Пишува: Јане ЃОРЃИОСКИ Нема што тука да се отвора дебатата за евентуалниот увоз на лица од Велика Британија. Како тоа, ви се молам?! Темата има да се поедноставува и заматува. И така натаму… Секоја критика се лепи со етикетата „против мигранти“, иако суштината воопшто не е таму. Проблемот не е во луѓето, туку во моделот што се турка тивко, без сериозна јавна расправа, без јасни одговори, за тоа што се договарало и за евентуалните последици. ...

Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека постапка поврзана со евентуално одземање на пратенички имунитет може да се иницира исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган. Соопштението следува по новинарски прашања упатени до Собранието, во врска со тоа дали ќе се преземат мерки кон пратеникот Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет. „Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, ...

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години ќе дел од завршниот круг на квалификации за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина. Националниот тим предводен од Кирил Изов, кој неодамна избори пласман во елитната конкуренција. Според календарот турнирите ќе се играат во периодот од 25 февруари до 7 март или од осми до 18 април, а домаќините дополнително ќе бидат одредени. КВАЛИФИКАЦИИ ...

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Тренеска-Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија при Советот на Европа. Како што објави на својот профил, изборот е донесен на 145. сесија на Комисијата во Венеција на 12 и 13 декември, при што за претседателка е избрана италијанската професорка Марта Картабија, а за потпретседатели, покрај Дескоска, и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од ...

Повторените избори во четири општини на 11 јануари – со најголемо внимание насочено кон Гостивар и Врапчиште – стануваат тест не само за политичката сила на албанските партии во земјата, туку и за стабилноста на владејачката коалиција ВМРО ДПМНЕ – ВЛЕН. Динамиката на кандидатурите, методот на нивно избирање и изјавите на актери од терен откриваат значително подлабоки политички процеси кои ги надминуваат границите на локалната политика. ...

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10, потврди МВР. За прекршоците регистрирани преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи (МВР) на сопственикот на возилото со кое е направен сообраќајниот прекршок испраќа СМС порака и е-пошта на контактите дадени при регистрација. Во пораката ќе има линк за преземање на записникот за ...

Една од воведните сцени во новата шестоделна документарна серија за турнејата Eras на Тејлор Свифт, насловена The End of an Era, започнува со две обожавателски лица пред лондонскиот стадион Вембли. „Само да ѝ го видам лицето, како да не е вистинска личност додека не ја видам во живо“, вели едниот. Само миг подоцна, камерата нè носи зад сцената – таму каде што митот се распаѓа. Свифт седи со гитара во скут, нервозно го проверува мобилниот ...

Густ сообраќај, зголемен број сообраќајни несреќи и сè понепредвидливи услови на патиштата ја зголемуваат напнатоста што ја чувствуваат возачите, особено кај младата генерација. Стравот од возење, познат како амаксофобија, станува сè поизразен проблем, а најсилно се манифестира при ноќно возење и во лоши временски услови. Истражување спроведено во Холандија покажува дека дури 43 проценти од младите возачи признаваат дека чувствуваат страв ...

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон Маск, кој со години јавно се декларираше како атеист, изјави дека сè повеќе верува дека постои Творец на универзумот и дека чувствува восхит кон она што го нарекува „Бог Творец“. Во разговор во подкастот на Кејти Милер, Маск рече дека неговите ставови за духовноста значително се промениле во последните години. „Верувам дека овој универзум настанал од нешто. Луѓето користат различни етикети за тоа“, ...

Скарлет Јохансон откри зошто таа и нејзиниот сопруг, комичарот и сценарист Колин Џост, за време на бременоста внимателно го криеле името на својот син Космо. Причината, како што вели актерката, не била мистерија, туку желба да се избегнат несакани коментари и чудни реакции за, според некои, „необичниот“ избор на име. Гостувајќи во утринската емисија Today, Јохансон искрено призна дека едноставно немала енергија да се соочува со туѓи изрази на ...

