
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Сибирски научници спроведуваат тестови на бебе мамут чии неверојатно добро сочувани останки се откриени во стопен пермафрост по повеќе од 50.000 години. Суштеството, кое личи на мал слон со сурла, е извадено од кратерот Батагаика, огромна вдлабнатина длабока повеќе од 80 метри која се шири како резултат на климатските промени. Бебето мамут „Јана“, тешко повеќе од 110 килограми, беше изнесено на површина на импровизирана носилка, изјави Максим ...
Претстојниот Poco F7 би можел да биде ребрендиран Xiaomi Civi 5 Pro со подобрени перформанси и AMOLED екран. Според најновите информации, Xiaomi Poco F7 носи значителни подобрувања во перформансите и автономијата. Инсајдери сугерираат дека уредот ќе биде опремен со чипсет Snapdragon 8s Elite и батерија со голем капацитет од 7.000 mAh, со поддршка за брзо полнење од најмалку 90 W. Mожни карактеристики на Poco F7 телефонот: Poco F7 се смета за ...
Сончевата сонда Parker на американската вселенска агенција NASA ќе ѝ се доближи на нашата ѕвезда поблиску од кога било – и тоа токму на католичкиот Божиќ. Малата сонда се подготвува за најблиското приближување до Сонцето и ќе треба да издржи температури до 982,2 степени Целзиусови. Parker беше лансиран во август 2018 година со цел да стигне до Сонцето, до кое се приближува со секоја орбита. Колку ќе се приближи сондата до Сонцето? На 24 декември ...
Станува збор за уште една апликација за Android паметните телефони која е специјализирана за управување со фајлови. Таа нуди функционалности кои би се очекувале од апликации од овој тип, но воведува и поддршка за табови, што на некои корисници сигурно ќе им се допадне… Меѓу управувачите со датотеки на паметните телефони постои жестока конкуренција, особено затоа што постојат добро познати и богато опремени алатки, како и основни кои обично ...
Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“. Според научниците, целта на оваа вакцина развиена во Белгија, би била контрола на ХИВ. Лекот, всушност, користи липидни наночестички што „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот ...
Според информациите објавени од долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, Apple ќе започне со масовно производство на стандардниот M5 чипсет веќе во првата половина на 2025 година, по што ќе следуваат верзиите M5 Pro, Max и Ultra. Следната година се очекува почетокот на масовното производство на новата генерација M5 чипсет на Apple, а за нив зборуваше и долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо. Тој тврди дека M5 чипот ќе бидат ...
Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна. И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни ...
Пазарот на преклопни смартфони претрпе значителни промени во текот на 2024 година: достигна 17,7 милиони продадени уреди со раст од 38%, поттикнат од новите модели на Samsung и Motorola и намалувањето на цените. Според податоците на IDC, иако преклопните телефони сочинуваат само 2 проценти од вкупниот пазар на паметни телефони, нивната продажба се зголемила за 38%. За овој раст постојат неколку причини. Прво, развој на различни форми на ...
Стопанска банка го круниса својот 80. јубилеј со донација на 80 зрели садници од видот Magnolia Grandiflora и заедно со претставници од Град Скопје отвори нов „Магнолија парк“ во рамки на Градскиот парк во Скопје. Високите садници и патеките кои се изградени низ новиот парк ќе бидат вистинско уживање за сите посетители, но во исто време ќе бидат од големо значење за животната средина – преку чистиот воздух, храната за поленаторите, како и новиот ...
Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија, претставува повеќе од обичен спортски настан. Фестивалот претставува платформа која преку спортот ги обединува младите спортисти од цела Европа, промовирајќи го духот на соработка, пријателство и почитување. Со своето значење и обем, овој фестивал е шанса Македонија да го покаже својот потенцијал на меѓународната сцена, а ...
Microsoft воведува промени во системот за вештачка интелигенција кој го поддржува нивниот 365 Copilot и постепено се оддалечува од исклучивата зависност од технологијата на OpenAI. Веќе пишувавме за комплицираниот однос меѓу Microsoft и OpenAI под насловот „Турбулентната сага на Microsoft и OpenAI: блискост, несогласувања, помирувања, зависност“, и можеме повторно да го искористиме истиот наслов бидејќи ништо не се променило. Всушност, во оваа ...
