Олимпик Марсеј со убедлива победа ја започна новата сезона во Лига 1. На „Велодром“, тимот на Бруно Женесио славеше над Стразбур со убедливи 4-0. Клучниот момент дојде веднаш по паузата, кога Амин Гуири за само една минута постигна два гола и практично го реши натпреварот. Стразбур дополнително си ја отежна ситуацијата откако Самир Ел Мурабет доби директен црвен картон, по што гостите останаа со десетмина. До крајот Марсеј продолжи да напаѓа, ...

Ракометарите на Охрид ќе ја имаат таа можност да го одбранат трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоноски“, откако по невидена драма избегна пораз и ремизираше во клучниот натпревар со Загреб. Конечниот резултат од последниот натпревар од групата фаза беше 30-30, со што двете екипи застанаа на делба на првата позиција. Но, во големото финале патуваат „гладијаторите“ поради подобрата гол-разлика во претходните два натпревари во групата. ...

Кертис Џонс е нов фудбалер на Интер, потврди италијанскиот клуб. Англискиот играч за врска по целиот свој досегашен фудбалски пат во Ливерпул заминува од „Енфилд“ и за првпат во кариерата ќе игра надвор од Англија. Џонс е продукт на академијата на Ливерпул, во која пристигна како шестгодишник, а за првиот тим дебитираше во 2019 година. Во седум сезони собра 228 настапи и 22 гола, освојувајќи две титули во Премиер лигата, ФА Куп, два Лига ...

Фудбалската неизвесност во Прилеп добива нова димензија, а како светло на крајот од тунелот се појави иницијатива за враќање на оригиналната ФК Победа во натпреварувачкиот фудбал. Иницијативата официјално ја потврди својата намера, со најава дека ќе бидат преземени конкретни чекори за обновување на историскиот клуб, неговиот идентитет и фудбалското наследство. „Сакаме пред прилепската и македонска спортска јавност и официјално да ја потврдиме ...

Каи Хаверц најавува голгетерска сезона. Германскиот ас по само 15 минути игра од отворањето на новата сезона во Премиер лигата ја затресе мрежата на Ковентри Сити и на шампионот Арсенал му донесе предност од 1-0. По една грешка на гостинската одбрана, Калафиори го проигра Хаверц, а овој со шут со лева нога го совлада Рашфорд и го постигна првиот го во новиот англиски шампионат. KAI HAVERTZ OPENS THE SCORING FOR ARSENAL! Arsenal 1-0 ...

Премиер лигата повторно покажува зошто е финансиски најмоќната фудбалска лига во светот. Иако летниот преоден рок сè уште не е завршен, англиските клубови веќе потрошија неверојатни 2,7 милијарди евра на нови играчи. Сумата е поголема од онаа што во истиот период минатото лето ја потрошиле премиерлигашите, а до затворањето на преодниот рок на 1 септември се очекуваат уште големи трансфери. На врвот на листата е Челзи, кој досега потроши околу ...

Екипата на Брегалница им се врати на победите во ПМФЛ, откако во вториот натпревар од четвртото коло од домашниот шампионат пред својата публика во Штип со сигурни 3-0 го совлада Башкими. За штипјани ова е втор триумф сезонава, додека Башкими останува на „нула“, односно четири порази од исто толку одиграни натпревари. Брегалница беше поактивна на стартот, уште од првата минута наметна силно темпо и го натера гостинот да се брани во првата ...

Вардар е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид! Македонскиот првак во директниот дуел за првото место во групата А го совлада словенечкиот Тримо Требње со 28-26, по израмнети 11-11 на полувремето. Двете екипи долго време беа во егал, но Вардар во вториот дел успеа да го скрши отпорот на словенечкиот претставник и да стигне до важна победа. Со новите бодови, „црвено-црните“ стигнаа до шест бода и го обезбедија ...

Екипата на Тиквеш освои бод на гостувањето кај тимот на Скопје, ремизирајќи со конечни 1-1 (1-0) во натпреварот од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот започна со доста силно темпо. Тиквеш беше екипата која бргу се закани по домашниот гол, одлична шанса имаше Н'Фанли Сила, но не успеа да реализира. Набргу потоа се закани и Окере Виздом, а неговиот удар заврши во рацете на голманот Наумовски. Скопје имаше мали ...

