Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува со ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои, како што велат, не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел ...

Откако беше разоткриен неговиот план за продажба на дел од Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, презема конкретни чекори за негова реализација. Тој план вклучува уцена. Новите информации за овој земјотрес во светот на фудбалот, кои сега пристигнуваат од час во час, велат дека шефот на ФИФА почнал да ги уценува сите федерации во светот да ја одобрат продажбата што ја договорил, во спротивно ќе се соочи со финансиски ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство на електрична енергија, ...

Криминалецот Христијан Мицкоски повторно се заканува со Обвинителството. Повторно ги злоупотребува семејствата на настраданите во ковид и во модуларната болница. Повторно лажни обвинувања, затоа што е виновен за труење на народот. Повторно си игра со емоциите и чувствата на семејствата на настраданите, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот дека имало пријави за неквалитетна вода во Гостивар уште од 2021 година кога Венко Филипче бил ...

Нејмар, еден од најдобрите бразилски фудбалери во историјата, официјално потврди дека повеќе нема да игра за репрезентацијата. 34-годишниот напаѓач ја објави својата одлука по победата на неговиот клуб Сантос од 4-2 над Универсидад Централ во Копа Судамерикана. Во емотивна изјава, Нејмар рече дека дал сè за дресот на својата земја. „Моето време во репрезентацијата заврши. Испишав историја, бев многу среќен, ја дадов мојата крв и мојот живот ...

Оскаровецот и фронтмен на групата „30 Seconds to Mars“, Џаред Лето, повторно се најде во центарот на сериозен скандал, откако четири жени во документарен филм на Би-Би-Си изнесоа тешки обвинувања за наводно сексуално недолично однесување кон нив додека биле малолетни или многу млади. Наводните настани се однесуваат на периодот меѓу 2002 и 2016 година, кога Лето бил во своите триесетти и четириесетти години. Жените кои ги изнесоа ...

Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните, изјави Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да ...

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола (23), постигнал усмен договор со Ливерпул за евентуален трансфер на „Енфилд“ ова лето, објавува францускиот весник „Лекип“. Весникот додава дека играчот веќе разговарал со клубот, па дури и со менаџерот на англискиот тим, Андони Ираола. И покрај овој важен чекор, трансферот е далеку од реализација. Баркола веќе одлучил да не го обнови договорот со Пари Сен Жермен, кој истекува во јуни 2028 година, ...

Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв контакт поврзан со епидемијата, а министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека тоа укажува на смирување на состојбата. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемијата ќе има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар“, изјави Клековски. Според него, намалувањето на бројот на новорегистрирани ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), телото одговорно за Правилата на играта, издаде појаснување во врска со употребата на ВАР технологијата за време на Светското првенство во 2026 година, отворајќи нова дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот. Во објаснувањето објавено од IFAB се наведува дека ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играч со жолт картон, но не и за преиспитување ...

На предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. „Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги ...

Бразилскиот напаѓач донесе одлука да остане во Реал Мадрид. Арсенал е заинтересиран за него, му нуди неделна плата од 400.000 фунти, но Винисиус не сака да го напушти Мадрид. На новиот тренер на Реал, Жозе Мурињо, му е јасно дека Бразилецот е многу важен играч за тимот и поради тоа се потрудил да го убеди да остане во Мадрид, објави „Скај Спортс“. Винисиус влезе во последната година од договорот со Реал, а двете страни во преговорите се во ...

Последните промени долж бреговите на Мртвото Море привлекоа огромно внимание низ светот, откако на место кое со векови било симбол на сурова и речиси безживотна природа почнаа да се појавуваат слатководни базени исполнети со растенија и воден свет. За многумина овие сцени потсетуваат на библиските пророштва стари повеќе од 2.500 години, додека научниците тврдат дека станува збор за природен геолошки процес. Мртвото Море – едно од ...

Во земјава се потврдени три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број евидентирани случаи годинава се искачи на 11. Министерот за здравство, Сашо Клековски соопшти дека двајца од новозаболените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е сместен на Клиниката за неврологија. „Покрај случаите поврзани со престој во Грција, сега имаме и случаи кај лица кои не патувале надвор од државата и се од ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под силен притисок од УЕФА, која сериозно ја разгледува можноста за бојкот на Светското првенство поради плановите за предавање на дел од комерцијалните права на ФИФА на приватни инвеститори. Пред неколку месеци, Инфантино тесно соработуваше со американскиот претседател Доналд Трамп, а дури сега стана јасно што стои зад таа соработка. Првиот човек на ФИФА сака да го одвои комерцијалниот дел од ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти ...

