YouTube Premium Lite се шири надвор од границите на САД и доаѓа во уште пет земји, но без опции како музика и репродукција во позадина YouTube на почетокот од годинава го претстави Premium Lite во САД — поволна варијанта на претплата која им овозможува на корисниците да гледаат видеа без поголемиот дел од рекламите. Откако оваа услуга се прошири во Австралија, Тајланд и Германија, YouTube сега објави нова листа на земји каде што Lite пакетот ...

Samsung ја воведува SUS Kinte батеријата во Galaxy S26 Ultra, носејќи побрзо полнење, поголема безбедност и подолг век на траење благодарение на интеграцијата на не’рѓосувачки челик Samsung планира значително унапредување на мобилните батерии преку воведување на SUS Kinte технологијата во претстојниот Galaxy S26 Ultra. Оваа иновација користи структура од не’рѓосувачки челик во батеријата со цел да се подобрат енергетската густина, брзината на ...

Дали се враќаме во минатото? AI уредот на OpenAI што се носи околу вратот ќе потсети на ерата на MP3 плеери и компактни мобилни телефони. Дизајн од минатото, технологија од иднината. Познатиот аналитичар за синџири на снабдување, Минг-Чи Куо, кој е познат по точни предвидувања за Apple производите, сподели информации за новиот AI уред на OpenAI што се развива во соработка со поранешниот главен дизајнер на Apple, Џони Ајв. Во објава на X, Куо ...

Можноста за автоматска замена на лозинки ја користи вградениот Password Manager и им овозможува на корисниците едноставно одржување на безбедноста на сметките, без сложени постапки кои досега ги одвраќаа многумина од користење силни и единствени лозинки. На конференцијата I/O 2025, Google претстави нова функција во Chrome прелистувачот која автоматски ги заменува компромитираните лозинки. Како функционира автоматската замена на лозинки Кога ...

Volvo прв го интегрира Gemini како замена за Google Assistant во автомобилите На Google I/O 2025 конференцијата, Volvo ја најави проширената соработка со Google, со што стана првиот автомобилски производител што ќе го вгради напредниот AI асистент Gemini во своите возила, како директна замена за Google Assistant. Оваа интеграција се реализира преку Android Automotive OS – оперативен систем кој работи самостојно на автомобилот, за разлика од ...

Фокусот на новите Snapdragon X процесори за компјутери ќе биде на побрзите и помоќни Oryon јадра, со цел да се продре во сегментот на компјутери со високи перформанси. Qualcomm интензивно ја развива следната генерација на своите Snapdragon X чипови базирани на Oryon CPU јадро, а целосните технички детали компанијата планира да ги објави на Snapdragon Summit во септември. Иако овогодинешниот Computex не донесе многу конкретни најави, ...

Третото издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи како дел од свеченото, полнолетно издание на Weekend.18, и тоа од 18 до 21 септември во Ровињ. Во уште поголем формат, HR.Weekend ќе донесе регионални и глобални експерти од областа на човечки ресурси, кои меѓу другото ќе понудат одговори на најактуелните прашања во индустријата – што ако не успееме да изградиме брендинг на работодавач, зошто генерацијата Z често заминува и каде се ...

Вештачката интелигенција ја доминира иднината на Google: од нови функции на Gemini до AI режим на пребарување и генерирање видеа На годинешната конференција Google I/O 2025, Google претстави низа функционалности кои покажуваат колку сериозно инвестира во развојот на вештачката интелигенција. Фокусот беше ставен на унапредувањето на моделот Gemini, AI пребарувањето, нови алатки за видео продукција и автоматизација на корисничкото искуство. Еве ги ...

Биткоин достигна највисоко ниво од јануари, додека Етер бележи умерен раст. Вкупната крипто пазарна капитализација порасна на 3,4 трилиони долари Биткоин (BTC) на 21 мај повторно ја проби границата од 107.000 долари, по првпат од јануари 2025 година. Цената на највредната криптовалута порасна за речиси 2% на глобалните берзи, според податоци од CoinMarketCap. Во моментот, BTC се тргува по цена од 107.616 долари на меѓународните платформи. ...

