Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Едмонд Тапсоба ја продолжи верноста со Баер Леверкузен и потпиша нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2031 година, потврди германскиот клуб. Дефанзивецот од Буркина Фасо е дел од тимот од 2020 година и досега има 266 настапи и 13 погодоци во дресот на Леверкузен. „Тапсоба во изминатите шест и пол години прерасна во клучен играч за нашиот тим, еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, кој настапува на највисоко ниво. Како еден од нашите ...
Емилијано Мартинез уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Аргентинскиот ас во натпреварот на Астон Вила против Нотингем Форест одново ги покажа своите голмански квалитети, откако во финишот од првиот дел на чудесен начин му одбрани зицер на Игор Жезус и ја сочува својата мрежа незатресена. Најдобриот голман од последното Светско првенство летово беше пред заминување од Астон Вила, но откако не ...
Никола Милутинов е прогласен за МВП на првите натпревари од четвртфиналето во Евролигата, иако не беше лидер според индексот на корисност. Центарот на Олимпијакос одигра клучна улога во убедливата победа од 91-70 против Монако, запишувајќи 13 поени, 10 скока и три асистенции за 22 минути на паркетот, со индекс 25. Највисок индекс на корисност имаше Ден Отуро од Хапоел со 38, додека веднаш зад него беше Мајк Џејмс од Монако со 30. Сепак, ...
Скот Паркер официјално го напушти Барнли и повеќе нема да биде тренер на тимот кој нема ниту теоретски шанси за опстанок во Премиер лигата. Клубот од „Турф Мур“ повторно експресно се враќа во Чемпионшип, а до крајот на сезоната тренерската функција ќе ја преземе досегашниот асистент, Мајкл Џексон, кој го предводеше и младинскиот тим на Барнли. Според последните информации од Англија, прв фаворит за тренерското столче е легендарниот Стивен ...
Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ Скопје заврши како вицешампион во АБА2 лигата. Тимот од Тафталиџе беше на чекор до пласман во елитното натпреварување, но ја загуби финалната серија против Широки. Сепак, ТФТ сè уште има шанси за историско учество во АБА лигата. Таа ја доби преку баражот за пополнување на елитното натпреварување, во кој ќе се судри со Борац Чачак, претпоследниот тим во најсилната лига оваа сезона. Познати се и термините ...
Кошаркарите на Работнички со победа ја затворија една од најнеуспешните сезони во кошаркарската Суперлига на Македонија. Во последното коло од плеј-аутот тимот од Центар славеше над Ангели со 99-84 и шампионатот го заврши на деветтата позиција на табелата. Работнички клучната предност ја изгради уште во првата четвртина (23-13). Домашниот тим наметна силно темпо од самиот старт и брзо се одлепи на двоцифрена разлика, која се покажа како ...
Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа гостински победи во 29. коло од ракометната Суперлига. Во плеј-аутот, кој веќе од поодамна е решен и се знае која екипа ќе игра бараж, а која ќе испадне, младите пелистерци славеа над „фенерџијата“ Радовиш со 23-38, додека Пролет извојува триумф на гостувањето кај Струга. Еурофарм Пелистер 2 уште во првото полувреме му стави до знаење на домаќинот дека бодовите ќе заминат за Битола. Радовиш, кој ...
Ракометарите на Веспрем и Фуксе Берлин одиграа прекрасен четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а на крајот се радуваше домашниот тим, кој победи со конечни 35-34. Германскиот гигант одигра подобро во првиот дел и создаде предност од три голови (17-20), а на стартот од второто полувреме стигна и до +5, но Веспрем прикажа далеку посериозен пристап до крајот на мечот и не дозволи пораз пред својата публика. Големата ефикасност ...
Првиот човек на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствува на 76. Конгрес на ФИФА кој се одржува во Ванкувер, каде заедно со генералниот секретар Леонид Јандреоски и македонската фудбалска легенда Горан Пандев активно учествуваат во носењето на важни одлуки за иднината на светскиот фудбал. Омерагиќ истакна дека на Конгресот главен фокус е ставен на финансиската стабилност и развојните политики, како и на усвојување на ...
