Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денеска е петок, 1 мај 2026 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 244 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 14 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во 19 часот и 44 минути, а ќе зајде во 5 часот и 23 минути. Први мај е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Македонија. По традиција повеќето го користат ...
Кошаркарите на Гостивар со убедлива победа ја завршија натпреварувачката сезона, откако синоќа на домашен терен го совладаа Чаир 2030 со 107:72, во последниот меч од лигата за опстанок во „МТЕЛ“ Супер лигата. Гостиварци го одиграа својот најдобар натпревар сезонава чувајќи го водството во текот на целиот меч. По речиси изедначената прва четвртина, која ја добија со 21:19, домашниот тим ја зголеми предноста на 42:31 на полувреме. По третата ...
Жителите од гостиварските населби Фазанерија и Циглана, долги години наназад се жалат на проблеми со водоснабдувањето, чест недостиг на вода или намален притисок во чешмите. Ситуацијата особено се влошува во текот на летниот период, кога температурите се високи, а чешмите им остануваат суви и немаат вода за основните потреби. Проблемот беше актуелизиран на денешната седница на Советот на Општина Гостивар од страна на советничката група на ...
Цените на нафтата повторно се во фокус на светските пазари, а новите геополитички тензии на Блискиот Исток создаваат дополнителен притисок врз глобалното снабдување и очекувањата за поскапување на горивата. Според последните информации, цената на Brent суровата нафта порасна за повеќе од 1 процент и достигна околу 106 долари за барел, додека американската WTI нафта се движи околу 95 долари за барел. Главната причина за новиот раст се застојот ...
Царински службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје при контрола на двајца македонски државјани, сопружници, пронашле 68 илјади австралиски долари. „Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи.“, информираше Царинската управа. Од ...
Македонија е рангирана на 45. место од вкупно 180 земји во најновиот Индекс на слободата на медиумите за 2026 година на „Репортери без граници“, што претставува пад од три позиции во однос на 2025 година, кога земјава беше на 42. место. Според индексот, земјава има вкупен резултат од 69,49 поени, наспроти 70,44 поени минатата година. Во оценката се наведува дека новинарите во Македонија не работат во изразито непријателска средина, но дека ...
На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа донесени неколку одлуки за доделување финансиски средства од годинешниот општински буџет. Советниците изгласаа одлуки со кои се издвојуваат средства за поддршка на спортот и културно-забавниот живот. Средства ќе добијат КК Шар Планина, Шаховскиот клуб, како и проект на „Стресат груп“, кој, како што беше речено на седницата, е наменет за збогатување на културно-забавниот живот на ...
Вчера (28.04.2026) во 16:10 часот во ОВР Гостивар, Р.А.(42) пријавил дека по вербална расправија во училница во гостиварско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Исто така, вчера во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 17-годишник, во присуство на родител, пријавил дека околу 13:00 часот во близина на градската болница бил следен од две лица, при што едното од нив му се заканило со нож, по што тој успеал да ...
Сојузот на синдикатите на Македонија на Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај организира протест во Скопје под мотото „За плата се бориме-не се молиме“. По тој повод сојузот излезе со повик до работниците во кој меѓу другото се вели: „Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина. Повикуваме на солидарност и од работниците за кои ...
Мирот во семејството не се постигнува со постојано повторување, долги објаснувања и расправии, туку со јасни, кратки и доследни правила што децата лесно ги разбираат. Експертите за воспитување посочуваат дека една од најефикасните пораки во секојдневната пракса е: „Прво обврска, па потоа избор.“ Тоа значи дека детето најпрво треба да ја заврши домашната задача, да ги среди играчките или да ги исполни основните обврски, а дури потоа да добие ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување во кое се вели дека утре (четврток) под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. ...
Со оглед дека месец мај почнува со неработен ден заради државен празник (1 мај, петок), дел од банките во земјава информираа дека почнаа со исплата на пензиите за април, со цел пензионерите да може да располагаат со парите непречено. Повеќето банки соопштија дека априлските пензии се исплатени или ќе бидат во текот на денешниот ден и пензионерите може да ги користат средства веднаш. Банките советуваат користење на мрежата на банкомати, ...
Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Гостивар е опремено со нова современа медицинска опрема, обезбедена преку донација во рамки на меѓународен проект за унапредување на здравствените услуги за мајките и новороденчињата. Станува збор за ехо апарат, инкубатор, родилни кревети, монитори за пациенти и новороденчиња и друга медицинска опрема, што ќе придонесе за подобрување на условите за работа на здравствените работници и ...
Народниот правобранител изрази длабока загриженост за случај на сериозно врсничко насилство извршено од група ученици врз нивна соученичка, кој содржи елементи на физичко и психичко малтретирање, понижување и деградирачко постапување. „Ваквите настани претставуваат тежок облик на повреда на правата и достоинството на детето и укажуваат на сериозни слабости во системот на превенција и заштита од насилство во образовните установи.“, потенцира ...
