Индустриското производство во август годинава во однос на истиот месец лани бележи раст од само 0,2%. Во периодот јануари – август годинава споредено со истиот период лани индустриското производство бележи раст од 1,2%, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство минатиот месец јули забележа пад од 5% во однос на ланскиот јули. Гледано по сектори, индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи ...

Инфлацијата во еврозоната достигна 10% во септември, што е ново рекордно високо ниво што ги зајакнува притисоците за уште едно големо зголемување на каматните стапки следниот месец од Европската централна банка (ЕЦБ). Растот на цените во 19-те земји во кои се употребува еврото се забрза од августовските 9,1%, покажуваат најновите податоци на Евростат, надминувајќи ги очекувањата за инфлација од 9,7%. Некои членки на еврозоната забележаа најбрз ...

Државата за само девет месеци годинава извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари. Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Само за споредба, износот вратен кон фирмите во деветте месеци од оваа година е за 48,9% поголем за разлика од повратот на ДДВ извршен за цела 2021 година, додека споредено со 2020 и 2019 година тој износ е повисок за над 70%, односно 72,8% и 75,5%, ...

Стопанската комора на Северна Македонија со Клубот на извозници при Комората, реализираше работна средба со извозните компании на која беше презентиран тригодишниот проект подржан од УСАИД, насловен Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, со кој ќе се работи на јакнење на извозната конкурентност на македонските компаниите. Дарко Лазаров, претседателот на Клубот на извозници информираше дека главните цели кои треба да ...

Според краткорочните проекции на Европската комисија, производството на домати во ЕУ се предвидува годинава да достигне 16,5 милиони тони, што би претставувало намалување од 9% во однос на претходната година. Исто така, се предвидува производството на домати за преработка да изнесува 10,1 милиони тони, што би претставувало пад од 14% во однос на претходната година. Продолжените периоди на суша во главните земји производители, Италија и Шпанија, ...

Осум електрични возила за одржување хигиена во урбана средина тргнаа од „Брако“ за Велика Британија и во следните денови ќе бидат испорачани до нивните корисници. Осумте машини се изработени во фабриката „Грин Машинс“ во склоп на „Брако“, во специјална, нестандардна изведба според желбите и потребите на нарачателите и се испорачани во рекордно време од неполни три месеци. Нарачатели на возилата се општини во Лондон и Глазгов, кои од светската ...

Делегација од Амбасадата на Франција, предводена од Н. Е. Амбасадорот Сирил Бомгартнер, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Целта на посетата на високиот дипломатски претставник, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, е запознавање со резултатите од работењето на компанијата, производственото портфолио и со компаниските пласмани и активности. Беа презентирани и континуираните инвестиции на ...

Шефот на Европската централна банка Кристин Лагард повтори дека пазарот не може да смета на олеснување на позицијата на монетарните власти и треба да очекува дополнително зголемување на каматните стапки. Лагард потенцира дека борбата против инфлацијата е законска задача на ЕЦБ, а нејзиниот обем и закани го надминуваат ризикот од предизвикување потенцијална рецесија. “Целосно сме посветени на намалување на инфлацијата до нашата среднорочна цел од ...

Европските производители на лекови предупредија дека можеби ќе престанат да произведуваат некои евтини генерички лекови поради зголемените трошоци за електрична енергија и бараат промена на нивната цена. Лоби групацијата на индустријата за генерички лекови Лекови за Европа, која ги застапува компаниите меѓу кои се Teva, Novartis, Sandoz во вторникот испрати отворено писмо до министрите за енергетика и здравство на државите членки на ЕУ во кое ...

Потребен е поголем фокус врз трговската диверзификација и отвореност за да се создадат квалитетни работни места, да се намали сиромаштијата и да се подобри животниот стандард на луѓето, се вели во новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговската политика за Северна Македонија 2.0. Во последните две децении, Северна Македонија направи голем исчекор во реформирањето на својата економија и во привлекувањето на странски директни ...

