Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки ...
Македонската радио-телевизија објави дека Ана Стојаноска е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026, кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта. Ана беше избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава ...
Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, ...
Во период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката „Другарче“ ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот „Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца“, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот „Мама ми чита“. Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес. ...
Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој тогашната влада на Зоран Заев капитулираше пред грчките ултиматуми.. Со договорот, Република Македонија без никава консултација со народот го промени своето исконско и уставно име во Република Северна Македонија. Договорот беше резултат на сериозен и ...
Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување ...
Денеска ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. По тој повод голем народен собир ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица од 20 часот. Пораката на прославата е „Македонија забрзува. Наша обврска“. Оваа порака ја истакнува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да се изгради просперитетна Македонија. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока, соопшти владејачката партија. „Овие резултати се производ на одговорни политики насочени кон капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и силна поддршка на домашната ...
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на ...
Потребни состојки: 300 г поситни тестенини 240 г црвен грав од конзерва 280 г пченка од конзерва 1 мал црвен кромид 1 црвена пиперка 1 жолта пиперка 1 зелена пиперка 3 лажици маслиново масло Сок од 1 лимета или 2 лажици сок од лимон 1 лажичка мелена слатка пиперка ½ лажичка чадена пиперка ½ лажичка лук во прав 1 прстофат чили или кајенски пипер Сол и црн пипер Начин на подготовка: Сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето. ...
Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји, велат од ВРЕДИ. -ВРЕДИ го оценува овој развој како дел од нов пристап кој ја гледа границата не како пречка, туку како точка на поврзување, каде што административните процедури се заменуваат со институционална координација и ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители. Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година, посочуваат од владејачката партија. -Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста ...
Сенатот на САД по деветти пат последователно ја блокираше Резолуцијата предложена од демократите, со која се бара прекин на воените дејствија против Иран се додека не биде добиено соодветно одобрение од Конгресот. Сенатот со 48 гласа „за“ и 47 „против“ изгласа блокирање на Резолуцијата, која се повикува на Законот за воени овластувања. Според тој закон, Белата куќа има рок од 60 дена да побара одобрение од Конгресот за воени операции по ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, ќе биде домаќин на дводневниот самит Русија-АСЕАН што од денеска се одржува во рускиот град Казан, на кој е најавено учество на повеќе лидери на држави од Југоисточна Азија. Самитот се случува во време кога Москва се обидува да ги зајакне врските со другите региони во светот по влошувањето на односите со Западот поради војната во Украина, истовремено кога во Франција се состануваат лидерите на Групата Г-7. ...
На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец. Делото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности. Претставата е ...
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови ...
Јужна Кореја ќе ја помести линијата за цивилна контрола што се протега паралелно со воената граница со Северна Кореја, со што ќе ја намали зоната што е под режим на ограничен пристап за цивили. Како што соопшти јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак, таканаречената линија за цивилна контрола во моментов се наоѓа на околу десет километри јужно од демаркациската гранична линија, воспоставена по завршувањето на Корејската војна ...
Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти. Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас. Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле повредени. ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, го поздрави привремениот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток. Папата, кој е роден во САД, изрази надеж дека договорот што е предвидено да биде потпишан в петок, ќе стави траен крај на конфликтот. Тој претходно упати критики за војната против Иран, што предизвика реакции од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се уште има неколку прашања што треба да ...
САД соопштија дека ќе издвојат милијарда долари за хуманитарна помош и помош при катастрофи за УНИЦЕФ и Светска програма за храна. Средствата се наменети за поддршка на активности за спасување животи во повеќе од 40 земји, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, повеќе од 800 милиони долари ќе бидат доделени на Светската програма за храна, додека УНИЦЕФ ќе добие над 218 милиони долари. Информацијата доаѓа еден месец ...
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија. „Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори. Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија. Во ирскиот парламент, ...
Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот. Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното ...
Американскиот спринтер Ноа Лајлс постави нов светски рекорд во трката на 150 метри на митингот во Острава, кој не е регистриран како официјален од Светската атлетска федерација. Лајлс ја истрча патеката од 150 метри за 14,67 секунди, што е нов светски рекорд. Втор беше Синесипо Дамбиле од Јужна Африка со 14,78, додека трет беше младиот Гаут Гаут од Австралија со 14,96 секунди. Тие не учествуваа во трката на 100 метри, во која Бајанда Валака ...
Поранешниот светски шампион во пет категории Флојд Мејведер Јуниор се соочува со сериозни судиски проблеми откако е обвинет за измама и кражба во Невада. Според ЕСПН, повикувајќи се на судски документи, 49-годишниот Американец е обвинет за кражба на имот вреден повеќе од 100.000 долари, како и за издавање или користење чек за измамнички цели вреден повеќе од 1.200 долари. Окружното обвинителство на округот Кларк го поднесе првичното обвинение ...
Тековните воени конфликти значително ги менуваат туристичките навики на луѓето ширум светот. Наместо да се намали, интересот за патувања во Европа во наредниот период може дополнително да се зголеми. Според анализите на туристичкиот сектор, кризите и војните често ги пренасочуваат туристите кон дестинации кои се сметаат за побезбедни и политички постабилни. Во такви ситуации, многу патници избираат токму европски земји, бидејќи континентот ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни. Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го ...
Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 13.06.2026 година ( сабота ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 05.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од бул. Александар Македонски и ул. Архимедова,како и објектите лоцирани во близина и околу домот Стив Наумов – Хемиски Институт, сендвичара Хемиски, Муровска Меана и црквара Свети Архангел Михаил.(општина Гази Баба) Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 13.06.2026 година ...
Изложбата „Експериментален цртеж“ работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија која во месец април беше отворена во Музејот на Град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика. Делата на 42 уметници, членови на ДЛУМ ќе бидат претставени во македонскиот Културно –информативен центар во Белград, а на отворањето на оваа изложба, на 18 јуни со почеток во 20 часот, ќе говорат претседателката на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија. Во ирскиот парламент, ...