Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бредли Баркола, одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и според сè, следната негова дестинација ќе биде Премиер лигата. Баркола сака да го напушти клубот, поради жестоката конкуренција на неговата позиција. Ливерпул засега покажува најголем интерес. Пари Сен Жермен реагираше и постави цена за крилниот напаѓач од 170 милиони евра. Ако ова е премногу за Ливерпул, шампионот на најсилната лига во светот сака да ја искористи шансата. ...
Тејлор Свифт и Тревис Келси добија емотивни пораки од семејствата на полицајци, пожарникари и припадници на итните служби кои ги загубиле животите на должност, откако двојката донирала 2 милиони долари на њујоршката организација „Answer the Call NYC“. Организацијата, која обезбедува финансиска и друга поддршка за семејствата на загинатите припадници на полицијата, противпожарните и итните медицински служби во Њујорк, јавно им се заблагодари ...
Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден. Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општина Аеродром како симбол на поддршката ...
Одлуката на Флорентино Перез и неговите блиски соработници, Реал Мадрид да издвои троцифрена милионска сума за потписот на 19-годишниот Јан Диоманде предизвика вистински фудбалски земјотрес. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го воодушеви светот со брилијантните настапи на неодамна завршеното Светско првенство и одличната сезона во Лајпциг, но сумата што надминува 100 милиони евра ја подели и јавноста, како и клупските ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, свика итен состанок на владата за денес поради шумските пожари кои се приближуваат кон Бордо на југозападот од земјата. Борбата против пожарот ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека пожарот се наоѓа на само 15 километри од градот. Според него, евакуацијата на ...
Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни „Со ...
Односите меѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се влошија. Францускиот напаѓач одбива да го напушти клубот и не прифаќа ниту една понудена опција за летен трансфер, што му создава сериозни проблеми на клупските челници во подготовките за новата сезона. Раководството на Ал-Хилал се обиде да ја реши ситуацијата нудејќи му на Бензема трансфер во еден од новите прволигашки тимови во лигата, но францускиот фудбалер ја ...
Google се соочува со проблеми во Швајцарија, а причината е нарушувањето на пазарната конкуренција. Швајцарската комисија за заштита на конкуренцијата (Weko) објави дека започнала прелиминарна истрага против Google поради сомневање дека неговата практика на одредување на стандарден интернет прелистувач ја нарушува пазарната конкуренција и го крши законот. Истрагата е започната поради одлуката на Google да ја укине опцијата во Швајцарија што им ...
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси излета од авионот откако се скрши прозорецот на надморска височина од шест илјади метри тврди дека компанијата му понудила само нов авионски билет како компензација. Љубиша Каровиќ, 61-годишник од Србија, ангажирал адвокат и бара компензација од ирската авиокомпанија, објавува The Telegraph. Инцидентот се случи пред две недели на утрински лет од Грција до Германија. Каровиќ спиел кога прозорецот до ...
Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство. Винчиќ се пензионира на 46 години, а неговото заминување беше потврдено од Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна, беше вклучен во Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и во четвртфиналниот натпревар. Во ...
Од врвот на Microsoft дојде предупредување до компаниите за влијанието на вештачката интелигенција. Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, ги предупреди компаниите што користат вештачка интелигенција дека би можеле да ја изгубат контролата врз своите највредни деловни информации додека плаќаат за користење на услуги за вештачка интелигенција (AI). Надела предупреди во блог пост дека корисниците на големи AI модели, како оние развиени ...
Понеделник, 27 јули, носи динамичен почеток на новата недела. За дел од хороскопските знаци во центарот на вниманието ќе бидат работата и финансиите, други ќе треба да посветат повеќе внимание на љубовните и семејните односи, а некои ќе добијат можност да направат важен чекор напред. Еве што ви носи денот и на што треба да обрнете посебно внимание. ОВЕН Ќе имате многу енергија и желба уште на почетокот на неделата да завршите што повеќе ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, продолжи да му се заканува на Иран вчера, и покрај привременото прекинување на непријателствата. На својата социјална мрежа Truth Social, тој објави серија слики генерирани од вештачка интелигенција кои го покажуваат уништувањето и запленувањето на ирански бродови и енергетска инфраструктура, пишува The Times of Israel. На најавите им претходеа два мирни дена на Блискиот Исток, по 13 дена интензивни ...
