И покрај тоа што земјите поставуваат сè поамбициозни цели за постепено намалување на емисиите, тоа не се случило досега и глобалните емисии на CO2 достигнаа рекордни нивоа во 2022 година. Оваа година речиси сигурно ќе биде најтоплата во последните 125.000 години, објавиле научниците од агенцијата на Европската унија, откако податоците за минатиот месец покажале дека тоа бил најтоплиот октомври во тој период. Минатиот месец го собори претходниот ...

Супермасивната црна дупка пронајдена во космичката зора го предизвикува нашето разбирање за раниот универзум. Во галаксијата позната како UHZ1, само 470 милиони години по големата експлозија и раѓањето на универзумот, научниците откриле супермасивна црна дупка која го постави рекордот за најраната црна дупка некогаш забележана. Ова извонредно откритие претставува единствена можност да се проучат раните фази на развојот на црните дупки, фаза на ...

Очигледно за анти-македонската и недемократската гарнитура на власт ништо не значат критиките на ЕУ за злоупотребата на европското знаме. Во собраниска процедура по скратена постапка, со шверц со европско знаме, влегоа два Предлог-закони за задолжување на Македонија. Едниот заем кај Кредитна банка за обнова (КФВ) во износ од 90 милиони евра, за резерви или директна поддршка на Буџетот. Вториот од Европската Унија во износ од 100 милиони евра за ...

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите. Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. На овој ден се сеќаваме и оддаваме почит на нашите сограѓани кои во тоа студено ноемвриско утро пред 79 години храбро застанаа на браникот на слободата и го ослободија нашиот град ...

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска ја посети УК за детски болести по повод доделувањето бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската клиника за ендокринологија. Инаку, употребата на сензорите има повеќекратни ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ја одржа традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. На средбата градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што со жар секогаш говорат и го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот ...

Во соседна Албанија, на 18-ти септември започна пописот преку кој власта на Еди Рама, помага за бугаризација на Македонците во повеќе општини, како дел од заедничките цели на Софиската и Tиранската платформа! Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, како и во останатите места каде што живеат во Албанија, укажуваат на константен притисок од страна на Бугарија да се попишат како Бугари! Неретко, за време на пописот, директно притисоците се ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 219 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 06.11. до 12.11.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати на ...

Израелскиот противракетен одбранбен систем Arrow пресретна балистичка ракета надвор од атмосферата на Земјата, со што вселената всушност стана ново бојно поле во конфликтот. Вселената еволуираше во нова арена на конфликти по успешното пресретнување од страна на Израел на „воздушна закана“ надвор од атмосферата на Земјата. Израелската војска (IDF) потврди дека нејзиниот противракетен одбранбен систем Arrow пресретнал ракета земја-земја над ...

Астрономите откриле атомски кислород во дневната атмосфера на Венера, фрлајќи нова светлина врз нејзиниот енигматичен карактер. Астрономите откриле атомски кислород во дневната атмосфера на Венера во новото истражување. Ваквото директно набљудување за време на еден ден на Венера дава вредни сознанија за сложената динамика на атмосферската циркулација на Венера, фрлајќи светлина врз загадочниот сосед на Земјата. Венера, иако слична на Земјата во ...

Настинките, цревните и другите вирусни заболувања можеби отсуствуваа во последните две години поради носење маски, одржување на физичка дистанца и други пандемични ограничувања, но оваа зима тие би можеле да имаат „одмаздничко“ враќање. Да се вакцинирате против КОВИД и грип е одлична работа, но има уште што можете да направите за да го зајакнете вашиот имунолошки систем во бората со инфекциите. 1 – Пијте доволно вода Премалку внесување вода ја ...

Некои домашни лекови против настинки се пренесуваат од генерација на генерација. Но, дали се баш сите ефикасни? Есента пристигна и многу луѓе деновиве веќе шмркаат. Ако се разболите од настинка или грип, веројатно ќе барате соодветен лек. Агенцијата dpa со прашање до научниците до кој степен добро познатите домашни лекови се ефикасни во лекувањето на настинки и грип. Лек: Смирување на болки во грлото со гаргара Ефективност: Ефикасно Гаргара со ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари официјална работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако, на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка. На средбата разговараа потенцијалот за раст на трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата. Воедно, на средбата беше договорена ...

Обично се смета дека несвестицата е предизвикана од недостаток на кислород или гликоза во мозокот. Но, научниците откриле интересна врска со друг орган. Поради топлина, глад, предолго стоење или едноставно поради гледање крв или игла, 40 проценти од луѓето паѓаат во несвест барем еднаш во животот, но што точно предизвикува краткотрајно губење на свеста, што научниците го нарекуваат синкопа, одамна е непозната за кардиолозите и невролозите. ...

Веќе подолго време локалитетот Durupinar во Турција се споменува како место каде што е „скриена“ Ноевата арка. Но, каде се доказите? Со години, археолозите и историчарите се обидуваат да откријат дали библиската приказна за Ное и неговата арка е само мит или навистина се работи за историска личност. Но, археолозите сега веруваат дека се блиску до откривање на местото на она што тие веруваат дека можеби е Ноевата арка. Тим истражувачи кои ...

