Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„Акшн“, дисконтен трговец со непрехранбени производи, ја отвори првата продавница во Хрватска, во Сесвете, на адреса Улица 144. бригада на Хрватската војска 5. Продавницата, која се простира на површина од 822 квадратни метри, на потрошувачите им нуди асортиман од 6.000 производи во 14 категории, од перење и чистење и лична нега до играчки и забава, „направи-сам“ производи и производи за градина. „Акшн“ исто така секоја недела воведува 150 ...
„Акшн“, дисконтен трговец со непрехранбени производи, ја отвори првата продавница во Хрватска, во Сесвете, на адреса Улица 144. бригада на Хрватската војска 5. Продавницата, која се простира на површина од 822 квадратни метри, на потрошувачите им нуди асортиман од 6.000 производи во 14 категории, од перење и чистење и лична нега до играчки и забава, „направи-сам“ производи и производи за градина. „Акшн“ исто така секоја недела воведува 150 ...
„Хенкел“ потпиша договор за преземање на Not Your Mother’s, брзорастечки потрошувачки бренд за нега и стилизирање на коса во Северна Америка, кој е во сопственост на инвеститорите од приватниот капитал „Меин пост партнерс“. Not Your Mother’s е силен бренд за коса на пазарот во САД, кој нуди широк асортиман на шампони, регенератори, третмани и производи за стилизирање. Во фискалната 2025 година, брендот оствари продажба од приближно 190 ...
Швајцарскиот трговец ги соопшти плановите за продажба на синџирот „Тегут“ во Германија на синџирот супермаркети „Едека“. Како што истакнуваат, и покрај големите заштеди на трошоци, кои минатата година ги намалија оперативните загуби на групацијата „Тегут“ за повеќе од половина, пазарното опкружување во Германија дополнително се влоши и доведе до пад на прометот. Сеопфатната анализа на ситуацијата јасно покажа дека „Тегут“, во тие услови, со ...
Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“, реализиран со поддршка од компанијата „Кожувчанка“, а во продукција на „Триангл“ и под режисерско водство на Десанка Глигоријевиќ, успешно го заокружи првото големо издание. Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, што ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на животната ...
Винарската визба „Тиквеш“ ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“ на меѓународниот вински натпревар „Мундус вини“. Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на „Мундус вини“ е потврда за нашата посветеност, визија и континуирани инвестиции во квалитетот на вината. За нас ова признание има особено значење, но претставува и дополнителен мотив во иднина сѐ поамбициозно да го ...
Трговскиот синџир „Елида“ вчера (11 март) отвори два нови маркети во Штип, со што почна реализацијата на најавеното проширување во источниот регион на земјата. Новите објекти се во населбата Леваци (бр. 36) и во населбата Пребег (бр. 37). Маркетите ќе работат според стандардниот концепт на „Елида“: 6-7 вработени, 2 наплатни каси, продажна површина од околу 200 квадратни метри, асортиман од околу 5.000 артикли, пиљара и пекарница со свежо ...
Македонската кондиторска компанија „Витаминка“ годинава го слави 70. роденден. Брендот што се роди во 1956 година во Прилеп со скромен мелен црвен пипер, денес е дел од секојдневниот живот на генерации Македонци. Од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со мајонезот Витанез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Atlantis, Frutti и Despina и освежувањето со Cevitana – „Витаминка“ ги остава своите вкусови во ...
Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,6 проценти во јануари годинава во споредба со јануари лани, објави Државниот завод за статистика. Во секторот рударство и вадење камен има намалување на бројот на работниците за 6,2 проценти, во преработувачката индустрија за 3,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во ...
Веќе неколку години по ред вината на „Бовин“ се меѓу најнаградуваните на реномираниот интернационален вински натпревар Mundus Vini, кој се одржува во Германија, каде и оваа 2026 година винаријата „Бовин“. Уште позначајно е што квалитетот е препознаен од стручни лица, меѓународно жири кое го сочинуваат 300 вински експерти – енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку ...
