Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Во одделни полициски акции спроведени вчера (19 јуни), полициски службеници на подрачје на Гостивар лишиле од слобода осум лица, а при претреси и контроли биле пронајдени наркотични супстанции. Првата акција била реализирана во 20:15 часот, кога биле приведени Б.З. (27) и А.З. (23) од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични ...
СВР Тетово излезе со официјално соопштение за случајот од вчерашниот протест на жителите на Дебреше поради недостиг на вода пред зградата на Општина Гостивар. Соопштението го пренесуваме во целост: „На 19.06.2026 година во 14:15 часот, пред зградата на Општина Гостивар, дошло до нарушување на јавниот ред и мир за време на претходно најавен протест на кој биле присутни околу 300 граѓани. Во еден момент, поголема група од присутните се обидела ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (19.06.2026 година) во 22:00 часот во Полициската станица Гостивар, Х.Д. (50) од Чегране пријавила дека околу 19:20 часот во истото село, три непознати лица со патничко возило, насилно ја зеле нејзината 15 годишна малолетна ќерка од дворот на куќата, ја ставиле во возилото и заминале во непознат правец. Полицијата наведува дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на малолетничката и расчистување на ...
Протест на жители на Дебреше пред Општина Гостивар заради недостиг на вода, ескалираше со турканици и скршено стакло на влезната врата од општинската зграда. Дебрешани се собраа пред општината за да изразат револт и незадоволство, потенцирајќи дека немаат вода во селото и до сега за проблемот добивале само ветувања од локалната самоуправа, а не и решение. По искажување на своите барања да им се обезбеди вода како што нагласија „сега и без ...
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска (20 јуни) издаде метео аларм за високи температури на територијата на целата држава. Македонија се наоѓа во жолта фаза на жештини. Според метеоролошката прогноза, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во гостиварскиот регион се очекува максимална температура од 29 степени. УВ зрачењето е високо, со индекс 10. Во однос на ...
Институтот за јавно здравје информира дека во земјава е регистриран првиот потврден случај на инфекција со вирусот Зика. На 17 јуни 2026 година Одделението за вирусологија доставило потврден позитивен наод за Зика вирусна инфекција до Одделот за епидемиологија на заразни болести. По добивањето на резултатите, пациентот бил контактиран од надлежен епидемиолог и му биле препорачани соодветни превентивни мерки. Од ИЈЗ наведуваат дека станува ...
Жештините веќе сериозно се чувствуваат, а покрај опасноста од сончаници и дехидратација, високите температури носат уште еден ризик што често го потценуваме, расипаната храна. Она што наутро изгледало сосема безбедно за јадење, по неколку часа на топло може да стане вистинска „фабрика“ за бактерии. Во летните месеци микроорганизмите многу побрзо се размножуваат, па затоа потребна е поголема внимателност при купување, чување и консумирање на ...
Во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година во средните училишта во државата се запишале 13.397 ученици од вкупно 15.075 пријавени кандидати. Најголем дел од запишаните се на настава на македонски наставен јазик, додека повеќе од 3.300 ученици се запишале на албански наставен јазик. Според податоците на Министерството за образование и наука, најголем интерес имало за стручното образование, каде што се запишани 8.910 ученици, додека во ...
Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс, со вкупна вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари, информира Царинската управа. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. „Случајот е откриен од страна на царински службеници ...
СВР Тетово информира дека вчера (18.06.2026) во 12:10 часот во село Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода К.У.(22) од село Врапчиште. „При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувало без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено и по ...
СВР Тетово информира дека вчера (18.06.2026) во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 17-годишен малолетник од Чегране, гостиварско, пријавил дека претходниот ден околу 21:50 часот во угостителски објект во Гостивар, откако се упатил кон тоалетот, со тврд предмет бил удрен по главата и паднал во безсознание, по што пријателите го однеле во Медицински центар во Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Полицијата известува дека се преземаат мерки ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Во гостиварскиот регион не се очекуваат врнежи, а максималната температура ќе достигне 27 степени. Утре (сабота) ќе владее сончево и топло време со температура во интервал од 15 до 29 степени. ...
МВР најавува засилени контроли за санкционирање на возачи под дејство на алкохол и дрога. Денеска (19 јуни) спроведува 24-часовен сообраќаен маратон. Маратонот е дел од европската акција на ROADPOL која тече во периодот од 15 до 21 јуни, а е насочена кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотични средства. „Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите ...
Жените во Македонија и понатаму живеат подолго од мажите, покажуваат последните податоци за морталитетот во 2025 година кои ги објави Државниот завод за статистика. Просечната возраст на починатите мажи изнесува 72,2 години, додека кај жените таа достигнува 76,6 години. Тоа значи дека жените во просек живеат 4,4 години подолго од мажите. Во текот на 2025 година во земјава починале вкупно 20.287 лица, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба ...
На 17 јуни 2026 година околу 15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека избувнал пожар на станбена зграда на улицата „Илија Антески Смок“ во Гостивар, сопственост на 29-годишниот З.Б. од Гостивар. Во пожарот бил зафатен дел од фасадата на зградата.На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Гостивар, која успеала навреме да го локализира и изгасне пожарот. Во настанот нема повредени лица, а увид на местото извршила екипа ...
