Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Основниот суд во Бања Лука го отфрли предлогот на Централната изборна комисија на БиХ, Милорад Додик, да биде избришан од регистарот како претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). Како што објави судот, против оваа одлука не е поднесена жалба во законскиот рок, што истече на 9 декември. ЦИК ја прими одлуката на 1 декември. Од процедурални причини, судот чекаше да истече рокот за евентуални поднесоци испратени по пошта, но ...
Илјадници луѓе синоќа се собраа низ повеќе градови во Словачка на протести против најновите потези на владата на премиерот Роберт Фицо, која се обидува да ја укине независната канцеларија за заштита на свиркачите и да го промени Кривичниот законик. Протести се одржаа во десет градови, вклучувајќи го и главниот град Братислава, каде што собраните на Плоштадот на слободата на премиерот Фицо му скандираа „оставка, оставка“. Незадоволството ...
Во Сиднеј денеска е прогласен ден на жалост по најсмртоносното масовно пукање во земјата во последните три децении. Пукањето во неделата на плажата Бонди ја претвори прославата на еврејскиот празник Ханука во трагедија во која беа убиени 15 лица. Оваа трагедија ја потресе целата нација и ги зголеми стравовите од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање денеска е обвинет за 59 ...
Саџид Акрам, еден од осомничените за пукањето во Бонди, е индиски државјанин чие семејство „немало сознанија за неговиот радикален начин на размислување“, вели индиски полициски службеник, пренесува Би-би-си. 50-годишникот бил пронајден мртов на местото на нападот во неделата. Вториот осомничен, неговиот син Навид Акрам, наводно се освестил во болница. Австралиската полиција истражува патување на Филипините од страна на двајцата мажи еден ...
Холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо изјави дека нема намера да се испроба во режија, нагласувајќи дека не чувствува потреба да застане зад камерата, ниту верува дека би можел да достигне ниво какво што има неговиот долгогодишен соработник, режисерот Мартин Скорсезе. Ди Каприо за своите ставови зборуваше за време на разговор со Скорсезе на настанот TIME – A Year in TIME, одржан на 10 декември во Њујорк, пишува People, пренесува Index.hr. ...
Чоколадото одамна не е само слатко задоволство. Во последните години, сè почесто се споменува во научни истражувања поврзани со мозочната функција, концентрацијата и меморијата. Но, дали навистина може да се каже дека чоколадото „ја храни“ меморијата, или станува збор за уште еден популарен мит што убаво звучи? Одговорот, како и кај многу теми поврзани со исхраната, не е едноставен – туку нијансиран. Темното чоколадо, особено она со висок ...
Денешниот ден носи силен внатрешен премин. Утринските часови, со Месечината во Скорпија, ја продлабочуваат интуицијата и потребата за искрен однос со сопствените чувства. Подоцна, со преминот во Стрелец, енергијата се отвора кон движење, визија и пошироко разбирање на сопствената насока. ♈ ОВЕН Денот започнува со силна внатрешна концентрација и чувство дека нешто длабоко бара внимание. Можно е да се појави потреба за расчистување на стари ...
Американскиот производител на автомобили Форд најави радикално намалување на инвестициите во електрични возила и отпис на средства во износ од 19,5 милијарди долари, што претставува еден од најдраматичните примери на повлекување на автомобилската индустрија од програмите за возила на батерии. Отписот, според компанијата, претставува признавање на губење на вредноста на инвестиции во електрични возила кои повеќе не се економски исплатливи. ...
Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денес ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година. „Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за кандидат за Оскар. Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, ...
Психолошкиот трилер The Housemaid, адаптација на истоимената светска бестселер-книга од Фрида Мекаден, ќе биде прикажан во кината на 19 декември 2025 година, соопштија продуцентите. Филмот, режиран од Пол Фиг, следи млада жена по име Мил, улога што ја толкува Сидни Свини – која прифаќа работа како домарка во домот на богато семејство. Со тек на време, низ мрачен и напнат заплет, таа почнува да открива тајни што отклонуваат сè од она што ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од утре, 17 декември 2025 година, граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, преку посебен шалтер во рамки на Одделот за граѓански работи во зградата на Македонската телевизија во Скопје. Како што соопштува МВР, шалтерот ќе се наоѓа во приземјето на објектот и ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот. ...
Мажот кој повреди 134 лица откако со автомобил влета во навивачите на Ливерпул, кои ја прославуваа шампионската титула во Премиер лигата, денеска е осуден на затворска казна во траење од 21 година и шест месеци. Инцидентот се случил на 26 мај во Ливерпул, на прославата по освојувањето на титулата, кога 54-годишниот Пол Дојл со автомобил влета во навивачите. Дојл се изјасни за виновен во ноември по 31 точка од обвинението, вклучувајќи опасно ...
Сомнителен терористички заговор за Нова Година од страна на екстремистичка група е осуетен од федералните власти во Лос Анџелес, велат официјални лица, пренесува Би-би-си. Четири членови на Фронтот за ослободување на островот Желка – огранок на пропалестинска антивладина група – се уапсени под сомнение за планирање координиран бомбашки напад на најмалку пет локации низ јужна Калифорнија, соопштија во понеделник ФБИ и органите за спроведување ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), укажуваат на одредени формулации во Резолуцијата за миграцијата поднесена од партиите што се дел од владината коалиција до Собранието, кои се однесуваат на јавниот говор и медиумското известување. Притоа, се наведува во соопштението од ЗНМ и ССНМ – сакаме да подвлечеме дека не навлегуваме во политичката, безбедносната или стратешката ...
Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Нови ветришта на промени дуваат покрај Дунав во Унгарија, заканувајќи се дека ќе го оддуваат долгогодишниот премиерот Орбан и неговата ФИДЕС од власта. Петер Маѓар и партијата Тиса водат во независните анкети за јавното мислење спроведени од институти кои не се поврзани со владата на Орбан, особено резултатите од Медиаn и IDEA и други истражувачки центри објавени од медиуми како Daily News Hungary и 24 hu. Водството на ...
Ментор Зенула, познат под уметничкото име Xsoundbeatz, е музички продуцент и артист од новата генерација на балканската урбана сцена, кој во изминатите години постепено го гради својот препознатлив авторски израз и присуство во регионалната музичка индустрија. Роден на 16 април 2000 година во Скопје, Зенула активно се занимава со музичка продукција од 2017 година, при што неговиот стил се развива во насока на спој меѓу ориентални мелодии, ...
– Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе! Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот, изјави Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ. „Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им ...
– Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството. Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата,, ,реагира опозициската СДСМ со соопштение. „Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, ...
На меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, ја истакна важностa од заштита на демократските вредности. „Темата за одбрана на демократијата е особено актуелна за Украина во услови на целосна агресија од Русија“, рече таа. Милиони Украинци се лишени од основни потреби поради целните напади врз критичната инфраструктура, но земјата продолжува да ...
Опозициската СДСМ обвини дека пратениците на ДПМНЕ спречиле поднесување и расправа за предлог-резолуцијата што ја подготвила партијата, оценувајќи дека станува збор за избегнување јавна дебата за прашање од национален интерес. „Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе“, соопштија од партијата, додавајќи дека наместо дебата, пратениците на ...
Македонскиот европски шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на државата. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ Европскиот шампионат, Мијалков доби специјална плакета за остварени спортски резултати во Молдавија. Тој во Молдавија пристигна на 13 декември, каде што беше пречекан со високи почести и богата програма, достојна за европски шампион. Во текот на ...
Сегашните глобални планови за справување со климатските промени ќе спасат само околу 3 проценти од глечерите во европските Алпи, додека најголемиот дел од нив ќе исчезне уште во наредните две децении, покажува нова научна студија. Истражувањето, предводено од научници од ETH Цирих, открива дека глечерите во Централна Европа исчезнуваат побрзо отколку во која било друга област на планетата. На глобално ниво, дури 79 проценти од светските ...
Метеорскиот дожд Геминиди приреди импресивен небесен спектакл кога го достигна својот максимум во ноќта на 13 и 14 декември 2025 година, привлекувајќи внимание на набљудувачи на небото ширум светот. Овој годишен настан се случува кога Земјата минува низ остатоците што ги остава астероидот (3200) Фаетон, при што честичките согоруваат во атмосферата и создаваат светлечки траги на ноќното небо. View this post on Instagram A post shared by Matt ...
Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност достигна 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“ објавени вчера. Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“, од страна на некои вработени и инвеститори. „Форбс“ ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак, ја зголеми ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено МИЦКО (https://micko.mk), објави на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Како што истакна Димитријевиќ, Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на ослободување на медиумскиот тајкун Џими Лаи, кој е во затвор околу пет години и е истакната личност во продемократското движење во Хонг Конг. Зборувајќи откако Лаи вчера беше осуден за наводни прекршувања на законот за национална безбедност на Хонг Конг, наметнат од Пекинг, Трамп рече дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг и го замолил да размисли за ослободување на 78-годишниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба во суд во Флорида против британскиот радиодифузер Би-Би-Си, барајќи отштета до 10 милијарди долари поради клевета и кршење на закон за нефер трговски практики. Трамп претходно го најави овој потег, а тужбата е поврзана со документарец на Би-Би-Си од 2024 година. Во него, извадоци од неговиот говор од 6 јануари 2021 година биле монтирани на начин што, според Трамп, создал впечаток дека тој ...
Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, ...
Денешната Месечина во Скорпија носи засилена интуиција, емоционална продлабоченост и потреба за вистина. Ова не е ден за површни разговори, туку за внатрешно расчистување, фокус и искреност – и кон себе и кон другите. Она што е скриено може да излезе на виделина, а чувствата стануваат појасни кога се слуша тишината меѓу зборовите. ♈ Овен Денешниот ден носи чувство на внатрешна мобилизација. Енергијата не се троши надвор, туку се собира како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го означи синтетичкиот опиоид фентанил за „оружје за масовно уништување“ како дел од напорите за справување со тековната криза со дрогата во САД, јави ДПА. „Формално го класифицираме фентанилот како оружје за масовно уништување, што тој и е. Ниедна бомба не го прави она што го прави оваа дрога“, рече Трамп додека ја потпишуваше наредбата во Вашингтон. ДПА пренесува дека Трамп притоа рече дека ...