Honor официјално го претстави луксузниот смартфон Magic7 RSR Porsche Design, премиум уред кој донесува мали подобрувања во однос на веќе импресивниот водечки модел Magic7 Pro. Клучниот хардвер остана непроменет, вклучувајќи го капацитетот на батеријата со одлични можности за полнење, три камери и процесорот Qualcomm Snapdragon 8 Elite. Смартфонот користи 6,8-инчен LTPO OLED екран со милијарда бои и FullHD+ резолуција. Максималната светлина на ...
Нискобуџетната и втора по големина авиокомпанија во Холандија чија база е аеродромот Шипхол во Амстердам, од 23 декември започна со продажба на билети за летови преку нивната веб-страница: https://www.transavia.com/ ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од ...
Samsung Galaxy S25 серијата донесува двојно поголем капацитет на меморија, подобрени камери и функцијата Now Bar, инспирирана од iPhone Dynamic Island, со почетна цена од 899 евра. Започна одбројувањето до лансирањето на новите Samsung флегшип телефони од Galaxy S25 серијата. Официјалниот постер, објавен на неодамнешната најава за Galaxy Unpacked настанот, сугерира дека новите уреди ќе бидат претставени на 22 јануари следната година. Корејскиот ...
Најголемата санта мраз во светот повторно е во движење, плови во Јужниот Океан по неколку месеци вртење во место, соопштија научниците од Британското Антарктичко истражување (BAS). Сантата A23a беше внимателно следена од научниците откако се отцепи од ледената покривка Филхнер-Роне во 1986 година. Остана приземјена на антарктичкото дно на Веделското Море повеќе од 30 години. Ледениот брег потоа бил несен од морските струи пред повторно да се ...
Apple ги трансформира AirPods во здравствени уреди со додавање можности за следење на отчукувањата на срцето, телесната температура и други здравствени параметри, како и со експериментирање за интеграција на камери за потребите на вештачката интелигенција. Apple започнува со претворање на своите популарни слушалки AirPods во софистицирани здравствени уреди, следејќи го развојниот пат на Apple Watch. Според Марк Гурман, моментално најголем фокус ...
За оние што сакаат да ги разубават своите фотографии пред да ги споделат со пријателите и семејството, достапни се многу одлични апликации за уредување за Android. Сепак, рачното уредување фотографии може да биде напорно, особено за корисниците кои не се сигурни како функционираат алатките за уредување. Сепак, решението е при рака. Станува збор за алатки за уредување фотографии со „еден клик“ што ги нуди апликацијата Google Photos. Оваа ...
Јужнокорејски научници развија лесен робот за носење кој може да им пријде и да ги гушка параплегичарите, овозможувајќи им да одат, да преминуваат пречки и да се качуваат по скали. Тимот од Егзоскелетната лабораторија на Корејскиот напреден институт за наука и технологија (КАИСТ) рече дека нивната цел е да создадат робот кој беспрекорно ќе се интегрира во секојдневниот живот на лицата со посебни потреби. Ким Сеунг Хван, кој и самиот е ...
Анализа на карактеристиките и перформансите на два интересни конкурентски паметни телефони од средна класа: Nothing Phone 3a и Redmi Note 14 Pro+ Неодамна протечените информации укажуваат дека Nothing Phone 3a и Xiaomi Redmi Note 14 Pro+ ќе бидат директни конкуренти во средната класа на паметни телефони. Двата уреди ќе бидат опремени со процесорот Snapdragon 7s Gen 3, што сугерира слични перформанси. Се претпоставува дека Nothing Phone (3a) ќе ...
Компанијата Meta одлучи да ја укине поддршката за апликацијата WhatsApp на старите уреди кои користат оперативен систем Android од Google. Поточно, станува збор за уреди постари од десет години, кои сè уште користат оперативен систем Android KitKat. Уредите со оваа верзија на ОС или некоја постара верзија нема да имаат пристап до WhatsApp од 1 јануари 2025 година. Причината за укинувањето на поддршката е тоа што WhatsApp постојано развива нови ...
На денешната свечена церемонија во големата сала на Советот на Град Скопје, официјално беа доделени наградите за најуспешните спортистки, спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година. Mанифестација e организирана од Сојузот на Спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје. Во категоријата Најуспешни спортисти во младинска категорија, за најуспешен беше прогласен Силвио Мировски (Кик Бокс), второто место му припадна на каратистот ...