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските ...

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ. „Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...

Бразилскиот фудбал доби една од најнеобичните дисциплински одлуки во последните години. Дефанзивецот на Интернационал, Виктор Габриел, нема да може да игра сè додека напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пек, не се опорави од скршената нога и не добие дозвола да се врати на тренинзите. Одлуката ја донесе Врховниот спортски суд на Бразил, највисокото независно тело задолжено за дисциплински постапки во фудбалот. Габриел беше казнет со суспензија од ...

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчии, со цел да се поддржат занаетчиските дејности кои бележат континуирано намалување и да се придонесе за зачувување на традиционалните занаети. За мерката информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека занаетите се важен дел од традицијата, културата и идентитетот на градот. „Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска ...

Технолошкиот гигант Nvidia претстави серија колекционерски картички наречени „GeForce Trading Cards“ кои, според компанијата, претставуваат „најголемите моменти во историјата на GeForce PC гејмингот“. Маркетиншкиот потег, сепак, доаѓа во прилично лошо време, кога гејмерите ширум светот се доста лути на компанијата. Nvidia, всушност, долго време им дава приоритет на своите клиенти за вештачка интелигенција, пренасочувајќи ги ресурсите кон ...

Ребалансот на буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ребалансот на буџетот не документ на паника и не е отстапување од економската политика, туку е навремено приспособување на буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 ...

Најмалку 13 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер што го погоди подрачјето во близина на јапонскиот град Кумамото, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани затрупани под урнатините, пренесува Ројтерс. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека операцијата е „трка со времето“ и оти ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за спасување на што е можно повеќе луѓе. Најголема трагедија се ...

Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди стана најбрзиот бел човек во историјата на атлетиката. Делницата од 100 метри ја истрча за 9,85 секунди. Кенеди го постигна најголемиот успех во својата кариера освојувајќи сребрен медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов. 22-годишниот Австралиец имаше одличен почеток и беше во водство до 60-тиот метар, но во финишот беше престигнат од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со време од 9,83 секунди, што е ...

Microsoft објави детали за нов деструктивен малициозен софтвер за Windows кој им овозможува на напаѓачите далечински пристап до заразените компјутери. Малверот, наречен GigaWiper, им овозможува на напаѓачите и следење на активностите на корисниците и целосно уништување на системот, а истражувачите првпат го идентификуваа за време на деструктивните напади регистрирани во октомври 2025 година. Анализата покажа дека GigaWiper не е развиен како ...

Работниот ден во ресторанот „Сендан Шокудо“ во јапонскиот град Јацуширо се приближувал кон крајот кога силен земјотрес ја затресол целата зграда. Предмети паѓале од полиците, а садовите се распрснале на парчиња. Тоа бил вовед во катастрофата што во вторникот вечерта ја погоди префектурата Кумамото, каде што во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер загинаа најмалку 13 лица, објавува Би-Би-Си. Сопственичката на ресторанот, ...

Опозициските партии Левица и СДСМ излегоа со одделни реакции против Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој влезе во собраниска постапка. Двете партии го оспоруваат предвидениот начин на трошење на јавните средства, додека Левица отвора и прашања за назначувањето на Марјан Цветковски за директор на фондацијата што треба да го спроведува проектот. Од Левица тврдат дека градоначалникот ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш покажа дека неговото семејство е негов врвен приоритет, дури и кога станува збор за незамисливи финансиски понуди. Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, откри дека неговиот клуб се обидел да го доведе Меси откако тој го напушти ПСЖ, нудејќи му договор каков што спортскиот свет никогаш порано не видел. Според него, Ал-Итихад му понудил на легендарниот ...

Иран во наредните неколку недели би требало да ја добие првата пратка од најмногу 400 кинески преносни противвоздушни ракетни системи (MANPADS), објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со договорот. Според агенцијата, договорот е вреден меѓу 60 и 70 милиони долари и опфаќа набавка на 300 до 400 системи, меѓу кои моделите QW-12 и FN-16. Наводно е склучен преку компанијата Zhongqing Baoshang International Investment од Хонг ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54