Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро треба да стане нов кошаркар на Валенсија. Шортс ги договорил сите услови со „лилјаците“ и ќе биде замена за Џано Монтеро, кој заминува во Олимпијакос. Поранешниот играч на Париз одамна одлучил дека му е потребна промена на средината за да ја врати слободата во играта и повторно да се врати во препознатливата форма Со Париз стигна до плеј-офот во ...
Според новинарот Брајан Виндхорст, двократниот МВП го означи Мајами како негова преферирана дестинација ако го напушти Милвоки. „Во лигата постои верување дека ова конечно ќе се случи. Преговорите значително се интензивираа во последните седум до десет дена. Јанис сака да стане член на Мајами“, рече Виндхорст. Според ЕСПН, Адетокумбо има одредено влијание врз процесот поради ситуацијата со договорот. „Бидејќи му останува уште една година од ...
Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство 2027. Иако Родригез имаше договор до 2028 година, сепак одлучено е за предвремен прекин на соработката, откако ИХФ неодамна ја скрати и последната надеж на Унгарците, со помош на „вајлд карта“ да играат на светскиот шампионат. Чема Родригез работеше за националниот тим седум години, од кои повеќе од ...
Италијанскиот фудбалски тим Милан официјално потврди дека португалскиот стратег Рубен Аморим е именуван за нов шеф на стручниот штаб на машкиот прв тим. Откако Масимилијано Алегри не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и го напушти клубот за да го преземе Наполи, челниците од „Сан Сиро“ експресно реагираа и ја пронајдоа неговата долгорочна замена. Аморим стави потпис на двегодишен договор со важност до јуни 2028 година. За ...
ОВЕН Денеска ќе се чувствувате во форма и полни со енергија, што ќе ве насочи кон активности на отворено или во градинарство. Сепак, може да наидете на отпор од вашите најблиски, кои ќе сакаат да ви дадат насоки. Обидете се да бидете отворени за нивните идеи за да избегнете непотребни компликации. БИК Денеска може да бидете во искушение да се вратите на старите, штетни навики, што ќе ве врати на патот на напредувањето и развојот. Доколку ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде ...
Фудбалерите на Норвешка го победија Ирак со резултат од 4:1 (2:1) во првото коло од Групата I на СП на стадионот „Жилет“ во близина на Бостон. Стрелци во победата на Норвешка беа напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд, во 29-тата и 43-тата минута и голманот на Рен, Лео Остигорд, во 76-тата минута. Напаѓачот на Ал Карма, Ајмен Хусеин, постигна и гол и автогол во дресот на Ирак – ја затресе мрежата на Норвешка во 39-тата минута, а потоа и ...
Бранителот на титулата Светски фудбалски првак, Аргентина со триумф го почна новиот Мундијал во САД, Канада и Мексико. Аргентинците во натпреварот од Ј групата со совладаа Алжир со 3:0, а сите три гола ги постигна Лионел Меси. Во првите осум минути, двапати се тресеа двете мрежи. Сепак головите на Меси и Чаиби, не беа признати поради офсајд. Затоа пак оној на Лионел Меси од 17-та минута беше регуларен. Меси со фантастичен удар од дваесетина ...
Покрај некои празни седишта на натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка и Катар и Швајцарија, ФИФА потврди дека повеќе од еден милион гледачи ги гледале првите 16 натпревари од Светското првенство во САД, Мексико и Канада, објави германската новинска агенција Пред почетокот на турнирот, постоеше загриженост околу високите цени на билетите за натпреварите, а гласините беа дополнително поттикнати од забелешките дека некои седишта биле празни за ...
Судот во Шведска осуди маж на четири години и пет месеци затвор за „немилосрдно“ искористување на својата сопруга, принудувајќи ја да се проституира со повеќе од сто мажи. Обвинетиот е прогласен за виновен за „тешко подведување“, како и за обид за силување. За време на истрагата идентификувани се околу 120 клиенти, од кои 29 се гонети, а 28 се осудени, од кои двајца на строги затворски казни. Според пресудата сопругот ја поттикнал жената на ...
По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г7 на брегот на Женевското Езеро изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран, иако верува дека тоа сепак се случило. – Никогаш не ми беше грижа за промена на режимот … но претпоставувам дека сега имате промена на режимот – рече Трамп денеска по средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани. На почетокот на војната на 28 февруари, Трамп ги повика ...
Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници ...
Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување ...
Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, се осврна на темата за правосудството за што кажа дека забавувањето на одредени процеси не значи дека правдата нема да биде задоволена, посочувајќи дека Владата презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството. Според неа, нема да има компромиси во борбата против криминалот и корупцијата. -Ако процесот забавува, не значи дека ...
Хезболах доби уверување од својот сојузник Иран дека во следната фаза од преговорите со САД ќе бара повлекување на израелската армија од Либан, соопшти шиитската група. – Повлекувањето би било резултат, а не услов за продолжување на преговорите помеѓу Техеран и Вашингтон по потпишувањето на меморандум за разбирање помеѓу двете земји в петок, истакна Хезболах. Според групата „нема да има никаков нуклеарен договор помеѓу Иран и САД освен ако ...
На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; ...
Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот. Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. ...
Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата, рече Марија Митева, член на ИК на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, информираат од ЈО. На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот ...
Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон наскоро би можел повторно да ги воведе санкциите за извозот на руска нафта, кои беа ублажени со цел да се помогне во стабилизирањето на глобалните енергетски пазари по нарушувањата предизвикани од војната во Иран. – Тоа ќе можеме да го направиме многу побрзо, бидејќи нафтата сега тече – рече Трамп на самитот на Групата седум во Франција, прашан за санкциите. „Во позиција сме ...
Израелските медиуми денеска објавија дека Катар, пред околу еден месец со одобрение од САД, склучил финансиски ангажман со Иран за трансфер на повеќе милијарди долари во замена за сигурен премин на катарските танкери низ Ормуска Теснина. „Израел Хајом“ и „Тајмс оф Израел“ наведуваат дека финансискиот ангажман е постигнат со цел да се зачува стабилноста во Персиски Залив и да останат отворени комуникациските канали со Иран. Израелските ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на ...
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 ...
Денеска, Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, со цел зголемување на безбедноста и активното учество на младите во Северна Македонија. Пет министерства, заедно со партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилството кај ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен ...
Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. ...
Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест за значењето на донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакна важноста на трансплантацијата како чин на врвна хуманост и солидарност во видео обраќањето, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација. -Заедно со колегите од анестезија и ...