
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Сè што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Oва го истакна на прес-конференција, поранешната министерка за животна средина и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова по излевањето на отровните ...
Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа нè собра како граѓани, а причината е системот кој не функционира. Ова го истакна Борјан Ефтимов од „Кој е следен“, коментирајќи ги обвинувањата на семејството Кулакови дека ја злоупотребиле смртта за нивни интереси и профит. Ефтимов вели дека секој има право да го каже своето мислење, а тие ќе продолжат да се залагаат за ...
Иако многу претходни студии докажаа дека умереното внесување на кафе придонесува за нашето здравје и нема да нанесе голема штета, новото истражување откри дека пиењето три или повеќе шолји кафе дневно може сериозно да ги оштети бубрезите. Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието JAMA Network Open, опфати 1.180 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 45 години кои имале нетретирана хипертензија од прв степен, односно висок крвен ...
Поради нова повреда на адукторот на десната нога, Дани Олмо ќе биде надвор од терените три недели, потврди Барселона. За потсетување, шпанскиот интернационалец се повреди на натпреварот против Осасуна во 27. минута, четири минути откако го постигна победникот од два гола во победата на Барса од 3:0. Ова е лоша вест за Барселона, која се бори за три трофеи. Барселона минатото лето во трансфер вреден 55 милиони евра од РБ Лајпциг го врати играчот ...
Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18°C. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со ...
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за CNN. Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци. „Силата ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс. Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска ...
Почнувањето на денот со здрав и хранлив оброк е клучот за забрзување на метаболизмот и постигнување оптимален енергетски баланс. Утрото е идеално време да го нахраните вашето тело со хранливи намирници и пијалоци кои ќе го поттикнат варењето и метаболизмот, ќе ја подобрат концентрацијата и ќе ја одржат енергијата во остатокот од денот. Вклучувањето на вистинската храна во утринскиот оброк може да помогне во согорувањето на калориите, да ја ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна. „Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот, а ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесува MTI. „Во тек се подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот“ Орбан посочи дека Европа во моментов не се ...
Корените на ова женско име датираат од древна Хелада и значи „мудрост“. Дали некогаш сте почувствувале нешто топло, удобно и речиси магично кога сте слушнале одредено име? Зошто некои имиња звучат како мелодија, додека други изгледаат строги и остри? Според една студија на Универзитетот во Бирмингем, едно име се истакнува по својата хармонија, историја и значење и ја носи титулата на најубавото име во светот. Тоа е името Софија. Кога ќе го ...
Од досегашната контрола на станбените објекти во Општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. Досега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку, Општина Карпош има 820 згради и 1.500 ...
Шведскиот возач со потекло од Босна и Херцеговина, Дино Бегановиќ, ќе го вози првиот слободен тренинг за Ферари во Бахреин, соопштија од италијанскиот тим. Викендот во Бахреин започнува на 11 април, главната трка на програмата е на 13 април. Талентираното момче родено 2004 година во Линшепинг, Шведска, ќе добие одлична можност да се докаже на тимот. Дипломецот од академијата на Ферари, кој се натпреварува во шампионатот во Формула 2, ќе го има ...
Видео сервисот YouTube е во фаза на тестирање на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да добиваат помалку известувања од каналите на кои се претплатени, но повеќе не ги посетуваат често. Новата функција може да се објасни со познато сценарио. На пример, пред неколку години сте се претплатиле на канал на YouTube и во тоа време толку многу ви се допаднало што сте ги поставиле известувањата на „All“ за да добивате известување на вашиот ...
Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле картичките и парични средства. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, тие земале и брзи кредити во нивно име и со тоа им причиниле материјална штета од 229.000 денари. СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С. (33) од Струга и С.Ш. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Ораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. „Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни ...
Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес е ослободен од обвиненијата за сексуален напад, за што претходно беше осуден на 4 и пол години затвор, а потоа плати милион евра за да излезе на слобода. Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Високиот суд на правдата ја обжалил казната затвор на Алвес од 4 и пол години и целосно ја укина казната бидејќи смета дека нема доволно докази кои „ги надминуваат стандардите што ги бара презумпцијата на ...
Една вообичаена навика што повеќето луѓе ја практикуваат во одреден момент од нивниот живот може да предизвика сериозни компликации што може да резултираат со оштетување на видот. Всушност, офталмологот Амра Нур неодамна истакна дека многу луѓе несвесно ги тријат очите, без да размислуваат за потенцијалните последици. Таа објасни како огромен притисок се врши кога ги триете очите. „Со текот на времето, прекумерното триење може да ја ослабне и ...
