Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит. -На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил ...
По апсењето на професорка од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се огласија со сопштение. Во соопштението, кое ви го пренесуваме во целост, се вели: -Како Универзитет, имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена. За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се ...
Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот. Од Министерството за внатрешни работи потврдија за МИА дека пријавата за пожарот била примена утринава. -Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот, информираат од ...
Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...
Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата. И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и експанзија на нелегалното ...
Богат украински бизнисмен е еден од тројцата повредени во експлозија на влез во станбена зграда во Монако, покажуваат денешните медиумски извештаи, додека властите ги истражуваат причината за инцидентот и го бараат осомничениот. Властите во кнежеството соопштија дека три лица се ранети, а локалните медиуми објавија дека две се во критична состојба. Идентитетите на жртвите не се официјално потврдени, пишува ДПА. Но, еден од тешко повредените е ...
Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, се вели во соопштението од ССМ, кое ви го пренесуваме во целост: -Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка. Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја ...
Од утре до 31 август на државните патишта во државава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство ...
Закононските измени поднесени од Министерството за транспорт на Грција ги зголемува казните при управување со тротинети, а пропишува да не смее да се управува тротинет без навршени 17 години. Како што стои во најавата на законските измени, законот има за цел да ја подобри безбедноста на патиштата при употреба на електрични тротинети, да спречи несреќи и, особено, да ја зголеми заштитата на малолетниците од ризиците поврзани со употребата и ...
Во чест на Владо Јаневски утре, во 20:00 часот, на платото пред Арена „Борис Трајковски“ ќе има собир, за последен пат да му се оддаде почит. -Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со ...
Групата „Тост сендвич“ своевремено беше популарна група, а во неа членуваа Владо Јаневски, Томе- Кубата, Агим Јонуз, Роберт Саздов и Петар Атанасов. Групата подоцна се распадна и секој си го фати својот пат. Но, оваа група последнив период е актуелна, бидејќи за само неколку месеци починаа тројца тогашни членови. Минатата година во октомври почина Томе -Кубата од Битола, кој е првиот пејач на групата. Тој почина по долго и тешко боледување. ...
Дистрибутерот за Левис, бизнисменот Марјан Јованов, алијас Мане Левис, вчера бил пронајден мртов во базенот во дворот на неговата куќа во населбата Карпош во Скопје. На пошироката јавност, Јованов ѝ беше познат и по неговата наводна вмешаност во случајот на СЈО, „Шпански скали“, каде првоосомничен беше Миле Јанакиески. Подоцна Јованов беше ослободен од вина. За смртта на Јованов Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 28 јуни 2026 ...
Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. – Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни докторката. Таа информираше и ...
Десет дена по донесувањето на одлуката на Советот на општината Штип за продажба на мнозинскиот пакет акции од 51 отсто на ФК „Брегалница“ во износ од 150.000 евра, се’ уште нема информации дека купопродажбата е финиширана. На Македонска берза, каде треба да се изврши продажбата, до денеска не се објавени акциите на АД „Брегалница 2008“ на продажба. Шпекулациите се се’ погласни, како се приближува периодот на подготовки на фудбалските екипи, а ...
Драмски театар Скопје се простува од Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чија уметност остави длабок белег во современиот македонски театар. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика, современ театарски јазик и силен творечки импулс во македонската театарска уметност. Својата ...
Наградата која ја доделува фестивалот „Преку езерото”, а го носи името на актерот-институција, Мето Јовановски, за 2026 година заминува во рацете на уметник кој со години го освојуваше Њујорк, за сега да го доживее најголемиот емотивен триумф – признанието од сопствениот дом. Тони Наумовски вечи дека првата мисла кога дознал дека е лауреат наградата почувствувал изненадување, но и огромна чест и задоволство. -Секое призание значи, исполнува, ...
Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не сакаат државава да успее, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Откако минатата недела имаше средби со претставници на ланците маркети, а најави разговори и со производителите и добавувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во изминатиот период Мицкоски ...
Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно ...
Александар Пендароски и Мартина Михајлова се годинашните младенци на традиционалната Галичка свадба, која ќе се одржи од 10–12 јули во Галичник. Мартина е докторка од Свети Николе, а Александар е од Скопје и работи опратива на Меѓународниот аеродром-Скопје. Тие ќе ја продолжат семејната традиција, бидејќи пред 35 години татко му и мајка му на Александар биле зет и невеста на Галичка свадба. Оттаму и среќата на Александар е голема, бидејќи ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени во однос на изминатата недела, соопшти РКЕ. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за ...
Еден час сон на температури над 40 степени Целзиусови се претвори во борба за живот за 82-годишната Бети-Лу Самер од Аризона. Нејзиното семејство ги сподели ужасните детали од несреќата за да предупреди на смртоносните опасности од топлотен удар и изложеност на сонце, особено за постарите лица. На почетокот на јуни, 82-годишната Бети-Лу Самер отишла во локалниот базен во нејзината населба во Сан Тан Вали, во близина на Феникс, Аризона, за да ...
Високите температури носат зголемен ризик од дехидрација, а експертите предупредуваат дека симптомите на недостаток на течности не се секогаш толку очигледни. Иако жедта е првиот знак дека на организмот му недостига течност, дехидрација може да се појави и од замор, главоболка, вртоглавица, па дури и промени во расположението. Таа настанува кога телото губи повеќе течности отколку што внесува. На тоа можат да влијаат зголемено потење, престој ...
Нови неколку сообраќајни камери од минатата недела се поставени кај Дебрца, а наскоро се очекува нивна постепена инсталација во Охрид во рамките на системот „Безбеден град“. Ова го соопшти Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ, кој соопшти податок дека до моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува намалување од над 99% во споредба ...
Обвинителството побара притвор за мажот, кој се сомничи дека си ја убил сопругата, чие тело беше пронајдено кај селото Летевци, откако претходно ја пријавил за исчезната. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишникот за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Според првичните информации, мажот ја задавил сопругата, го скри телото, ја ...
Извесно е дека со владината реконструкција вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ Демократската партија на Србите си заминува и ова министерство го презема кадар на ВРЕДИ. Пред заминувањето, Стоиљковиќ вели дека остава средно министерство, со намалени непродуктивни трошоци или како што пишува „за коруптивни цели“, додека вишокот вработени целосно е прераспределен. „Буџетот на МОЗ во 2021 година, изнесувал ...
Комбајн, кој жнеел жито во близина на селото Алакинци, светиниколско, закачил паднати жици за струја, по што настанал пожар и изгорело житото. СВР Штип соопшти дека пожарот е пријавен вчера во 13:40 часот по што полициски службеници излегле на местото. -При тоа било констатирано дека Ј.С.(57) од село Горобинци, светиниколско, додека работел со комбајн закачил жици кои паднале во нивата и го предизвикале пожарот. Екипа на Територијалната ...
Никакво друго решение, освен поништување на концесиите за рудникот Иловица – Штука е прифатливо за еколошките здруженија и движења во југоисточните регион на државата и пошироко, по судската одлука, со која се враќа спојувањето на концесиите. Се работи за концесии за експлоатација на минерална суровина во Општина Босилово и Општина Ново Село. На заедничкиот состанок во саботата, 27-ми јуни, екологистите од сите девет организации и движења ...
Под мотото „Отворив очиња – видов ден, синоќа во Велес за првпат се одржа дефилето на бебиња во колички, нивните мајки и трудници, во организација на ЈЗУ Општа болница Велес. Настанот беше инициран од здравствените работници од Гинеколошко-акушерското одделение, со поддршка од Општина Велес. Дефилето симболично го претстави патувањето од бременоста, преку породувањето, до првата прегратка и првите моменти на родителството. По прошетката низ ...
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...