Вчера (28.04.2026) во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра. „Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред ...
Центарот за управување со кризи во Гостивар спроведува активности за подигнување на свеста кај најмладите за правилно реагирање во итни ситуации, односно за значењето и функцијата на бројот за итни случаи 112. Како што информираат од Центарот, „Тимот на ЦУК одржа едукативни предавања во училиштата во Долна и Горна Бањица, со цел младите да се запознаат со важноста на бројот 112 и преку разговор, практични примери и совети, да научат кога и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „послужување“. „Во текот на 2025, со прикривање на факти, и покрај тоа што била одземена лиценцата за управување со станбени згради, фирмата продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се ...
Кошаркарскиот клуб Гостивар вечерва, вторник 28 април, од 18:00 часот во спортската сала „Младост“ го игра последниот домашен натпревар од сезоната 2025/2026 во рамки на завршницата од Супер лигата. Со оглед на состојбата на табелата, овој дуел практично е последниот суперлигашки домашен настап на КК Гостивар по девет сезони континуитет во најсилното македонско кошаркарско друштво. Противник на гостиварци е екипата на Чаир 2030, која е ...
Иако во западната историја најчесто се истакнуваат античка Грција и Рим, Персиското царство оставило длабоки траги врз современиот свет. Од поштенскиот систем и патната инфраструктура, до административната организација, верската толеранција и дури концептот на градините како „рај на земјата“, Персија била една од највлијателните цивилизации во историјата. Древна Персија, особено во времето на Ахеменидската династија (550–330 година пред ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. „Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Е.(31) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење “. Пријавениот, во текот на 2025 и 2026, ја следел неговата поранешна 34-годишна партнерка, а на социјалните мрежи, преку лажни профили и упатувал закани на неа и на нејзиното семејство, објави МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Е.(31) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за ...
Кошаркарскиот клуб КК Гостивар од следната сезона повеќе нема да биде дел од елитното македонско кошаркарско друштво, откако по поразот синоќа од Феникс 2010 и дефинитивно ги загуби шансите за опстанок во Супер лигата. Разврската беше јасна уште пред почетокот на плеј-аут фазата, кога гостиварци и се најдоа во зоната на испаѓање со самиот пристап залагање и желба кое го прикажаа сезонава, но имаше каква-таква теоретска надеж. На гостиварци им ...
Месец мај 2026 година носи повеќе неработни денови и неколку можности за продолжен викенд за граѓаните во Македонија. Првиот неработен ден е 1 Мај – Денот на трудот, кој оваа година се паѓа во петок, што значи продолжен викенд од три дена – петок, сабота и недела. На 24 мај се одбележува празникот „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, кој се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, 25 мај (понеделник) е неработен ...
Независни форензички експерти повторно го доведоа во прашање официјалниот заклучок од 1994 година за смртта на фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн. Кобејн почина на 5 април 1994 година во својот дом во Сијетл на 27-годишна возраст, а случајот тогаш беше затворен како самоубиство. И покрај новите сомнежи, надлежните власти во Сиетл и натаму не ја менуваат таа квалификација. Преглед на обдукциските наоди и на материјалите од местото на ...
Центарот за јавно здравје информираше дека од денеска во Гостивар и Тетово почна вакцинацијата на лицата кои заминуваат на аџилак. Вакцинацијата се одвива во одделенијата за епидемиологија. „Ова претставува значаен чекор за заштита на нивното здравје и за безбедно патување кон светите места. На аџиите им посакуваме добро здравје, среќен пат и прифатени молитви. Нашата посветеност продолжува со одговорност и професионализам, со цел да ...
На 26 април 2026 година, во 08:40 часот, на место викано „Стакларска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 33-годишниот Б.Х. од гостиварското село Неготино. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, без положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 84,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, се намалува за 2,50 ден/лит и ќе изнесува 91,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за ...
Министерството за здравство објави тендер за набавка на 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди. „Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до ...
Во Гостивар и регионот оваа работна недела започнува со стабилно и пријатно пролетно време, но од средината на седмицата се очекува постепено зголемување на облачноста, а кон четврток и петок и врнежи од дожд. Денес, не очекува претежно сончево и топло време, со дневна температура до 21°C, додека утринските часови ќе бидат посвежи околу 9°C. Утре, вторник, температурата ќе се задржи на слично ниво, околу 22°C, со умерено зголемување на ...
Бројот на имигранти кои живеат во Европската Унија достигнал историски максимум од 64,2 милиони во 2025 година, покажува најнов извештај на Центарот за истражување и анализа на миграции во Берлин. Ова претставува зголемување од околу 2,1 милион лица во споредба со претходната година, додека во 2010 година бројката изнесувала околу 40 милиони, што укажува на силен раст во последната деценија. Најголем број странски државјани и натаму има во ...