Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Мохамед Салах и официјално пристигна во Истанбул, каде што треба да ги финализира последните формалности пред потписот со турскиот гигант Трабзонспор. Уште со излегувањето од авионот беше јасно дека трансферот ќе предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите. Египетската ѕвезда се појави облечена во дресот на Трабзонспор, а пред аеродромот го пречекаа стотици фанови кои со овации, песни и скандирања му посакаа добредојде. Салах не го криеше ...
Македонската кадетска репрезентација продолжува со настапите на Европското првенство во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. позиција. По тешкиот почеток на шампионатот и трите порази, избраниците на селекторот Горан Кузманоски успеаја да врзат две победи и да останат во игра за висок пласман, а со тоа и за место на Светското првенство во 2027 година. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде ...
Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради својата игра, туку поради инцидентот што се случи по натпреварот меѓу Сантос и Ремо во бразилскиот Куп. По победата на Сантос од 1-0, со која тимот обезбеди пласман во четвртфиналето, искусниот напаѓач влезе во жестока вербална расправија со членови на управата на Ремо во тунелот што води кон соблекувалните. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како ...
ЖФК Љуботен продолжува да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, откако официјално промовира четири нови фудбалерки. Нови членки на тетовскиот клуб се српските интернационалки Габријела Јовиќ, која доаѓа од Спартак Суботица, и Калина Попески, млада напаѓачка која пристигнува од Црвена Звезда. Договор со Љуботен потпишаа и централната дефанзивка Едина Сулејмани, која доаѓа од АС Јунајтед, како и голманката Халиме Имери, која ...
Искусниот голман на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, кариерата ќе ја продолжи во редовите на чилеанскиот гигант Коло Коло. Четириесетгодишниот чувар на мрежата беше еден од најзабележителните голмани на последното Светско првенство, каде што имаше голема заслуга за историскиот успех на својата репрезентација. Зеленортските Острови ја минаа групната фаза, а потоа беа елиминирани од Аргентина во осминафиналето со минимални ...
Арсенал го комплетираше едно од најголемите засилувања ова лето. Според најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, Бруно Гимараеш е нов фудбалер на лондонскиот клуб, а договорот е финализиран со неговото препознатливо „Here we go!“. По долги преговори, Њукасл прифатил понуда вредна 75 милиони фунти, со што бразилскиот репрезентативец ќе се пресели на „Емирати“ и ќе стане едно од клучните засилувања на Микел Артета за новата сезона. ...
Џенова го претрпе најтешкиот пораз во текот на летните подготовки, откако загуби со неверојатни 10-1 од Бормут на контролен натпревар одигран зад затворени врати во тренинг-центарот на англискиот клуб. По договор меѓу двата клуба, мечот траеше 120 минути и беше поделен на четири периоди од по 30 минути. Во првиот час тимот на Даниеле Де Роси прими четири гола, а единствениот погодок за Џенова го постигна Микаел Ејлертсон. Во вториот дел, во ...
Македонската машка кадетска репрезентација е подготвена за настапот на Европското првенство од Дивизијата Б за кошаркари до 16 години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ќе имаат можност пред домашната публика да се борат за место во елитната Дивизија „А“. По завршувањето на подготовките, Стојановски истакна дека е задоволен од сработеното и од изборот на 12-те кошаркари кои ...
Во време кога најголемите англиски клубови трошат стотици милиони евра на засилувања, Брајтон и Брентфорд покажаа дека успехот може да се изгради и на поинаков начин. Зад нивниот неверојатен подем стојат двајца сопственици кои богатството не го стекнале со наследство или нафтени милијарди, туку со математички модели, статистика и светот на спортското обложување. Тони Блум, навивач на Брајтон, го купи својот клуб во 2009 година кога ...
Поранешниот менаџер на Арсенал и актуелен директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер, јавно се дистанцираше од предлогот за вклучување приватни инвеститори во сопственичката структура на Светското првенство, нагласувајќи дека воопшто не учествувал во неговото креирање. Венгер објасни дека за проектот дознал дури кога информациите се појавиле во јавноста и потенцираше дека единствено исправно решение било тој да биде ...