Програмата на летната сцена под слоганот „Млади за млади“ Средствата од продажба на билетите ќе се наменат за Support Кочани Mакедонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025, со поддршка од Македонски Телеком. Оваа година, под слоганот „Млади за млади“, фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд ...

Компанијата OpenAI објави дека го презема io, хардверскиот стартап заснован на вештачка интелигенција, кој е ко-креиран од легендарниот дизајнер на Apple, Џони Ајв Џони Ајв веќе две години го развива стартапот io заедно со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, а нивната цел е да креираат цела линија на уреди базирани на вештачка интелигенција. Во видео објавено од OpenAI, Алтман и Ајв го претставија своето партнерство и плановите за тоа што ...

Дигиталната услуга Веб сервис овозможува лесно поврзување, моментална проверка и промена на статусот или лимитите на вашата картичка, без повикување на контакт центар, без посетување на филијала, и без формалности и чекање во ред Се случува кога најмалку очекувате: излегувате од дома, вадите паричник… и срцето ви застанува бидејќи картичката ја нема. Веднаш ви се случува наплив од емоции, во милисекунда стрес, паника и милион прашања во главата: ...

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат минимум ...

Во одлична атмосфера на ресторанот Ragusa 919 во Скопје, вчеравечер се одржа настан како загревање за Гала вечерта на 18. јуни по повод 5-годишниот јубилеј на YouTube каналот на Стефан Лазаров. Централен момент на синоќешниот настан беше извлекувањето на главниот подарок – автомобил Peugeot 3008 (2020 година), кој го доби 21-годишната Теодора Димова од Валандово. Покрај автомобилот, беше доделен и нов мотор од салонот Shineray и телефон RedMi ...

Долгоочекуваниот изворен десктоп режим за Android конечно пристигнува со Android 16, а компанијата Google го најави и накратко го прикажа за време на својата I/O конференција. Изворниот десктоп-режим на Android е развиен во соработка со Samsung, што е логичен потег со оглед на искуството на јужнокорејската компанија со нејзиниот DeX, кој се појави со серијата Galaxy S8 уште во 2017 година. Во приложеното видео може да се види како изгледа новиот ...

По точно 1.740 дена отсутство, Fortnite повторно е достапен за американските корисниците на iOS уредите на Apple. Од вчера, популарната игра на Epic Games може да се преземе на iPhone и iPad уреди, што го означува крајот на долготрајниот правен спор меѓу двете технолошки компании. Американските корисници сега можат да го преземат Fortnite преку App Store или преку Epic Games Store, кој е достапен во Европската унија веќе девет месеци. Играта се ...

Тринаесет стартапи во рана фаза ги презентираа своите иновативни решенија пред инвеститори, партнери и бизнис лидери од Македонија и регионот На 20 мај 2025, Стартап Клуб Скопје беше домаќин на Investors Day – завршниот настан на втората инкубаторска програма #ИмамИдеја2. Тринаесет стартапи во рана фаза ги презентираа своите иновативни решенија пред инвеститори, партнери и бизнис лидери од Македонија и регионот. Стартапите: EduNET, MindGalaxy ...

Организаторите на Олимписките игри во Лос Анџелес го избраа “Archer Aviation” за официјален партнер за електрично воздушно такси за Игрите во 2028 година, нарекувајќи го ова досега невидено партнерство дел од нивната мисија за повторно осмислување на најголемиот светски спортски настан со поглед кон иднината. Електричните летала “Midnight eVTOL” на компанијата “Archer’ можат да превезуваат до четворица патници, и се очекува да бидат користени за ...

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек е прогласена за најдобра практика во областа на човечките ресурси за 2024 година. Највисокото признание за најдобра HR практика, компанијата го доби на годинешното доделување на награди за најдобри практики во оваа област спроведено од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, преку непосредно гласање. Реплек во изминатите години ги интензивираше активностите за унапредување на ...

НЛБ Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопјe, најавува организација на дводневен хакатон за студенти. Наградниот хакатон, насловен како NextBank е платформа на која студентите од економскиот, но и од останатите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe можат да ги претстават своите иновативни идеи и да се вклучат во креирање на иднината на банкарството преку примена на вештачката интелигенција. Фокусот на NextBank е ...