Remote video URL Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Сагаинг во северозападниот дел на Мјанмар. Потресите беа почувствувани во неколку градови, вклучувајќи ги Сагаинг, Мандалај, Кјауксе, Пјин У Лвин и Швебо во северниот дел на Мјанмар. Очевидци изјавија за „Мјанмар нау“ дека делови од историската палата во Мандалеј биле сериозно оштетени. Во исто време, во земјотресот целосно беше уништен ...
Барселона синоќа ја совлада Осасуна со 3:0 и го задржа првото место во Ла Лига, но може да остане без трите бода доколку жалбата на гостите биде уважена. Имено, Осасуна се подготвува да поднесе жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителен одмор на играчите откако ќе се повлечат од националниот тим поради повреда. Работата е во тоа што Ињиго Мартинес синоќа играше за Барселона, а според правилата на ...
Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции. Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон ...
Лос Анџелес Лејкерс доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Чикаго со 119:117, и тоа со тројка од центар со звукот на сирената. Лејкерс имаа предност од пет поени (115:110) на 12 секунди до крајот на натпреварот и се чинеше дека се на пат до 45-тата победа сезонава. По еден тајмаут, Булс ја намалија негативата на само два поена со тројката на Патрик Вилијамс преку Леброн Џејмс, кој одигра многу лоша одбрана, но Лејкерс сепак имаа сѐ во свои ...
Земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди Мјанмар. Земјотресот е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на EMSC, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд. Велат дека земјотресот траел многу долго. „Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, се нишаше повеќе од вообичаено овде во Тајланд“. ...
Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј. Граѓаните оставаат бројни коментари на ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 6 часот и 4 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според ...
На почетокот на своето обраќање на форумот на Арктикот, рускиот претседател Владимир Путин даде неколку интригантни коментари за повторените изјави на Доналд Трамп во врска со преземањето на Гренланд од страна на САД. Рускиот претседател вели дека овие амбиции не се изненадување и треба да се сфатат сериозно. „Би било сериозен превид да се мисли дека ова се само ексцентрични изјави на новата американска администрација. За тоа не станува збор“, ...
Времето денеска променливо ќе биде облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, ...
Познатите личности кои промовираат широк спектар на брендови и производи не се непознати за светот, а познато е дека многу од нив наплаќаат многу пари за тоа. Instagram страницата Wealth објави кој е на врвот на листата, а некои бараат и до 3 милиони долари за само една објава на Instagram. Имено, во објавата на Wealth се наведени некои од најголемите ѕвезди на денешницата, кои се и меѓу најследените на Instagram и се истакнува колку чини само ...
Митингот на Српската напредна партија, кој требаше да биде одговор на најавениот најголем протест во српската историја, што студентите го одржаа на 15 март, дефинитивно е одложен. Иако сè уште нема официјална потврда, митингот на Српската напредна странка и приврзаниците на Александар Вучиќ нема да се одржи во петок, на 28 март, како што претходно планираше и најави Вучиќ. „Ги покануваме сите српски работници, работници, селани и чесни луѓе на ...
Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, деновите стануваат подолги, температурите стануваат попријатни, а животот се враќа на улиците. И додека сето ова треба да има позитивен ефект врз нашите тела и умови, многу луѓе во овој период го чувствуваат спротивното - недостаток на енергија, поспаност, безволност и општа исцрпеност. Ова е пролетен умор, феномен кој не е измислен, но има вистински физиолошки причини. Иако не е медицинска дијагноза, ...
Британскиот регулатор за комуникации (Ofcom) го казни OnlyFans со 1,05 милиони фунти (1,26 милиони евра) поради неточни информации за преземените мерки за проверка на возраста на корисниците. OnlyFans е платформа позната по тоа што нуди сексуално експлицитни материјали. Сопственикот на платформата Fenix тврдеше дека користела таканаречена технологија за проценка на возраста на лицето, која била поставена да ги означува сите што изгледаат дека да ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мајами каде се пласираше во четвртфиналето на големиот турнир на кој ќе игра против локалниот тенисер Себастијан Корда. Шпанскиот медиум Marbella 24 Horas објави дека Ѓоковиќ е казнет за дивоградба. Станува збор за неговата вила во познатото шпанско ексклузивно одморалиште Марбеља. Градскиот совет против Ѓоковиќ води судски спор од февруари минатата година. Минатата година му беше наложено во ...