Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и опозициските СДСМ и ДУИ остро реагираат на упорно ниската минимална плата. – Синдикатите со право укажуваат дека владата ја држи минималната плата меѓу најниските во регионот. 390 евра не се доволни за живот. Тие се доволни само за преживување. Затоа минималната плата мора да биде 600 евра за лицата со средно образование, а 800 за лицата со високо образование, изјави Блерим Беџети од ДУИ. Анкетата на ...

Австралиската сенаторка Полин Хансон денеска се појави во Парламентот носејќи бурка, во рамки на нејзината кампања за забрана на муслиманската женска облека што го покрива целото тело и лице на јавни места. Хансон ја стави бурката откако беше одбиен нејзиниот предлог да поднесе закон со кој би се забраниле бурките и другите покривала за цело лице во јавниот простор во Австралија. Ова е вторпат Хансон да користи бурка во Парламентот како ...

Пред една недела, претседателот Володимир Зеленски слушаше преку звучник како советниците на Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џеред Кушнер – му го читаат, точка по точка, новиот американски предлог за завршување на војната во Украина. Само два дена подоцна, Axios го објави постоењето на документот. До петокот, Зеленски веќе ги предупредуваше Украинците дека огромниот притисок да го потпише планот ја турка државата во „еден од најтешките моменти“ ...

Туристи во Лондон се собираат на „божиќен базар“ пред Бакингемската палата, но на самото место се покажува дека воопшто нема никаков собир. Слики создадени со вештачка интелигенција од наводен блескав празничен базар пред британската кралска резиденција кружат на социјалните мрежи, заведувајќи ги посетителите да се упатат кон, всушност – непостоечката „зимска бајка“. Меѓу страниците што ја шират фотографијата на „Тик-ток“, „Фејсбук“ и ...

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци. Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги следат, како што рече, однесувањата на таквите естрадни ...

Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Во затворен простор, во Археолошкиот музеј во античка Олимпија наместо во храмот на божицата Хера, поради лошите временски услови ќе се одржи в среда церемонијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“, јави дописничката на МИА од Атина. Олимпискиот оган, традиционално се пали од зраците на сонцето во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани ...

Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум. Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари ...

Палестинската претставничка Надиен Ајуб – која годинава ја испиша историјата како прва учесничка од својата земја на Мис Универзум 2025 – јавно излезе со тврдења за можни манипулации во дел од гласањето преку официјалната апликација. Во видео објавено на социјалните мрежи, Ајуб посочи „сомнителен“ пораст од над 20.000 гласови за само две минути во категоријата „Most Beautiful People“, што, според неа, е „неизводливо без внатрешна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту една телевизиска мрежа што тој ја смета за левичарска новинска куќа не треба да има можност за проширување, предупредувајќи на потенцијалниот раст на таквите медиуми во САД. „Ако ова им овозможи на мрежите на радикалната левица да се ‘зголемат’, нема да бидам задоволен. Еј-Би-Си (ABC) и Ен-Би-Си (NBC), посебно, се катастрофа – речиси продолжена рака на Демократската партија. Треба да се ...

Педесет од 315 деца киднапирани од вооружени лица од католичко училиште во нигериската држава Нигер во петокот избегаа, пренесува Би-би-си. Христијанското здружение на Нигерија соопшти дека се повторно обединети со своите семејства. Во тек е голема операција за пребарување и спасување предводена од војската за преостанатите 265 деца и 12 наставници кои беа земени со нив. Властите во неколку нигериски држави наредија училиштата да се затворат ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Денес, кога повторно се навраќам на моето обраќање во Собранието на 24 ноември 2022 година, не мислам само на зборовите што ги изговорив. Мислам на тишината што следеше по нив. На пропуштената шанса на мојата земја – Република Северна Македонија – да застане на вистинската страна на историјата и конечно да го признае Гладоморот како геноцид. Во 2022 година, кога ми беше дадена чест да зборувам во парламентот по повод Денот на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација. Мицкоски одговарајќи на прашања на медиумите зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско ...

Еден од најперспективните инди кантавтори од Балканот, Yon Idy, ја објавува својата најнова песна „That Much Is True“, интимна и суптилна песна која го претставува следниот чекор во неговиот уметнички развој под крилото на американската издавачка куќа NVAK Collective, истата издавачка куќа со која Јон во 2024 година стана првиот македонски артист што потпишал договор од ваков ранг. По успешната прва NVAK-објава „Don’t Break It“, која најави ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, може да го смени клубот во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми 25-годишниот Винисиус не е во можност да се договори за продолжување на соработката со мадридскиот клуб, што доведе до интерес од Манчестер сити, Челзи и неколку клубови од Саудиска Арабија. Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во сезоната 2025/26, Бразилецот одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи ...

На сцената на Македонската опера и балет на 28 ноември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко ...