Глобалниот пораст на цената на нафтата, поттикнат од геополитичките тензии на Блискиот Исток, може да се пренесе и во македонската економија, но неговото влијание врз инфлацијата најверојатно ќе биде умерено, покажува најновиот бриф за политики на „Фајнанс тинк“. Според анализата, ескалацијата на конфликтите во регионот на Блискиот Исток создава неизвесност на глобалните енергетски пазари, особено поради значењето на транспортните коридори ...
Во светот на производите за широка потрошувачка, границите меѓу националните брендови и приватните трговски марки - кои сè повеќе стануваат брендови - стануваат потенки и понејасни. Некогаш јасната разлика во квалитетот, престижот и емоционалната компонента сега е речиси целосно нејасна бидејќи купувачите и потрошувачите сè повеќе избираат врз основа на вредност, а не според името. Пишува: Кристијан Матијашевиќ, маркетинг-консултант, ...
Извештајот „2026 Global Predictions“ има цел да понуди свежа инспирација за брендовите и да ги поттикне стратешки да размислуваат за тоа што следува. Извор: „Минтел“, www.mintel.com Секоја нова година носи нови дисрупции. Вештачката интелигенција повторно ги исцртува границите на креативноста и ефикасноста. Економската неизвесност ги менува приоритетите, додека геополитичките тензии го редефинираат контекстот во кој функционираат брендовите. ...
Имплементацијата на „Лидл“ на новата полска шема за враќање амбалажа оди подалеку од законска усогласеност. Дисконтерот прифаќа пластични шишиња и лименки, вклучувајќи и такви што сè уште не се официјално означени. На тој начин тој претвора регулаторна обврска во алатка за градење лојалност и долгорочна навика кај купувачите. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен аналитичар за малопродажба Новиот депозитен систем во Полска можеби изгледа ...
Извозот на германската економија почна разочарувачки во 2026 година, со пад од 2,3% во јануари во споредба со декември. Вкупната вредност на извозот изнесуваше 130,5 милијарди евра. Во споредба со јануари 2025 година, извозот порасна за 0,6%. Најголем пад е забележан во трговијата со земјите од Европската Унија, каде што извозот опаднал за 4,8%, додека трговијата со Кина се намалила за 13%. Од друга страна, извозот во САД пораснал за 11,7%, ...
„Хенкел“ го претстави новиот „центар за инспирација“ во Жундијаи, Бразил, во рамки на инвестиција вредна околу 232 милиони бразилски реали (38 милиони евра). Комплексот, кој се простира на површина од 5.000 квадратни метри, ќе служи како нов центар за истражување и развој за единицата адхезивни технологии во Латинска Америка. Новиот центар е поделен на управувачки дел, кој може секојдневно да прими повеќе од 100 вработени, и техничка зграда ...
Групацијата „Оатли“ најави повеќегодишна инвестиција во производствената фабрика во Ландскрона, Шведска, за да одговори на растечката глобална побарувачка за растителни напивки. Проширената инфраструктура ќе го зголеми производствениот капацитет на локацијата за повеќе од 33%, со дополнително намалување на климатскиот влијание во три клучни области. Фабриката во Ландскрона, која работи од 2006 година, вработува повеќе од 300 луѓе. По ...
Во 2025 година, приходот на компанијата „Ошан“ достигна 32,1 милијарди евра, што претставува раст од 1,5% во однос на една година порано. ЕБИТДА на компанијата значително порасна во 2025 година, за 16,1%, достигнувајќи 1,02 милијарди евра, пред сè благодарение на добрата контрола на трошоците, чиј удел во приходите е намален за 0,4 процентни поени во споредба со 2024 година. На стратешките меѓународни пазари (Шпанија, Португалија, Полска и ...
Цените на нафтата паднаа за 10%, откако инвеститорите ги разгледаа коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со тековниот конфликт на Блискиот Исток и протокот на нафта низ Ормутскиот теснец. Цената на суровата нафта Брент падна за 4,3% на 94,62 долари за барел, додека американската сурова нафта опадна за 3,8%, достигнувајќи 91 долар за барел. Падот се случи по значителниот скок на цените, кои надминаа 100 долари во ...