Иднината на Винициус Жуниор и натаму е една од главните теми во летниот преоден рок, а Арсенал останува меѓу клубовите кои покажуваат најсериозен интерес за бразилскиот напаѓач. Според повеќе медиуми, раководството на Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од една од своите најголеми ѕвезди и поставило цена од 150 милиони евра за евентуален трансфер. Со тоа, „кралскиот клуб“ јасно ставил до знаење дека ќе преговара само доколку некој клуб ...
Шпанската Барселона продолжува со вложувањето во младите фудбалери, а ново име во проектот на каталонскиот клуб е Џеси Бисиву. 18-годишниот Белгиец потпиша договор со Барса до 2031 година, откако пристигна од Клуб Бриж. Иако клубот не ги објави финансиските детали, шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот изнесува околу 8,5 милиони евра. Бисиву го официјализираше потписот во присуство на претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа ...
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека е време жена да застане на чело на Светската фудбалска организација, а како свој фаворит ја посочи Лисе Клавенес. Претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка веќе подолго време се споменува како можен противкандидат на Џани Инфантино за следните избори за претседател на ФИФА. „Клавенес заслужува голема почит. Таа секогаш имаше јасен став и не одеше по полесниот пат. Во ФИФА ...
Манчестер Сити подготвува изненадувачки потег на трансфер пазарот и сериозно е заинтересиран за крилниот напаѓач на Челзи, Педро Нето. Според информациите од Англија, менаџерот Енцо Мареска, кој веќе соработуваше со португалскиот репрезентативец во Лондон, го гледа Нето како идеално засилување за офанзивната линија на „граѓаните“. Интерес за 25-годишниот фудбалер покажува и Тотенхем, но лондонскиот клуб во моментов предност им дава на другите ...
Еден од најталентираните млади фудбалери од Црна Гора, Василије Аџиќ, ќе има нов предизвик во кариерата. 20-годишниот играч за врска следната сезона ќе настапува за Сасуоло, каде што замина на позајмица од Јувентус. Торинскиот клуб сака Аџиќ да добие повеќе простор за игра и да продолжи со развојот, а Сасуоло доби можност по крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра. Аџиќ пристигна во Јувентус во 2024 година од ...
Динамо Загреб направи огромен чекор кон пласман во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада литвански Жалгирис со 5-0 во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Хрватскиот шампион уште во првото полувреме создаде сигурна предност со головите на Марко Зајц во 31. и Скот Мекена во 33. минута. Во продолжението Марко Лисица во 51. минута зголеми на 3-0, Лука Стојковиќ погоди за 4-0 во 76. минута, а ...
Мемфис Депај очигледно не сака само нов договор со Коринтијанс, туку и удел во бизнисот на бразилскиот гигант, Коринтијанс. Според „Газета Еспортива“, холандскиот напаѓач поставил неколку необични барања во преговорите за продолжување на соработката, кои далеку ги надминуваат вообичаените финансиски услови. Меѓу нив е барање да добие приватен апартман на стадионот „Нео Кимика Арена“, како и право да го користи стадионот за организирање ...
Црвена Звезда направи неочекуван чекор назад во квалификациите за Лигата на шампионите, откако загуби со 1-0 од Хапоел Бер Шева во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Поради безбедносната ситуација во Израел, мечот се одигра на неутрален терен во унгарскиот Сомбатхељ, каде што белградскиот тим, и покрај фаворитската улога, не успеа да дојде до позитивен резултат. Избраниците на Дејан Станковиќ имаа повеќе иницијатива, но тешко ...
Најавениот трансфер на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика вистински потрес во фудбалска Европа. Според турските медиуми, Египќанецот договорил 17 милиони евра нето по сезона, со можност заработката да достигне 22 милиони евра преку бонуси, што би било рекордна плата во историјата на турскиот фудбал. Во договорот наводно е вклучена и посебна клаузула според која Салах ќе добива процент од продажбата на дресови и клупски реквизити со ...
Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, откри дека капата со натписот „Make Spain Great Again“ која ја носеше за време на прославата на светската титула немала никаква политичка порака. Фотографијата од прославата во Мадрид привлече големо внимание поради сличноста со познатиот слоган „Make America Great Again“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Торес објасни дека станувало збор само за шега и прослава на успехот на шпанската ...
