Петина од украинската територија е под руска окупација, а голема карта која тоа подрачје го прикажува со црвена боја беше поставена во Овалната соба за време на разговорите на претседателот Доналд Трамп со Володимир Зеленски во понеделникот, пишува Би-Би-Си. „Претпоставувам дека сите ја видовте картата“, рече Трамп за Fox News во вторникот. „Голем дел од територијата е заземен.“ Пораката на Белата куќа до Украина е јасна – таа земја е изгубена ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди висок функционер на Белата куќа и уште еден извор запознаен со плановите за „Си-ен-ен“. Рубио, кој во моментов ја извршува и функцијата привремен советник за национална безбедност, ќе соработува со европски советници за национална безбедност на предлог со кој би ѝ се гарантирала одбрана на Украина доколку ...

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен ...

Вечерва, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач во последните денови е во центарот на трансфер сагата, во која се обидува да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул. Исак долго време молчеше и избегнуваше медиумски настапи, но вечерва објави „стори“ на Инстаграм во која истакна дека Њукасл не ги исполнил ветувањата и дека би било во најдобар интерес ...

Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот. Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу. Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече. Рабио и Роу, според француските медиуми се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера разговараше по телефон со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Главна тема на разговорот беше блокадата на Орбан на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија, според извори запознаени со ситуацијата, објави „Блумберг“. Повикот на Трамп до Орбан следеше по состанокот во Белата куќа, каде што тој разговараше со ...

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ). „АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“. 29-годишната ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот австралиски колега Ентони Албанезе за „предавство на Израел“ и „напуштање“ на еврејската заедница во Австралија, ескалирајќи ги веќе напнатите односи меѓу двете земји, објавува BBC News. Нетанјаху рече дека историјата ќе го памети Албанезе „затоа што е слаб политичар“. Овие остри зборови дојдоа откако Австралија вчера му забрани влез на крајно десничарскиот член на владејачката коалиција ...

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи. По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“. Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот. Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција. „Сакам да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и дава непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте. Според него, на следниот самит, лидерите ќе продолжат да го ...

Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга би можел да го смени клубот и да се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед. Тренерот на тимот од „Олд Трафорд“ Рубен Аморим сака засилувања во средниот ред, првата идеја беше да се доведе Карлос Балеба од Брајтон, но Јунајтед нема намера да плати 120 милиони евра. Како што објави „Фихајес“, Јунајтед се насочи кон Едуардо Камавинга и се очекува дека Реал би можел да го пушти за 80 милиони евра. ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, одржа редовен брифинг за новинарите на кој ја разгледа средбата меѓу Трамп и Путин во Алјаска и вчерашниот историски состанок со Зеленски, лидерите на ЕУ и шефот на НАТО. Во воведот, таа го пофали Трамп и неговите напори за завршување на војната во Украина, а потоа ги нападна одредени медиуми кои го критикуваа него и неговата администрација за средбата со рускиот претседател. Таа истакна дека Трамп ...

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер. „Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во ...

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и дека следниот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец, објавува The Guardian. Зборувајќи по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот состанок на украинските и неколку европски лидери со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, Калас ...

На денешната седница на Владата, по предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, беа усвоени одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции. „Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот ...

Авион на „Кондор ерлајнс“ на пат од Грција кон Германија мораше да изврши итно слетување во Италија бидејќи еден од моторите се запали кратко по полетувањето. Инцидентот предизвика паника кај патниците, а еден од нив дури и испратил проштални пораки до своите најблиски од страв, пишува „Њујорк пост“. „Боинг 757“ со 273 патници и осум членови на екипажот летал од Крф до Дизелдорф во саботата. Проблемите започнале на надморска височина од речиси ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека на ...

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити. Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро. „Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа ...

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе избере Консултант за изработка ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, повторно проговори за обидите да се запре војната меѓу Русија и Украина. Орбан, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, рече дека „ризикот од Трета светска војна може да се намали само со средба меѓу Трамп и Путин“. Во исто време, тој му противречеше на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претходно изјави дека процесот на членство на Украина во ЕУ треба да се забрза. „Потврдено е дека ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница. „Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од приватни причини“, рече ...

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно за да избегнете стрес и дополнителни трошоци. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година. Од УЈП велат дека до овој момент, само 11% од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска. „Поради ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба и на Општина Шуто Оризари ќе се одржи на 21 август 2025 (четврток) во салата на Советот на Град ...

Украинскиот моден дизајнер Виктор Анисимов, кој работеше на оделото за претседателот Володимир Зеленски, истакнува дека поформалниот стил што Зеленски го одбра за посетата на Белата куќа бил однапред планиран и не е само реакција на критиките што ги добил по февруарската средба во Овалниот кабинет. Анисимов објаснува дека на новиот изглед работеле уште од јануари, пред да се појават критиките за претходниот избор. Иако Зеленски е познат по ...

Успеавме да заштедиме 115 милони евра откако го добивме арбитражниот спор со дел од инвеститорите од рудникот Казан дол во Валандово, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и претседател на координативното тело на Владата за арбитражни спорови. “Државата беше тужена од страна на неколку инвеститори во рудникот Казан дол во Валандово. Нивното барање беше оштета од 115 милиони ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера. Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп. Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на Путин. Зборувајќи за писмото на Олена Зеленска, Трамп изјави за ...

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани до странките, поради тоа што од затворот во Шутo Оризари не биле спроведени притворените лица на закажаните рочишта. Од Судот наведуваат дека меѓу одложените предмети имало и случаи од одделот за организиран криминал и корупција, со повеќе од десетина обвинети, за кои течат законски рокови за постапување. Судот ...

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица. Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Ечевери пристигна во Сити минатата година ...

Германската убавица гордо позираше гола за насловната страница на списанието „Paris Match“, а фотографијата ја објави на социјалните мрежи. Моделот Хајди Клум, која неколку пати докажа дека нема проблем да се разголи, конечно ја постигна својата цел. Таа позираше гола за насловната страница на гореспоменатото списание и со тоа им го помати умот на многу луѓе. Сосема гола и без шминка, таа зборуваше за својата професионална кариера како модел, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
82%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.53
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.36
98%
1026
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1023
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
71%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.45
85%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5888