Повеќедневната практична обука на инженерско – техничкиот тим на „Брако“ му овозможи запознавање и стекнување на потребните знаења и вештини за сите можности што ги нуди најсовремениот глодачки ЦНЦ центар од палетата на „Хартфорд“. Станува збор за една од најновите инвестиции во машинскиот парк на „Брако“ во Велес, во вредност од половина милион евра. Со купувањето на оваа машина, спроведената обука на операторите и скорото пуштање во употреба, ...

Иселувањето на младите луѓе од руралните средини, ниската откупна цена и големиот раст на добиточната храна и другите трошоци се главните причини заради кои, според производителите, производството на млеко во земјава се намалува и станува неисплатливо. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година во Македонија биле произведени 326.523 илјади литри кравјо млеко, што е намалување за 19,4% за една година. Минатата ...

Загубата на производство може да биде поголема доколку Европа се соочи со недостиг на енергија во зимскиот период Руската инвазија на Украина ќе ја чини глобалната економија 2,8 трилиони долари (2,8 илјада милијарди долари) изгубено производство до крајот на следната година, а загубите можат да бидат уште поголеми ако зимата доведе до рационализирање на енергијата во Европа, објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (OECD). ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 21.09.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, на 86 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/литар, на 84 денари за литар. Малопродажните цени на ...

Глобалното производство на суров челик изнесуваше 150,55 милиони тони во август, што е намалување за 3% на годишно ниво, иако беше за 1,1% повисоко од јулското ниво, кое, пак, беше најниско во последните шест месеци, покажуваат податоците на Светската асоцијација за челик Worldsteel објавени на 22 септември. Ова го донесе вкупното производство за првите осум месеци од 2022 година на 1,25 милиони тони, што е намалување за 5,2% на годишно ниво. ...

Извозот на храна од Македонија во првите седум месеци годинава достигна вредност од 251, 5 милион евра, што е раст од 16,5 % во споредба со истиот период лани. Но, ако се гледа количински, извозот на храна од државата во истиот период изнесувал 258 милиони килограми и бележи раст од 5,1%. Што значи дека поголемиот раст на извозот на храна се должи на инфлацијата и зголемувањето на цените на продадените производи во странство. Најголем дел од ...

Цените на нафтата паднаа втор ден во понеделникот поради стравувањата од пониска побарувачка за гориво од очекуваната глобална рецесија, предизвикана од растот на каматните стапки во светот и бидејќи растот на американскиот долар ја ограничува способноста на потрошувачите кои не користат долари да купуваат сурова нафта. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за ноемврисе намалија за 1,35 долари, или 1,57%, на 84,80 долари за барел. Тоа е најниско ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети фабриката „Костал Македонија“ во Охрид, која е дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија. За време на посетата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата. Во разговорот со генералниот ...

Претставници на американската филијала на „Грин Машинс“ на обука во Велес Стив Паркер и Серги Сергиев од Соединетите Американски Држави се членови на глобалниот тим на „Грин Машинс“ и деновиве посетуваат обука во просториите на БРАКО во Велес. Целта на обуката е детално да се запознаат со возилата за одржување хигиена во урбани средини, со цел поуспешно да ги презентираат машините пред американските купувачи, но и да обезбедат брз и ефективен ...

Rivian, американскиот производител на електрични авантуристички возила (камиони и теренци), вчера официјално објави дека го отвора својот центар за истражување и развој во Белград со намера да ангажира локален технички персонал и инженери од автомобилската индустрија. Плановите се во Центарот првично да се вработат околу 200 позиции во областа на напредните технологии поврзани со автомобилската индустрија, како што се мапирање, инфозабава, ...

До сега инвестирани се преку 120 милиони евра, а само во последните 5 години инвестирани се 25 милиони евра за унапредување и осовременување на производните и технолошките процеси преку замена на застарените технологии со нови Со акцент на досегашните инвестиции и со дефинирана стратегија за понатамошниот развој на компанијата, Макстил одбележа 25 години работа и производство на македонскиот пазар со мултимедијален перформанс во присуство на ...