Две лица се убиени, а најмалку пет се повредени во пукотница што се случи вчера вечер по локално време на популарниот фестивал на храна „Bite of Seattle“ во центарот на Сиетл. Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека го истражува инцидентот со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува BBC. WATCH: Moment gunshots fired at Seattle Center near iconic Space Needle pic.twitter.com/ZlmQTYmUiA — ...
Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ. „Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста ...
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Уште една тажна вест. Нѐ напушти Гоце Тодоровски – голем човек, голем актер и едно од најпрепознатливите лица на македонската театарска и филмска сцена, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со неговите улоги растеа генерации. Нѐ смееше, нѐ трогнуваше и оставаше трага што никогаш нема да избледи. Неговото дело ќе продолжи да живее, затоа што вистинските великани никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на народот и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Иран веќе ја нападнал Украина во моментот кога таа почнала да испорачува оружје на Русија и предупреди дека мора да се направи сè за да се спречи отворање на нов фронт. Во интервју за Sky News, тој ги коментираше и несогласувањата меѓу военото раководство и Министерството за одбрана, кои го отежнуваат мобилизирањето и организирањето на воздушната одбрана, и ја изрази својата проценка ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека заедничките воени операции меѓу Израел и САД значително ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и ја вратиле неколку години назад. Во интервју за „Фокс њуз“, тој тврди дека 20 водечки ирански нуклеарни научници биле ликвидирани во две операции. „Во двете операции што ги спроведовме со Соединетите Американски Држави, ликвидиравме 20 од нивните врвни нуклеарни научници“, рече Нетанјаху. ...
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс присуствуваше на свадбата на својата внука Ема Робертс и актерот Коди Џон, која во саботата се одржа на семејниот имот на младоженецот во Сан Вали, Ајдахо. Ѕвездата на „Pretty Woman“, која има 58 години, беше фотографирана меѓу бројните гости на церемонијата на отворено. Таа седела во вториот ред и покрај високите температури носела долг фустан со сино-бели точки и долги ракави. Препознатливата црвена коса ...
Тадеј Погачар уште еднаш влезе во историјата на велосипедизмот. Словенечкиот ас по петти пат во својата кариера го освои Тур д’Франс, најпрестижната велосипедска трка во светот, со што се изедначи со најголемите легенди на овој спорт. Словенечкиот ас рутински ја заврши последната, 21-ва етапа во Париз и со тоа одбрани голема предност во генералниот пласман. Трката ја заврши 6 минути и 26 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул. Со овој ...
Спиењето со чорапи за многумина е вообичаена навика, особено во постудените ноќи, а топлите стапала кај некои луѓе можат да помогнат и полесно да заспијат. Сепак, експертите предупредуваат дека проблем може да настане доколку во кревет се легнува со истите чорапи што биле носени во текот на целиот ден. Како што пишува „Express“, комбинацијата од телесна топлина, пот, влага и ткаенина може да создаде погодни услови за размножување ...
Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер ...
Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“. Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра. Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински прегледи и ќе потпише договор што ќе го врзе со Реал до ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Унгарија – 11. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот ја забележа својата прва победа оваа сезона и прва откако минатата година стана шампион. Норис дојде до триумф со 15 секунди предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, беше главниот ...
Американско-рускиот вселенски екипаж безбедно се врати на Земјата по повеќе од осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС). Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во степите на Казахстан со вселенското летало „Сојуз МС-28“. Капсулата успешно се спушти со падобран во однапред определената област, со што заврши нивната долготрајна мисија во орбитата околу Земјата. ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој ...
Принцот Хари приреди неочекувано појавување во австралиското издание на „MasterChef“, откако преку видеоповик ѝ се јави на својата сопруга Меган Маркл токму додека таа учествуваше како гостин-судија во популарното кулинарско шоу. Војводата од Сасекс се јави во студиото за време на неделната епизода, додека Меган и останатите судии ги дегустираа јадењата подготвени од натпреварувачите. Член на продукцискиот тим ѝ пријде на Меган со телефонот ...