
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ја известува јавноста за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Наведуваат дека оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку оваа страница се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: ФЗОМ категорично ги предупредува ...
Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е во стабилна состојба и во моментов не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем систина“ каде што се лекува. „Пациентот Владимир Блажев – Панчо од приемот до денес се наоѓа во единицата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на ...
Тинејџерот Вукашин Црнчевиќ (19) од Змајево, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад во ноември 2024 година, почина по четири и пол месеци борба за живот. – Пациентот В.Ц. (роден 2006 г.), кој беше тешко повреден при паѓање на настрешница во Нови Сад и кој по лекување во Клиничкиот центар во Војводина на 29.01.2025 година беше примен на ВМА, почина на 21.03.2025 година во оваа воено-медицинска установа. И покрај сите ...
Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот во дискотеката „Пулс“, информираше денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков околу обдукцијата на телата на сите починати во дискотеката. „Обдукциите започнаа во вечерните часови на 16.03 а завршија во претпладневните часови на 18.03. Паралелно со обдукциите, беше собиран и ...
Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде пропишан договор со групата ДНК. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека потоа, заедно со осомничените управители и осомничените припадници на агенцијата за обезбедување, свесни дека капацитетот и условите во објектот не го дозволуваат тоа, овозможиле влез на приближно 650 посетители, меѓу кои имало ...
Сопругата на екс-министерот за економија, Крешник Бектеши се огласи на социјалните мрежи откако нејзиниот сопруг е еден од притворените како инволвиран во трагедијата во кочанската дискотека. Илка Каба Бектеши изрази сочувство до семејствата на настраданите и вели дека е скршена од болка. Илка тврди дека Крешник дека го пуштиле да си оди дома, но откако се подготвил да излезе од станица, му кажале дека му одредуваат 24-часовна мерка. -Крешник ...
Новиот „Извештај за среќата во светот“ на Обединетите Нации ја рангираше Финска на првото место осма година по ред. Финците го оценуваат својот живот како особено задоволувачки со просечна оценка од 7,74 од можни 10 поени. Овој, 13-ти годишен Извештај, објавен по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН, ги рангира најсреќните и најнесреќните земји во светот, прашувајќи ги луѓето да го оценат својот живот на скала од 0 до 10. Студијата, објавена ...
Тијана Дапчевиќ за српските медиумите откри нова информација за состојбата на пејачот на групата ДНК, Владимир Блажевски Панчо. Таа тврди дека на здравствената состојба на пејачот е подобра, дека се опоравува, но состојбата и понатаму е критична. – Владимир Блажевски, другиот пејач од групата ДНК, е надвор од животна опасност, се лекува во во Аџибадем Систина во Скопје и фала богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се ...
Средношколците од училишната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, утрово поставија кутии за донации за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани. Десетина ученици од различни наставни години од денеска до недела, во период од 7.30 до 19 часот ќе бидат на пунктот на плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на Општина Крива Паланка, во знак на сочувство и солидарност со сите ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини. -Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира пари.Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која ...
Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот. Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, ...
Борче Стојчевски од Здружението на инженери за заштита „Тутела“, во гостувањето во емисијата 24 анализа, посочи дека голем дел од оние што вршат сервисирање на противпожарната опрема не ја извршуваат својата работа согласно прописите. Според него, во некои случаи, во противпожарните апарати наместо специјален прашок за гаснење пожар, се става обично брашно, што целосно ја урива нивната функција. „За жал, многу од тие што се занимаваат со ...
„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, во кое објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата „Би-би-си“ се осврнува на просторот кој во минатото бил магацин за теписи, и нема соодветна лиценца за да биде дискотека. Според нив, два фактори се клучни за тоа зошто и како огнот толку брзо се распространил низ објектот кој како што нагласуваат и тие, имал само еден влез и излез. „ДНК почнуваат со ...
Новиот коалициски договор на германските партии предвидува сегашниот број од 50.000 работни дозволи за Западен Балкан да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно за да се контролира имиграцијата и да се намали притисокот врз домашниот пазар на труд Доколку Германија го преполови бројот на работници што доаѓаат од земјите на Западен Балкан, тоа ќе ги засегне и македонските граѓани што планираат да заминат на печалба во ...
Српската пејачка Сара Јо на инстаграм сподели повеќе видеа од нејзините колеги Андреј и Панчо од групата ДНК и напиша дека е скршена од тажните настани кои се случија. “Како да се носите со толку тага? Со ваква тежина во градите? Со ваквата празнина која не плесна со својата сила? Како да преболиме неправда? На кој начин да ја разбереме и прифатиме реалноста? Срцето ми е скршено на илјада парчиња”, напиша таа на Инстаграм. Потоа сподели и видео ...
Сопругата на починатиот возач на Брза помош, Илче Гочевски кој несебично повеќе од 20 часа ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани открива детали за тоа што се случило кобниот ден, но и околу целата ситуација со дискотеката. Како што пренесува српско „Ало“ сега веќе починатиот Илче ѝ раскажал на сопругата Анета за трагичните случувања. Гочевска исто така објаснила дека имала контакт со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов ...
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години. Според официјално објавените податоци, шестмина се на возраст од 21 година, а на возраст од 18 и 36 години загинати се по четири лица. На 16-годишна возраст загинати се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има ...
Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. На погребот на Андреј Ѓорѓиески, што се одржа ...
Не’ скршивте, не’ преполовивте, не’ сотревте, најмилото ни го зедовте, остаревме во надеж дека ќе промениме барем нешто со револуции и пленуми. Од што ли сте направени та 35 години без престан на смена едни те исти да ни ја јадете иднината. Како можеше сите од иста сорта да сте, крвожедни, алчни трговци со човечко месо. Нема повеќе зборови за утеха. Остана само тагата и болката на родителите и блиските на починатите деца, сите заедно да ја ...
Министерството за здравство штотуку ги соопшти имињата на загинатите во катастрофалниот пожар што во неделата се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Не постои збор со кој можеме да ја искажеме болката и тагата за прерано изгубените животи во оваа трагедија. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинити информации. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души. Слава ...
Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани. „Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија, повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели, што со солзи ги ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира дека ги имаат сите информации за повредените лица во трагедијата, но, дека не е етички да ги објават нивните имиња. За наводите дека уште еден возач на Брзата помош во Кочани добил срцев удар, министерот истакна дека засега тоа е шпекулација односно немаат таква информација на ниво на Кризен штаб. На новинарско прашање дали е точно дека возачот на Брзата помош, Илчо Гоцевски кој што ...
Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три. ...
Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот. Таа се огласи за прв пат по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом. -Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана ...
20 март, во 16:33 часот официјално започнува најубавата сезона – пролетта. Имено, денес е рамноденица која го навестува крајот на зимата, односно на денешен датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина. Иако голем број на луѓе знаат уште од училиште дека пролетта доаѓа на 21 март, пролетта ни доаѓа на 20 март последните две децении. Експертите ни открија дека пролетта доаѓа ден порано во последните дваесет години, поради двете различни методи ...
На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојaнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа да го напрват отпосле. Ангелов упати молба денес јавноста да ги остави ужалените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда, да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб. „Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од ...
Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград. Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна. – На ВМА има 10 пациенти, од кои ...
Вчера околу 18.25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка во автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува српски Телеграф. Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два автомобили се запалиле и целосно изгореле. Тракторот бил смачкан. View this post on Instagram A post shared by ZR Klik (@zrklik) На местото на настанот ...
Погребните церемонии за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип, Облешево и Скопје. Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани во 12 часот. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Погребот на загинатите од Штип ќе биде во 11 часот, а меѓу нив се и членовите на ДНК, Филип Стевановски и на Александар ...