Македонскиот фудбал доби уште една причина за гордост. Дитмир Хоџа е нов член на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, потврди клубот од „Еланд Роуд“. Осумнаесетгодишниот напаѓач потпиша тригодишен договор со англискиот клуб, а во почетната фаза ќе настапува за академијата и тимот на Лидс до 21 година. Хоџа во Англија заминува по одличната сезона во дресот на Работнички, каде уште пред да наполни 18 години успеа да остави сериозен впечаток. ...

По првата недела од подготовките, тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Васко Атанасов, веќе може да ја даде првичната оценка и проценка на тоа што навивачите можат да очекуваат од новата сезона. Тој вели дека подготовките се одвиваат според планот и се работи на адаптација и вклопување во системот на работа. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме добро на адаптацијата и вклопувањето во ...

Екипата на Ал-Наср оствари убедлива победа кај Ал-Ријад во натпреварот од второто коло на саудиската Про лига, славејќи со огромни 0-4. Во шампионскиот состав на Ал-Наср се појави и Кристијано Роналдо, кој постигна погодок на својот прв сезонски натпревар, поставувајќи го конечниот резултат во 83. минута. Неговиот тим имаше двојна предност по првото полувреме со головите на Ал Амри и Анџело, а третиот погодок беше дело на Жоао Феликс во 58. ...

Капитенот Никола Караколев останува лидер на Соколи и во претстојната сезона. Клубот потврди дека искусниот кошаркар и понатаму ќе ја предводи екипата, со која ќе атакува на нови успеси. „Караколев во новата сезона влегува со голема мотивација, а неговото искуство, лидерскиот карактер и борбеноста треба да бидат еден од главните адути на нашиот тим“, велат од Соколи. Во Соколи очекуваат голема поддршка и од трибините, со оглед на тоа што ...

Премиерлигашот Сандерленд го обезбеди потписот на левиот бек Дајан Метали, кој пристигнува од францускиот Тулуз за сума која може да достигне 25,7 милиони фунти, односно околу 30 милиони евра. Според „Скај Спорт“, англискиот клуб ќе плати 24 милиони фунти фиксно, додека дополнителни 1,7 милиони се предвидени преку бонуси. Трансферот беше неизвесен откако 20-годишниот Метали не помина дел од лекарските прегледи. Сепак, Сандерленд направи ...

Фудбалскиот клуб Работнички го потврди трансферот на својот млад напаѓач Дитмир Хоџа во англискиот гигант Лидс Јунајтед. Осумнаесетгодишниот Хоџа неодамна потпиша тригодишен договор со Лидс, а сега и неговиот досегашен клуб ја потврди зделката и му посака успех во продолжението на кариерата. „На нашиот поранешен фудбалер му посакуваме многу среќа и успех во кариерата“, објави Работнички. Хоџа во Лидс пристигнува по одличните настапи во дресот ...

Лондонски Арсенал официјализираше ново големо засилување за одбраната, откако го ангажираше англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила. Дефанзивецот стави потпис на четиригодишна соработка, а трансферот според информациите изнесува 60 милиони евра. „Пресреќен сум што сум тука. Сакам да освојувам трофеи и токму поради тоа го избрав Арсенал. Ова е посебен момент за мене и моето семејство“, изјави новиот играч на „топчиите“. Конса во ...

Дитмир Хоџа неодамна го направи големиот чекор во својата кариера и потпиша тригодишен договор со англискиот великан Лидс Јунајтед. Осумнаесетгодишниот македонски напаѓач пристигна на „Еланд Роуд“ од Работнички, откако претходно го импресионираше стручниот штаб на Лидс за време на пробниот период. По потписот на договорот, младиот напаѓач не го криеше задоволството што ќе ја продолжи кариерата во Англија. „Се чувствувам неверојатно. Многу сум ...

Долгоочекуваниот старт конечно пристигна. Новата сезона во Премиер лигата носи големи промени, нови тренери, сериозни трансфери, нови правила и, секако, нова борба за најпрестижниот трофеј во англискиот фудбал. Арсенал влегува како бранител на титулата, но конкуренцијата е огромна. Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед и останатите амбициозни екипи имаат свои планови, а токму поради тоа следните месеци ветуваат голема ...

Аргентинската репрезентација и дел од нејзините фудбалери добија сериозни казни по инцидентите кои се случија по финалето на Светското првенство против Шпанија (0-1). Најтешко помина Леандро Паредес, кој од Дисциплинската комисија на ФИФА доби суспензија од дури ДЕСЕТ натпревари поради учеството во конфликтите на теренот по поразот од Шпанија. Казна заработи и неговиот репрезентативен колега Нахуел Молина, кој ќе мора да паузира на седум ...