Британската тенисерка Ема Радукану нема да настапи на овогодинешниот УС Опен поради стрес-фрактура на десната потколеница, пренесуваат медиумите на Островот. 23-годишната тенисерка се повреди за време на сезоната на трева и по лекарските прегледи било одлучено дека нема да биде подготвена за последниот Грен слем турнир во сезоната. Радукану, која во 2021 година сензационално го освои трофејот во Њујорк, неодамна започна со лесни тренинзи, но ...
Љубителите на тенисот повторно ќе имаат можност да ги гледаат Серена и Венус Вилијамс на ист терен. Американските легенди добија специјална покана за настап во конкуренција на двојки на турнирот во Синсинати. Ова ќе биде нивно прво заедничко појавување во дубл по УС Опен 2022, откако планираниот настап на Вимблдон не се реализира поради повредата на коленото на Серена. Турнирот во Синсинати, кој ќе се одржи од 11 до 23 август, би можел да ...
Иако веќе реализираше неколку значајни трансфери, Манчестер Сити не планира да застане со доведување нови играчи. Новиот менаџер Енцо Мареска сака дополнително да го засили тимот, но прво се очекуваат и неколку заминувања. Најмногу внимание привлекува иднината на Родри, кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Доколку шпанскиот репрезентативец замине, една од опциите за засилување е талентираниот Ајуб Буади од Лил, иако тој не се гледа ...
Искусниот македонски стратег, Дарко Крстески експресно пронајде нов клуб, откако пред само еден месец се раздели со екипата на Новаци. Негова нова средина ќе биде Гевгелија, каде што ќе го води тимот на Кожуф. Интересно е тоа што Крстески на клупата на Кожуф ќе седне на местото на Иван Варадиновски, кој летово се упати во обратен правец – од Гевгелија во Новаци. Крстески зад себе остава успешен тригодишен мандат во Новаци, каде што беше еден ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во Топ-16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9. до 16. место. Со овој успех, нашите кадети го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028. Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана ...
Новата сезона во шпанска Примера ќе започне со неколку значајни промени во судењето, а најголемо внимание привлекува проширувањето на овластувањата на ВАР-системот и воведувањето мерки против одолговлекувањето на играта. ВАР отсега ќе може да интервенира ако судијата погрешно покаже втор жолт картон или ако дисциплинска мерка му биде доделена на погрешен фудбалер. Исто така, видеотехнологијата ќе може да коригира и очигледно погрешно досудени ...
Евролигата објави проценка на квалитетот на екипите пред новата сезона. Очекувано, предничат грчките гиганти од Атина, Панатинаикос и Олимпијакос, а во првите десет екипи имаше место и за белградските клубови, Црвена Звезда и Партизан. Според проценката на аналитичарите на Евролигата, главни фаворити се екипите кои веќе години наназад се во европскиот врв, и тоа не е ништо ново. Листа на најквалитетни екипи во Евролигата според кошаркарските ...
Мохамед Салах е на чекор од сензационален трансфер во Трабзонспор, откако ги прифатил условите на турскиот клуб и наскоро треба официјално да стави потпис на двегодишен договор. Според турските медиуми, египетскиот ас ќе заработува 17 милиони евра нето по сезона, а со бонусите сумата може да достигне и до 22 милиони евра годишно. Со тоа Салах ќе стане фудбалер со највисока основна годишна плата во европскиот фудбал. 1. Ерлинг Халанд ...
Второлигашот Новаци останува активен на трансфер-пазарот оваа лето, а најново засилување е Јусуф Каба, кој пристигнува од редовите на Струга Трим Лум. Дваесет и двегодишниот играч за врска минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Шкендија Арачиново, каде што беше еден од поважните играчи во тимот. По завршувањето на сезоната се врати во Струга, но не остана долго во редовите на прволигашот и сега кариерата ќе ја продолжи во ...
Женскиот фудбалски клуб Пелистер упати отворен повик до сите девојчиња од Битола кои сакаат да се занимаваат со фудбал и да станат дел од зелено-белото семејство. Младинската школа на битолскиот клуб започна со упис на нови членови, а поканата е наменета за девојчиња родени во 2010, 2011 и 2012 година. Без разлика дали веќе имаат фудбалско искуство или сакаат да ги направат своите први чекори на теренот, во ЖФК Пелистер ќе добијат можност да ...