Низ северна и западна Европа, производителите на зеленчук размислуваат да ги прекинат своите активности поради финансискиот удар од енергетската криза во Европа, пишува Ројтерс. Зголемените цени на електричната енергија и бензинот ќе влијаат на културите што се одгледуваат во текот на зимата во загреани оранжерии како што се доматите, пиперките и краставиците и оние што треба да се стават во ладилници, како што се јаболката, кромидот … Како ...

Извозот на моторни возила во Кина се зголеми за 65% на годишно ниво и достигна рекордно високо ниво во август, покажаа податоците од Кинеската асоцијација на производители на автомобили. Земјата извезла 308.000 моторни возила во август, што е за 6,2% повеќе во споредба со еден месец претходно, соопштија од Здружението, истакнувајќи дека тоа е првпат месечниот извоз на автомобили во Кина да надмине 300.000 единици. Околу 260.000 патнички ...

Дизелот од полноќ поевтинува за 3 денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена 84,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари. “Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во ...

На 14 и 15 септември „Брако“, со својот бренд на возила за одржување на хигиена во урбани средини, „Грин Машинс“,учествуваше на RWM & Letsrecycle Live во Бирмингам, Велика Британија. На овој водечки настан во Велика Британија на кој што учествуваа реномирани компании и врвни професионалци од сферата на управување со отпад, ресурси и одржливост, „Грин Машинс“ го привлече интересот, како и за досегашните така и на нови потенцијални корисници. ...

Европските фјучерси за природен гас паднаа на најниско ниво во речиси два месеци, додека додека земјите од регионот работат на надминување на енергетската криза пред почетокот на новата грејна сезона, пишува Bloomberg. Фјучерсите за гас со кои се тргуваат во Холандија паднаа на денешното тргување за 8,8% до 171,33 евра за мегават час, што е најниската вредност за договорите од 25 јули, продолжувајќи го минатонеделниот пад. Германија, Велика ...

Volkswagen повеќе не гледа дека недостигот на чипови завршува во 2023 година, а германскиот производител на автомобили се подготвува за „новата нормала“ на прекини во синџирот на снабдување, изјави Мурат Аксел, шеф за набавки во одборот на Фолксваген, за германскиот неделник Automobilwoche. „Инвестициите за нов капацитет сега се на вистинскиот пат, но веројатно сè уште ќе има структурен недостиг во полупроводници до и вклучително 2023 година“, ...

Компанијата КЕМЕТ Електроникс Македонија (КЕМЕТ, компанија на ЈАГЕО) вчера ја отвори новата производствена хала во земјава. КЕМЕТ Електроникс Македонија (КЕМЕТ, компанија на ЈАГЕО) 12 години работи на производство на електронски компоненти во земјава. Лоцирана е во ТИРЗ Скопје 1. Од минатата година компанијата почна со изградба на нов објект заради проширување на производствените капацитети со што, како што најавија од компанијата ќе се отворат ...

Денес во просториите на Клуб на пратеници, Царинската управа организираше настан на кој тимот од експерти од Царинската управа, предводен од директорката Славица Кутиров, на бизнис заедницата и ги претстави поволностите кои преку новите системи и функционалности, во процесот на дигитализација, се воведуваат во царинското работење за поддршка на конкурентноста на домашните компании. На настанот присуствуваа околу сто претставници од економските ...

Вредноста на увозот на јаболка на меѓународно ниво во 2021 година изнесувала 8,46 милијарди американски долари и бележи зголемување од 7% во споредба со увозот во 2020 година вреден 7,98 милијарди долари. Топ 5 најголеми увозници на свежи јаболка (шифра 080810) во 2021 година мерено според вредноста се Германија, Русија, Виетнам, Обединетото Кралство и Индија. Збирно, оваа група на земји купиле повеќе од една четвртина (27,5%) од сите увезени ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
37%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
42%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
33%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 27ᴼ
4.63
36%
1021
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.94
31%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
65%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
8.94
31%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
26%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
33%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
35%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
54%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505