Amazon ја прошири својата услуга за достава со дронови во САД на нови категории производи, меѓу кои се и уредите на Apple и Samsung. Поточно, дроновите на Amazon сега доставуваат модели на iPhone, мобилни телефони од Galaxy серијата, Apple AirTag уреди, AirPods слушалки, Ring ѕвонци за дома и термометри за храна. Вкупно, сега се достапни повеќе од 60.000 производи за достава со дрон, а испораката трае 60 минути или помалку од моментот на ...

Социјалната мрежа Instagram им нуди на одбрани креатори на содржини во САД до 20.000 долари за да привлечат нови корисници на платформата, во обид да ја зајакне својата позиција во однос на конкурентите како TikTok и YouTube. Станува збор за пилот-програмата на Instagram наречена Referrals (Препораки), која не е достапна за сите, туку само за креатори со седиште во САД, на кои прво им се обраќа самата компанија. Програмата функционира на ...

Samsung ја претстави AV линијата за 2025 со Samsung Vision AI: Следно ниво на слика и паметни функции пристигнуваат во Европа Samsung Electronics Co., Ltd. објави дека најновата AV линија за 2025 ќе биде достапна од 26 мај. За да го одбележи нејзиното претставување и да ја прослави моќта на Samsung Vision AI, компанијата го организираше настанот „The Home of Vision“, каде што беше демонстрирана силата на вештачката интелигенција во филмовите, ...

Претстојниот Xiaomi 16 ќе биде претставен кон крајот на септември, веднаш откако официјално ќе биде објавен процесорот Snapdragon 8 Elite 2 на Qualcomm, кој ќе го напојува овој уред. Сега се појавија и CAD рендери кои го откриваат дизајнот на уредот. Како што може да се види, смартфонот има дизајн кој е унапреден во однос на Xiaomi 15. На задната страна се наоѓа модулот за камера во форма на коцка со заоблени агли, поставен во горниот лев агол. ...

Професори, уметници, стопанственици, личности со богата животна и професионална трага ќе бидат говорници на конференцијата „Чувари на мудроста“, која трета година по ред, традиционално ја организира Халкбанк. Девет успешни и влијателни професионалци во различни области, распоредени во три панели, ќе ги пренесат своите искуства, знаења и приказни на студенти, млади претприемачи, културни работници и претставници на стартап компании. Првиот панел, ...

Компанијата Google го додаде својот AI асистент Gemini во веб-прелистувачот Chrome, беше потврдено на конференцијата Google I/O. Gemini на почетокот ќе може „да разјаснува сложени информации на која било веб-страница што ја прегледува корисникот или да сумира информации“, се наведува во блог-пост што го напиша Џош Вудвард, потпретседател на Google Labs и Gemini. Во компанијата замислиле Gemini во Chrome подоцна да „функционира низ повеќе ...

Во петок (23 мај), во Македонскиот народен театар во Скопје, со Свечена академија ќе биде одбележан значајниот јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите, под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации. Оваа манифестација претставува можност да се прослави ...

Microsoft сака да ја прошири достапноста на вештачката интелигенција (AI) во Windows 11, па официјално започна со нејзина интеграција во File Explorer. Microsoft официјално започна со тестирање на интеграцијата на AI во рамки на File Explorer во Windows 11, воведувајќи кратенки што им овозможуваат на корисниците со еден клик да применат различни AI-функции на документи и фотографии. Корисниците што ја тестираат најновата развојна верзија на ...

Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина. Настанот ќе се одржи на 1 јуни од 17 часот, а стартот е од Порта Македонија, од каде ...

Огромна маса скриена под кората на планетата Марс би можела да го измени нашето разбирање за внатрешната активност на планетата и идните вулкански ерупции. Научниците открија масивни, густи структури под површината на Марс кои предизвикуваат големо внимание и дилеми во научната заедница. Една од нив, потврдена во ново истражување објавено во списанието JGR: Planets, има пречник од околу 1.750 километри и се наоѓа на длабочина од 1.100 километри. ...

Brend

9 минути - Скопје Инфо
-
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
37%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.51
25%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.51
60%
1027
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
35%
1022
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
37%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
43%
1025
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976