Hisense U8NQ има долгa листа на квалитети, како што се извонредната осветленост на екранот, голем број зони локално затемнување и последично, висок контраст. Тука е и стапката на освежување на екранот од 144 Hz, како и богатата HDR поддршка, која вклучува Dolby Vision. Hisense е глобален технолошки гигант кој со години ја зацврстува својата позиција на светскиот пазар на електроника. Основана во 1969 година, компанијата е водечки производител на ...
Корисниците кои не плаќаат претплата на WeTransfer со новата надградба ќе можат да префрлаат најмногу 10 фајлови со вкупна големина до 3 гигабајти месечно. Максималната големина на трансферите исто така е зголемена. Многу популарната услуга за испраќање големи фајлови преку интернет, WeTransfer ја промени својата понуда и ажурираше одредени ограничувања за претплатни пакети, а промените ги засегаат и оние кои бесплатно ја користат услугата (кои, ...
Паметното ѕвонче на Apple со Face ID технологија може да ја зајакне позицијата на компанијата на пазарот на паметни домови, но се поставува прашањето: дали веќе ги загуби шансите на тој пазар, каде што доминираат Amazon и Google? По дебаклот со откажувањето од производство на електрично возило, Apple се стреми да се прошири во повеќе насоки со цел што побрзо да се заборави неуспехот. Сега компанијата е фокусирана на три клучни области: вештачка ...
Во Македонија од 2010 година функционира Агенција за нуклеарна технологија, за која јавноста речиси и да не е запознаена. Две собраниски комисии неодамна дадоа согласност за нејзино укинување, како и за поништување на законот со кој беше основана оваа национална агенција. Законот, донесен пред 14 години, беше инициран од Министерството за образование под раководство на тогашниот министер Никола Тодоров. Сепак, од своето основање, Агенцијата ...
Соларната сонда Parker, која е дел од американската вселенска агенција NASA, продолжува да кружи околу Сонцето, пишувајќи историја, а сега се подготвува за уште едно рекордно приближување. На вторник, 24 декември, односно на Бадник пред Божиќ, сондата ќе се најде на оддалеченост од 6,1 милиони километри од Сонцето, што ќе биде најмалата оддалеченост во историјата. Овој рекорд ќе ја одбележи 22-та орбита на соларната сонда Parker околу Сонцето и ...
Instagram ви овозможува да ги споделите омилените моменти од 2024 година преку додавање колаж во вашата приказна. Новата функција, достапна само во првата недела од јануари, ќе дозволи да се комбинираат неколку фотографии од целата година и да се споделат со пријателите. Во моментов, можете да создавате приказни слични на колаж, додавајќи фотографии, менувајќи ги нивните димензии и со можност да ги преместувате на екранот. Потоа, можете да ...
Во Универзитетската болница во Кјото започнаа клинички испитувања со експериментален лек кој наводно треба да го поттикне растот на овие скриени заби кај лица во трета животна доба Луѓето на кои им недостасуваат заби можеби ќе можат да им израснат нови, се надеваат јапонските стоматолози кои тестираат пионерски лек што треба да понуди алтернатива на протезите и имплантите. Според оралните хирурзи од Медицинскиот истражувачки институт на ...
Секоја година популарниот YouTube влогер MKBHD го организира својот избор на награди за паметни телефони, избирајќи ги најдобрите модели во различни категории. За 2024 година тој ги избра најдобрите смартфони во десет категории. Вреди да се истакнат неколку избори, вклучително и телефонот на годината, кој според негово мислење е Samsung Galaxy S24 Ultra. Тој го нагласува одличниот екран, батеријата и камерите на телефонот, како и новиот ...
Откриени се онлајн казина кои ги намамувале децата во Велика Британија преку популарна видео игра. Во Велика Британија е откриена мрежа на нелегални онлајн казина кои им овозможуваат на децата да се коцкаат со користење на нивните сметки за популарната детска видео игра Roblox, јавуваат британските медиуми. Нелегалните онлајн казина користат една од најпопуларните видео игри во светот за да ги намамат децата на возраст од 12 и повеќе години на ...