На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, Љ.М.(50) од с.Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна. На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, ...

Постојат знаци дека консумирате производи со висока содржина шеќер, нив не треба да ги игнорирате. Проблеми со кожата Шеќерот, пред сѐ, негативно влијае на состојбата на кожата. Тој ги предизвикува хормоните да создаваат повеќе кожна маст, која ги затнува порите. Резултат се мозолчиња. Кога ќе го намалите внесот на шеќер и слатки, кожата ќе ви биде многу поубава. Постојани настинки Задушувајќи го имунолошкиот систем, шеќерот ја влошува ...

Најдобриот светски тенисер се врати во Торино, каде што ја продолжи рехабилитацијата по проблемите со десното колено. Синер последниот меч го одигра на Вимблдон, каде што ја одбрани титулата, а потоа поради повредата го пропушти турнирот во Синсинати. Италијанецот реши да не ризикува и целосно да се посвети на заздравувањето пред патувањето во Њујорк. Според информациите од Италија, Синер во Торино бил подложен и на терапија со ударни бранови ...

Манчестер Сити разгледува можност за голем трансфер на Алексис Мекалистер од Ливерпул. Според британските медиуми, англискиот гигант во наредните денови би можел да испрати понуда за аргентинскиот репрезентативец. Мекалистер пристигна во Ливерпул во 2023 година од Брајтон и постепено се наметна како една од главните фигури во средниот ред на „црвените“. Токму неговата комбинација од технички квалитети, борбеност и тактичка интелигенција го ...

Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо има два кандидати за заминување од тимот а тоа се Едуардо Камавинга и Раул Асенсио. Португалскиот стратег доби неколку засилувања во текот на летото, но по две сезони без освоен трофеј, амбициите во Мадрид повторно се највисоки. Сепак, Мурињо смета дека ростерот сè уште не е комплетен и сака дополнително да ја засили екипата. Приоритет се уште еден централен дефанзивец и фудбалер за врска. Но, за да ...

Две балистички ракети испукани од Иран беа пресретнати од Обединетите Арапски Емирати вечерва, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ. Во него се наведува дека тие паднале во морето – едната во територијалните води на ОАЕ, а другата надвор од нив. Министерството за внатрешни работи на ОАЕ претходно денеска испрати известување до мобилните телефони на граѓаните, објавувајќи дека ситуацијата во земјата сега е безбедна и дека луѓето можат да ...

Министерството за буџет на Франција ќе користи алатки за вештачка интелигенција за тестирање на безбедносната ранливост во државните агенции, објави денеска министерот Давид Амиел. Тој потег следува по откривањето голем хакерски напад врз државната даночна администрација минатата недела. Министерството за финансии потврди минатиот четврток дека податоците за речиси 700.000 даночни обврзници биле компромитирани во кибернапад. Во меѓувреме, ...

До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. ...

Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем кибер напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја. Кулбергс нареди истрага за ...

Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители. Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина. Потсетуваат дека планината е простор што го споделуваат сите – ...

Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери играчите ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја поздрави одлуката на осум европски земји што не се членки на ЕУ да се приклучат кон рестриктивните мерки на блокот против Белорусија. Тоа се Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Минатиот месец, Советот на ЕУ воведе рестриктивни мерки против Белорусија „со оглед на нејзиното ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи им ...

Италијанското Министерство за внатрешни работи објави нови бројки за нелегалната миграција. Според извештај, повеќе од половина од мигрантите кои стигнале до Италија со приватни спасувачки бродови биле донесени на брегот од германски невладини организации. Во дебатата за тоа како да се справи со нелегалната миграција во ЕУ, Италија го зголемува притисокот врз Германија. Владата во Рим презентираше нови бројки за нелегалната миграција преку ...

На 18.08.2026 во 00:10 часот во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ш.(25) од истото село. Според пријавеното, Д.Ш., кој имал здравствени проблеми, со остар предмет се заканувал и ја нападнал неговата 62-годишна мајка, но не ја повредил. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесен ...

Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што се пласираше меѓу најдобрите десет јуниори во Европа. Од ККК ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 19.08.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: -Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, корисниците на дел од ул.„Христо Татарчев“ во близина на автопералната во општина Сопиште. -Во период од 11:30 до 14:30 часот,корисниците од ул.„Александар Мартулков“ во општина Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 19.08.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија – се вели во соопштението на МВР, што МИА го објавува интегрално. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.08.2026 во семејниот дом, пријавената упатила закани кон нејзиниот сопруг и нивните деца. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Свети Николе поради постоење ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. -Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша закон со кој се воведува условно помилување за илјадници членови на милитантната Работничка партија на Курдистан (ПКК), како дел од мировниот процес меѓу турската држава и милитантите. Мерката беше објавена денеска во турскиот Службен весник и ќе стапи на сила дури откако турскиот Национален совет за безбедност ќе потврди дека ПКК е целосно распуштена и разоружана. Парламентот го усвои законот ...

Албанската полиција го уапси во Леван, кај Фиер, осомничениот сторител на убиството, со повеќе убоди од нож, на 21-годишеното момче, кое утрово беше пронајдено мртво на лежалка во Ксамил. Полицијата соопшти дека осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец Леван-Фиер. Според полицијата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата. – Армијата е многу ...

Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, а четири држави — Калифорнија, Колорадо, ...

Бруно Фернандеш ја одби понудата на Манчестер јунајтед за нов договор. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нов договор на Португалецот, но не доволно примамлив за него, објави новинарот Саша Таволери. Се забележува дека понудата вклучувала зголемување на годишната плата од 500.000 евра, што не било доволно за да го убеди Португалецот да го продолжи договорот. Претходно, Галатасарај наводно покажал интерес за играчот од средниот ...

Денеска (18.08.2026) во 01:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 30-годишната Е.Т. од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горноврановска“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Е.Т. го управувала пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По ...

Двајца ученици загинаа, меѓу кои и напаѓачот кој си го одзеде животот, а уште две лица се ранети во вооружен инцидент што денеска се случи во средно училиште на југот на Филипините, соопштија локалните власти. Пукањето се случило во објектот на училиштето кое работи во склоп на приватниот универзитет „Атенео де Замбоанга“ (Ateneo de Zamboanga) во градот Замбоанга. Според првичниот полициски извештај, напаѓачот — ученик во деветто одделение — ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ во интервју за клупската веб-страница на Милан го спореди италијанскиот клуб со гигантот Реал Мадрид. – Играв за најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид, но мислам дека Милан е на исто ниво. За Милан не се зборува како за другите клубови. И кога ќе стигнете тука, разбирате зошто. Тоа е еден од најважните клубови во светот, а сето тоа е благодарение на луѓето што работат тука и навивачите. Разбирам зошто Милан е ...

Американската поп-ѕвезда Мадона го прославила роденденот во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, каде вечерала со семејството и пријателите во традиционална таверна. Според локалните жители, од нив било побарано да ги затворат прозорците за да ѝ се обезбеди приватност. Американската поп-ѕвезда Мадона го прославила својот 68. роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф на 16 ти август, а поради прославата привремено биле затворени и ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87