Седмиот ден од Светското првенство ги носи првите настапи на Португалија, Англија, Хрватска и Колумбија, а во фокусот е дуелот меѓу Англија и Хрватска. Програмата започнува во 19:00 часот по македонско време со натпреварот Португалија против ДР Конго. Во 22:00 часот следува пресметката меѓу Англија и Хрватска, додека по полноќ ќе играат Гана против Панама и Узбекистан против Колумбија. Португалија со високи очекувања Португалија го започнува ...
Пет одделни случаи се најдоа во полицискиот билтен за гостиварското подрачје, меѓу кои физички напади, малолетничко насилство, обид за одземање телефон и две лица приведени затоа што управувале возила без возачка дозвола. На 18 јуни во 22 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Р. (54) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И. (60) од Гостивар. Според пријавеното, ...
На денешен ден, 17 јуни 2018 година, Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор, со кој беше ставен крај на повеќедеценискиот спор за името меѓу двете земји. Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, како и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница. ...
Аперол шприц е еден од најпознатите италијански коктели, лесен и освежителен, идеален за топлите денови или за вечерни дружења. Се подготвува брзо и без посебна опрема. Состојки: 3 дела просеко пенливо вино (околу 90 мл), 2 дела аперол (околу 60 мл), 1 дел газирана вода (околу 30 мл), лед и кришка портокал за декорација. Рецепт: во голема винска чаша прво ставете лед за да се задржи пијалокот ладен. Потоа налејте просеко, по него аперол и на ...
На 16 јуни 2026 година во 17:00 часот во ОВР Гостивар, 43-годишен жител на Гостивар пријавил дека лице од гостиварското село Неготино телефонски му упатувало закани. Според пријавата, осомничениот и претходно доаѓал во неговата канцеларија во Општина Гостивар и му упатувал закани поради преземени службени дејствија, односно поради поведена постапка за бесправна надградба на објект, која била пријавена од соседи. Од полицијата информираат дека ...
Светските цени на нафтата денеска бележат значителен пад, откако пазарите реагираа позитивно на најавите за можно намалување на тензиите меѓу САД и Иран и потенцијално зголемување на понудата на иранска нафта на светскиот пазар. Според последните податоци, северноморската нафта „Брент“ се движи околу 78,5–79 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта се тргува околу 75–76 долари за барел. Тоа е првпат по повеќе од три месеци цената на ...
Шестиот ден од Светското првенство носи четири натпревари и први настапи на Франција и актуелниот светски шампион Аргентина. Програмата почнува во 21:00 часот со дуелот Франција и Сенегал. По полноќ играат Ирак и Норвешка, а потоа следуваат Аргентина против Алжир и Австрија против дебитантот Јордан. Франција не сака повторување на 2002 година Франција го почнува турнирот против Сенегал, репрезентацијата која во 2002 година ѝ го приреди еден ...
Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за ...
Со порастот на температурите се зголемува ризикот од пожари на отворено, а пожарникарските екипи низ државата бележат сè повеќе интервенции. Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено при движење во природа, обработка на земјоделски површини и фрлање отпад. Според податоците на Центарот за управување со кризи, денес (16 јуни) до 18:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен ...
Израел и Иран повторно разменија напади, во една од најсериозните ескалации на Блискиот Исток по априлското примирје, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, израелската армија соопштила дека извршила напади врз воени цели во западен и централен Иран, откако претходно од иранска територија биле истрелани ракети кон Израел. Агенцијата АП објави дека биле регистрирани повеќе бранови ракетни напади кон Израел, додека експлозии биле пријавени ...
Петтиот ден од Светското првенство носи четири натпревари и први настапи на Шпанија, Белгија и Уругвај. Посебно внимание привлекува историското деби на Кабо Верде, една од најмалите земји што некогаш обезбедиле пласман на Мундијал. Денешната програма започна со натпреварот меѓу Шпанија и Кабо Верде во Атланта. Шпанија е голем фаворит во Групата Х, но дебитантот најави дека не дошол само да учествува. Кабо Верде го живее најголемиот фудбалски ...
Традиционално, Општинската организација на Црвениот крст Гостивар го одбележа Светскиот ден на крводарителството, 14 Јуни, со оддавање почит на крводарителите, поддржувачите и соработниците кои со години придонесуваат за развојот на хуманите вредности и унапредувањето на крводарувањето во гостиварскиот регион. На пригодна манифестација што се одржа попладнево, на едно место се собраа луѓето кои преку својата хуманост, солидарност и доброволен ...
Вчера (15.06.2026) во 12:47 часот во СВР Тетово било пријавено дека во канал за вода има починато лице во атар на селото Горно Јеловце. „Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Н.М.(64) од Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од ...
Компанијата „Џаво Отомотив“ ќе реализира нова инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, која според најавите треба да отвори меѓу 400 и 500 работни места. Инвестицијата денеска ја најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на прес-конференција во Владата. Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе започне со закуп на постоен објект со површина од 8.000 квадратни метри. Според ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо со потекло од Бразил. Пратката е одбиена поради непочитување на решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, донесено заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца, односно птичји грип, во земјава. Според АХВ, замрзнатото пилешко месо било ...