристигна од клупата за резерви во ликот на Ромелу Лукаку. Египќаните доминираа во првото полувреме, а нивната тактичка дисциплина кулминираше во 20-тата минута кога Емам Ашур со проектил ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска не ја исклучи можноста за улога на американските трупи во спроведувањето на нуклеарниот договор со Иран, иако истакна дека не очекува оти „американските воени сили ќе бидат неопходни“. Во изјава за Си-Би-Ес, Венс рече дека САД ќе бидат присутни за да осигураат дека резервите на високо збогатен ураниум во Иран ќе бидат уништени. САД веќе разговараа со Техеран за тоа како може да се елиминира ...

Новите членки на Европската Унија би можеле да го изгубат правото на национално вето во одредени клучни области на повеќе од 15 години по приемот во членство, врз основа на новите „заштитни“ клаузули кои би биле вклучени во пристапните договори на секоја земја поединечно, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос, во моменти кога Украина и Молдавија официјално ги почнуваат преговорите за членство во ЕУ. – Ова ќе биде нова ...

Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за централниот дневник на Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања. Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба. – Јас испраќам ...

Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за централниот дневник на Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања. Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба. – Јас испраќам ...

Македонската репрезентативка во велосипедизам Далија Стојановска го освои второто место на Балканското ХСО првенство што се одржа во Чапљина, Босна и Херцеговина. Стојановска до сребрениот медал стигна со нејзината борбеност и подготвеноста да ги надмине сите предизвици. Македонската репрезентативка се натпреваруваше во категоријата У17. Како дел на македонската репрезентација настапија Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран. Трамп ова го соопшти пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон. Трамп не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално ...

На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола. Изгаснати се 11 пожари на различни локации во ...

Хезболах го поздрави постигнатиот договорот помеѓу САД и Иран, но упати и предупредување дека нема да прифати понатамошни напади кои „го нарушуваат националниот суверенитет“. Во соопштението Хезболах му честита на Иран за неговото „големо достигнување“ и изрази „длабока благодарност“ до Исламската Република за инсистирањето дека секој договор мора да вклучува прекин на огнот во Либан. – Иран уште еднаш потврди дека е навистина голем сојузник ...

Министри за правда Албанци од минатите влади не сакаа да го решат прашањето за правосудниот испит, додека оваа Влада работи на одржливо решение за овој проблем биде надминат, истакна премиерот Христијан Мицкоски во интервју во вестите на Алсат Телевизија. -Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако државата дозволила да се формира високо образование на јазик различен од македонскиот, во случајов во Македонија имаме такви примери ...

Европската Унија нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни политички промени, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Принципот на санкциите е дека ни се потребни реални промени на теренот пред воопшто да размислуваме за нивно укинување – рече Фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на самитот на-7 во Евијан ле Бен, Франција. Таа одговараше на прашање во врска со можноста за олеснување на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема. Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски, во рамки на Меѓународниот саем во Париз, оствари средба со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека предложил средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Г7 во Франција оваа недела, но оти Москва ја одбила идејата. – Пред почетокот на самитот на Г7, јасно ставивме до знаење дека сме подготвени да се сретнеме со Путин за време на самитот, со оглед на тоа што таму ќе бидат присутни и (американскиот претседател Доналд) Трамп и (францускиот претседател ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински. Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбата Муцунски изразил задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакнал дека таа ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
3.39
15%
1014
weather icon

Белград

38ᴼ / 37ᴼ
3.59
33%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.48
38%
1016
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
5.47
35%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.05
23%
1016
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
1.79
41%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.92
31%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
4.09
18%
1015
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.64
19%
1015
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
3.58
31%
1017
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
20%
1016
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 31ᴼ
5.97
79%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Злато

131072.82

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Сребро

1902.84

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Калај

50.56

Родиум

249168.29