Meta планира да почне да ги користи разговорите со АИ за персонализирање на огласите од 16 декември, но во Европската Унија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја таа промена нема да биде спроведена поради GDPR и загриженост на регулаторите. Од 16 декември сите разговори на корисниците со Meta AI, без разлика дали се текстуални или гласовни, ќе бидат искористени за персонализација на содржината и огласите на Facebook, Instagram и WhatsApp. Тоа ...

Американските научници за прв пат успеаја да создадат човечки ембриони во рана фаза користејќи ДНК извлечена од клетките на кожата, а потоа да ги оплодат со сперма. Ембрионите се развивале до шестиот ден, по што развојот запрел, но откритието отвора нови можности за лекување на неплодноста Техниката би можела да го отвори патот за лекување на неплодност поврзана со возраста или болести, бидејќи речиси секоја клетка во телото може да послужи ...

YouTube тестира драстични промени на мобилниот интерфејс со поголеми профилни слики, само икони и нов распоред на копчињата. Еве што велат корисниците. YouTube започна со тестирање на нов мобилен интерфејс, а промените се толку забележливи што веднаш предизвикаа поделби меѓу корисниците. Иако новиот дизајн сè уште не е достапен за сите, оние што веќе го виделе не штедат на коментари – од воодушевување до фрустрација. Најзабележлива новина е ...

Со цел што побрзо да излезе со уред кој ќе конкурира на Ray-Ban очилата на Meta, Apple се откажува од поволниот уред за проширена реалност и го забрзува развојот на своите први паметни очила. Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, уште на почетокот на оваа година објави детална временска рамка за носливите уреди на Apple, според која подостапниот и полесен наглавен уред за проширена реалност, Vision Air, требаше да се појави на ...

OLED телевизорите на Samsung поставуваат нов стандард за удобност и јасност со нивната иновативна технологија без отсјај (Glare-Free Technology). Разбирајќи дека секој дом има уникатни светлосни услови, Samsung им нуди на корисниците флексибилност беспрекорно да ја уживаат својата содржина, без оглед на околината, а при тоа ја одржува извонредната слика и репродукција на бои. Флагманската серија S95F ја прикажува најнапредната Glare-Free ...

A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика“ во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, ...

Comet AI прелистувачот на компанијата Perplexity сега е бесплатен за сите корисници ширум светот. Веб-браузерот претходно беше достапен само за корисниците со Perplexity Max претплата, по цена од 200 долари месечно. Компанијата наведува дека станал „најбараниот прелистувач на интернет со милиони луѓе на листа на чекање.“ Сега таа листа е укината и секој може да го преземе. Perplexity нагласува дека ова не е промоција со ограничено траење, ...

Индиски тим научници создаде мембрана која ги издвојува јоните за време на испарување и генерира електрична енергија, нудејќи одржлив извор на енергија за мали уреди. Научници од Indian Institute of Technology (IIT) Indore направија значаен чекор кон развој на уред кој може да произведува електрична енергија од околината, користејќи само воздух и вода. Овој иновативен систем користи мембрана од графен оксид и цинк-имидазол, која формира ...

Компанијата Google го воведува Gemini AI во паметните домови со претставувањето на платформата со соодветно име Gemini for Home, а дебитираа и неколку нови камери, како и нов звучник, кои овозможуваат нови интересни можности за користење. Новите Nest Cam Indoor (3. генерација), Nest Cam Outdoor (2. генерација) и Nest Doorbell камерите се надградени со подобри сензори, кои овозможуваат зголемување на резолуцијата на 2K за видео со HDR. ...

Денес постојат заштитни фолии за екрани кои ги ограничуваат аглите на гледање на екранот на телефонот или лаптопот, така што корисникот може да ја гледа неговата содржина директно, но оние што се наоѓаат од страна не можат да ѕиркаат преку неговото рамо. Изгледа дека Samsung пронајде начин да ја постигне оваа функционалност без посебна заштитна фолија за екранот, а оваа функција ќе може да се вклучи или исклучи по желба. Првично забележана во ...