Фудбалската селекција на Босна и Херцеговина обезбеди ново учество на едно Светско првенство, откако во финалето од баражот ја елиминира големата Италија. За Босанците ова ќе биде второ учество на Мундијал, а како дел од подготовките за натпреварите преку Атлантикот, ќе одиграат пријателски натпревар со нашата најдобар селекција. Дуелот меѓу БиХ и Македонија е закажан од пред еден месец и ќе се игра во Сараево, а од босанската федерација ...
Младата руска тенисерка, Мира Андреева, се пласираше во финалето на Мастерсот во Мадрид, откако ја елиминираше Американката Хејли Баптист со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6/8. 19-годишната Андреева ќе се бори за третиот трофеј во оваа категорија, а во финалето ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Марта Костјук и Анастасија Потапова. На мечот со Баптист, Русинката Андреева имаше проблеми во вториот сет, но успеа да го освои тај-брејкот, не ...
Фудбалерот на Манчестер ЈУнајтед и репрезентативец на Англија, Коби Мејно, го продолжи договорот со клубот до истекот на сезоната 2030/31. 21-годишниот играч дебитираше за првиот тим во сезоната 2022/2023 и досега има одиграно 98 натпревари, на кои постигна седум голови. Тој изјави дека Манчестер јунајтед отсекогаш бил негов дом и дека клубот има огромно значење за него и неговото семејство. Истакна дека е привилегија секојдневно да го живее ...
Поранешниот француски фудбалер, Тјери Анри, ги спореди двете полуфиналиња во Лигата на шампионите, објаснувајќи ја разликата на мечевите како „од месечина“ до „враќање на земја“. Анри не беше воодушевен од едно од полуфиналињата (Атлетико Мадрид - Арсенал), а посебно го истакна мечот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, каде публиката просведочи дури девет голови. Воедно, Анри нагласи дека премногу лесно се постигнуваат голови и дека недостасува ...
Борут Мачковшек го даде еден од најубавите голови оваа сезона во Лигата на ракометните шампиони. Во поразот на неговиот ПИК Сегед од Магдебург (28-35), словенечкиот бек даде страшен гол. Акцијата тргна од девет метри, Мачковшек прво направи ролинг, а потоа и кога дојде на шест метри направи уште една пируета и без гледање ја погоди противничката мрежа. IS THIS ?! #ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/HiuQ56IGwC — EHF Champions League (@ehfcl) ...
Палестино и Гремио одиграа 0-0 во рамки на Копа Судамерикана, а натпреварот го одбележа неверојатен момент каков ретко се гледа. Главен „виновник“ за ваквиот исход беше Карлос Винисиус, поранешен напаѓач на Фулам и Тотенхем, кој во 17. минута не реализираше дури три пенали во низа. Бразилецот дури трипати шутираше, бидејќи голманот иако фати два пенали, ама прерано ја напушташе гол-линијата. И третиот обид голманот Себастијан Перез успеа да ...
Светското училишно првенство во ракомет кое беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт, официјално е затворено. Скопје и Македонија за првпат беа домаќини на историски настан на кој учествуваа 21 делегација од различни делови во светот. Нашиот главен град беше центарот на младинскиот спорт, фер-плејот и позитивната енергија што ги обедини младите од сите страни на ...
Албанскиот клуб Партизани официјално ја прекина соработката со тренерот Олтијон Кернаја, по серијата разочарувачки резултати кои сериозно ги нарушија амбициите на тимот. Од клубот соопштија дека одлуката е донесена по внимателна анализа на настапите во последниот период, при што не биле исполнети поставените цели за сезоната. Во исто време, Партизани му се заблагодари на Кернаја за ангажманот и придонесот во водењето на екипата, посакувајќи ...
Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Супер лига. Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа. Воедно, претставникот на ...
Кошаркарите на Пелистер го добија последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф против Тиквеш (100-93), а средбата ја одбележа еден атрактивен потег. Играч на натпреварот беше Ленгстон Вилсон кој пред крајот изведе вистинска атракција во битолската сала. По една украдена топка од Благојче Димитровски, Американецот излета сам во цела половина на противникот и тргна кон кошот. Вилсон се реши да направи атрактивен НБА потег, па ја сврте топката ...
Кошаркарите на Пелистер славеа во последниот натпревар од плеј-офот на Суперлигата, дома против екипата на Тиквеш со 100-93. Средбата во салата „Боро Чурлевски“ немаше резултатско значење за двете екипи, а пелистерци ја искористија за кревање на атмосферата во тимот пред полуфиналната серија. Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Тиквеш: Тиквеш подобро влезе во мечот и поведе со 1-5, меѓутоа бргу падна концентрацијата. Пелистерци се вратија ...