Македонскиот суперлигаш Куманово има старо-ново име во своите редови. Се работи за Ренато Димитриевски, кој се враќа во клубот после неколку сезони. Димитриевски ги покрива позициите крило и ниско крило. Поседува голем квалитет и секогаш пружа пожртвувани партии за своите екипи. Клубот веќе му посака добредојде, со надеж дека ќе биде солидно засилување за претстојните предизвици во Суперлигата. Македонскиот суперлигаш Куманово има старо-ново ...

Лос Анџелес Лејкерс ја следат ситуацијата околу Никола Јокиќ, со желба еден ден да го „спојат“ со Лука Дончиќ и да создадат сензационален балкански тандем во НБА лигата. По заминувањето на Леброн Џејмс, Лејкерс направија промени во тимот и добија поголем простор во „салари кепот“. Идејата за тандем Дончиќ-Јокиќ особено го привлекува вниманието, бидејќи двајцата имаат одличен однос и се дружат со години. НБА инсајдерот Ентони Ирвин смета дека ...

Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера, но веднаш продолжува со нов предизвик во кошарката. Најдовски одлучи новата сезона да ја дочека во нова улога, откако ќе биде дел од стручниот штаб на тимот. Тој ќе му се приклучи на тренерот Тане Спасев, каде заедно со Владимир Николовски ќе ја извршува функцијата асистент-тренер. darko.jpg За Најдовски ова претставува почеток на една нова, ...

Јаник Синер нема да настапи ниту на претстојниот УС Опен, откако проблемите со десното колено не му дозволија навреме да се врати во потребната форма. Италијанецот веќе го пропушти Мастерсот во Синсинати, а сега мораше да се откаже и од настапот во Њујорк, каде требаше да се бори за нова Грен слем титула. Синер последните денови повторно тренирал на терените во Монте Карло, но заедно со медицинскиот тим проценил дека му е потребно ...

Ракометарот на Вардар 1961 и репрезентативец на Македонија, Милан Лазаревски, успешно ја заврши рехабилитацијата по незгодната повреда на рамото. Неговиот лекарски тим успешно го комплетираше процесот, со што популарниот „Мечка“ наскоро повторно ќе може да им се посвети на професионалните обврски. Неговото присуство на тренинзите на Вардар ќе биде од големо значење, а колективот се подготвува за натпреварот во Суперкупот против ГРК Охрид, но ...

Барселона го избра Лаутаро Мартинез како нова опција во нападот, откако пропадна обидот да го доведе Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Според шпанските медиуми, Каталонците веќе постигнале начелен договор со агентот на аргентинскиот напаѓач, Алехандро Камано. Сепак, за трансферот да стане реалност, Барселона допрва треба да постигне договор со Интер. Од Италија, пак, пристигнуваат спротивни информации. Повеќе извори тврдат дека Интер ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА прозорец, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, во ...

„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања, запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни, откриваме и дел од ...

Новата ракометна сезона започнува во Гевгелија. Ракометната федерација на Македонија го одреди домаќинот на натпреварот за трофејот во Суперкупот на Македонија за 2026 година. Во среда, на втори септември, во спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар 1961 и Охрид. Двете екипи ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во натпревар кој е закажан во терминот од 19:00 часот. Претходно Гевгелија беше ...

Фудбалскиот репрезентативец на ДР Конго, Арон Ван Бисака, официјалмно премина од Вест Хем во Астон Вила, соопштија денеска англиските клубови. Како што е објавено, 28-годишниот Ван-Бисака од второлигашот премина во редовите на премиерлигашот на позајмица до јуни 2027 година, со задолжителен откуп на договорот доколку бидат исполнети сите услови што ги договориле двете страни. Ван Бисака пред Вест Хем настапуваше за Манчестер Јунајтед и ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек продолжува кон одбрана на титулата во Синсинати, откако без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето. Таа мина меѓу четирите најдобри со службена победа против Елена Рибакина, која мораше да го предаде мечот поради повреда. Швјонтек имаше предност од 4-1 во првиот сет, кога Казахстанката поради проблем со левиот скочен зглоб не можеше да го продолжи натпреварот. Рибакина не успеа да ја искористи ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42