Новата генерација уреди од линијата Echo на Amazon веќе е достапна за преднарачка во Европа, по цени што започнуваат од 110 евра. Amazon претстави четири нови уреди од линијата Echo, развиени за работа со надградената платформа на компанијата – Alexa+. Станува збор за паметните звучници Echo Dot Max и Echo Studio, како и два нови Echo Show уреди со вградени екрани од 8 и 11 инчи. Најмалиот од наведените звучници, Echo Dot Max, доаѓа со ...

Од Microsoft на своите претплатници им понудија нова опција за претплата, која ги обединува сите услуги што досега ги нудеше семејната претплата на Microsoft 365, со дополнување на тоа што нуди, на пример, пакетот ChatGPT Plus. Со доаѓањето на Copilot, AI агентите и другите дополнувања потпомогнати со вештачка интелигенција, во овој пакет тие се интегрирани сè подлабоко, а Microsoft се надева дека ќе им овозможи на корисниците „vibe работа“, ...

Sony ја лансираше ажурираната дигитална конзола PlayStation 5 Slim во Европа, но наместо со 1TB простор за складирање и цена од 499 евра, сега доаѓа само со 825 GB SSD диск – по иста цена. Јутјуберот Остин Еванс ја откри промената во видео објавено оваа недела, потврдувајќи го претходниот извештај на ловецот на поволни понуди за игри, billbil-kun. Sony првично ја претстави slim верзијата на PS5 уште во 2023 година, која доаѓаше со надграден ...

Microsoft официјално ги претстави новите икони за Office, откако нивниот изглед „протече“ на интернет порано годинава. Иконите имаат модерен дизајн кој е пошарен и пораскежлив, со суптилни промени што се усогласени со неодамнешната работа на Microsoft на Fluent илустрациите. Сите 10 основни Office икони се освежени, а нивниот дизајн е инспириран од работата на Microsoft на иконата за Copilot. Ова е првата голема промена на Office иконите по ...

Радоста е поголема кога се споделува: Galaxy AI за нови начини на создавање и комуникација Samsung претставува ексклузивна промоција која ќе ја направи есента уште попосебна за сите оние на кои мобилниот уред им е важен за подобрување на комуникацијата, зголемување на продуктивноста и поедноставување на секојдневните интеракции, прилагодувајќи се на секој корисник. Промоцијата овозможува полесно и весело враќање во секојдневната рутина по ...

Уредите од Xiaomi 17 серијата се продаваат со брзина на молња, поради што Xiaomi одлучи да го зголеми производството за да ја задоволи побарувачката. Минатата недела Xiaomi ја претстави својата нова флегшип серија телефони, Xiaomi 17, која веќе руши рекорди во продажбата. Имено, претседателот на Xiaomi, Лу Вејбинг, сподели на Weibo дека Xiaomi 17, Xiaomi 17 Pro и Xiaomi 17 Pro Max се продадени во повеќе од еден милион примероци за само една ...

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на годинешната национална кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, која се реализира со поддршка на компанијата Visa. Поради големиот интерес и позитивните резултати од претходните повици во претходните две години, и оваа година ќе бидат ...

Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација. Нов почеток GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој ...

Годинашното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 5 октомври 2025 година, а најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, при што третпат по ред доминираат жени На денешната прес-конференција беше најавено 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври 2025 година, како и Виз Ер Маратон Експо 2025. Оваа година, Скопје ќе биде домаќин на рекорден број пријавени учесници – повеќе од ...

Верзијата iOS 26.1 се очекува да биде објавена кон крајот на октомври, најверојатно на 27 октомври, со поправки на грешки и нови AI функции на повеќе јазици. По неодамнешното објавување на iOS 26.0.1 со помали поправки на грешки, следното поголемо ажурирање за iPhone, iOS 26.1, веќе е во фаза на бета тестирање. Иако Apple сè уште нема официјално потврдено датум, временските обрасци од минатите години јасно укажуваат дека верзијата 26.1 ќе ...