Сепак, научниците се претпазливи и посочуваат дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за прецизно да се утврди староста на остатоците, како и за што биле способни сите Homo naledi. Човечкиот вид ги закопува своите мртви на посебни начини илјадници години. Доволно е да се погледнат грандиозните гробници кои се изградени ширум светот, како и бројните гробишта и погребни места за да се разбере колку овој ритуал е важен за луѓето. Но, ...

Кина има амбициозни планови за својата вселенска програма, а производството на храна е еден од клучните предуслови за колонизација на други планети. Кина има амбициозни планови за својата вселенска програма, а производството на храна е еден од клучните предуслови за колонизација на други планети. Ова особено се однесува на свежата храна, која сакале да признаеме или не, е пресудна за нормалното функционирање на човечкото тело. Затоа, не е ...

Скандалозното гласање на пратениците од СДС и ДПМНЕ од пред неколку дена, каде заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, спротивно на забелешките дадени во експертското мислење, беше нотирано од Европската комисија. И во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година, јасно е наведено дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за ...

Научниците сугерираат дека бројките веројатно се потценети поради строгите критериуми за вклучување на патогени во анализата и исклучување на СОVID-19. Одредени болести кои се пренесуваат од животните на луѓето би можеле да убијат 12 пати повеќе луѓе во 2050 година отколку во 2020 година, според научниците. Експертите од американската биотехнолошка компанија Ginkgo Bioworks повикаа на „итна акција“ за намалување на ризикот за глобалното јавно ...

Доколку хипотезите од оваа студија се покажат како вистинити, тоа би значело дека доказот за судирот што го формирал Земјиниот сателит се наоѓа во него. Од 1970-тите, сеизмолозите зборуваат за две мистериозни точки со големина на континенти во најдлабокиот дел од обвивката на Земјата, а сега веруваат дека тие се потенцијално резултат на древна катаклизма. Две точки, едната под Африка, а другата во регионот на Јужниот Пацифик, се погусти од ...

Потрошувачката на оваа храна може да ги надмине нивоата на зависност од пушење и алкохол кај возрасните. Грицките и слатките можат да предизвикаат зависност како алкохолот и цигарите, тврдат научниците од Бразил, Шпанија и САД. Обраќањето на преработената брза храна како „супстанција што создава зависност“ може да биде неопходно за да се решат проблемите поврзани со здравјето, според наодите објавени во Британскиот медицински журнал (BMJ). ...

За Македонија до 2030 година да стане членка на Европската Унија, како што се амбициите на Брисел но и Владата, државата ќе мора да покаже сериозен реформски напредок, посебно во делот на владењето на правото и борбата против корупцијата. За Македонија до 2030 година да стане членка на Европската Унија, како што се амбициите на Брисел но и Владата, државата ќе мора да покаже сериозен реформски напредок, посебно во делот на Владењето на правото и ...

Градот Скопје го реализира мега проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал со што се решава еден од најгорливите комунални и еколошки проблеми во градот. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за решавање на овој децениски проблем, кој е реализација на уште едно ветување од програмата За модерно Скопје. – Со овој проект се разрешува еден од најголемите комунални и еколошки проблеми ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска присуствуваше на свеченото отворање на новите реновирани амбуланти на Универзитетската клиника за неврологија каде беше промовирана и нова современа медицинска опрема, која ќе го унапреди третманот на пациентите. Министерот за здравство изрази задоволство што јавната здравствена установа каде тој долги години работел се развива и модернизира. „Посебно ме радува што сме тука собрани за да ...

Еден од најперспективните македонски композитори и артисти од новата поп генерација Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за песната „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата ...

Извештајот на Европската комисија за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја чувствуваат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите, вклучително образованието и културата, иако постојано се повторува дека само што не сме станале членка на ЕУ. Една од забелешките кои се однесуваат на оваа област се намалените средства за култура. Постојаното намалување на буџетските ...

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја знаат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите кои се поделени во 33-те поглавја на 6-те кластери. Досега, појасна порака дека Владата на СДС и ДУИ, покрај анти-државната, води и анти-европска политика немаме добиено! Катастрофално судство, анти-европски закони, злоупотреба на европско ...

Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици? Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија. Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го ...

Неочекуваното откритие на природен водород во Франција и даде нова надеж на научната заедница во борбата против климатските промени. Во неочекуван пресврт на настаните, двајца научници копале под почвата на североисточна Франција за фосилни горива, но откриле нешто сосема неочекувано. Жак Пиронон и Филип Де Донато, двајцата истражувачки директори во францускиот Национален центар за научни истражувања, ја искористија првата специјализирана сонда ...

Спротивно на популарното мислење, се чини дека диносаурусите не биле избришани од удар на астероид, туку од колосален слој од исфрлена прашина, велат авторите на најновото научно истражување. Запрепастувачкото откритие произлегло од новата научна студија, која ја доведува во прашање општоприфатената теорија за изумирањето на диносаурусите пред 66 милиони години. Спротивно на популарното верување, директниот удар на астероидот не бил фатален, но ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
8.23
78%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
94%
1008
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
72%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
4.79
64%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
98%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
52%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
73%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
4.63
66%
1017
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
94%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
83%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59702