Со децении, луѓето застануваат пред куќата на Колеџ стрит 8 во Винчестер – местото каде што Џејн Остин ги поминала последните недели од својот живот и починала на 18 јули 1817 година. Во таа скромна куќа, славната писателка и нејзината сестра Касандра живееле само осум недели, додека Џејн очајнички се обидувала да најде олеснување од болеста што ја мачела речиси цела година. Иако повремено имало кратки подобрувања, нејзината здравствена ...

Овој викенд е под силно влијание на Месечината во Вага, што ја нагласува потребата за рамнотежа, хармонија и фер односи. Фокусот се префрла од индивидуалните импулси кон партнерствата, комуникацијата и начинот на кој се усогласуваме со другите. Емоциите бараат мирен израз, а одлуките добиваат тежина само ако се донесени без крајности. Енергијата на Вагата повикува на разговор наместо судир, на компромис наместо наметнување и на естетика и ...

По првата серија од 19 фотографии, Комитетот за надзор на Претставничкиот дом објави уште десетици материјали од оставината на Џефри Епштајн. Републиканците обвинуваат за селективност и политичка злоупотреба, демократите инсистираат на транспарентност, а рокот за објава на сите официјални документи од Министерството за правда истекува на 19 декември. Освен Епштајн, на фотографиите се појавуваат и американскиот претседател Доналд Трамп, Бил ...

Кога ќе дојде зимата и температурите ќе паднат, трчањето не е привлечно за многу луѓе, но познавачите тврдат дека тоа може да има многу придобивки. Имено, се наведува дека трчањето на студ е пополезно и поздраво за телото отколку на топло време, а некои од придобивките вклучуваат и борба против „зимската тага“, како и согорување повеќе калории, објави „Кликс“. Иако телото се загрева при трчање, лекарите посочуваат дека престојот на ниски ...

Шведскиот милијардер и технолошки инвеститор Ларс Хакансон купи повеќе од 600.000 хектари од Амазонската Прашума – најголемата дождовна шума во светот, во една од најголемите приватни аквизиции на земјиште во историјата на ова подрачје. Веста предизвика силни реакции – од претпазливо одобрување на еколошките групи до загриженост кај некои околни заедници. Хакансон вели неговата цел не е да оствари профит, туку да го зачува екосистемот во една ...

Проблемот е што нападот на демократскиот поредок и демократските слободи е истовремено од две страни: однадвор и одвнатре, и тоа е нешто за што мора добро да размислиме. Пред неколку дена, САД ја издадоа нивната голема стратегија за нивната позиција во однос на Европа, но исто така и нивната позиција во однос на светот. Дотрината на Трамп прилично јасно истакнува дека САД не гледа да го изгради нивниот глобален приод, туку јасно оди кон ...

Европскиот континент има оригинално развиени институции и легални инструменти, интернационални правни инструменти, што не се присутни во други делови на светот, како Европската конвенција за човекови права, кои се проследени со суд и со цела структура на Советот на Европа. Суштината на Советот на Европа, е да ги сочува и заштити јадрото на трите вредности на континентот: владеење на законот, демократијата и човековите права. Затоа и постои. И ...

Денешна Европа се соочува со бројни предизвици. Според мое мислење, Европа изгледа прилично поделена. Оваа состојба е под влијание на континуираниот пораст на десничарските политики, христијанскиот радикализам, исламофобијата и меѓусебното неразбирање. Ригидните десничарски политики повеќе не се феномен присутен само во традиционално десничарски општества како Унгарија, Словачка или Полска; денес овој феномен го гледаме и во либерални ...

Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025. Панел 3: Европски и глобални перспективи на демократска отпорност Третиот панел истражува како демократиите низ Европа и поширокиот свет се соочуваат со ескалирачките хибридни закани, демократската ерозија и геополитичките притисоци. Ги обединува различните ...

Жена од шпанскиот град Аликанте доби отказ поради што доаѓала на работното место пред време. Во образложението за отказот е наведено дека таа не ги почитувала правилата на фирмата. Работодавецот тврди дека прераното доаѓање на работа е сериозно прекршување на правилата на фирмата, кршење на работната дисциплина и непочитување на инструкциите на надредените. Вработената повеќе пати била предупредена дека нејзиното доаѓање на работа 40 минути ...