Халкбанк АД Скопје, како една од водечките банки во земјата која постојано се насочува кон поддршка на реалната економија, започнува со реализација на нова кредитна линија наменета за развој на одржливо земјоделство. Средствата во износ од 12 милиони евра се обезбедени преку Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и ќе бидат ставени на располагање на земјоделците и земјоделските бизниси во наредните пет години. Целта на оваа кредитна ...

Новата опција во апликацијата Samsung Find ќе овозможи споделување на локација преку сателит на секои 15 минути, дури и без мобилна мрежа. Samsung Find веќе е познат како практична функција за споделување и следење на локацијата на најблиските, но досега зависеше од интернет конекција. Ако сигналот исчезнеше, последната забележана точка беше единствениот траг за движењето на корисникот. Тоа наскоро би можело да се промени. Во кодот на ...

Смел додаток во серијата Galaxy S со моќни перформанси, професионална камера и Galaxy AI Samsung Electronics официјално ја објавува достапноста на Galaxy S25 Edge, смартфон од категорија што ја дефинира тенката изработка, збогатувајќи ја серијата Galaxy S. Создаден со стил и издржливост на ум, Galaxy S25 Edge донесува нова рамнотежа на премиум, професионални перформанси во титаниумско куќиште со дебелина од само 5.8 мм, сместувајќи го во ...

Помина повеќе од една година откако OpenAI го најави Sora – својот модел за генерирање видео и аудио. Сега OpenAI ја претстави првата големо надградба со Sora 2, кој може да креира пореалистични и физички точни видеа, заедно со подобрена контрола и можности за уредување за корисниците. Опишана како „момент како GPT 3.5“, Sora 2 исто така носи подобрено аудио со синхронизиран дијалог и звучни ефекти. Sora 2 успева да избегне вообичаени ...

И оваа година dm drogerie markt на посебен начин ќе го одбележи 4 октомври – Светскиот ден на животните, со специјален настан организиран во Градскиот парк во Скопје. Притоа, dm ќе донира и преку 600.000 денари во парични средства на неколку организации за заштита на животните, со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување. Настанот ќе се одржи во дворот на кафулето Central Park, а посетителите освен што ќе можат да ги донесат своите ...

Мега-ракетата Starship на SpaceX повторно ќе полета за помалку од две недели, секако, ако сè оди според планот. SpaceX официјално потврди дека го одреди 13 октомври за Лет 11 на Starship, што ќе биде последното лансирање на сегашната Верзија 2 на оваа огромна ракета. Лансирањето ќе се изврши од базата Starbase на SpaceX во јужен Тексас. Прозорецот за лансирање ќе се отвори во 18:15 часот по локално време во Тексас, соопшти компанијата, а ...

Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година. Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично искуство и да се ...

Samsung ќе ги обедини водечките технологии и иновации во напредни полупроводници, дата центри, бродоградба, облачни услуги и поморски технологии OpenAI, Samsung Electronics, Samsung SDS, Samsung C&T and Samsung Heavy Industries денеска објавија писмо за нивното стратешко партнерство со цел забрзување на развојот на глобалната инфраструктура за AI дата центри и заеднички развој на идни технологии во релевантни области. Оваа широка ...

Google Drive тестира нов AI скенер со побрзо автоматско препознавање на документи и нов Material 3 Expressive дизајн. Google Drive веќе со години нуди функција за скенирање документи, но новата надградба носи значајни промени. Google тестира нова опција во рамките на Workspace Labs, која воведува скенер на документи со AI поддршка, целосно автоматски режим на работа и нов Material 3 Expressive кориснички интерфејс. Досега, скенерот во Google ...

Најнови рендери од Galaxy S26 Ultra: рамен 6,9-инчен екран, нов дизајн на камери и Snapdragon 8 Elite Gen 5 чипсет Се појавија најновите CAD рендери од моделот Samsung Galaxy S26 Ultra, кои го откриваат изгледот на флегшип смартфонот од повеќе агли. Наследникот на S25 Ultra се очекува на почетокот на следната година и носи неколку значајни дизајнерски промени. Galaxy S26 Ultra е прикажан со рамен екран и тенки, еднакви рамки. Во споредба со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14