Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
„Ова е песната којашто ќе ви го успори животот за момент, ќе ве натера да се насмевнете без никаква причина, а притоа ќе продолжите да уживате во текот на денот…“ Со овие зборови Александар Тарабунов – Тара го најави своето ново музичко издание „Прва љубов“, песна зад која се крие посебна семејна приказна и повеќе од половина век музичка историја. Композицијата првпат била изведена во 1973 година на фестивалот „Скопје“, а тогаш ја отпеал ...
Вистинска драма се одвиваше во попладневните часови во Дубровник, каде што, поради големи бранови и тешки услови во морето, беше организирана итна спасувачка операција за спасување на три лица. Сè започна кога еден пливач се најде во исклучително опасна ситуација и не можеше сам да излезе на површина или да стигне до карпестиот брег. Во обид да му помогне, странски државјанин скокна во морето без двоумење, но бурните бранови набрзо и него го ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.367,12 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 25,58 поени, односно за 0,27%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Последните пет години беа една од најрешителните и најодговорните фази во историјата на Русија, во која, во услови на жестока борба и конкуренција, почнаа да се обликуваат контурите на новиот светски поредок, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Зборувајќи на состанокот со пратениците на Државната дума од осмото свикување, Путин оцени дека периодот за време на мандатот на сегашното свикување на парламентот беше сложен и ...
СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка. Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти. Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија. Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, ...
Доказите обезбедени во истрагата за организираната криминална група поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, позната во јавноста како случајот со нелегалниот ботокс, доведоа до отворање на нова истражна постапка против две лица. Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), првоосомничениот се товари за кривичното дело „примање ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...
Кога се зборува за опасни професии, повеќето луѓе прво помислуваат на рудари, градежни работници или лица кои секојдневно се изложени на опасни материи. Сепак, лекарот по општа медицина д-р Амир Кан предупредува дека и професиите кои на прв поглед изгледаат сосема безбедно можат со текот на годините да остават сериозни последици врз здравјето. Како што објаснува, во својата ординација сè почесто среќава пациенти чии здравствени проблеми се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
Реал Мадрид не се откажа од Алесандро Бастони, но Интер нема намера да го пушти за помалку од 70 милиони евра. Како што објави „АС“, Жозе Мурињо сака уште еден врвен стопер, иако клубот веќе имаше многу активно лето и ги донесе Ибрахима Конате, Марко Кукурељо и Дензел Дамфрис. Португалецот врши голема реконструкција на одбраната, а Бастони наводно е профилот што најмногу му се допаѓа. Реал претходно го обележа Ник Шлотербек како последно ...
Рибата важи за една од највредните намирници во исхраната, но тоа не значи дека секој вид е подеднакво добар избор. Видот на рибата, нејзиното потекло, свежината, начинот на чување и подготовката можат значително да влијаат врз квалитетот и безбедноста на оброкот. Со правилен избор и подготовка може да се зачува хранливата вредност на рибата, а истовремено да се намали изложеноста на одредени загадувачи и ризикот од расипување. Поголемите ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува ...
27 јули 2026 година, Скопје– Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните ...
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите ...
Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и најпрепознатливи настани на фестивалот – традиционалното Фолклорно дефиле „Со песна и игра низ битолските улици“. Стотици учесници од земјата и од светот, облечени во автентични народни носии, ќе продефилираат низ најпознатата ...
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. Хемискиот инженер Емилија Аневска од ЈП „Водовод“ Скопје изјави дека ...
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...
Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде ...
Менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, изјави дека веќе има идеја како да го вклопи рекордното засилување Морган Роџерс со Кол Палмер, еден од најдобрите играчи на лондонскиот клуб. Роџерс стана најскапиот британски фудбалер во историјата минатата недела откако се пресели од Астон Вила на Стемфорд Бриџ за 117 милиони фунти. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на одмор откако играше за Англија на Светското првенство, додека Челзи веќе ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces“, посветен на зајакнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки. Проектот, финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, има цел да го поттикне активното учество на младите, да ја унапреди соработката меѓу ...
Украина во текот на ноќта изврши напад со дронови врз повеќе руски региони, при што биле погодени трговското пристаниште во Ростов, складиште со државни резерви на гориво во Удмуртија и градот Белгород, објави Kyiv Post, повикувајќи се на независниот медиум Astra. Според руските власти, во Ростов загинале две лица, а петмина се повредени. При нападот избувнале пожари во приватна компанија и складишта, а оштетени биле и станбени објекти. В ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на ...
Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење. Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на ...
Италијанската финансиска полиција денеска извести за заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објавува „Ројтерс“. Кокаинот е откриен на брз чамец, а уапсени се четири лица на бродот. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia di Finanza во соопштение ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација, соопшти Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. ...
Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Неговото назначување беше суспендирано во последен момент од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) поради комерцијалната соработка на Пиро со руската обложувалница Фонбет. Веста за прекин на преговорите го затекна тренерот синоќа во автобус, додека се враќаше од пријателски натпревар во Салцбург. Малдини и Леонардо, технички директор и советник ...
Аралското Море, некогаш четврто најголемо езеро во светот, за само неколку децении се претвори во симбол на една од најголемите еколошки катастрофи предизвикани од човекот. Езерото, кое се наоѓа меѓу Казахстан и Узбекистан, во 1960 година зафаќало површина од околу 68.000 квадратни километри, додека денес најголемиот дел од неговото некогашно дно е претворен во огромна солена пустина. Новото научно истражување објавено во списанието ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. „Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и ...