Иранските власти ја уапсија добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во петокот, соопшти нејзината фондација, пренесува Си-Ен-Ен. Фондацијата со седиште во Париз соопшти дека Мохамади била „насилно приведена“ од безбедносните и полициските сили за време на комеморативната церемонија за Хосров Аликорди, адвокат неодамна пронајден мртов во својата канцеларија. Се наведуваат „проверени извештаи“ и нејзиниот брат, Мехди. Не е ...

Холивудскиот актер Џони Деп ќе биде продуцент – а можно е и да глуми – во првата англиско-јазична филмска адаптација на рускиот класик „Мајсторот и Маргарита“. објави Variety. Проектот ќе се развива преку продукциската куќа IN.2 Film на Деп, во соработка со продуцентите Светлана Дали, Грејс Ло, Стивен Дутерс и Стивен Малит. Најавата дојде на Меѓународниот фестивал „Црвено Море“ Филмот засега нема потврден режисер. Тимот на Деп се појавил како ...

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информира Министерството за финансии. На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, ...

Би сакал да кажам нешто за рамката што треба да ја дискутираме, за одбраната на нашата демократија тука, а една од работите е – базирана на економијата. Легитимацијата на демократијата доаѓа и од економскиот резултат и мислам дека има многу предизвици за Европа. Мислам дека една од најважните работи е дека Европската Унија – ние, во ЕУ и земјите од кои очекуваме, исто така, имаме предвид дека мора да ги искористиме перформансите во ЕУ, за да ...

-Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде ‘Стопанска Банка АД Битола’. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ,“ предупреди Александар Саша Димитријевиќ, челн на ЦО на СДСМ, додавајќи дека тоа поставува клучно прашање: „Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка?“ Димитриевиќ дополнително истакна: „Како тоа ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да убеди уште четири земји, по Брегзит на Лондон, да излезат од Европска Унија, со цел „Повторно да ја направат Европа голема“, според подолгата, сè уште класифицирана верзија на Стратегијата за национална безбедност на САД објавена минатата недела, објави британскиот весник Тајмс (Times). Весникот наведува дека има и предлог за создавање на нов елитен форум Ц5 или „Јадрото на ...

Странските туристи не само што доаѓаат во се поголем број, туку и трошат повеќе за време на престојот во земјата, објави Централна банка на Албанија според која за периодот јануари-септември годинава, странците потрошиле 4,4 милијарди евра, или 14,5 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во во третиот квартал, туристите потрошиле 2,3 милијарди евра, или 21,6 отсто повеќе на годишна основа. За периодот јануари-септември, ...

ЕУ е најмалиот заеднички именител на 27-те држави, а тоа е една од главните слабости на оваа организација. И е премногу спора и слаба за да реагира на предизвиците на нашето време, а особено на предизвиците за демократијата, а покрај тоа, и ЕУ, како и повеќето земји, мојата земја е Германија, има специфична форма на неокапитализам. Исто така, меѓу другите проблеми е и потеклото на повеќекратната криза во која се наоѓаме сега. И се надевам ...

Во однос на очекувањата од Европската Унија, би сакал да се придружам на оние гласови кои се залагаат за една фундаментална и моќна идеја: Демократијата треба да се третира како европско јавно добро, исто како безбедноста, енергијата или климатските акции. Препознавање на демократијата како заедничка европска инфраструктура и обезбедување одржливи инвестиции во демократските институции, медиумите од јавен интерес, дигиталната писменост, ...

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилиониот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер. Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат лета ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
58%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
91%
1005
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
9.26
41%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
0.51
55%
1002
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.79
79%
1003
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
41%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
56%
1000
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
54%
1003
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
7.2
35%
1003
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
8.75
90%
1002
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
6.17
60%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1004
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Родиум

347228.06

Платина

59896.84

Иридиум

256711.96

Паладиум

44152.21

Цинк

3.08

Злато

144638.24

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84

Калај

45.06

Алуминиум

3.28

Кобалт

964.52

Бакар

10.97