Нов научен труд од Универзитетот на Токио посочува дека седата коса може да послужи како вграден одбранбен механизам на телото против меланом – најсмртоносниот облик на рак на кожата, објавува „Далас експрес“ (Dallas Express). Истражувачите, имено, откриле дека матичните клетки одговорни за пигментацијата на косата имаат критична улога по оштетувањето на ДНК – можат или да созреат во клетки што произведуваат пигмент, коешто на крајот го ...

Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“. Во Македонска Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност. -„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, музиката, јавниот коментар и интимната исповед на еден современ ...

Во мигот кога Сонцето влегува во Стрелец, воздухот станува полесен, мислите подалечни, а хоризонтот повик што тешко се игнорира. По длабокото, тивко нурнување на Скорпијата, сезоната на Стрелецот доаѓа како светлина што не се задржува на едно место – таа сака да се движи, да истражува, да прашува, да бара. Ова е најфилозофскиот огнен знак, искрата што истовремено согорува и осветлува. Стрелецот не живее во мали приказни – тој е роден за ...

Трговските односи на Европската Унија со САД и со Кина ќе бидат главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија што ќе се одржи во Брисел. Состанокот ќе започне со дебата за актуелната состојба и перспективите на трговските односи меѓу ЕУ и САД, во светлина на билатералниот трговски договор од 21 август 2025 година и чекорите преземени за негово спроведување. Дополнително, трговската ...

Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на пакистанската паравоена сила, при што загинаа тројца безбедносни службеници и беа ранети најмалку 12 лица, пренесува Би-би-си. Полицијата за BBC Urdu изјави дека напаѓачите биле вооружени додека напаѓале во седиштето на Федералната полиција во Пешавар, во северозападен Пакистан. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Комплексот на полицијата се наоѓа во строго обезбедена ...

Соединетите Американски Држави и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина, по вчерашните разговори одржани во Женева, се вели во заедничка изјава од Кијив и Вашингтон. Двете страни се согласија да продолжат со интензивна работа на заедничкиот предлог во наредните денови и да останат во блиска координација со европските партнери, се наведува во заедничката изјава, пренесува ДПА. „Конечните ...

Во организацијата на трите најголеми синдикати во Белгија денеска започнуваат серија штрајкови, кои ќе кулминираат в среда со 24-часовен генерален штрајк. Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Генералната конфедерација на либералните синдикати на Белгија (ЦГСЛБ/АЦЛВБ) ги организираат штрајковите во знак на протест поради социо-економските реформи на белгиската ...

Независната сцена не е конфликтна по природа и не се „бори“ против „мејнстрим“ културата, имаме креативен потенцијал што често ги надминува ресурсите со кои располагаме. За жал, сe уште, немаме изградено структура која може да ги однесе авторите подалеку од ентузијазам. Музичарите мора да си дозволат да еволуираат и храбро да навлегуваат во непознат терен без разлика со кој жанр работат, колку и да е потребно време за слушателот да „свари“ ...

– Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот. Погледнете го овој срам. Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на ...

Реал Мадрид се извини за користењето на фотографија од друг играч во видео посветено на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. На Генералното собрание на мадридскиот клуб во недела, 23 ноември, наместо фотографија од Андре Тешеира да Силва беше искористена фотографија од португалскиот напаѓач на Елче, Андре Силва. – Направена е грешка при снимањето на видеото. Се извинуваме, тоа беше човечка грешка, рече претседателот на Реал Мадрид, ...

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари. Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо, соопштуваат од СДСМ. Тоа е срам, тоа е навреда за ...

Европскиот план за запирање на конфликтот, до кој дошол Telegraph, драматично се разликува од мировниот план на Доналд Трамп. Американските предлози беа нашироко критикувани како прекумерно поволни за Москва, бидејќи ѝ отстапуваат значителни делови украинска територија, го ограничуваат бројот на украинските вооружени сили и забрануваат присуство на НАТО-трупи на украинска територија, пренесува хрватската агенција Hina. Наспроти тоа, ...

Аеродромот во Вилнус синоќа беше затворен поради појава на балони со шверцувана стока, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи. Центарот објави дека навигациските системи забележале балони недалеку од аеродромот, најверојатно влегувајќи од територијата на Белорусија со шверцувана стока, објави новинскиот портал „Делфи“, кој ги покрива вестите во трите балтички републики. „Делфи“ потсетува дека ова е еден од најчестите ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1001
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
5.66
65%
1006
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.03
81%
1007
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
98%
997
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
71%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
58%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
88%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
5.14
93%
997
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67130.76

Кобалт

64.04

Цинк

3.32

Злато

161412.82

Алуминиум

3.13

Паладиум

54688.42

Бакар

11.89

Калај

48.33

Иридиум

213919.04

Рутениум

45750.51

Сребро

2586.53

Родиум

334367.76