Александар Блокс продолжува со одличните настапи на Мастерсот во Мадрид, откако обезбеди пласман во полуфиналето со сигурна победа над Каспер Руд од 2-0 (6-4, 6-4). Белгиецот до триумфот стигна по еден час и 36 минути игра, при што целосно го надигра противникот кој ја бранеше титулата на турнирот. Блокс, кој моментално е 69. тенисер на светот, направи големо изненадување против Руд, рангиран на 15. позиција на АТП листата. Во борбата за ...
Еди Таварес најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако заработи сериозна повреда во дресот на Реал Мадрид. Центарот се повреди на првиот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија против Хапоел, кога беше принуден предвреме да го напушти теренот. По деталните медицински прегледи, пристигнаа и непосакуваните вести. Од Реал Мадрид потврдија дека кај Таварес е дијагностицирана руптура на медијалниот колатерален лигамент на левото ...
Невремето сериозно се заканува да ја наруши трката за Големата награда на Мајами во Формула 1, откако прогнозите најавуваат голема веројатност за дожд и грмежи во текот на неделата. Според информациите, за денот на трката постои 88% шанса за врнежи, како и 53% веројатност за грмежи, што претставува најголем проблем за организаторите и тимовите. Причината е јасна, според американските безбедносни правила, секој голем спортски настан на ...
Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, откако даде гол во победата на Ал-Наср против Ал-Ахли (2-0) во саудиското првенство. Сепак, по натпреварот му се случи и уште една интересна ситуација. Португалецот се запиша во листата на стрелци, но моментот кој најмногу се коментира дојде по последниот свиреж. Дел од домашните навивачи се обидоа да го испровоцираат со скандирања поврзани со успесите на нивниот клуб во ...
Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа на репрезентативната сцена и повторно ќе предводи национален тим, првпат по заминувањето од македонската клупа. Неговиот нов предизвик ќе биде селекцијата на Таџикистан. Таму Мрме ќе ја преземе улогата селектор со јасна цел, подготовка за Азискиот куп во 2027 кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Ангеловски по разделбата со Македонија имаше интернационално искуство на клупско ниво, ...
Барнли влегува во нова фаза откако стана јасно дека ќе испаднат од Премиер лигата, па клубот реши да направи промена на тренерската позиција. Соработката со Скот Паркер е прекината, откако не беше исполнета главната цел, опстанок во елитата. Од клубот информираа дека разделбата е резултат на заеднички договор постигнат по разговори меѓу двете страни. „Скот Паркер ја напушти тренерската позиција со взаемна согласност“, соопштија од Барнли. Во ...
Во продажба се пуштени билетите за дерби-натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кој може да го даде новиот ракометен шампион на Македонија. Дуелот е закажан за 7 мај со почеток од 19 часот во СЦ Јане Сандански, а атмосферата се очекува да биде на високо ниво, со оглед на значењето на натпреварот. Вардар е на чекор до титулата и му е потребен само еден бод во преостанатите четири кола за и теоретски да го обезбеди шампионскиот трофеј. ...
Легендарниот поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, официјално објави дека ќе стави крај на својата богата фудбалска кариера по завршувањето на актуелната сезона. Искусниот дефанзивец, кој има 40 години, минатото лето потпиша едногодишен договор со Ипсвич Таун, но од крајот на јануари не настапува поради проблеми со колкот. Сепак, успеа да одигра 15 натпревари за тимот, кој е на чекор до обезбедување пласман во Премиер лига. ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар поднесе иницијатива за Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, да го носи името на легендата Васил Рингов кој почина пред крајот на 2025 година, а веќе пристигна и една од поддршките за ова барање. Во документ доставен до Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и надлежните за стадионот, ФК Вардар побара да се оддаде ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје ја загубија финалната серија против Широки во АБА2 лигата, откако забележаа уште еден пораз, овој пат со конечен резултат 86-87. По вториот натпревар во Скопје, тренерот Боро Смилковски ги сподели импресиите, им честита на актерите за изданието и вели дека неговиот тим нема за што да жали. „Кошарката е спорт во кој некој треба да победи, некој да изгуби. За жал, денес ние сме тие, во едно навистина ми се чини одлично ...