Како носечки ресори во Владата на Северна Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот. Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел, рече во видеоизјава вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по министерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува ...

Седумдесет и едногодишниот Јурај Цинтула, кој вчера пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо и тешко го рани, изјавил дека го направил тоа зашто не се согласувал со политиката на владата, особено со предложеното укинување на државната телевизија. Неколкумина сведоци кажаа дека Цинтула се доближил до Фицо и му се обратил, по што испукал пет куршуми, од кои три го погодиле. Словачките медиуми објавија дека Цинтула е писател и поет од гратчето ...

Директорката на болницата во Бањска Бистрица, Миријам Лапуникова изјави дека премиерот на Словачка, Роберт Фицо, врз кого вчера беше извршен атентат, има повеќе прострелни рани. -Операцијата траеше пет часа, учествуваа две оперативни екипи. Пациентот има повеќе прострелни рани. Во моментов неговата состојба е стабилна, но многу сериозна, рече Лапуникова. Според информациите, премиерот ќе остане на одделението за интензивна нега. Министерот за ...

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час). Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ...

Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ја помина првата ноќ во македонски затвор откако вчера беше екстрадиран во земјава. По околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир тој вчера беше спроведен со редовен лет на Туркиш Ерлајнс на скопскиот аеродром. Палевски ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник. Просторијата во која ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет во пукотница пред зградата на Владата, откако ја напуштил зградата по завршувањето на седницата. Тој е хоспитализиран, а напаѓачот е уапсен. Според првите информации, Фицо бил застрелан во Братислава по состанок на владата, недалеку од културниот центар. По истрелите тој паднал на земја, а обезбедувањето кренало, го ставило во автомобил и го однело во болница. Медиумите јавуваат дека зградата пред која се ...

Во Северна Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе од пет грама сол на ден, а кај нас просечен дневен внес на сол е 12,1 грама, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Недела за подигнување на свесноста за солта. – Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта“, истакнувајќи ...

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) отвора нова студиска програма по дигитално земјоделство. Програмата има мултидисциплинарен пристап и се реализира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и Машинскиот факултет – МФ, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. – Акцентот на студиската програма е ставен на ...

Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области – дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон ...

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле ...

Иако овој датум сѐ уште не е означен како официјален државен празник, од 2010 година тој се празнува и одбележува од Македонците низ светот. Знамето, заедно со химната и грбот, е суштествен државен белег на секоја земја и обележје со кое се идентификуваат секој народ и држава. Актуелното македонско државно знаме е усвоено во Собранието, во октомври 1995 година. Идејата за знаме на Македонија се јави неколку години претходно, веднаш по ...

Кардиоваскуларните болести се причина за 4 смртни случаи од 10 во Европа, што значи дека 10.000 луѓе умираат од овие болести секој ден на европскиот континент, а четири милиони годишно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), советувајќи ги Европејците да консумираат помалку сол. – Имплементацијата на политиките насочени кон намалување на внесот на сол за 25 проценти може да спаси околу 900.000 животи изгубени од ...

Во сабота на 18 мај во Центар Јадро со почеток од 13 часот во склоп на „Сакура“, Фестивалот за Јапонска култура ќе се одржи работилница за манга. „Најспецифичните анимирани ликови кои ни доаѓаат од манга стриповите ќе ни бидат претставени на следната работилницата. Иако многумина мислат дека постои само еден манга стил и на прв поглед изгледаат многу слично има илјадници стилови и начини како може да се осмислат и креираат вакови ликови“, велат ...

Граѓаните кои живеат во општина Центар можат да ги пријават проблемите поврзани со јавната чистота, но и други комунални проблеми, кои потоа треба да ги решат општинските служби и хигиеничарите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. На телефонскиот број 076350767 може да се побара косење на израсната трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет од јавните површини кои се во општинска надлежност. Герасимовски исто така ги ...

УЈП објави список на должници со имиња на луѓе и фирми. На Листата на должници бр.05/2024 објавени се 1918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2024 изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 ...

Денеска камерата на ТВ21 сними поставување на нови камери. Се работи за раскрсницата кај ТЦ Мавровка, каде секој прекршок ќе биде снимен. На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на ...

Советот нa ЕУ денеска одобри заклучоци со кои се повикува на зголемена поддршка за поттикнување на позитивното влијание на инфлуенсерите, имајќи предвид дека нивните онлајн содржини и информации секојдневно ги консумираат се поголем број луѓе во Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот се посочува дека влијанието на инфлуенсерите, кои се дефинирани како „онлајн креатори кои објавуваат содржини на социјалните медиуми и ...

Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и ...

За да ја изразат поддршката и солидарноста за палестинскиот народ, студенти во Солун и Атина, организирани од нивните здруженија, во текот на ноќта, со поставени шатори одржаа мирни протести со што се вклучија во пропалестинското студентско движење што започна во САД, јави дописничката на МИА од Атина. Во Солун студентите се собраа пред Белата кула и во пошироката околина ги поставија шаторите, додека пак во Атина, протестот што започна синоќа ...

Под мотото „Вкус и традиција“, од 17 до 19 мај во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на македонски домашни производи. Изложувачи на Фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци. Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, ...

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на ...

„Музиката е откровение повисоко од сите мудрости и филозофии… Оној којшто сака да ја разбере мојата музика, треба да се ослободи од секоја невоља која ја влечат со себе останатите луѓе“ – Л.Бетовен Едно од најголемите ремек-дела во класичната музика е Бетовеновата Деветта. Виена ја прославува 200 годишнината од нејзиното создавање (7 мај 1824), поточно од нејзината премиера, којашто се случила токму во овој главен музички центар во Централна ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции – нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во Американ колеџ. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години. Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават. Но, на Пендаровски и во ...

Доколку се одржи референдум за влез на државата во Европската Унија (ЕУ), 68 отсто од граѓаните на Македонија би гласале за, покажува последното мултинационално истражување за Западен Балкан од Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Како и во Македонија, така и во Босна и Херцеговина, 68 отсто од граѓаните се за членство на земјата во ЕУ, додека најголем во најголем процент за се изјасниле граѓаните ...

Во тек е повикот за доделување на Европските награди за истражувачко новинарство за 2024 година. Новинарите од Западен Балкан и Турција можат да ги поднесат своите истражувачки стории публикувани во изминатата календарска година. Наградниот фонд е 10,000 долари за секоја од државите покриени со повикот и тоа 5,000 долари за прво место, 3,000 дорлари за второ и 2,000 долари за трето место. Рокот за пријавување истекува на 13 јуни 2024 година. ...

Европскиот парламент сака да воведе само обновливи пакувања до 2030 година со цел да се намали количината на отпад во Европа за најмалку 15 отсто до 2040 година, пишува Дојче веле. Прво, тие сакаат да променат некои ситници кои предизвикуваат да се акумулираат неколку тони отпад секоја година. На пример, сите оние мини-пакети шеќер, зачини, кечап или путер што ги добиваме во хотелите од 2030 година повеќе нема да бидат дозволени доколку не се ...

Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%. Најмалку информирани за ...

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026). Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, ...

Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево. Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека ...

Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. – Примарната цел на проектот е да ги поттикне младите девојки и жени – на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија, да преземат ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
57%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
38%
1024
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.8
57%
1021
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
56%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.2
45%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
29%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1019
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.79
46%
1024
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
10.8
43%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60