Компанијата го почна одбележувањето на 30 години работење во Хрватска, кое ќе трае во текот на целата година и ќе вклучува низа активности и изненадувања насочени кон заедницата и купувачите. Компанијата, која на пазарот на Хрватска влезе во 1996 година со отворањето на првата продавница во Дубрава, денес обединува повеќе од 2.200 работници, кои работат во 180 продавници ширум Хрватска. Поминаа речиси триесет години откако Роберта Куковичиќ, ...
Американската компанија за производство на алкохолни пијалаци „Браун-Форман“ ги објави финансиските резултати за третиот квартал и првите девет месеци од фискалната 2026 година, заклучно со 31 јануари. Нетo-продажбата на компанијата се зголемила за 2% на 1,1 милијарда долари, додека оперативниот профит се зголемил за 21%, достигнувајќи 340 милиони долари. Во првите девет месеци, нетo-продажбата се намалила за 2% на 3 милијарди долари, а ...
Инфлацијата во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, изнесува 2,9%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според индексот на трошоците за животот, инфлацијата во февруари 2026 година во споредба со јануари 2026 година изнесува 0,2%. Во февруари 2026 година, во споредба со претходниот месец, зголемување на трошоците за животот е забележано во следните групи: услуги за образование за 4%, облека и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на одлуката од 02.03.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,384%, кај дизелот ...
На 12 март 2026 година, во малата сала на Македонската филхармонија во Скопје, М6 Едукативен центар организира ексклузивен лидерски настан со меѓународно признатата лидерска стратег, TEDx говорник и автор на концептот Endurance Mindset®, Александра Панајоту од Атина, Грција. Таа ќе одржи мастер-клас на тема „The Endurance Mindset® for Resilience, Energy & Courageous Decisions“, наменет за лидери, менаџери и претприемачи кои носат одлуки ...
Даворка Биондиќ Винце, регионален лидер за деловно преговарање во набавка и продажба во FMCG-индустријата Со нас имате карти, но без нас немате ништо. Или ќе склучите договор или ние си одиме. Со таа изјава Доналд Трамп го заврши состанокот во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со што разговорот ескалираше и доведе до дипломатски хаос. Што со тоа објави Доналд Трамп? Перцепција дека има преговарачка моќ. Преговарачка ...
Компанијата „Пекабеско“ лани остварила вкупна сеопфатна добивка од 248,2 милиони денари, што претставува значителен пораст во споредба со претходната година. Во 2024 година добивката изнесувала 174,1 милион денари, покажуваат податоците објавени преку Македонска берза. Според објавените информации, вкупните приходи од работењето во периодот јануари–декември 2025 година достигнале 6,158 милијарди денари, што е зголемување од околу 3 проценти ...
Швајцарската мултинационална компанија „Нестле“ отвори нова фабрика за брендот Purina во градот Варжеао, во државата Санта Катарина, Бразил, со цел да го зголеми производството на влажна храна за кучиња и мачки. Фабриката ќе ја задоволи растечката побарувачка во Бразил – еден од најголемите пазари за храна за миленици во светот, со околу 110 милиони домашни животни. Инвестицијата изнесува 2,5 милијарди бразилски реали (околу 385 милиони евра) ...
Групацијата „Фереро“ ја претстави новата управувачка структура дизајнирана за понатамошно зајакнување на конкурентската позиција на компанијата во сегментот на кондиторски производи. Компанијата воведува две нови лидерски улоги, кои ќе му одговараат на претседателот на „Фереро интернационал“, Џовани Фереро, почнувајќи од 1 септември 2026 година. Алесандро Нервења, моментално главен директор за стратегија и иновации, ќе стане главен извршен ...
Индустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6,6% во однос на јануари 2025 година, објави денеска Државен завод за статистика. Во секторот рударство и вадење камен во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е забележан пораст од 2,5%, во секторот преработувачка индустрија има опаѓање од 8%, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пораст од 2,8%. ...
Сојузот на стопански комори на Македонија го продолжува трендот на дигитално надоградување и овозможува современа глобална комуникација за своите членки. Од денес, стартуваме со новата Б2Б платформа која ќе овозможи дигитално поврзување на повеќе од 10.000 македонски микро и мали компании, стои во соопштението на ССКМ. Од Комората најавија дека во следниот период, секоја компанија членка во деветте комори и повеќе групации при ССКМ, ќе има ...