Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 29.11.2025 година во 03:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. ,,Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, го лишија од слобода Л.Ц.(21) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „сеат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта. ...
Денес, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ го отвори првиот од серијата скандали за како што кажа, криминалот на Владата на Мицкоски. Според Димитријевиќ, фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. “Фирма без ...
Вчера околу 23:45 часот во селото Банско, полицајци го приведоа Б.М. (65) од истото село. Според пријавеното, околу 20:30 часот, во близина на неговата куќа, тој со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во Општата болница во Струмица. Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој е задржан во Полициската станица Струмица. За настанот бил запознаен ...
После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ. „Според нашите информации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, ...
На 27.11.2025 во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци. Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал. Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил ...
Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале и дошле да ѝ помогнат на мајката. Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство. „Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за ...
Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано. „Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија. Од Будимпешта Никола Груевски е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само негов извршител“. Тоа како што додаваат од ...
Од утре електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор. Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните. Според надлежните, поскапувањето е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоки цени на енергенсите и одржување на ...
Проектот СЕНЕ3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и регионалните центри за управување со отпад ...
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот ...
Возењето на кратки растојанија во зима, на ниски температури, не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво, бидејќи моторот нема време да се загрее. Во просек, на температура од -7 степени, автомобилот троши до 12 отсто повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени. Постојат неколку причини за ова. Пред сѐ, на моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи. Студеното време го намалува ...
Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на вчерашните пратенички прашања порача дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата залудно се труди да прикаже дека економската состојба во државата е розова. Трошоците за живот како што кажа Битиќи растат за секоја ставка, последно за 30% е поскапена возачката дозвола за Б категорија. Битиќи нагласи дека со ваквото поскапување и стекнувањето на возачка дозвола од ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за 6,738%, ...
Стратегијата беше јасна уште од самиот почеток и можевме да ја видиме дури и од Месечината. Добре де, од Калето. Гласеше вака: Со Брисел нема да бидеме пријатели. Тие бараат реформи и исполнување на обврските, а ние тоа ниту сакаме, ниту можеме да го исполниме. Затоа, ќе глумиме жртви, особено што народот го сака тоа. Ќе зборуваме позади завеса дека ЕУ така и така се распаѓа, па затоа што ќе ни е да влегуваме воопшто. Проширување на Унијата ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања обвини дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија, дека политиките на актуелната власт се копија на матрицата на Груевски. Талески упати пратеничко прашање до министерот за правда, Игор Филков, дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за ...
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец ...
Драмата околу изборот за Мис Универзум 2025 нема да исчезне. По враќањето дома од натпреварот во Тајланд, аргентинската претставничка Алдана Масет, која се сметаше за една од најголемите фаворитки, зборуваше за напнатата атмосфера и наводното вознемирување на кое биле изложени натпреварувачите. Иако многумина предвидуваа висок пласман за неа, Масет дури не успеа да влезе во Топ 30. Сега таа откри непријатни детали од натпреварот обележан со ...
Лишен од слобода маж од струмичко, на сопругата и нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да и стави непозната течност во устата. На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во ...
Јелена Карлеуша често е во медиумите на тема одредени вербални напади од нејзините колеги. Пејачите обожаваат да коментираат за ликот и делото на Јелена, а Карлеуша често се соочува со нив. Таа сега одговори на изјавата на Тијана Дапчевиќ, која изјави дека повеќе не се пријателки и реши да ја замолчи. – Искрено, едвај знам која е таа личност… а камоли дека порано сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов ...
Во раните утрински часови, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума се случи тешка сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, загинаа четири лица, а уште три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе, од засега непознати причини, удрило во патен валјак. Снимките и фотографиите од местото на несреќата покажуваат стравични сцени – комбе целосно подлетано под тешката машина и целосно уништено од силниот удар. На ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во нашата Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе ...
Иако времето изгледа дека тече непречено, човечкото стареење е сè друго освен линеарен процес. Нашиот животен век, од детството до зрелоста, поминува низ различни фази, а една нова студија откри клучна пресвртница кога процесот на стареење значително се забрзува – а тоа се случува околу 50-годишна возраст, пишува Science Alert . Научниците откриваат пресвртница: Стареењето се забрзува околу 50-тата година По таа возраст, траекторијата на ...
Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната служба на градот. Најмалку 123 лица се повредени во трагедијата, јавува Си-ен-ен. Осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот се меѓу повредените. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починало на местото на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница. Противпожарната ...
Окружното обвинителство во Шибеник, Хрвтска поднесе обвинение против А.М., 28-годишен маж од Куманово, за силување и разбојништво над венецуелска државјанка која се занимавала со проституција. 28-годишникот моментално е во притвор. Обвинет е и неговиот соучесник во разбојништвото, 34-годишниот В.Д. од Задар, кој исто така е во притвор и за кого Oбвинителството бара да биде осуден затоа што го сторил делото како непресметливо лице и, соодветно ...
Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, се осврна на состојбата во правосудниот систем и на однос на премиерот Мицкоски кон Обвинителството во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Таа истакна дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата. „Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе ...
ВМРО ДПМНЕ и понатаму не може да излезе од својата препознатлива матрица. Матрица на водење политика на поделби и поларизација, политика на барање алиби, како и неспособност да презема одговорност за реалноста, за задачите и обврските кои ги имаат како носители на власта. И во тој контекст, како логичен одговор на ваквите состојби, политиките на СДСМ треба да бидат спротивно на сето тоа. Па оттука, наместо поларизација, потребна е ...
„Јасно е дека единствениот пат напред за земјава се европските интеграции”, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на Националната конвенција за Европската Унија, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Филипче истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години. „Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската ...
На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе ...
СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“. -На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на ...
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен ...