Карлос Алкараз конечно ќе се врати на терените и ќе настапи на УС Опен, по пауза од речиси четири месеци поради повреда на десниот зглоб. Шпанецот последниот меч го одигра во април во Барселона, а во меѓувреме ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон. Отсуството на Јаник Синер, кој поради повреда на десното колено го откажа настапот во Њујорк, дополнително го става Алкараз во центарот на вниманието. Сепак, поранешниот трет тенисер во светот, ...

Кошаркарската селекција на Франција му се реваншира на Србија во вториот пријателски натпревар одигран во Орлеан. Оваа победа на француските кошаркари дојде како одговор на првиот натпревар во Белград, каде Србија славеше со тесни 90-87. Французите, предводени од новиот капитен Вембањама, успеаја да направат прилагодувања по првиот пораз и да остварат триумф на домашен терен пред очите на легендите Тони Паркер и Борис Дијао, кои беа присутни ...

Еурофарм Пелистер на одличен начин го започна настапот во Регионалната ракометна лига, откако пред своите навивачи во Битола го совлада српскиот шампион Партизан со 35-31 (20-13). Првиот официјален натпревар на Лино Червар беше и повеќе од добар, а наместо новајлиите пак се истакнаа староседелците - водени од капитенот. Битолчани уште од стартот го контролираа натпреварот и наметнаа висок ритам со играта „седум на шест“. Капитенот Филип ...

Екипата на Јувентус се избори за минимална победа на гостувањето кај Фрозиноне, славејќи со минимални 0-1 (0-1) во натпреварот од првото коло на италијанската Серија А. Стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот Бремер, кој погоди на асистенција на Франциско Консеисао во 22. минута од натпреварот. Имаа „бјанконерите“ уште шанси за поубедлив триумф, но и овој гол на Бремер се покажа како доволен за освојување на трите бода. Фрозиноне се ...

Англискиот премиерлигаш Челзи би можел да направи значајни промени во сопственичката структура. Според британските медиуми, Тод Бојли и Марк Волтер преговараат за продажба на своите удели на мнозинскиот сопственик „Клирлејк Капитал“. Бојли и Волтер поседуваат по 12,8% од акциите, а ист удел има и Хансјорг Вајс. Во моментов Клирлејк контролира 61,6% од клубот, но со потенцијалната продажба на акциите на Бојли и Волтер би стигнал до 87,2%. ...

Финецот Мика Муринен во моментов нема можност да игра кошарка, бидејќи сè уште нема дозвола да игра ниту за Колеџот во Арканзас, ниту за својата репрезентација. Младиот Финец се наоѓа во САД и се подготвува за новата сезона во НЦАА лигата со Арканзас Рејзорбекс, но чека „зелено светло“ од Центарот за подобност на НЦАА лигата. Ова тело одлучува дали играчите со претходно професионално искуство смеат да настапуваат во колеџ кошарката. Проблем ...

Екипата на Монако ја отвори новата сезона во француската Лига 1 со минимална победа на гостувањето кај Авр со конечен резултат 0-1 (0-1). Тимот од кнежевството ги освои трите бода со единствениот погодок на мечот, кој беше дело на Англичанецот Ерик Даер во петнаесеттата минута. Монако во следното коло ќе игра дерби-меч со Олимпик Марсеј на домашен терен, а екипата на Авр ќе има тешко гостување во Лион. Победа оствари и тимот на Лил, кој ...

Португалскиот стратег Жозе Мурињо по враќањето во Мадрид повторно ја избра населбата Ла Финка, ексклузивна и строго обезбедена населба во која живееше и за време на првиот мандат во Реал Мадрид. Португалецот престојува во луксузна вила со околу 1.400 квадратни метри, сместена на имот поголем од 5.000 квадратни метри. Куќата има модерно уредување, пространи соби, високи тавани, големи прозорци, огромен двор и базен. Главната причина за изборот ...

Екипата на Њукасл Јунајтед пропушти голема шанса за прва победа во новата сезона на Премиер лигата, ремизирајќи со тимот на Ливерпул на „Сент Џејмс Парк“ со конечен резултат 2-2 (1-0). Домаќинот го имаше триумфот в џеб, но му подари бод на ривалот во последните секунди од мечот. „Страчките“ имаа предност по само пет минути игра, кога мрежата ја затресе Антони Еланга, а овој резултат се покажа и конечен по истекот на првите 45 минути. Имаше ...

Легендарниот фудбалер на Динамо Загреб и поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, е на прагот на враќање во хрватскиот фудбал. Неговиот актуелен клуб Ујпешт повеќе не смета на услугите на искусниот играч за врска и му дозволил слободно да го избере следниот клуб во кариерата. За Адеми веќе постои интерес од два хрватски прволигаши - Горица и Рудеш, кои би можеле да го ангажираат во продолжението на преодниот рок. Адеми е добро ...

Екипата на Атлетико Мадрид се избори за бод против Виљареал (2-2) во натпреварот кој се играше во рамки на второто коло од шпанската Примера. Овој резултат е уште повреден ако се земе предвид фактот дека „јорганџиите“ последните 20 минути ги одиграа со фудбалер помалку. Првите 45 минути не понудија голови, а во второто полувреме резултатот најпрво го отвори Марк Пубил, кој стрелаше за 1-0 во 59. минута. Џерард Морено израмни од пенал на 1-1 ...

Екипата на Хал Сити приреди големо изненадување во првото коло од Премиер лигата, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0. Настапот на тимот доби пофалби и од англиските фудбалски легенди Алан Ширер и Вејн Руни, кои воедно упатија и критики до „ѓаволите“ на Мајкл Керик. Ширер смета дека Хал бил подобар во физичкиот аспект и дека Јунајтед не успеал да одговори на интензитетот. „Јунајтед не изгледаше подготвен за 90 минути фудбал со висок ...

Мехди Тареми кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, откако иранскиот напаѓач го напушти Олимпијакос и потпиша за Ал-Васл од Дубаи. 34-годишниот Тареми со новиот клуб се договорил за соработка до јуни 2027 година. Капитенот на иранската репрезентација зад себе има богата европска кариера, во која настапуваше за Порто, Интер и Олимпијакос. Со преселбата во Дубаи, искусниот напаѓач ќе донесе големо европско и репрезентативно ...

Хари Кејн и Џулија Гвин од Баерн Минхен се прогласени за најдобри фудбалери во Германија за 2026 година во изборот на престижниот магазин „Кикер“. Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, пред соиграчот Мајкл Олисе со вкупно 203. Англичанецот имаше одлична сезона зад себе, постигнувајќи 61 гол во сите натпреварувања и му помогна на Баерн да ги освои Бундеслигата и Купот на Германија. Во финалето на Купот беше особено расположен, ...

Фудбалската федерација на Македонија се огласи со соопштение во кое детално се објаснуваат промените во сегментот на службените лица, кои одат во насока на подобрување на стандардите и создавање подобри услови за работа. Се работи за детален и опширен потег, кој ги опфаќа сите службени лица - судиите, асистентите судии, делегатите, ВАР-судиите и сите останати. „Во последните две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни ...

Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Холандија, која се возеше на патеката во Зандворт. Трката ја одбележа судирот и излетувањето на Макс Верстапен, кој го заврши настапот уште при крајот на вториот круг, а покрај победникот Норис, зад него завршија Кими Антонели и Џорџ Расел, кои заземаа место на пиедесталот. Норис извозе одлично во финишот и на чудесен начин успеа да ја преземе првата позиција од Антонели. Norris muscles ...

Фудбалерот на Струга Трим Лум, Арби Воша, ги изнесе своите очекувања во пресрет на дерби натпреварот против Шкендија, кој ќе се одигра во рамки на четвртото коло на Првата македонска лига. Воша изјави дека атмосферата во тимот е добра, особено по победата над Вардар, со надеж дека уште едно првенствено дерби ќе заврши во полза на неговиот тим. „Шкендија има добар тим, составен од квалитетни играчи, но ние сме фокусирани само на нашата работа ...

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја во самиот финиш да направат голем пресврт и го совладаа Борнмут со 2-1 (0-1) во натпреварот од првото коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ беа во негатива по 26 минути игра, откако гол за гостите постигна Маркус Таверние, а потоа долго се мачеа за да дојдат до сериозна прилика за израмнување. Навивачите проследија како нивните миленици одат на пауза со негатива од 1-0, но домаќините успеаја да го ...

Трката за Големата награда на Холандија во Формула 1 е прекината во третиот круг, откако Макс Верстапен од Ред Бул загуби контрола врз болидот и се заби во заштитната ограда, по што беше кренато црвено знаме. Четирикратниот светски шампион доживеа голем пех и ја заврши трката, а вистинско чудо е како не се случи уште поголем инцидент, со оглед на тоа што ударот се случи во еден од свиоците на патеката. Нико Хуленберг беше особено среќен во ...

Ерлинг Халанд влезе во нова ера, барем кога станува збор за неговиот изглед. Напаѓачот на Манчестер Сити ги изненади фановите со нова фризура, откако се појави со значително пократка коса од онаа на која јавноста е навикната. Препознатливата долга руса коса остана зад него, а Халанд сега има пократка и модерна фризура, што веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. New season, new trim Full episode on YT! ...

Френсис Тиафо обезбеди место во финалето на мастерсот во Синсинати, откако во американското полуфинале го совлада Брендон Накашима со 7-5 и 6-3. Мечот траеше еден час и 43 минути, а за Тиафо ова беше седма победа во осмиот меѓусебен дуел со Накашима. Во борбата за трофејот, Тијафо ќе се соочи со Французинот Артур Фис, кој претходно во полуфиналето беше подобар од Италијанецот Флавио Коболи со 6-3 и 6-4. Тиафо моментално е 23. тенисер на АТП ...

Манчестер Сити постигна целосен договор со Лил за трансферот на еден од најголемите млади таленти во светскиот фудбал, Ајуб Буади. Според најновите информации, пакетот може да достигне 100 милиони евра со вклучени бонуси, со што „граѓаните“ добиваат сериозно засилување за средниот ред. 18-годишниот марокански репрезентативец веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб, а за почетокот на следната недела е закажан и лекарски преглед. ...

Столе Димитриевски со одличен настап ја започна новата сезона во Примера, откако македонскиот репрезентативен голман ја сочува својата мрежа на премиерниот натпревар на Валенсија. Валенсија на домашен терен одигра 0-0 против Селта Виго во натпревар со малку вистински шанси и голема борба на средината од теренот. Гостите не создадоа премногу опасности, но кога беше потребно, Димитриевски реагираше сигурно и не дозволи топката да заврши во ...

Партизан со големо внимание го очекува гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во рамките на Регионалната лига. Српскиот тим го чека тежок предизвик против македонскиот вицешампион, особено ако се има предвид атмосферата во „Боро Чурлевски“ и квалитетот со кој располага битолскиот состав. Тренерот на Партизан, Раул Гонзалез, добро го познава противникот и пред натпреварот посебно ја истакна цврстината на одбраната на Еурофарм Пелистер, но ...

Охрид го одбрани трофејот од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во својот град, откако во финалето го совлада Вардар. За охриѓани ова беше одлична можност за проверка на формата пред почетокот на официјалните натпревари, а капитенот Гоце Ојлески не го крие задоволството од освоениот трофеј. „Секако дека сме задоволни од новиот трофеј на овој турнир. Вардар не беше комплетен, но и кај нас имаше неколку играчи кои беа поштедени поради ...

Новата премиерлигашка авантура започна, а Њукасл и Ливерпул во неа влегуваат како дел од прилично бројното друштво клубови кои меѓу двете сезони го променија тренерот. Значи, судирот на „страчките“ и „црвените“, закажан за недела во 17:30 часот, ќе претставува почеток на патот во непознатото. Кормилото од Арне Слот на „Енфилд роуд“ го презеде Андони Ираола, човек чиј Борнмут со неверојатен ритам и суров висок пресинг минатата сезона знаеше да ...

Партизан со големи амбиции ја очекува новата сезона во Регионалната лига, а еден од првите сериозни предизвици за српскиот тим ќе биде гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер. „Црно-белите“ ќе имаат исклучително тешка задача против македонскиот вицешампион, кој на домашен терен традиционално има голема поддршка од трибините. Во пресрет на дуелот, ракометарот на Партизан, Аљоша Дамјановиќ, истакна дека неговиот тим со нетрпение го очекува ...

Кошаркарскиот клуб Работнички со големи амбиции ја очекува новата сезона, а предводник на тимот повторно ќе биде Владимир Мирковски, кој ја започнува својата 24. сезона како тренер и втора на клупата на центарци. Шефот на стручниот штаб верува дека новата управа, засилувањата и задржаниот костур на екипата се гаранција за подобар Работнички. „Имаме нова управа, нова енергија и заедничка цел – да го вратиме Работнички таму каде што му е ...

Жозе Мурињо застана во одбрана на Винициус Јуниор по натпреварот против Еспањол, во кој бразилскиот напаѓач повторно беше во центарот на вниманието. Покрај дуелите на теренот, Винициус имаше неколку вербални пресметки со фудбалерите на Еспањол, додека домашните навивачи во текот на целиот натпревар го провоцираа и го дочекаа со свирежи. „Порано Винициус беше мој противник, а сега е мој играч. Не е светец, но ова што му го прават е премногу“, ...

На турнирот во Синсинати ќе се игра историско американско финале во женска конкуренција, прво по пауза од 56 години. За трофејот ќе се борат Коко Гоф и Џесика Пегула. Гоф, шампионката од 2023 година, до финалето стигна по убедливата победа над Сара Бејлек со 6-4, 6-1. Пегула, пак, приреди изненадување и ја елиминира актуелната шампионка Ига Швјонтек со 7-5, 4-6, 6-4. Последното американско финале во Синсинати се одигра во далечната 1970 ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58